Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 43 Ноември 2004  Избор

Избор

Компанијата Дунапек - како позитивен пример 

Многу компании во Централна и источна Европа мораат да го надминат наследството од ерата на социјализмот, како на пример застарените производствени технологии и опре­ма како и заста­рениот пристап кон управувањето. Дунапек (*Дунапацк Лтд), производител на хартиена амбалажа со седиште во Будимпешта може да послужи како добар пример за компанија која се приспособи и “процвета” во длабоко променетата еко­номска, соци­јална и правна средина.

Не толку одамна, загадувањето предиз­викано од оваа компанија далеку ги над­минуваше законските ограничувања и нејзината ефикасност на ресурсите дале­ку заостануваше зад стандардите во индустријата. Во раните деведесетти, ед­на инвестициска група од Австрија се здоби со контролниот пакет акции во ком­панијата, но го задржа оперативниот менаџмент - одлука која досега се покажа оправдана. Со текот на времето менаџментот ја реорга­низира компанијата и таа се претвори во лидер на пазарот во Унгарија, со претставништва во Романија, Бугарија, Укра­ина, Полска и Хрватска. Уште повеќе, денес таа разменува практични менаџерски искуства со компании од Запад. Овие извонредни резултати се должат на усвојувањето на интегрираниот  систем на управување (ИСУ), модел кој се однесува на квалитетот, еколошката изведба и безбедноста по здравјето и работата и е загарантиран со меѓународните стандарди ИСО 9001 : 2000 и ИСО 14001. Компанијата е исто така регистрирана со моделот за ревизија на еко­менаџмент и го има усвоено стандардот ОХС 18001. Сис­темите беа постепено воведувани, почнувајќи кон среди­ната на деведесттите. Мотивацијата - особено во случајот на еколошкиот систем на управување (ЕСУ), беше пот­врда дека за производителот на производи од хартија еколошката изведба ќе биде главен приоритет.

Дунапек беше меѓу првите во Унгарија кои ги воведоа еколошкиот и интегрираниот систем на управување. Денес, различните компоненти на ИСУ се поддржуваат едни со други, создавајќи континуиран синергистички ефект и произ­ведуваат неколку економски и еко­лошки бенефиции. Подобрувањата на Дунапек во облас­та на заштитата на животната средина можеме да ги групираме во три главни области: усовршување на производите, користење на ресурсите и нама­лување на загадувањето. На пример, поради тоа што еден од главните аспекти на усовршувањето на производите е да се постигне нивна целосна реупо­требливост, се фаворизираа кутии напра­вени исклу­чиво од хартија, наместо оние направени од различни мате­ријали кои наедно се и тешки за преработка. Во одредени случаи, амбалажата направена исклучиво од хартија ја замени онаа која претходно воопшто не сод­рже­ше хартија. Други иновативни текови вклучуваа нама­лување на специфичната тежина на производите, како и зголе­мување на количеството рециклиран материјал кој компанијата го користи за производство на амбалажа. Фирмата веќе рециклира 98% од суровините. Овие иновации ја подобрија конкурентноста на Дунапек и и обезбедија неколку меѓународни награди/признанија.

Оперативниот ЕСУ исто така ја намали побарувачка на спе­цифичната топлина на производите за приближно 15 проценти и ја намали целокупната побарувачка на свежа вода за половина. Емисијата на загадувачките материи во воздухот е веќе далеку под дозволените законски граници, а хемиската побарувачка на кислород (ХПК) од испуш­тената вода е исто така преполовена.

Економските придобивки кои можат да му се припишат на ИСУ се проценуваат според заштедата на пари и некои помалку конкретни/видливи придобивки. Финансиската корист доаѓа од заштедата на енергија, вода и суровини, додека помалку конкретната/видливата добивка ја сочи­нуваат подоброто организациско функционирање, подобра организациска култура и подобро разбирање на техно­лош­ките проблеми и решенија.

 

(Оваа приказна за успехот на една компанија ја под­готви Програмата за бизнис и екологија при Регио­налниот центар за заштита на животната средина од Будимпешта како поддршка на данското прет­седателство со ЕУ кое треба да почне во јули).

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA