Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 29 Јули-Август2003  Концепти

СТРАТЕГИЈА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

 
Што е стратегија?

 
Џ.Л. Томпсон (1995) ја дефинира стратегијата како средство за постигнување на целите на една организација. Постои општа стратегија за целата организација и стратегија секоја посебна активност.

Интегрирана комуникација

Не можеме да говориме за стратегијата за односи со јавноста без да се фокусираме на концептот и важноста на интегрираните комуникации. Доследно комуницирање не значи комуникација со иста порака. Основна цел на односите со јавноста е да се развие соодветна порака и да се соопшти со тон кој соодветно ќе ја престави организацијата на начин на кој таа сака да биде претставена, дури и кога се соочува со посебни ситуации и кризи. Исто така, пораките мораат да бидат креативно адаптирани за да можат да бидат разбрани од различни видови на публика за кои се наменети.

Стратешки односи со јавноста

Развојот на имиџ е само еден аспект од стратешките односи со јавноста.
Многу организации велат “ајде да направиме нешто за односите со јавноста” или “би можело да имаме корист од добри односи со јавноста” без да разберат дека односите со јавноста не се нешто што може да се направи толку едноставно. Односите со јавноста не се опција туку мора да бидат дел од филозофијата на организацијата. Мора, како што вели официјалната дефиниција, да вклучува планирање и одржлив ефект.

Вистинските односи со јавноста не се случуваат сами по себе. Треба да се постават цели, за да биде јасно што треба да се постигне со односите со јавноста и да се овозможи евалуација на успешноста. Мора да ја дефинирате вашата “публика” за да може правилно да ги насочите вашите пораки. Пораките треба да бидат запишани, како проверка дека секој во органзиацијата знае каков имиџ се промовира и кому што му велите. Ставете го сето ова во еден документ и веќе ја имата рамката за стра­тегија за односи со јавноста. Вашата стра­тегија треба да содржи:

1.  Каде сте сега

Започнете со резиме на тоа каде сте сега, какви активности во делот на односи со јавноста спроведувате и каков имиџ би сакале да имате. Ова е вашиот репер.

2.  Каде сакате да стигнете

Следен чекор е да го одредите имиџот што би сакале да го постигнете по одредено време. Запрашајте “Каков имиџ би сакале да имаме ова време следната година? А за пет години? Планирајте краткорочно и дол­горочно.

3.  Цели

Поставете не повеќе од шест цели, на пример.

-да се подобри нашата грижа за клиентите

-да се обезбеди медиумска покриеност на нашата работа воопшто и особено да се привлече позитивна и информативна по­криеност на нашите проекти за корисниците на дрога

-да се привлече интересот на оние кои донесуваат одлуки

Вашите цели треба да бидат реалистични и вашиот прогрес треба да биде мерлив.

4.  Публики

Најбројте ги сите публики со кои сора­ботувате (вашата листа ќе биде подолга отколку што мислите). Сега групирајте ги во категории пр. носители на одлуки, други хуманитарни и добротворни организации, муштерии/клиенти итн. и рангирајте ги според нивната важност. Решете,  кои од нив (не повеќе од пет) треба да бидат ваша цел во следните 12 месеци и нека ви бидат приоритетни.

5.  Пораки

Веројатно ќе увидите дека треба да испратите различни пораки на различни публики. Покрај секоја публика за која сметате дека треба да ви биде приоритетна, набројте ги основните пораки што мора да ги пренесете во следната година.

6.  Распоред

Конечно, кога ви е јасно што сакате да постигнете може да ги планирате вашите активности за осноси со јавноста. Запишете што планирате да направите и кога планирате да го сторите тоа.

Поставете дата за да ја разгледате активноста и да го оцените нејзиниот успех.

Стратешките односи со јавноста бараат значителен напор и планирање. Вистинските односи со јавноста нема да ве збогатат преку ноќ, но ќе ви обезбедат долгорочен опстанок и тоа би требало на некој начин да ви се исплати во иднина - вашиот подобар профил можеби ќе доведе до зголемени донации, поуспешна кампања или повешти добро­волци; вашите подобри услуги треба да доведат до позадоволни клиенти, и зго­лемување на бројот на корисници, а со тоа и поголеми фондови.

Односите со јавноста треба да ги сфатите како еден од елементите на целокупната стратегија на организацијата. Времето што ќе го поминете на односи со јавноста е инвестиција за вашиот опстанок и развој, и затоа е составен дел на вашата секојдневна работа. Покрај останатите активности, издвојте време и за односи со јавноста и подгответе се да ги соберете плодовите - можеби не веднаш, но сигурно на подол­горочен план.

Подготвила: Гонце Јаковлеска

(Користен материјал: “The diy guide for public relations”, Moi Ali и "Puvlic relations strategy",Sandra Oliver 

Појмовник
 

Стратегија

Основното значење и првобитната употреба на зборот се поврзува со воената вештина но денес тој многу често се користи и надвор од воената наука.  Стратегијата во односите со јавноста е „правец што го одбира орга­низацијата за да ја исполни својата мисија.“

 

Имиџ

Зборот имиџ буквално преведен значи слика, изглед, па дури и углед. Првобитно користен во шоу-бизнисот, поимот имиџ денес е проширен и се употребува и за другите занимања. Имиџот на една организација е всушност сликата што организацијата ја остава за себе но сликата онаква каква што ја доживува надворешниот свет, односно, публиките на организацијата. 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 29 Јули-Август2003
Балкан експрес
Европа
Настани
Свет
Публикации
Луѓе
Историјат на граѓанското општество
Тема
Интервју
Форум
Коментар
Писма од читатели
Концепти
Q&A
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 
 

©MCMS - designed by KOMA