среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 3

   

Анифа Демировска

Ромите на најниско образовно ниво во Р. Македонија

Образованието на Ромите

  • Некои податоци за Ромите во Европа и во Р. Македонија
  • Специфичниот начин на живеење на ромската заедница и влијанието врз образованието
  • Непознавањето на македонскиот јазик како причина за отсуствување од образовниот процес 
  • Социо-економската полжба и образованието
  •  Граѓанскиот сектор потреба и можност за подобрување на состојбата со образованите кај Ромите во Р. Македонија

Предлози и препораки за подобрување на состојбата со образованието кај Ромите во Р. Македонија


Некои податоци за Ромите во Европа и во Р. Македонија

Ромите се единствено малцинство во Европа, кое за разлика од другите малцинства немаат историска татковина и ги има речиси во сите земји на Европа и во Централна Азија. Историските документи говорат дека Ромите мигрирале од северна Индија во Европа во периодот од 9-тиот до 14-тиот век. Денес се смета дека во Европа живеат од 7 до 9 милиони Роми. Во Централна и Источна Европа, во некои држави, како Бугарија, Романија и Словачка процентот на ромското население изнесува од 9 до 11%. Во поранешна СФРЈ им се дозволи задржување на етничкиот идентитет и им се даде на Ромите ифицијален статус на националност во 1981 година.

Во согласност со Уставот на Р. Македонија, Ромите ги уживаат сите права како и другите националности кои живеат во земјата. Ромскиот јазик може да се слушне слободно секаде каде што има Роми кои живеат во Р. Македонија.

Според некои историчари, Ромите на просторот на Македонија дошле приближно со доаѓањето на Османлиите во 13 и 14 век. Меѓу 17 и 19 век најмногу од нив преминале од христијанска кон исламска вероисповед. Една од главните поделби на Ромите во Македонија е според дијалектот што го зборуваат. Така, постојат таканаречени влашки и невлашки Роми. Ромите без постојано место на живеење се наречени Чергари, додека оние со одредено место на живеење се нарекуваат Арлии/Јерлии или Јерлиес што потекнува од турскиот збор јерли што во превод би значело локален во смисла дека не мигрира од едно на друго место. Слично на другите земји, во Македонија Ромите се делат и според професиите што ги обавувале како: Барутчии - се однесува на оние кои за време на Отоманската Империја собирале шалитра од која се правел барут за отоманската армија. Потоа, Џамбази се Ромите трговци со коњи, Бугирџии се оние оние кои правеле шила, додека Араваџии се оние кои традиционално изработувале запрежни коли. Други ромски професии биле берачи на тутун, тенекеџии, ложари и музичари. 

Според податоците од првиот официјален попис во Македонија од 1948 год. како Роми се декларирале 19.500 или 1.7% од населението. Од нив 55% биле работници и калфи, 18 % земјоделци, 15% мајстори занаетчии и околу 7% приватници.

Според пописот од 1994 г. кој инаку беше меѓународно финансиран, надгледуван и подоцна одобрен од страна на Европската  комисија и Советот на Европа, Македонија има 1.954.932 жители. Од нив, 1.378.687 се етнички Македонци, 441.104 или 22.7% се Албанци, 78.019 или 4.0% се Турци 43.707 или 2.2% се Роми, 40.228 или 2.1% се Срби, 8.601 или 0.4% се Власи а 38.309 или 1.9% се други.

Ваквите податоци според ромските лидери не го одразуваат вистинскиот број на Ромите во Македонија. Според нив, во Македонија има 200.000 Роми.

Досега не е направена некоја посериозна анализа којашто би ги зела предвид ваквите тврдења. Причините за огромните разлики меѓу официјалните и неофицијалните проценки произлегуваат од нејасната граница меѓу ромскиот е неромскиот идентитет. Според Извештајот на Европскиот центар за правата на Ромите, најизразит таков пример е во западна Македонија каде што локалните Албанци вршат притисок Ромите на пописите да се идентификуаат како етнички Албанци, други пак вршеле притисок да се изјаснат како муслимани.

Во споменатиот извештај на ЕЦРП, содржан е пример којшто го илустрира наведеното: само во Тетово, две соседства, во кои живеат помеѓу 500 и 700 се декларираат како Турци. Жителите на Теќе и околината, со околу 1.000 Роми опколени од Албанци, се регистрираат како Албанци. Додека во населбата Поток која се состои од околу 200 куќи живеат околу 2.000 декларирани Роми.

Друг пример е појавата на Египќаните кои зборуваат албански, кои на пописот од 1994 се 3.080. Во источна и централна Македонија Ромите коишто имаат христијанска вероисповед се нарекуваат Крци и самите себе се сметаат како Роми, но најчсто другите Роми не ги прифаќаат како Роми.

Повод за тврдењата за огромниот број Роми во Македонија е и прашањето за државјанството. Според податоците на македонската влада од 1997 година од 18.851 лице без државјанство, 4.356 се Роми. И овој податок од ромска страна е оспорен со твдење дека бројот на Ромите без македонско државјанство е многу поголем. Исто така, според пописот од 1994 г., 3670 лица од ромска националност се отсутни од Македонија на повеќе од една година. 

Според пописот од 1994 год., има 43.707 Роми или 2.2% од вкупниот број жители од државата.

 

Специфичниот начин на живеење на ромската заедница и влијанието врз образованието

 
Во минатото ромските заедници биле мобилни, но денес тие се стабилни.

Најголем број од Ромите во Р. Македонија живеат во градовите. Според пописот од 1991 год. тој процент изнесува 94.8%. Најголемте ромски населби    се наоѓаат во Скопје (Шуто Оризари, Топаана), Куманово (Средорек), Прилеп, Битола, Штип и други. И поголемите и помалите ромски населби се наоѓаат на перифериите на градовоте, најчесто се неурбанзирани, без најосновните урбани потреби за живот. Во овие ромски населби или маала, (административни заедници) изолирани од опшетесвените текови и збиднувања, до израз доаѓаат традицијата и патрјархалниот начин на живеење, сиромаштијата, неписменоста, самоизолацијата и маргинализираноста.

Најголем број Роми во овие ромски маала имаат ниско образовно ниво, а исто така е голем бројот на неписмени лица. На учениците главно им недостасуваат услови за учење во нивните домови, не само во однос на соодветното место за учење, туку и во однос на разбирањето и знаењето на родителите да им дадат поддршка дома. Сиромаштијата (74%) не се одразува само на недостатокот на финансиски средства за обезбедување учебници, туку е во врска со трошоците за школувањето, облеката и обувките, трошоците за транспорт со автобус кои се потребни за да одат децата на училиште. Само 32% од Ромите посетуваат настава во средните училишта, а само 8% од нив го завршуваат средното образование. Во просек, само еден Ром годишно завршува факултет. 

Погоренаведената состојба се рефлектира во уште една карактеристика којашто е специфична во ромската заедница, а тоа е склучувањето малолетни брачни заедници чија карактеристика е емоционална незрелост, низок степен на образование, здравствена неедуцираност и овие бракови рефлектираат непланирано семејство со кое се продолжува алаката на необразованост, алката во синџирот на сиромаштија и неедуцираност.

Стапката на невработеност во Р. Македонија е најголема во Европа, што исто така се однесува и на ромското население. Поради високата стапка на невработеност, многу луѓе се вклучени во пазарот на улица (продажба на цигари, облека, храна), а УНИЦЕФ и Светската банка укажуваат дека многу мал број Роми имаат регистрирано претпријатија или работат сезонска работа и дека голем број Роми преживуваат со шверцување, питање и ситен криминал. Само 0,5% од Ромите работат во државните служби. 4,25% од децата на возраст од 7 до 14 години питаат (1,63% редовно). Овие деца не одат на училиште и најголемиот дел од времето во текот на денот го поминуваат надвор од нивните таканаречени домови, без родителска грижа, оставени на виорот на улицата.
     

Зошто се создале и се создаваат ромски гета 

 
Општествените и историските случувања и третманот на Ромите од останатото неромско население ги принудивало Ромите да се населуваат на перифериите на градовоте покрај реките, здружени во заедници каде што живееле и живеат со нивните специфичности и разлики од останатото население. Во современото живеење нискиот општествен економски статус ги принудува Ромите да останат во ромските маала да градат дивоградби и да живеат во сиромашна повеќечлена заедница. Овие ромски заедници главно се без комунална инфраструктура, елементарни комунални услови за живеење и комунално планирање. Се констатира недостаток од вода, греење, струја, јавни комунални услуги, депонија на отпад и друго.

Во седумте општини во Скопје (каде што има 1/3 од вкупното население) живеат повеќе од 7.330 Роми во 1.559 семејства, со 4.021 деца, што претставува 55% од вкупното ромско население. Значителен дел од Ромите живеат во нововоспоставената општина Шуто Оризари. Во Куманово Ромите се концентрирани во областа Средорек, а во Тетово околу Арабат-кулата, додека во Битола во населбата Баир.
 

Непознавањето на македонскиот јазик како причина за отсуствување од образовниот процес 

 
Во ромските населби и маала Ромите најчесто комуницираат на ромски, турски или албански јазик, така што се констатира непознавање на македонскиот јазик и истото се јавува како проблем со децата кои тргнуваат во училиште. Бидејќи предучилишното образование е незадолжителен потсистем во воспитно-образовнот систем на Р. Македонија, се констатира недоволна застапеност на ромските деца во предучилишното образование. Ова е како последица на недоволната развиена свест кај родителите за потербата за образование, социајлниот статус на ромските семејства, негативните традиционални вредности, како и недоволната стимулативна средина кај повеќето ромски семејства. Отсуствувањето најчесто се случува на преминот од одделенска во предметна настава и постигнувањето слаби резултати кај учениците од прво до четврто одделение. 

 
Социо-економската положба и образованието

 
Динамичните и турбулентни процеси од општествено-политичка природа коишто започнаа во деведесеттите години и ги зафатија и просторите на поранешна СФРЈ, директно негативно се рефлектираа на животниот стандард и условите на живеење на бројното население. Од овој глобален тренд на сe поголемо економско раслојување и зголемување на лицата кои константно сe повеќе осиромашуваат не изостана и Р. Македонија. Паралелно со растечкото ограничување и намалување на ингеренциите на државата врз социјалните функции коишто дотогаш беа во нејзина надлежност, етапно сe повеќе се зголемуваше и масата на лицата кои останале без работа, а со тоа и без основни средства за живот. Кон овие процеси би требало да се додат дополнително отежнувачките околности во Р. Македонија како резултат на воените конфликти коишто се одвиваа на просторите на поранешна Југославија, потоа косовската криза, која имаше драстични последици врз Македонија од причини што таа беше прва дестинација на бројни бегалци и, се разбира, последната, македонската криза во 2001 год. Сигурно дека во рамките на тие општи случувања значаен дел на проблемите коишто постоеја е се јавија дополнително, директно се одразија врз екомонската состојба, којашто споредбено со состојбата на другите етнички групи и онака се оценуваше како многу неповолна со овоие случувања.  

Ромите во Р. Македонија се карактеризираат со низок економски статус што покрај другото го оневозможува неопходниот воспитен матријал за образование на ромските деца. Ромите кои бараат работа се 4,7% од вкупниот број лица кои бараат работа. Нивните семејства обезбедуваат минимални и нередовни средства за живот (живеат ден за ден) и затоа е тешко да се одреди прецизно колкави им се месечните примања по семејство. Најголемиот дел од “буџетот” се троши на обезбедување храна. Ваквата состојба ги принудува родителите да се обратат до центрите за социјални работи и да бараат социјална парична помош. Во просек, секое второ ромско семејство е корисник на социјална парична помош. Најголемиот број Роми живеат во куќи направени од цврст материјал (63%), најчесто на приземје и изградени од нивна страна. Додека, 37% живеат во импровизирани куќи кои се распаѓаат, кои се изградени пред 30-40 години.

Најголем број од ромските семејства се корисници на социјална парична помош, иако се знае износот на паричното ниво и не е потребна посебна студија за да се констатира дека ромското семејство не може да извдвои од социјалниот пакет ниту минимум средства за материјали и книги кои се потребни во образовниот процес на децата. Сезонското работно ангажирање на Ромите и вклучувањето и на децата во ангажирањето на родителите доведува до дополнително отсуствување од училиште со што децата ја надминуваат возраста за продолжување на редовното школување. Ако сите овие проблеми се јавуваат во предучилишното и основното образование, многу мал број ромски деца се запишуваат во средните училишата, а уште помалку во високообразовните институции.

Непознавање на законската регулатива што го третира образованието 


Ромската популација во Република Македонија со ниското образовно ниво на коешто се наоѓа и социо-економската положба на ромските заедници условуваат неинформираност и неедуцираност за позитивните законски прописи од сите области, а во тој контекст и за законската регулатива што го третира образовниот процес. Се среќава неинформираност на родителите за потребната документација и благовремено активирање за упис во основното образование коешто условува одолжување за уписот на првачињата. Од друга страна, се констатира и недоследност во спроведувањето на законската регулатива за задолжително основно образование и недоследности во остварувањето на дополнителна настава во основното образование. Преведувањето на учениците со слаби резултати од прво до четврто одделение, доведува до распад уште во петто одделение, бидејќи истите ученици немаат солидна база за продолжување во повисоките класови и совладување и следење на наставната материја, што многу често сето тоа условува истите ученици да бидат префрлани во специјалните одделенија и неможност за продолжување и запишување во средните училишта.

 
Граѓанскиот сектор потреба и можност за подобрување на образованието кај ромската популација


Невладиното организирање и подинамичниот тренд на основање невладини организации во втората половина на 90-тите години е обид преку самоорганизирање и преземање акции да се одговори или да се ублажат бројните проблеми со кои долготрајно се соочува ромската популација со образовниот процес. Од анализата на ромските граѓански организации од 75 опфатени ромски граѓански организации, 48% се хуманитарно-едукативни граѓански организации коишто на еден или друг начин во своите програми третираат прашања непосредно поврзани со образованието. Ромските граѓански организации преку имплементацијата на своите проекти дадоа свој придонос во актуелизирањето на одреден број прашања што најмногу ја засегаа оваа популација во врска со образовниот процес. Истите преку едукативни трибини и работилници ја подигнаа јавната свест кај оваа популација за значењето на образованието и учеството на семејството во образовниот процес. Преку едукативни брошури, плакати и памфлети доста се придонесе оваа попуалција да го зголеми процентот на редовни ученици во образованието. Исто така беше согледан проблемот кај учениците дека ги немаат основните прибори за училиште, така што ромските граѓански организации делеа и примарна помош на учениците Роми, во периодот 1995-1997 година, во поддршка на МЦМС и ФИООМ.

Од активностите на ромските граѓански организации посебно би ги издвоила отворањето на Центарот за едукација “Врама си” од страна на граѓанската организација “Дром” од Куманово, којшто го посетуваа вкупно 148 деца ученици, од кои 118 од прво до осмо одделение, а 30 во две групи претшколска возраст. Со овие ученици во 2002 година работеа 8 едукатори и 8 асистенти. Приоритетна активност на овој центар е пишување домашни задачи и подготовка на децата за училиште, а термините се поделени на часови по македонски, математика, биологија, хемија, историја, географија и француски. Низ активностите на оваа граѓанска организација преку најразлични активности за поттикнување на образованието беа вклучени 440 деца. Проектот “Програма за поддршка на децата и младиниците во Шуто Оризари” во реализација на Центарот за социјални иницијативи “Надеж” преку кој низ различни едукативни и образовни програми беа вклучени 180 деца, како и образовно-едукативниот центар “Ѓорче Петров” во Скопје.

Во прилог на констатацијата дека нискиот социоекономски статус на ромските семејства непосредно влијае на ниското образование кај Ромите, зборува и фактот дека само преку проектот “Стипендирање на ромски ученици, студенти и ментори” поддржан од ФИИОМ, во високообразовните институции во последните 4 години, бројот на ромски студенти запишани на државните универзитети во Р. Македонија се зголеми за 100%.

Позитивно врз образованието кај младата ромска популација и подигнувањето на степенот на едуцираност е и поддршката на ромските граѓански организации, којашто повеќе години наназад и денес се обезбедува и се дава од страна на МЦМС и други фондации во поддршка на проектни активности за реализирање курсеви по англиски јазик и информатика, организирање летни кампови и летни школи. Овие проектни активности на ромските граѓански организации овозможија голем број ромски деца за прв пат и како единствена можност да имаат пристап до комјутери и да стекнат одредени вештини и истите да бидат вклучени во воннаставни едукативни активности коишто нивните семејства од економски причини не се во можност да им ги направат достапни.

 
Предлози и препораки за подобро образование кај Ромите


1.      Подигнување на квалитетот на образованието кај Ромите, како апсолутен приоритет кај оваа заедница преку:

а) Предучилишното образование и воспитание во годината пред поаѓање на училиште да стане задолжително;

б) Поддршка на програмите и проектите коишто го поддржуваат предучилишното образование и основното образование;

в) Едукација на родителите и старателите за зачувување на физичкото и менталното здравје кај децата и сензибилизирање на возрасните за потребите на децата и потребите на нивниот развој и подигнување на свеста за значењето на родителот како модел за своето дете;

г) Поголема соработка помеѓу владините и невладините институции во заеднички иницијативи во поддршка на образованието кај ромската популација;

д) Спроведување законска регулатива за задолжително основно образование;

ѓ) Во училиштата со хетерогена национална структура задолжително креирање и реализирање годишна програма за социјализација и толеранција меѓу децата;

е) Засилување на образовниот маркетинг (пропагандни материјали и ТВ емисии); 

ж) Изработка и реализација на програми за описменување и дооформување на основното задолжително образование на целокупното население во Република Македонија, а посебно за Ромите како популација со најниско образовно ниво; 

з) Организирање различни активности на ромските граѓански организации со цел подигнување на свеста на родителите и децата за подобрување на образованието; 

ѕ) Преземање мерки и активности за стимулирање за запишување во средните училишта и високообразовните институции.

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA