|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Што очекуваат граѓанските организации од актуелниот процес на децентрализација
”ПОГОЛЕМА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА”
“...Новиот начин на функционирање на локалната самоуправа ќе биде нов предизвик и за граѓанските организации кои ќе мора да му ги доближат и објаснат на граѓаните новиот начин на организрање на ло-калната самоуправа и нејзините ингерен-ции. Ќе треба да ја искористиме новата можност што ја нуди децентрализацијата, а тоа е пошироко и поконкретно дејству-вање во сфери и сре-дини кои досега беа координирани само од централната власт. Децентрализацијата е предизвик за граѓанското општество и локалната самоуправа. Ние треба да бидеме докрај упорни на локалните власти да не им даваме можност да ги повторуваат старите грешки, правдајќи се дека ова е процес и дека им треба време... ” - потенцира извршниот директор на Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, Гоце Тодоровски.
„...Убедени сме дека децентрализацијата е навистина нужност во Македонија и има потреба од демократизација на политичкиот систем за да може да биде во функција на граѓаните. За отворање на локалната власт е потребен граѓански притисок каде што граѓаните ќе бидат активни субјекти. Тука клучна улога треба да имаат граѓанските организации. Развојот на граѓанското општество во општина Куманово ќе биде преку утврдување и лоцирање на потребите на граѓаните и нивно директно учество во креирањето на локалната политика. Очекуваме подобрување на одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на локалната власт по однос на иницирање, донесување, и спроведување одлуки од витално значење за заедницата. ОЖ ,,Кумановка,, ќе бара да ги коригира, а наедно ќе дава конструктивни решенија за надминување на локалните проблеми; пристап до информации и административни документи; да постои степен на соработка на локалната власт со НВО; методи за обезбедување на правото на граѓаните и нивното учество; учество во креирање на општинскиот буџет со свои предлози и иницијативи, како и увид во истиот, и да се зголеми буџетот за секторот НВО; едуциран кадар од НВО да влезе во дополнителни органи (комисии) како надворешни членови, и формирање комисија за работа со НВО...”, смета Виолета Петровска, претседателка на ОЖ ,,Кумановка” од Куманово.
К.Б
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|