среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 4

   

Волонтерството во Македонија

Владо Каранфиловски

Волонтерството и јавните институции во Македонија


1. Воведни  разгледувања

Иако корените на волонтерозмот и волонтерското работење ги има уште во далечното минато, тие се проткајуваат во развојот на цивилизацијата и општеството воопшто (културолошки движења), потребата за глобално дефинирање и препознавање на волонтеризмот и волонтерското работење се релативно нова појава на меѓународната општествено-економска и политичка сцена. Првите чекори кон развојот на заедничка одредба за уважување и прифаќање  на волонтерското работење се гледаат во поче­токот на 20. век  и главно се однесувале на хуманитарно работење, за обнова и изградба на области разрушени за време на Првата светска војна.  Понатаму, меѓународното регулирање на волонтерскиот статус во овој период главно се сведувал на билатерална соработка на државата и не опфаќало поширок контекст, т.е. признавање и препознавање на волонтеризмот и волонтерското работење на глобално ниво и од страна на меѓународните организации.

Првите конкретни чекори кон меѓународно правни признавања и препознавања на волонтерското работење направени се во средината на втората половина на 20. век. Во тоа време, во склоп на  Генералното собрание  на Обединетите нации се формира посебна канцеларија со цел да ги регрутира и ангажира волонтерите, за помош во кризни ситуации, на глобално ниво - Волонтери на Обединетите нации ( ВОН). Оваа канцеларија во тој период претставувала дополнителна помош на програмите  за поддршка и развој, кои ги развивале други агенции на Обединетите  нации низ целиот светот. Ваквата состојба постоела с$ до 17 декември 1985 година, кога Генералното собрание на Обединетите нации ја донесе првата заедничка резолуција (резолуција ОН 40/212) која се зема и како почеток за вклучување на волонтеризмот и волонтерското работење во меѓународната правна регулатива. 

По оваа резолуција покренати се низа иницијативи во различни меѓународни институции и за брзо време се појавуваат низа меѓународни правни документи коишто го третираат волонтеризмот и волонтерското работење во своите држави. Така, во почетокот на 90-тите год. во оквирот на европските институции се создаваат одредени програми кои би се занимавале со волонтеризам и волонтерско работење, а следната резолуција која е донесена од страна на Генералното собрание на Обединетите нации е резолуцијата 52/17. Оваа резолуција е донесена на 20 ноември 1997 година, и со оваа резолуција 2001 година е прогласена за Меѓународна година на волонтерите, како премин во нов милениум и негов почеток на хуманистичка основа и вредности кои само по себе ги носи волонтерското работење.  По освојувањето на овој документ и останатите меѓународни институции (Советот на Европа, Интерпарламентарното собрание, Европската заедница и др.), во своите официјални документи го вклучуваат волонтерското работење и поставуваат основи за развој на волонтеризмот на глобално ниво.

Така, на 11 мај 2000 година се усвојува Европската конвенција за промоција на меѓународниот долгорочен волонтерски сервис за млади, донесен од страна на Советот на Европа. Понатаму, Обединетите нации на 5 декември 2001 год. донесоа резолуција за помош и поддршка за развојот на волонтеризмот (резолуција56/38), додека на 26 ноември 2002 година е донесена следната резолуција (57/106) која ја надополнува претходната и вклучува нови аспекти на третман и препознавање на волонтерското работење.

Покрај овие резолуции, постојат низа документи кои се донесени од страна на Европската комисија и други институции на Европската Унија, Обединетите нации и Советот на Европа, како релативни документи за развој и поддршка на волонтеризмот на просторите на Југоисточна Европа. 

2. Волонтерството  во  Македонија

Историјатот и корените на волонтерското работење во Македонија се врзува за традиционалната солидарност како препознатлива карактеристика на културата на македонскиот народ. Традицијата и природата на ваквата солидарност најблиска е на фамилијарните и меѓусоседските  односи развиени на принципот на меѓусебната поддршка и помагање. Ваквото помагање најчесто се однесувало на работи кои се преобемни за да можат да се извршат само од членовите на потесното семејство. Овој облик на волонтерско работење се задржал до денес, но во помали размери заради темпото на живот кое го наметнува “новото време”.

Во периодот пред независноста, кога Македонија с$ уште беше дел од СФР Југославија,  може да се каже дека делевме исти, односно слични  искуства како и другите републики кои беа дел од заедничката држава.

Волонтеризмот се состоеше од ангажирање на младите за волонтерско работење на обнова на земјата по воениот период (по 1945 год.). Ваквите активности беа организирани со цел да се обнови и реконструира земјата (изградба на пруги, патишта, мостови, згради). Ваквиот вид волонтерско работење продолжи и понатаму да живее, но во нешто помал обем, с$ до крајот на осумдесеттите години на минатиот век. Во овој период, т.е. за време на социјализмот, постоеше можност за волонтерско работење, но само во организациите како што се Црвениот крст, Сојузот на извидниците, Феријалниот сојуз и сл. Исто така, како волонтерско работење се сметала и училишната пракса, односно некои активности кои се одвивале во рамките на  училиштата.

Во периодот непосредно по независноста на Македонија, волонтерското работење и волонтеризмот ги задржаа истите карактеристики и истите рамки на волонтирање како и во претходниот период. Во повеќето случаи луѓето волонтираа во организации како што е Црвениот крст (хуманитарни организации) и нивниот ангажман во овие организации во целост бил доброволен.

Појавата на граѓанските организации во текот на деведесеттите години на минатиот век дале свој придонес во развојот на волонтеризмот во земјта. Граѓанските организациии главно организирале најразлични активности кои се реализирале само преку волонтерско работење и ангажман.

Меѓутоа, за најчест облик на волонтирање во јавните институции во Македонија се смета работењето на студентите, кои се обврзани да волонтираат, со цел да стекнат искуства, а сето тоа е соствен дел на нивната  образовна програма, што во суштина го поставува прашањето дали таквите активности претставуваат волонтерска работа во вистинска смисла на зборот.

Врз основа на искуствата и показателите од минатото, може да се каже дека волонтеризмот во Македонија не е на задоволително ниво, имајќи предвид дека во овој временски период од осамостојувањето, па с$ до денес, не е донесен никаков посебен законски или подзаконски акт кој би го регулирал и поттикнал волонтерското рабоење во земјата, т.е. би ги дефинирал правата  и обврските на волонтерите како и на оние кои би ангажирале волонтери да работаат во рамките на нивната институција.

3. Волонтерството во јавните институции

Во истражувањето кое беше направено со цел да се види каква е состојбата со волонтерското работење во Македонија со посебен акцент на волонтерското работење во јавните институции, беа опфатени педесет јавни институции од Македонија (5 музеи, 6 театри, 10 болници, 7 детски градинки, 3 државни архиви, 3 домови за стари лица, 2 центри за рехабилитација, 8 библиотеки, 2 домови за напуштени деца и 4 општини). Основен критериум при селектирањето беше тоа да се институции од јавен карактер, а податоците за институциите беа добиени од Заводот за статистика на Република Македонија. Анализирајќи ги податоците, добиени се одредени сознанија кои говорат дека волонтерството во Македонија во овој момент се наоѓа во една незавидна состојба. Резултатите од анкетата говорат дека во 12,3% од анкетираните јавни институции во Македонија постои волонтерско работење, но имајќи предвид дека анкетираните институции најчесто како волонтерска ја прикажуваат средношколската и студентската популација која стажира во рамките на јавните институции, се поставува прашањето колку таа бројка во суштина ја прикажува вистинската соостјба. 50% од анкетираните институции се изјасниле дека се отворени за волонтери и дека во нивните институции постои потреба од волонтери, но дека не постои регулатива со која би било регулирано нивното работење што претставува пречка за нивно ангажирање. Мора да се потенцира фактот дека заради бирократски причини некои институции одбија да соработуваат, односно да ги дадат побараните информации содржани во анкетата.

Во ниту една јавна институција опфатена со анкетата не постои регулатива со која конкретно е регулирано работењето на волонтерот. Таквата состојба произлегува од немањето законска регулатива со која би се регулирале тие односи, не постои ниту еден документ со кој би се регулирало волонтерското работење. Во дел од анкетираните јавни институции во одреден период, главно до 1992 година, постоеле некои интерни правилници, односно регулативи коишто на некој начин го допирале ова прашање, но истите повеќе не се во функција. Повеќе за овој проблем е кажано во делот од ова истражување што го обработува волонтерското работење од правен аспект.    

4. Правна  рамка

Во Република Македонија с$ уште не постои посебен закон кој го регулира начинот на организирање или, пак, природата на волонтерскиот ангажман во јавните институции. Статусот на волонтерите во Македонија е многу сличен како и на лицата кои почнуваат да работат (приправници). И во двата случаи видот на работа е на ограничено време.

Подзаконскиот акт на Република Македонија, кој се однесува на работниот однос, ни во еден свој дел или посебен документ не го спомнува, ниту пак го регулира волонтерското работење.

Понатаму, волонтерското работење во јавните институции во Македонија е правно регулиран само во:

·    судската  администрација, прописи кои постојат во “Правилникот на систематизација на работните места”;
·    медицинските установи, со Законот за здравствена заштита;
·    ветеринарните амбуланти, со Законот за ветеринарско здравје (Закон за здравје на животните).

Во пракса, волонтерското работење е предуслов за полагање стручни испити, а ваквато волонтерско работење на волонтерите ќе им овозможи да стекнат правно/овластување за работа во нивната струка.

Во последно време има примери за поттикнување на волонтеризмот, кои исто така не се регулирани со закон, туку, пред с$, се резултат на договори помеѓу работодавачот и волонтерот. Ваквите договори се врзани за јасно дефинирани проекти и задачи.

Примери:

Во судовите во Македонија постои група прописи со кои се регулира систематизацијата на работните места. Во овие прописи на систематизација на работните места, правилото број 34 гласи:

“Во склоп на објективните или вистинските можности на судот, претседателот на судот може да прифати волонтери да работат доброволно, и тоа академци-дипломирани правници или судски дактилографи. Овие лица не се сметаат за официјално вработени во судот и како такви ги немаат истите права како и вработените. Волонтерската работа на лицата со диплома на правник ограничена е на најмногу 2 години и претседателот на судот е тој кој ја одредува природата на работата”.        

Во медицинските центри, правилото 138-142 кое се однесува на Законот за здравствена заштита од 1991 год., гласи:

Здравствените работници, за да бидат во состојба да ја извршуваат својата работа, обврзно е да волонтираат (стажираат) и полагаат стручен испит како додаток на претходното образование, за да станат потполно кфалификувани и би се сметале за здравствени работници оспособени за медицинска пракса.

Ова значи дека волонтерското работење (сражирање) е предуслов за полагање стручни испити или евентуално за стекнување дозвола за медицинска пракса. Волонтерското работење за лекарите, стоматолозите и фармацевтите трае најмногу 1 година. За другите здравствени работници со завршен факултет, волонтерската работа трае девет месеци, а за оние со завршено средно образование - шест месеци. По периодот на волонтерско работење, кандидатите (лекари, стоматолози, фармацевти) полагаат стручен испит и стекнуваат дозвола за работа во медицинската пракса. Овие волонтери (стажанти),  без разлика дали се со факултетска диплома или со диплома од средно образование, не се платени за својот труд во периодот на волонтирањето (стажирањето), освен што добиваат бесплатни лекови по потреба. Законот за здравствена заштита од 26.03.1997 година, 1998 година и од 2000 година не донесе никаква промена во правилата за волонтирање во здравствените установи.

Ако ги анализираме овие закони, можеме да заклучиме дека стажирањето во јавните институции најчесто се поистоветува со волонтирањето за таквата активност, не се добива никаква финансиска надокнада, туку тоа е предуслов за полагање стручен испит  и стекнување дозвола за работа во медицинската пракса.

Волонтерското работење (стажирање) во ветеринарните установи (амбуланти) дефинирано е со измените и дополнувањата на Законот за ветеринарно работење од 1998 година и правилата 107 и 108, а гласи:

“Волонтерското работење (стажирање) на ветеринарите трае дванаесет месеци и се изведува во ветеринарните установи. По овој период од дванаесет месеци, ветеринарите полагаат стручен испит”.

Повторно да нагласиме дека работата на ветеринарите-волонтери (стажанти) е неплатена и е предуслов за полагање стручен испит.     

Во Министерството за образование не постои никаково правило или подзаконски акт кој го регулира волонтерското работење, така што лицето,  без разлика дали е учител или професор, кое сака да волонтира, Министерството нема право да прими лице на неплатена основа, бидејќи тоа не е дозволено и се смета за неплатено вработување.

Во библиотеките кои се под надлежност на Министерството за култура, имаат пример на волонтерско работење и ангажман, но истиот не е регулиран со никаков закон. Потенцијалниот библиотекар-волонтер може да се пријави да рабти волонтерски во библиотека и доколку го примат, овој волонтерски период може да трае три месеци, без никаква надокнада. Кога ќе заврши периодот на волонтирање, библиотеката на волонтерот му доделува потврда/диплома која му обезбедува предност во односот на останатите кандидати  за идно потенцијално вработување  во оваа струка.

Во 1992 година во сила беше договорот помеѓу судовите и институциите задолжени за вработување, во кој се вели дека волонтерите (стажантите) треба да бидат платени во висина од една третина од просечната плата во Македонија. Овие финансиски средства беа доволни да покријат некои од основните потреби, како што се храна и превоз. Меѓутоа, овај договор важеше само една година,  затоа што државата не беше во состојба истиот да го финансира подолго време. Со овој договор судовите беа обврзни да ангажираат лица со цел да стекнат пракса, и тоа оние лица кои веќе завршиле правен факултет. Овој облик на волонтирање важеше како неопходен предуслов за полагање стручен судски испит. Кандидатот кој волонтира имал право на споменатата надокнада која била дефинирана со член 1, на гореспоменатиот договор. Исплатата ја вршеше државната установа задолжена за вработување со седиште во Скопје.

Квалификуваните правници кои сакале да полагаат стручен испит се распоредуваа по судови. Во периодот на нивното волонтирање, волонтерите-правници се запознавале со сите аспекти и сегменти од судскиот систем. Тие  морале да ги пратат судските процеси, да поднесуваат барања кои се однесуваат на жалби и апели и да ги работат сите други работи кои ги работи и вработен правник на неодредено време на нивно место, но за цело време на своето работење-волонтирање тие се под надзор. Слично како и овие лица, тие имале право на една пауза во текот на денот и на годишен одмор, но не биле здравствено осигурани како другите вработени во судовите. По две години волонтирање, волонтерите добивале диплома/потврда за своето волонтерско работење која им овозможувала да полагаат стручен испит.

5. Пример на позитивна пракса

· Давање бесплатна адвокатска/правна помош
Група адвокати во Македонија во 2003 година покренала проект каде што главна цел била помош на граѓаните преку нудење правна помош. Се организирале мали групи правници по регионите или, пак, внатре во некои градови, низ  Македонија. 

Овие правници и адвокати работеа во оквирот на организиран план и програма во одреден период во текот на денот. Овие регионални канцеларии се основаа пред с$ поради лошиот имиџ којшто го имаат адвокатите и правниците во државата, за да дојде до анулирање, односно подобрување на  таквиот негативниот имиџ. За да го постигнат ова, адвокатите даваа бесплатна правна помош на луѓе кои не можеле да платат правен совет, и тоа за следните четири социјални категории:

1.  хендикепирани;
2.  самохрани мајки;
3.  физички и психички злоупотребувани лица;
4.  општествено маргинализирани лица.

Во овие регионални канцеларии постоеше волонтерска позиција каде што волонтерите утврдуваа дали луѓето кои бараат бесплатна правна помош спаѓаат во некоја од четирите споменати категории. Доколку волонтерите утврдат дека станува збор за случај во рамките на овие категории, тогаш тие го проследуваат случајот до адвокатите кои работат во оквирот на дадените регионални канцеларии и кои понатаму случајот го изнесуваат на суд.

Ова е чист пример на волонтерско работење на правници и адвокати кои даваат помош на луѓе на некоја од горенаведените социјални категории, додека во исто време ја извршуваат и својата редовна работна обврска.  

6. Волонтерството и неговата иднина

Волонтерството е еден од основните делови на секое современо општество. Волонтирајќи, ние како граѓани можеме да дадеме значаен придонес за општествениот и економскиот развој. Наедно, преку волонтирањето имаме можност да ги развиваме сопствените вештини. Живеејќи во време на транзиција, време на бурни и витални промени, бидејќи и самите сме дел од нив, ако волонтерството го сфатиме како можност да придонесеме за развој на општеството, а притоа да ги развиваме и сопствените способности, тогаш тоа е вистинското нешто коешто треба да го усовршуваме и да се обидеме да го подигнеме на повисоко ниво.

Следствено на тоа, можеме да го поставиме прашањето како да го постигнеме тоа?

Пред с$, потребно е законско решение со кое би се регулирале правата и обврските на волонтерот, потребни се волонтерски центри, кои би ја презеле посредничката функција помеѓу волонтерот и организацијата која има потреба од волонтери, а меѓу другото, тие центри би вршеле:

Регрутирање, како значаен чекор во волонтерската работа;

обука, која би требало да биде обврзна за секој волонтер, со цел да се научи она што треба да се знае за успешно и функционално да се извршат задачите што ги налага работното место на волонтерот. Секако треба да се работи според професионално развиена програма за обука на волонтетри, водени од стручни лица, а на крајот од обуката би се добивал серитфикат како признание за успешно завршена обука. 

Резултатите од компаративното истражување покажуваат дека секако треба да го преземеме искуството на земјите од регионот и пошироко, каде што волонтеризмот е прифатен и состојбите со волонтерското работење се целосно поинакви. Во овие земји постои изградена свест за самиот поим волонтеризам, како и за различните видови волонтерско работење. Доста е голем спектарот на области во кој се ангажирани волонтерите во овие земји, а посебно во спортот, културата, хуманитарните служби и др.  Нагласено е големото интересирање на младите, кои покрај едукациите, стекнуваат и искуства кои се потврдуваат со сертификати и кои се третираат како значајни препораки за идното работно ангажирање. Скоро сите од овие земји имаат посебен закон за волонтерско работење. Во Италија, на пример, посебно е ставен акцент на меѓународниот волонтеризам кој е посебно популарен и каде постои закон за меѓународна соработка и развој на волонтерските организации кои даваат можност волонтери постари од 18 години и со одредени квалификации да учествуваат во меѓународни волонтерски проекти во траење од две години. Овие волонтери државата ги плаќа во зависност од местото на волонтирање и од улогата што ја има самиот волонтер. Во Чешка постои можност државата да акредитира и да дава целосна финансиска поддршка на агенциите кои бираат, регистрираат, осигуруваат и обучуваат волонтери. Тие агенции работат како непрофитни организации и соработуваат со други невладини организации, болници, училишта и др., со сите установи заинтересирани за ангажирање волонтери.

Во Словенија, и покрај непостоењето закон кој го регулира волонтеризмот, волонтерското работење е вклучено во сите државни активности, додека во Македонија  евидентно е ограничено волонтирањето во државни служби. Во Словенија волонтирањето е застапено во хуманитарни организации, образовни установи, во социјалната и здравствената заштита. Овие програми ги финансираат министерствата за наука, образование и спорт, со што ја поттикнуваат соработката помеѓу Владата, образовните институции и граѓанските организации.

Секако дека за унапредување на волонтерското работење многу е важен придонесот на државните институции. Преземајќи ги позитивните искуства од другите држави, секако имајќи ги предвид препораките на меѓународните институции, како на пр. препораките на Генералното собрание на ОН и нивната резолуција 56/38, донесена на 5 декември 2001 г., во која се наоѓаат и предложените конкретни политики и мерки, сместени во следниве глави:

- Воспоставување и овозможување финансиска и правна рамка и поттикнувачки систем за развој на волонтеризмот. Правната регулатива во голема мера зависи од општествената и економската политика, а од ова директно или индиректно зависи и можноста и волјата на граѓаните да издвојат дел од своето слободно време. На пример, правната регулатива за помош на невработени, таксите, периодот на пензионирање и должината на работната недела, можат да имаат рекламен ефект на волонтеризмот - исто како и програмите кои ги децентрализираат сервисите за социјална помош или унапредувањето на националните информативно-технолошки мрежи, можат да имаат и позитивен ефект;

- Осигурување на инфраструктурата на локално и на национално ниво за да се овозможи волонтерите да бидат поактивни, тренирани и поставени да работат активности кои им одговараат;

- Осигурање на пристапот кон волонтерски активности кон поширок пресек во општеството, вклучувајќи млади луѓе, постари лица, етнички малцинства и лица со посебни потреби;

- Зголемување на вниманието на јавноста за виталната општествена и економска помош којашто волонтаризмот ја дава на заедницата и овозможување пристап на граѓаните до информации за можни волонтирања;

- Охрабрување и извршување истражувања за волонтаризмот и неговото влијание во општеството;

- Промовирање на помошта од приватниот сектор и привлекување на вниманието на вработените, компаниите и општеството воопшто, и на бенефициите, доколу волонтираат.

7. Наместо  заклучок

Имајќи го предвид истражувањето, се добива впечаток дека покрај непостоењето правна регулатива, постои и неупатеност на самите институции за волонтерското работење што на некој начин укажува на незаинтересираност од нивна страна за вклучување волонтери.  Исто така, доста рестриктивно ги тумачат активностите кои би се сметале за волонтерска активност. Посебен проблем претставува и бирократскиот начин за добивање дозвола да се волонтира во една установа од јавен карактер. Во нашата земја скоро и да не постојат волонтерски центри во вистинска смисла на зборот кои би ја вршеле посредничката улога.  Ваквата состојба покажува колку е маргинализирано волонтерството во нашата земја.

Можеби единствена светла точка во целата ситуација е што во целиот процес стои фактот дека постои заинтересираност и желба да се волонтира,  посебно изразена помеѓу младите луѓе. Тоа не може да се занемари, впрочем тоа е првиот и најважен чекор за развој на волонтерското работење. Се разбира дека без вклученост на релевантните фактори, односно одредени државни институции, тешко ќе се надминат состојбите во кои во моментот се наоѓа волонтерството во Македонија.



Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA