Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Погледи

   

ПОГЛЕДИ    
 

Мирјана Најчевска
 Предупредување на етничките конфликти

Меѓуетничките односи се идентификуваат како еден од расцепите по кои се групираат граѓаните во општеството и како потенцијален извор на различни тензии и конфликти. Со оглед на тоа што локалната самоуправа по дефиниција е местото каде што би требало примарно да се манифестираат голем број од потребите и интересите на граѓаните, се претпоставува дека таа треба да биде и местото каде што треба и може во најголема мера да се доживува и етничкиот идентитет и каде што треба да започне и разрешувањето на евентуалните проблеми по овој основ.

Сметам дека локалната самоуправа и релативната автономија (посебно функционалната) која би се воспоставиле по низа прашања на локалното управување може да претставува друг (алтернативен) модус не толку на заштита на малцинствата (што е многу експлоатиран но и многу проблематичен израз) односно создавање на услови за воспоставување на фактичка еднаквост, туку за промовирање на нивниот посебен идентитет на едно многу пошироко, но и пониско ниво од она што значи централна власт. Во конципирањето на тезата поаѓаме од две премиси:
•дека раздвојувањето секогаш било краткорочна тактика која припаѓа на долгорочната стратегија на интеграција
•дека она што можеби е тешко да се реши на политичко ниво, може да биде полесно решливо на локално ниво.
Одделувањето на дел од прашањата поврзани со етничкото припаѓање и идентификување од државата и одделувањето на дел од ингеренциите на централната власт, обезбедува не само заштита на државата од фрагментирање, туку и уште повеќе, заштита и на етницитетот од  потенцијалните  масовни последици (нетолеранција, агресивност и сл.).
Кога зборуваме за тоа колку малцинската проблематика треба да биде присутна во  формалното и во содржинското обликување на локалната самоуправа, како појдовно се поставува прашањето: дали припадниците на разните "националности" треба да ги гледаме пред се и прво низ призмата на нивното етничко припаѓање, односно како посебна етничка групација или пак, како  граѓани на оваа држава.
Доколку како примарна ја прифатиме нивната етничка припадност тогаш и сите проблеми и сите барања, потреби и интереси треба да се разгледуваат примарно низ призмата на нивната етничка припадност (на пример, доколку зборуваме за албанското етничко малцинство, тогаш зборуваме за: учеството во власта, социјалната положба, положбата во образованието, односот со правосудните органи и слично, како етнички Албанци). Кога интересите ќе се поставата на ваков начин, тогаш и проблемите на нивното задоволување се поврзуваат единствено или пред с# со етничката припадност. На овој начин многу често и многу лесно се врши замена на основната теза на било која конкретна проблематика, односно се врши дефокусирање на вниманието на граѓаните од реалните проблеми и нивно свртување кон вештачки креирани проблеми или пак  рефлексии на вистинските проблеми. На тој начин на пример неквалитетот на образованитео не се третира како заеднички и базичен проблем, туку се цепка и мери по однос конотациите со етничката припадност; неодговорноста на административните служби се припишува на етничката припадност на службениците; несовршеноста на правосудниот систем и системот на заштита на граѓаните етнички се димензионира.
Доколку се прифати втората алтернатива и третманот  на секој граѓанин тргнува од неговата индивидуална дефинираност и определеност, тогаш сите прашања кои како интерес и проблем се појавуваат кај граѓаните на одредена локална единица стануваат заеднички интереси и проблеми (и како такви можат да се медијатизираат и да се хомогенизираат во насока на заеднички настап и заштита), а само одделни интереси и потреби треба и можат да се издвојат како посебен или исклучив интерес на граѓанинот како припадник меѓу другото и на конкретната етничка групација и да се бара посебно учество на претставници на таа групација во и за нивното поставување и решавање.
Значи, во рамките на локалната самоуправа треба да се определи:
•што е заеднички интерес
•што е посебен интерес кој може да се реши на локално ниво
•што е посебен интерес за кој  е потребна помош од надвор
•што е посебен имнтерес кој може да се разреши само на ниво на Република, односно централна администрација
Доколку децентрализацијата е проследена со вистинско демократско плуралистичко владеење во секоја територијална единка, со еднакво респектирање на човековите права и малцински права како и на национално ниво и доколку таа создава услови под кои малцинствата  (на било кое ниво) можат подобро да го зачуваат нивниот идентитет, но и да се обучуваат на плуралистичка демократија, во тој случај локалната самоуправа може само да придонесе кон разрешување на меѓуетничката напнатост и евентуалната конфликтност.


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 04 Мај 2001
Број 04 Мај 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Представување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA