среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 9

   

Жаклина Ѓорѓевиќ

Граѓанскиот сектор - мост меѓу граѓаните и државата

Нема здраво општество без здрав и силен граѓански сектор. Ова е една од најчестите пораки коишто можеме да ги слушнеме во секоја прилика кога се зборува за значењето на граѓанските организации во услови на едно транзициско време како што е нашево. Оваа силна порака значи навистина многу за едно општество како што е Македонија, која грчевито се бори да застане на нозе што се однесува до функционирањето на граѓанските организации. Граѓанскиот сектор допрва почнува да се пробива во сите пори на општеството, обидувајќи се да ја докаже оправданоста на целите за коишто постои, прикажувајќи ги граѓанските организации како една од придобивките на демократијата. Да, ова е главната причина поради којашто граѓанските организации би требало да се искачат некаде на првите места на листите на приоритети на секоја влада којашто би сакала да помогне во изградбата на едно здраво општество во коешто граѓанскиот сектор би можел непречено да ги извршува функциите заради коишто и постои - да постави цврсти темели во граѓанското општество, да го олеснува работењето на  државните институции, да биде мост меѓу граѓаните и државата и да им помогне на државните структури во намерите што подобро да ги спроведат зацртаните планови и реформи. А за да го стори тоа, државата треба да се погрижи да го олесни функционирањето на граѓанскиот сектор, во функција на негово финансиско и морално поддржување, поткрепување на неговите мисии, како и да обезбеди даночно олеснување за да им помогне во остварување на нивните цели.

Еден од начините на коишто околните земји во регионот им овозможуваат финансиско поткрепување на граѓанските организации е позитивната филантропија, преку којашто еден дел од персоналниот данок што се плаќа на државата се пренасочува на сметките на граѓанските организации со цел да го подобри нивното функционирање и целите поради коишто постојат тие.


Позитивната филантропија во земјите од регионот

Една од дефинициите за позитивната или процентуалната филантропија е дека станува збор за “правен механизам којшто му овозможува на даночниот обврзник да насочи одреден процент од данокот што го платил во претходната година кон корисници кои имаат право да примаат такви средства”. Сепак, различна е поставеноста на овој систем во различни земји. Ваквиот систем засега функционира во пет земји, и тоа: Унгарија, Словачка, Литванија, Полска и Романија.

Унгарија  е првата земја којашто го примени овој систем попознат како за­кон за еден отсто. Законот е донесен во 1996 година, а државата почнала да го применува во 1997 година. Законот се состои во тоа што унгарските да­ночни обврзници имаат право да одлучат дали и како ќе го насочат нивниот еден отсто од персоналниот данок на доход што го платиле во претходната година кон граѓанските организации или јавна културна институција. И Словачка почна да го применува истиот систем на тој начин што наместо само на физичките лица, правото за насочување им се даде и на компаниите, а процентот е два отсто. Во 2002 година системот на пренасочување е усвоен и во Литванија, но само од страна на физички лица, а трансферот на средствата, како и во Унгарија, се врши преку даночните власти. Во 2003 година Полска ја усвои својата верзија на процентуалниот систем. Полскиот закон му дозволува на даночниот обврзник сам да ги трансферира средствата до крајниот корисник, што е поттикнато најверојатно од желбата да се скрати административниот дел од процедурата за насочување на сред­ствата до крајниот корисник. Последна земја којашто го усвои овој закон е Романија.* Идејата на овој систем е да биде дополнителен извор на финансии за гра­ѓанските организации, а граѓаните сами одлучуваат каде ќе ги насочат своите пари. Потоа, се подигнува свеста на граѓаните како се трошат јавните средства; постои децентрализирано одлучување; зголемување на свеста кај граѓаните за постоењето на т.н. граѓански сектор, додека во исто време граѓанските организации се натпреваруваат преку рекламирање на своите активности со цел да ги убедат граѓаните дека тие се најдобрите кон коишто треба да ги насочат средствата.


Состојбата во Македонија 

Во Македонија с$ уште срамежливо се зборува за позитивната филантропија, а таа е далеку и од евентуална примена на каква било законска регулатива за процентуалната филантропија. Во Владата од минатата година функционира Одделение за соработка со граѓанските организации, но оттаму не сакаат да откријат детали за работењето на овој сектор с$ до неговото промовирање.

Во моментов постои скромна иницијатива за воведување процентуална филантропија од страна на некои граѓански организации, но за неа с$ уште нема одек во јавноста. Во Министерството за финансии не даваат конкретен одговор дали би ја прифатиле иницијативата, но додаваат дека ќе ја разгледуваат кога ќе пристигне. 

За разлика од другите држави од регионот, Македонија е една од ретките којашто не дава голем број даночни олеснувања за граѓанските организации и донациите коишто ги даваат фирмите или поединците за нив. Напротив, даночните олеснувања се предвидени само за одреден вид граѓански организации од типот на хуманитарните организации. Друга отежнувачка околност за граѓанските организации е што генерално, главниот извор на финансирање кај нив тие го гледаат во странските донации со помош на коишто опстојуваат тие. Но, и овие средства во последниве две-три години постепено се намалуваат. Постојан проблем кај граѓанските организации претставува пред с$ Законот за здруженија и граѓани којшто ги дефинира како непрофитни организации коишто не смеат да извршуваат стопански дејности, и покрај обидот ова да се смени со новите законски измени. Според старите законски решенија, на граѓанските организации со закон им е забрането да профитираат од своите дејности или пак да ги “продаваат” на пазарот. Уште една препрека во нивното функционирање е и финансирањето од страна на државата, кое е ограничено со средства и кое се одредува според однапред утврдени критериуми коишто сепак се генерални. С$ почести се забелешките на граѓанските организации дека доделувањето на овие средства не само што се намалува од година в година, туку и не е докрај транспарентен начинот на којшто одредени граѓански организации добиваат одредени средства од државата коишто се доделуваат секоја година. Средствата што ги доделува последниве три години Владата за финансирање на здруженија на граѓани и фондации изнесува 10.000.000 денари (околу 162.000 евра).  Според истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка за периодот од 1994 до 2002 година, не постои некоја драстична разлика. Во 1994 година биле одвоени околу 14.000.000 денари, во 1996 - 25.000.000 денари, од кога средствата постојано се намалуваат, за да ја достигнат последните 3 години цифрата од 10.000.000 денари годишно. Оваа сума е предвидена за околу 5.300 здруженија на граѓани и фондации колку што постојат во државава. Но, сите не ги добиваат овие средства.

Што се однесува до други извори на финансирање, на пример, средствата од приватизација досега не се користени за финансирање на граѓанските организации, како што не се издвојуваат ниту средства од средствата собрани од плаќање такси, концесии, дозволи и слични давања. Незначителен дел (меѓу 12 и 15 отсто) од средствата собрани од разните игри на среќа се распределуваат преку централниот буџет за финансирање на хуманитарни организации, спортски организации и Црвениот крст на Македонија.  Единствен спас за граѓанските организации е да формираат друштва со ограничена одговорност или акционерски друштва, но и тоа е засега само фикција.


Даночните олеснувања во регионот

Државите на Централна и Источна Европа обично дозволуваат осло­бо­дување од оданочување на приходите од доделени средства, донации и членарина. Вообичаено право на даночни ослободувања или олеснувања имаат организациите од јавен интерес и заеднички организации со јавно овластување. Ослободување од даноците на доход најчесто им следуваат на граѓанските организации во земјите со најшироки даночни олеснувања - Хрватска, Чешка, Унгарија, Летонија, Словачка и Србија и Црна Гора, како и Федерацијата БИХ. Албанија, Бугарија, Естонија, Полска, Романија и Ре­публика Српска ги ослободуваат од даноци на доход или заработувачка само организациите коишто се занимаваат со активности коишто служат за некој вид јавна корист. Од оданочувањето се ослободени религиозни, образовни, научни и милосрдни организации. Единствено Литванија и Македонија предвидуваат поограничени даночни ослободувања за гра­ѓанските организации. Во Македонија, Законот за граѓански здруженија и фондации од 1998 год. предвидува дека сите здруженија и фондации можат да бараат даночни ослободувања предвидени со закон, ослободувањата што се достапни според даночните закони се прилично ограничени. Само претпријатијата за професионална рехабилитација и вработување инвалиди чии производи се произведени или чии услуги се извршуваат во заштитните работилници се ослободуваат по сите основи. Другите правни лица можат да добијат намалување на нивните даночни основи до висината на нивното ангажирање во определени активности, на пример заштита на животната средина.

Во осум држави од регионот граѓанските организации се ослободени од да­нок на приход од економски активности, а тоа се Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Летонија, Полска, Романија, Словачка и Југославија, вклу­чувајќи ја и Република Српска. Романија, Словачка и Чешката Ре­публика ги ослободуваат сите или само некои граѓански организации од ДДВ-системот. Хрватска ги ослободува од ДДВ верските организации и Црвениот крст, како и политичките партии, синдикатите, трговските комори, а најмногу домашните хуманитарни организации. Таа неодамна усвои дополненија на својот закон за ДДВ со коишто предвидува “даночен одмор” или ослободување за непрофитните организации коишто примаат странски донации во стоки или услуги, како и за купување домашни производи од странска финансиска помош. Дополненијата, исто така, пропишуваат ослободување за независните уметници и уметнички организации. Естонија многу ограничено ослободува од ДДВ, стоките што ги примаат граѓанските организации коишто не подлежат на данок на промет се ослободени од ДДВ ако се примени како странска државна помош или купени со пари примени како странска државна помош, или доделени како странски државни заеми.

Македонија, главно, не ги ослободува граѓанските организации од ДДВ, туку ги ослободува културните организации, ботаничките градини, зоолошките градини, парковите, архивите и документациските центри.

Исто така, Албанија, Македонија и Романија се единствените три држави во регионот коишто не им дозволуваат на поединците да добијат одбивање за прилозите дадени во добротворни цели (“Идни можности за финансирање на граѓанските организации” од проф. д-р. Весна Пендовска и проф. д-р Наташа Габер).


Што вели статистиката 

Според истражувањето во рамките на проектот “НВО и бизнис-секторот заедно за доброто на заедницата”, реализирано во декември 2001 го­дина, најголемиот број граѓански организации се незадоволни од со­ра­ботката со бизнис-секторот. Ваков став имаат 72 отсто од граѓанските организации коишто велат дека соработката со фирмите не е добра или дека е незадоволителна. Голем дел од активистите на ГО, околу 68%, изјавиле дека постои морална обврска бизнис-секторот да им помага, за разлика од други 27% кои сметаат дека помошта не мора да се даде, туку таа се дава ако донаторот сака да го стори тоа. Над 50 отсто од анкетираните граѓански организации досега добиле некаков вид помош или поддршка, додека останатиот дел од скоро 1/4 не добиле помош, иако ја побарале. Други 20% не се ни обиделе да побараат помош.

Над 80 отсто од испитаните бизнисмени, на прашањето на кој начин  граѓанските организации би требале да ги финансираат своите активности, одговориле дека тоа треба да го прават преку донации, спонзорства, членарини и слично, но суштината е дека ГО треба да се снаоѓаат сами, а не да се “врзат” само за определени извори на средства или донатори.

Како главна пречка за недоволната соработка со граѓанските организации, околу 40 отсто од бизнисмените, навеле дека станува збор за недостаток на свест за важноста на секторот и судир на интереси, а околу 30 отсто велат дека тоа е недостаток на пари и лошата политичка ситуација. Кај 14 отсто од бизнисмените владее чувството дека не се сите ГО професионални, сериозни и не работат квалитетно, седум отсто проблемот го објаснуваат со недостаток на разработена и стимулативна легислатива, а исто толкав е и процентот на бизнисмените кои едноставно не се заинтересирани (7%).

На прашањето што е она што би го очекувале бизнисмените за возврат, ако помогнат некоја организација, одговорите покажуваат дека можеби не би очекувале ништо лично за нив, но дефинитивно би сакале да знаат во што се состои проектот, дали ГО го одржале ветувањето и успешно го завршиле проектот, би сакале да ја видат сатисфакцијата за ефектите на нивната помош, да видат дали помогнале нешто да се промени и подобри. Исто така, некои би сакале да знаат точно како се потрошени средствата и за која цел, а некои би сакале да бидат истакнати како спонзори. Генерално земено, сите бизнисмени би сакале да видат и да се уверат дека целите за коишто им е побарана помош се постигнати и дека е постигната долготрајност (одржливост) на добрите резултати (Истражување спроведено во рамките на проектот “НВО и бизнис-секторот заедно за доброто на заедницата” во декември 2001 година од страна на Институтот за трајни заедници).

 
Што велат граѓанските организации 

За граѓанските организации повеќе од добродојдена е иницијативата за воведување на процентуалната филантропија. Кај нив преовладува мислењето дека со тоа граѓанските организации не само што ќе обезбедат финансии за да ги реализираат проектите за зацврстување на граѓанското општество, туку и меѓу себе ќе конкурираат во јавноста со тоа што ќе се профилираат како солидни граѓански организации. Сепак, процентуалната филантропија, од друга страна, ќе ги потисне на некој начин организациите коишто не се толку активни  на сцената на граѓанското општество. Па, така, можно е по примерот на Унгарија, најголем број од доделените средства да одат во рацете на хуманитарните организации, организациите коишто се грижат за децата заболени од рак, од церебрална парализа и сл. Друга можност е поголемиот дел од средствата да ги добијат и профилираните граѓански организации поради нивната прочуеност во јавноста и она што го прават тие. Од ова се исклучени граѓанските организации коишто се човек-граѓанска организација. Еве што велат граѓанските организации на темата процентуална филантропија:

“Здрав и силен граѓански сектор е возможен доколку се иницираат промени во владината политика и постојната легислатива за стимулација на вложувањето на бизнис-секторот во проектните активности на граѓанските организации со даночни погодности. Во тој случај, граѓаните корисници на социјална помош, старите лица, децата, жените, раселените лица, лицата со пречки во развојот и други чувствителни категории лица ќе можат преку граѓанските органзиации да бидат помагани и со финансиска и други видови поддршка од бизнис-секторот. Позитивното искуство од западните демократии ќе важи и за Македонија кога добивањето донации од бизнис-секторот наменети за непрофитните цели, односно вложување во програмски активности на граѓанскиот сектор ќе се должи на фактот дека бизнис-донациите се ослободени од плаќање данок”, вели Драги Змијанац од Првата детска амбасада “Меѓаши”.

“Граѓанската организација и бизнис-секторот во Македонија работат за доброто на иста целна група - граѓаните. Досегашното наше искуство од соработката со јавната администрација и со бизнис-секторот е позитивно. Помошта којашто ја добивавме од нив значеше обезбедување заеднички акции, обезбедување лица како експерти, помош во вид на простор, превоз или производи, а не пари. Сето ова и за овие институции значи пари, но неповолната законска политика, односно непостоењето регулатива којашто би значела за нив даночно олеснување беше причина, тие нас, и останатиот граѓански сектор, да го помагаат со производи и услуги, а не со пари што слободно и наменски ние би ги потрошиле за заедничката целна група”, вели Гоце Тодороски, извршен директор на Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп. “Можноста бизнис-секторот да издвојува еден отсто за нас е голема надеж бидејќи овој сектор ќе ги помага профилираните ГО коишто имаат конкретни и практични резултати. Бизнисмените ќе можат и на дело да ја покажат својата хуманост и поддршка на граѓанскиот сектор. Ова 1 отсто како бројка е мало, но исто време и големо како планина за граѓанскиот сектор. Оваа иницијатива доаѓа во вистински момент кога секаде во светот владите земаат помала улога во заштита на заедницата, а тоа е препуштено на третиот сектор. Тоа дава голема надеж за развојот на граѓанскиот сектор”, појаснува Тодороски.

Дарко Алексов од “МОСТ” оценува: “Со донесување на измените на Законот за здруженија на граѓани и фондации би требало да се востанови категорија на организации од јавен интерес, којашто е позната и востановена во светските трендови. Организациите коишто ќе добијат статус на организации од јавен интерес ќе имаат одредени олеснувања, но и повеќе одговорности. Доколку правилно се применува овој закон, ќе се овозможи природна селекција и диференцирање на досегашните здруженија на граѓани. Секако, неопходни се измени и во други закони, за да се овозможат даночни поволности за домашните физички и правни лица, кои ќе сакаат да дадат донација за здружение на граѓани, со што би се поттикнала филантропијата и би им се олеснила работата на организациите. Сепак, се чини дека е потребно уште дискусија по овој закон и регулирање одредени прашања, на пример, соработката помеѓу секторите, владиниот и граѓанскиот, којашто не е доволно прецизирана, посебно во делот на вршење одредена услуга од страна на непрофитните организации”. 

Емина Нурединоска од Македонскиот центар за меѓународна соработка потенцира дека секоја промена којашто би се однесувала на создавање овозможувачка околина за граѓанските организации е добредојдена, па во таа насока и “Законот за 1%”. “Сметам дека овој закон ќе биде најефективен доколку се спроведува комплементарно со другите даночни бенефиции што би се донеле за граѓанските организации. Покрај примарната цел на овој закон, а тоа е обезбедување средства за функционирање на граѓанските организации, важен е неговиот придонес во развојот на граѓанското општетство воопшто, бидејки овозможува директна вклученост на граѓаните, ја зајакнува комуникацијата меѓу граѓаните и граѓанските органзаиции и секако придонесува кон транспарентно и отчетно работење на истите”, вели таа. Според неа, како евентуален негативен ефект од примената на овој закон може да биде неговото влијание на зголемување на јазот меѓу поголемите и помалите организации. “Со оглед на предложените мерки за развој на граѓанското општество и граѓанските организации, содржани во владиниот ‘Акциски план за спроведување на препораките од извештајот за стабилизација и асоцијација на Европската комисија’ донесен во јуни 2003 година, сметам дека Владата е подготвена за преземање активности за подобрување на законската регулатива. Секако, прво ќе треба да постои дефинирана владина политика за поддршка на граѓанските организации, да се отпочне со дијалог меѓу Владата и граѓанските организации. Потребно е да се направат измените и дополнувањата во Законот за здруженија на граѓани и фондации, а потоа измени и во фискалната рамка, односно даночните и царинските бенефиции за граѓанските организации”, смета Нурединоска. 


Фирмите и поединците ја поздравуваат идејата за воведување процентуална филантропија 

“Таквата пракса е за поздравување. Соработката со граѓанската организација за којашто би се наменувал одвоениот процент од данокот треба да е избор на компанијата. Меѓу организацијата и компанијата треба да има взаемен партнерски однос на соработка, темелна и посветена на бенефициите на крајните корисници на резултатите од одреден проект, со јасен акцент на транспарентноста во име на запознавање на јавноста со насочените средства, текот и ефектите”, вели Камелија Левенска од Фондацијата “Мобимак за Македонија” основана во 2002 година, која постои во рамките на компанијата “Мобимак”. Таа смета дека граѓанските организации имаат потреба од ваков вид финансирање, бидејќи најголем дел од нив, и покрај искрената посветеност, волонтеризмот и ентузијазмот, насочени кон помош на одредена целна група, не се во можност да планираат да го одржуваат нивото на реализација на проектите, ниту да ја реализираат планираната програма токму од финансиски причини. “Организациите се препуштени на периодично снаоѓање со барање слух кај институции и компании. Злоупотреба на средства или претпоставки за злоупотреба не може да постојат доколку донаторот и граѓанската организација негуваат вистински посветена соработка со акцент на транспарентноста на ефектите од вложените средства”, вели Левенска. Од “Мобимак” не откриваат на кого би ги доделиле средствата доколку се усвои иницијативата за процентуална филантропија. “Мобимак” досега донирал донации за граѓански организации во износ од над два милиони денари, пред с$ преку отворање броеви за донации каде граѓаните донираат, како и преку обезбедување средства, одредена опрема, помагала од други компании, “пријатели” на фондацијата “Мобимак”. Фондацијата соработува со повеќе организации, а меѓу другите, со конкретни проекти им помогнале на Црвениот крст на Македонија, на здружението “Пеперутка” - за борба против ракот и леукемијата кај децата, потоа на Центарот за артистичка експресија, музичка терапија и психофизичка релаксација “Џунџуле”, на Детската болница, на “Иднина” - Здружение на децата без родители од детските домови во Македонија, на Олимпијада за лицата со посебни потреби, на Полио плус, на Хендикеп-Тетово, на Здружението на парализираните лица, на Унијата на луѓето со посебни потреби-Македонија, на Здружението за лицата со хендикеп-Надеж од Штип, на Мал битолски монмартр и други.

Потребата од процентуална филантропија ја поздравуваат и други претпријатија и поединци кои велат дека ним им е сеедно каде ќе бидат насочени нивните пари, бидејќи тие и онака одат во државниот буџет.

“Сметаме дека идејата е добра. Но пред с$, треба да се види кои граѓански организации заслужуваат да добијат пари. Ние с$ уште не знаеме кому би ги пренасочиле нашите пари. За тоа ќе треба да имаме прецизна анализа”, велат од фирмата “Вивакс”, производител на соковите Вива. Тие досега им помагале на различните органзиации со тоа што донирале во сокови. Слично размислуваат и во фирмата “Нимекс”, застапник на чоколадите “Горењка”. Претставниците на ова претпријатие велат дека не се многу инфомирани за процентуалната филанотропија, но се согласуваат дека таа би дејствувала позитивно во развојот на граѓанскиот сектор.

Цементарницата “Усје” е исто така една од ретките фирми којашто помага на граѓанскиот сектор. Од годинава тие почнаа да доделуваат по две стипендии за магистерски студии во Атина, а тие отидоа во рацете на двајца електроинженери. Стипендиите ќе бидат традиционални. Во иднина тие ќе вработуваат и по двајца средношколци, пракса со којашто започнале исто така од годинава кога организирале стручна настава за 16 средношколци којашто им била платена. “Тоа е дел од нашата политика за корпоративно-социјална одговорност”, објаснуваат од “УСЈЕ” и ја поздравуваат идејата за воведување процентуална филантропија.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA