среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 4

   

Заштита на човековите права низ механизмите на граѓанските организации

Мишо Докмановиќ

Улогата на државата и граѓанските организации во заштитата на правата на човекот - дуо или дуел?

 

Грижата за човековиот живот и среќа, а не нивното уништување, е првата и единствена цел на доброто владеење. 

Томас Џеферсон


 
Потребата за заштита на човековите права во денешниот свет објективно постои. Самиот нивни карактер, нивната предегзистентност во однос на државната власт, ја наметнува потребата од постоење на организирани државни органи за нивна заштита.

Антички корени - британско-француско-американско наследство?

Првите историски траги за појавата на “права” на човекот се евидентни уште во 2000 г.п.н.е. во Хамурабиевиот законик во којшто владетелот промовира определен примитивен концепт на права за населението. Концептот за човековите права како неотуѓиви и неповредливи од страна на државата и поединците е тесно поврзан со историјата на демократијата. Човековите права своите корени ги имаат во античка Грција каде што граѓаните на грчките полиси, меѓу другото, уживале право на говор (исигорија) и право на еднаквост (исиномија). Приказната за човековите права продолжува во средниот век и редуцираните привилегии стипулирани во “Магна Цхарта Либертатум” преку Џон Лок, Пејн, Џеферсон и Мил за да се надоврзе на тоа американската и француската револуција со актите од исклучително значење (Декларацијата за независност, Уставот на САД, Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот “Билл оф Ригхтс”, но и Федералистичките списи). Овие документи имале големо влијание врз голем број устави, но и на голем број меѓународни договори, конвенции (насочени против ропството, но и за заштита на правата на човекот во вооружени конфликти и малцинските права) донесени во периодот до Втората светска војна. Правата на човекот својот триумф го доживуваат по Втората светска војна со формирањето на Обединетите нации и усвојувањето на Општата декларација за правата на човекот (1948), пактовите за граѓански и политички и социјално-економски и културни права (1966), редица меѓународни конвенции, но и од големо значење за нас - Европската конвенција за правата на човекот и основните слободи (1950).

Иако, гледано отстрана, сведоци сме на една условно хиперпродукција на разни меѓународни правни акти од различни меѓународни организации во последниве педесетина години, сепак прашањето што неодминливо се наметнува е нивната имплементација. Консекветно на тоа, конечната реализација на идејата за правата на човекот не може и не смее да се сведе само на декларативно прифатени норми и одредби, туку мора да се реализира преку создавање јасен, прецизен и конкретен систем на имплементација на прифатените обврски на секоја држава-потписничка на меѓународно правен акт.

Во зависност од уставниот поредок на секоја држава, имплементацијата може да биде преку директна примена на нормите од меѓународното право и преку трансформација на тие норми во домашното право на начин пропишан со уставот на земјата- потписничка. Покрај тоа, обврската на државата-потписничка се состои и во “овозможување правен лек на лицето чии признаени права или слободи се повредени”4. Оваа формулација уште еднаш ги потврдува согледувањата на англискиот конституционалист од ЏИЏ век, Алберт Дајси: “Правото постои таму каде што постојат правни лекови” (уби иус – уби ремидиум).

Постојано мора да се има предвид дека правата на човекот не се имплементираат само со усвојување закони и обезбедување постапки по правни лекови. Вистинските промени треба да се случуваат во самите држави преку континуирано создавање предуслови за непречено уживање на правата на човекот. Денеска во светот не постои држава којашто не ги крши човековите права. Затоа е важно кршењето на човековите права да биде коригирано и сведено на минимум. Какво е македонското искуство во оваа област?

Македонско искуство

Во Уставот на Република Македонија од 1991 година се позиционирани четири органи чија надлежност е заштитата на слободите и правата. Во Република Македонија надлежни за заштита на човековите права се: редовните судови, Уставниот суд на Република Македонија, Народниот правобранител и Постојаната анкентна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Притоа, првите два облика се главни, а вторите два споредни и превентивни, бидејќи тие претставуваат облик на инволвирање на Собранието на Република Македонија во заштитата на човековите права.

Редовните судови се најефикасниот механизам за заштита на човековите права од повеќе причини: прво, поради фактот што овој механизам овозможува заштита на сите човекови права; второ, поради објективноста која произлегува од постоењето повеќе инстанци во постапката за заштита на правата и, конечно, поради фактот што работата на редовните судови е најстара постапка од наведените и најблиска до граѓаните.

Уставниот суд на Република Македонија ги штити човековите права на два начина: преку контрола на уставноста на законите и уставноста и законитоста на другите прописи и колективни договори и преку заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот кои се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална и социјална припадност5 (член 110 од Уставот на РМ). Ова уставно решение го отвора прашањето на кој начин е извршена селекцијата на правата и слободите коишто се таксативно набројани. Образложението на Уставот на РМ не даде одговор на ова прашање.

Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања (член 72 од Уставот на РМ). Потребата од постоење на оваа инстутиција е резултат на зголемувањето на државната администрација и можноста на нејзино мешање во животот на граѓаните, а особено во нивната приватна сфера. Со оглед на фактот дека се работи за релативно нова институција, нејзино промовирање меѓу граѓаните беше извршено преку интензивни посети на народниот правобранител во повеќе градови на државата, со чести обраќања до средствата за јавно информирање, подготовка на извештаи, но и со активното партиципирање на седниците на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот е комисија формирана од страна на Собранието на РМ и нејзините наоди можат да бидат основ за поведување постапка за одговорност на носителите на јавни функции. Иако досега беа разгледани поголем број повреди на човековите права (аферата “Прислушување”, правата на Македонците кои што живеат во соседните држави, прашањето на раселените лица итн.), сепак тоа не водеше кон конкретно утврдување на одговорност на носител на јавна функција. За досегашната работа на Постојаната анкетна комисија се наметнуваат следниве заклучоци: прво, Постојаната анкетна комисија во досегашниот период не го најде своето место во уставниот систем на РМ; второ, заштитата на човековите права речиси целосно му е препуштена на редовното судство; трето, граѓаните не се запознаени за постоењето на вакво тело на Собранието, чија единствена  улога е предлагање на утврдување политичка одговорност за носителите на јавни функции чиј избор е во надлежност на Собранието; и, четврто, во работата на комисијата е присутна силна политизација и наместо за утврдување повреди на човековите права, Комисијата се користи за политички маркетинг.

Претставениот уставен дизајн нуди лош облик на контрола на правата. Во случаи кога имаме повеќе органи кои се надлежни, можен е судир на надлежности, што секогаш води кон намалување на ефикасноста на контролниот механизам. Самата ситуација се влошува со тоа што нивните надлежности и меѓусебните односи не се јасно нормативно уредени. Покрај тоа, нагласена е некоординираноста на споредните органи во заштитата на човековите права.

Нова глава во заштитата на човековите права во Македонија отвора ратификацијата на Европската конвенција за правата на човекот и основните слободи. Република Македонија ја ратификува оваа конвенција на 27 февруари 1997 година. Тоа овозможи непосредна примена на одредбите на Конвенцијата од страна на судовите во Република Македонија. Покрај тоа, Република Македонија ги прифати одредбите на членовите 25 и 46, со кои се прифаќа правото на индивидуална жалба против држава-членка заради повреда на слободите и правата стипулирани во Конвенцијата, како и надлежноста на Европскиот суд за човекови права (формиран со протоколот бр. 11 на Конвенцијата) од 1 јануари 1998 година.

Како иницијатор на постапката пред Европскиот суд за човекови права може да се јави индивидуа, граѓанска организација или група на индивиуи кои се жртва на повреда на правата наведни во Конвенцијата, сторени од страна на некоја договорна страна. Судот ќе ја разгледа жалбата само доколку се исцрпени сите домашни правни лекови и ако жалбата е поднесена во рок од шест месеци од денот кога е донесена конечната пресуда. Притоа, мора да се води сметка кои слободи и права се заштитени со Конвенцијата.6 Покрај тоа, Судот не прифаќа анонимни индивидуални жалби.

Во периодот од 1998 до 2003 година до Европскиот суд за човекови права се поднесени околу 150 индивидуални жалби од Република Македонија. Жалбите во најголем број се однесуваат на повреда на одребите за правично судење и судење во разумен рок, на заштитата на правото на сопственост, слободата на совеста и религијата, на правото на образование итн.

Меѓународен мониторинг

Меѓународниот мониторинг во повеќе сфери на животот во Македонија, вклучително и во сферата на човековите права, е присутен уште од самиот почетокот на транзицијата во демократија. Голем број меѓународни владини и невладини организации вршеа и вршат мониторинг на состојбата со човековите права: ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Амнести интернешнл (Амнестѕ Интернатионал), Транспаренси интернешнл (Транспаренцѕ Интернатионал), Советот на Европа итн. Американскиот Стејт департмент секоја година објавува извештај за состојбата со човековите права во Македонија.

Исто така, прашањето на состојбата со човековите права претставува составен дел на извештаите на Европската Унија за состојбите и промените во државите–кандидати за членство во Унијата. Така, на пример, Извештајот од јуни 1999 година има констатирано бројни недостатоци и негативни појави: бавноста на судството, недефинираната надлежност и непрецизната постапка во заштитата на правата на човекот, пристрасното информирање на националната телевизија за време на изборната кампања итн. Овој извештај зголемувањето на бројот на етничките Албанци во јавната администрација го оценува како позитивен чекор!

Разгледувајќи го Извештајот на американскиот Стејт департмент за човековите права, во Македонија во 2003 година ќе ги забележиме следните опсервации: постоење инциденти при кои бил одземен живот на 4 лица во текот на годината, постоење информации за поголем број случаи на прекумерна употреба на сила од страна на полицијата, проблеми кои се појавуваат со имплементацијата на одредбите на Рамковниот договор (во областа на образованието, правичната застапеност во јавната администрација итн.), постоење насилство и дискриминација врз жените (особено кај ромската и албанската популација), трговија со луѓе, зголемен број злоупотреби врз децата (дури 52 случаи во 2003 година), но и влошени услови за работа на работниците во поглед на должината на работното време.

Овој извештај, како и извештаите на другите, веќе споменати организации, ни укажуваат дека Република Македонија с$ уште е соочена со сериозни повреди на човековите права кои произлегуваат од делумното нефункционирање на институциите на системот во определни области. Евроатлантската определба на Република Македонија сама по себе налага овие недостатоци да бидат отстранети во што покус временски рок. Само за потсетување, еден од критериумите од Копенхаген за полноправно членсто во ЕУ се однесува на “постигнатата стабилност на институциите со кои се гарантираат човековите права, почитувањето и заштитата на правата на малцинствата и правната држава.”         

Постоењето меѓународен мониторинг во областа на човековите права не претставува новина за другите држави во Централна и Источна Европа. Голем дел од овие држави се соочија со сериозни недостатоци на полето на заштитата на човековите права, пред с$ како резултат на комунистичкото наследство. Хрватска, Унгарија и балтичките земји се соочија со сериозни забелешки во областа на заштитата на малцинствата. Дел од овие држави се соочија со политички гарнитури кај кои постоеше тенденција на латентно ограничување на човековите права, како што е случајот со Словачка во времето на владата на Владимир Мечијар. Од тие причини, меѓународниот мониторинг е особено значаен заради маркирање на проблемите во земјите во транзиција и нивно поекспедитивно отстранување и во функција на рационално распоредување на активностите на државата и граѓанските организации во сферата на заштитата на човековите права.

Граѓанските организации и човековите права во Македонија

Со почетокот на транзицијата од социјализам во демократија, Македонија се најде заплисната од бран на, во тоа време, нови форми на граѓанско организирање попознати под терминот “невладини организации”. Нивнот број ја достигна бројката од преку 4500 регистрирани здруженија на граѓани. Овој тренд на интензивирање на граѓанското здружување е присутен и во другите транзициски земји, но и во САД каде што во 1998 година постоеја преку 1,6 милиони непрофитни организации, при што овој број беше за два и пол пати поголем од ситуацијата пред 20 години.

Оваа “револуција” во граѓанскиот сектор се должи на намалената способност на државата самата да се соочи со заштитата на човековите права, социјалната заштита, развојот, предизвиците за заштита на животната средина и на фактот дека граѓаните во новосоздадените демократски услови се обидоа да земат подиректно и поактивно учество во решавањето на социјалните проблеми и на јавните работи, воопшто. Како што веќе нагласивме, во процесот на интернационализација на човековите права  граѓанскиот сектор на меѓународно ниво има значајна улога во мониторингот на кршењето на човековите права, но и во создавањето на т.н. “меко право”7.

Начинот на регистрирање граѓански организации во Република Македонија е уреден со Законот за здруженија на граѓани и фондации кој, како што самиот наслов кажува, предвидува два типа граѓански организации. Законот предвидува релативно едноставна и брза процедура за регистрација  на здружение на граѓани. Здружение на граѓани можат да основаат најмалку пет полнолетни граѓани, државјани на Република Македонија. Регистрацијата на здружението на граѓани се врши во надлежниот суд и за тоа се потребни следните акти: акт за основање, програма, статут, одлука за избор на органи, како и уплата на соодветна судска такса.

Во последната деценија Македонија доживеа вистинска ренесанса на нејзиното половина век заспано граѓанско општество. Граѓанскиот сектор заслужува признание за подвигот што го направи со промовирањето на човековите права, запознавањето на граѓаните со демократските вредности, воспоставувањето меѓународна соработка која овозможи имплементирање на странските искуства во нашата земја, подобрувањето на правата на малцинствата (особено на правата на Албанците и Ромите), справувањето со бегалската криза во 1999 година, популаризацијата на одредбите од Рамковниот договор, мобилизирањето на јавноста за правата на жените и спречувањето на семејното насилство, правата на децата итн. Притоа, граѓанскиот сектор многу пати се најде во ситуација да биде на спротивната страна од државата во пристапот кон решавање на определени прашања во врска со заштитата на човековите права во Македонија. И во тоа се состои и големината на граѓанскиот сектор кој секогаш кога се согласува со акциите на државните органи во оваа сфера треба на сите можни начини (финансиски, логистички) да ги помогне истите, но и истовремено секогаш кога не се согласува со акциите на државните органи истото да &  го соопшти на јавноста. Само јавноста како колективна акција може да го сопре самоволието и арогантноста на секоја власт.

На крајот, би се задржале на можните подобрувања во работата на граѓанските организации со цел истите да ги остваруваат целите поради кои се формирани на поефективен начин: прво, треба да се интензивира соработката меѓу граѓанските организации и домашниот бизнис-сектор со цел граѓанскиот сектор да стане понезависен спрема странските извори на финансирање и понагласено да се насочи кон домашни ресурси8; второ, треба уште повеќе да се интензивира соработката на граѓанските организации и државните органи и нивно заедничко учество и кофинансирање на проекти што ќе овозможи поголема партиципација на граѓаните во власта (добар пример за овој вид соработка е неодамна промовираната канцеларија за врски со граѓаните на Собранието на РМ и Граѓанската асоцијација “Мост”); трето, подобар увид во распределбата на финансиските средства со цел постигнување ефикасност во работата на граѓанските организации9  (во тој контекст препорачливо е создавање независни комисии од страна на финансиерите, при што ефикасната распределба на средства би била предуслов за понатамошно финансирање на граѓанските организации, како и воведување еден вид индекс на ефикасност); четврто, поголема транспарентност во работата и отвореност за нови активисти во граѓанските организации; и, петто, насочување на работата на граѓанските организации кон новите загрозени групи и права (лицата со посебни потреби, помалите малцинства, правото на здрава животна средина итн.).

Мислиме дека овие модификации во работата на граѓанските организации ќе придонесат за подобрување на ефектите на нивното ра­ботење и за јакнење на граѓанското општество, ќе ни помогнат во созда­вањето слободно општество на рамноправни и еднакви граѓани, но и во докажувањето на фактот дека Македонија и нејзините граѓани, по вредностите кои ги споделуваат, претставуваат неразделен и составен дел на западниот свет.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA