среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Адресар на верските заедници

   

ПРИЛОГ 5: Календар на поважните верски празници во 2005 година

 

01.01.2005 Св. Марија Богородица (Кат. з)

Спомен ден во чест на Марија, која преку Светиот дух постана Богородица - Мајка Божја. 

 

06.01.2005 Богојавление – Водици (Кат. з)

На тој ден се слават светите Три Цара: Гашпар, Мелхиор и Балтазар кои дојдоа од Исток да Му се поклонат на Исус во Витлеемската Пештера.

 

07.01.2005 Божик-Рождество Христово (Прав., Кат. и, Ев.-мет.)

Се празнува раѓањето на нашиот Спасител, Богочовекот Господ Исус Христос. Луѓето се поздравуваат со “Христос се роди” и си отпоздравуваат со “Навистина се роди”.

 

14.01.2005 Обрезание Господово (Прав., Кат. и)

Се празнува споменот на обрезението на Господ Исус Христос извршено во Ерусалимскиот храм на осмиот ден од Неговото раѓање. Овој ден е посветен и на свети Василиј Велики, а го означува и почетокот на новата година според јулијанскиот календар.

 

19.01.2005 Богојавление-Водици (Прав., Кат. и)

Празникот е востановен во спомен на крштението Господово. На овој ден Господ Исус Христос е крстен од св. Јован Крстител во реката Јордан, при што се објавува целата  Света Троица.  На овој ден се фрла крстот во водата, а водата што се осветува е лековита и се чува во текот на целата година.

 

20.01.2005/ 23.01.2005 (10-13 Зул-хиџе 1425) Курбан Бајрам (Исл.)

Еден од двата најголеми исламски празници. На овој ден муслиманите кои имаат можност за тоа, жртвуваат курбан во името на Алах џ.ш.

 

02.02.2005 Сретение Господово (Кат. з)

Се слави четириесеттиот ден по раѓањето на Исус Христос, кого Марија и Јосиф го донесоа во храмот да го прикажат на Небесниот Отец.

 

09.02.2005 Почеток на велигденскиот пост - пепелница (Кат. з)

 

10.02.2005 (01 Мухарем 1426) Хиџрет (Исл.)

Емигрирањето на Мухамед а.с. со своите приврзаници од родното место Мека во Медина. За муслиманите денот на емигрирањето на Мухамед а.с. значи и почеток на муслиманската нова година. Овој настан  се случил 623 година по раѓањето на Иса а.с.

 

15.02.2005 Сретение Господово (Прав.)

Празникот ја означува средбата Господова со праведниот старец Симеон и пророчицата Ана во храмот во 40-от ден од раѓањето на Господ Исус Христос.

 

15.02.2005 Сретение Господово (Кат. и)

Се слави четириесеттиот ден по раѓањето на Исус Христос, кого Марија и Јосиф го донесоа во храмот да го прикажат на Небесниот Отец.

  

19.02.2005 (10 Мухарем 1426) Денот на Ашуре (Исл.)

Десеттиот ден на првиот месец на Хиџретската Нова година. Според Возвишениот Куран, месецот Мухарем е еден од четирите големи месеци. А ноќта на Ашуре е најголемата ноќ во овој месец.

 

23.02.2005 (14.Адар И .5765) Пурим Катан - (Евр.)

         

24.02.2005 (15 Адар И 5765) Шушан Пурим Катан  - (Евр.)

 

04.03.2005 Светскиот молитвен ден на жените (Ев.-мет.)

Тој ден го обележуваат верните од Евангелско-методистичката црква. Претставува интернационално екуменско движење на жените–христијанки, со цел преку молитва и дејствување да се ублажи бедата и да се постават знаци на солидарност. 

 

11.03.2005 (20 Адар И 5765) Комеморативен ден на евреите (Евр.)

Комеморација на Холокаустот на 7200 депортирани македонски евреи во нацистичките логори (од 11.03.1943).

 

20.03.2005 – Цветници

Овој празник го означува свеченото влегување на Исус во Ерусалим.

 

24.03.2005 (13 Адар ИИ 5765) Постот на Естер (Евр.)

За време на почетокот на празникот Пурим 

 

25.03.2005 Св. Благовештение (католички западен обред)

Како Пресвета Дева Марија го зачна Исуса Христа преку Светиот Дух.

 

25.03.2005 (14 Адар ИИ 5765) Пурим (Евр.)

Спасување на евреите во Персија од колежот кој го планирал Аман.

 

26.03.2005 (15 Адар ИИ 5765) Шушана Пурим (Евр.)

 

27.03.2005 – Воскресение Христово (Велигден) – (К.  обред)

Денот на Христовото Воскресение е најголемиот христијански празник. Воскресението Христово е суштината на христијанството и основа на самата вера, како што рекол свети Апостол Павле: “ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше и нашата вера”. Од Воскресение до Вознесение луѓето се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”. 

 

07.04.2005 Благовештение (Прав., Кат. и)

На овој ден Архангелот Гаврил & се јавил на Дева Марија и &  соопштил дека таа е избрана да биде Мајка на Синот Божји. Во спомен на оваа блага (добра) вест што ангелот &  ја пренел на Света Богородица, Црквата го востановила празникот Свето Благовештение или Благовест, а се празнува точно девет месеци пред Божик.

 

20.04.2005/ 21.04.2005 (11/12 Ребиул-Евел 1426) Мевлуд (Исл.)

Раѓањето на Мухамед а.с. На 11/12 Ребиул-Евел пред Хиџретската Нова година, или ноќта меѓу 20-21 април 571 година по раѓањето на Иса а.с. е роденденот на Алаховиот пратеник Мухамед а.с.

           

24.04.2005 Цветници (Прав., Кат. и)

Се празнува една недела пред Велигден во спомен на свеченото влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим.

    

24.04.2005-01.05.2005 (15 Нисан 5765 22 Нисан 5765) Песах (Еврејски)

Ослободување од ропството и заминување на евреите од Египет пред 3.316 години.

 

01.05.2005 Воскресение Христово (Велигден) – (Прав., Кат. и. Ев.-мет.)

Денот на Христовото Воскресение е најголемиот христијански празник. Воскресението Христово е суштината на христијанството и основа на самата вера, како што рекол свети Апостол Павле: “ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше и нашата вера”.  Од Воскресение до Вознесение луѓето се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина Воскресе”. 

 

05.05.2005 Вознесение Христово (Спасовден) – (Кат. з)

Празникот е востановен во спомен на Христовото вознесение. Тој ден се празнува 40-от ден по Велигден и паѓа секогаш во четврток.

 

08.05.2005 Ден на мајката (Ев.-мет.)

Се обележува во Евангелско-методистичката црква и е интернационално движење на верни мајки од цел свет на кој се нагласува улогата на мајката во духовното воспитување на децата и згрижување на секое напуштено дете, без разлика која е причината.

 

11. 05.2005 (02 Ијар 5765) Јом Азикраон (Евр.)

Меморијален ден

 

12.05.2005 (03 Ијар 5765) Јом Аацмаот (Евр.)

Ден на независноста на државата Израел

 

15.05.2005 Педесетница - Духови  (Кат. з)

Се слави доаѓањето на Светиот Дух врз апостолите и основањето на Црквата – Христосовото царство на замјата.

 

22.05.2005 Пресвета Троица (Кат. з)

Се слави во чест на Бог Отец, Бог Син и Бог Дух Свети.

 

26.05.2005 Телово (Пресвета Евхаристија) - (Кат. з)

Како Господ наш Исус Христос, Кој ни ја дарува Евхаристијата, израз на Неговата неизмерна љубов.

 

03.06.2005 Пресвето Срце Исусово (Кат.з)

Празник на Божјата неизмерна Љубов кон нас луѓето.

     

06.06.2005 (28 Ијар 5765) Ден на Ерусалим (Евр.)

 

09.06.2005 Вознесение Христово-Спасовден (Прав., Кат. и)

Празникот е востановен во спомен на Христовото вознесение. Тој ден се празнува 40-от ден по Велигден и паѓа секогаш во четврток. Овој празник е наречен и Спасовден зашто го чествува денот на Спасителот на светот- Господ Исус Христос.

 

13.06.2005 (Сиван. 5765) Шавуот (прв ден) – (Евр.)

Празник во чест на примањето на Тора (Петтокнижие Мојсеево) и празник на  жнеењето.

 

14.06.2005 (07. Сиван 5765) Шавуот-втор ден (Евр.)

 

19.06.2005 Духовден (Св. Троица) – (Прав., Кат. и)

Се празнува десет дена по Спасоведен. На овој ден Светиот Дух во облик на пламени јазици слегол врз апостолите, по коешто апостолите започнале да зборуваат на разни јазици, а насобраните луѓе, иако дојдени од разни краеви на земјата, го разбирале говореното. Вториот и третиот ден од овој празник се посветени на Света Троица, зашто со благослов на Отецот се исполнило ветувањето на Синот, дадено на апостолите, дека ќе им го испрати Светиот Дух.

     

20.06.2005 Пресвета Троица (Кат. и)

Се слави во чест на Бог Отец, Бог Син и Бог Дух Свети.

 

06.08.2005 Преображение Господово (Кат. з)

Овој празник Црквата го слави во чест и во спомен на Христовото преображение на гората Тавор.

 

11.08.2005/12.08.2005 (06/07 Реџеб 1426) Лејлетул Регаиб (Исл.)

На 06/07 Реџеб според Хиџретската Нова година - според изворните искажувања е ноќта на Регаиб, ноќта кога е зачнат Алаховиот пратеник Мухамед а.с. 

 

14.08.2005 (09.АВ.5765) Тиша беав 

Ден на уништувањето на Првиот и Вториот храм во Ерусалим. (Пост)

 

15.08.2005 Успение на Пресвета Богородица (Кат. з)

Како Господ наш Исус Христос ја зеде својата Мајка, Дева Марија, на небото со душата и телото.

 

19.08.2005 Преображение Господово (Прав., Кат. и)

Овој празник Црквата го слави во чест и во спомен на Христовото преображение на гората Тавор.

 

28.08.2005 Успение на Пресвета Богородица (Прав.)

Празникот е востановен во спомен на успението на Пресвета Богородица. Според преданието, на третиот ден по нејзиниот погреб Господ Исус Христос ја воскреснал, издигнувајќи ја на небото.

 

28.08.2005 Успение на Пресвета Богородица (Кат. и)

Како Господ наш Исус Христос ја зеде својата Мајка, Дева Марија, на небото со душата и телото. 

 

31.08.2005/01.09.2005 (26/27 Реџеб 1426) Лејлетул Мираџ (Исл.)

На 26/27 Реџеб според Хиџретската Нова година или 620 година по раѓањето на Иса а.с. е ноќта во која Мухамед а.с. доживеал два настана. Првиот е Исра или хоризонталното патување од Мека до Месџидул Акса (денешен Ерусалим), а вториот е Мираџ или вертикалното патување од Месџидул Акса до високите небесни сфери.

 

08.09.2005 Раѓање на Пресвета Богородица (Кат. з)

Во чест на денот на раѓањето на Дева Марија од праведните Јоаким и Ана, христијанската Црква го востановила овој празник, познат и како Мала Богородица.

         

14.09.2005 Воздвижение на чесниот крст (Кат. з)

Се празнува во чест на пронаоѓањето на крстот на кој бил распнат Господ Исус Христос. Чесниот крст го пронашле Царицата Елена и нејзиниот син Цар Константин во 4. век.

 

18.09.2005/19.09.2005 (14/15 Шабан 1426) Лејлетул Берат (Исл.)

Според исламските учења е ноќта кога Алах џ.ш. врши детерминирање (предодредување) на судбините на луѓето.

 

21.09.2005 Раѓање на Пресвета Богородица (Прав., Кат. и)

Во чест на денот на раѓањето на Дева Марија од праведните Јоаким и Ана, христијанската Црква го востановила овој празник, познат и како Мала Богородица.

             

27.09.2005 Воздвижение на чесниот крст (Прав., Кат. и)

Се празнува во чест на пронаоѓањето на крстот на кој бил распнат Господ Исус Христос. Чесниот крст го пронашле Царицата Елена и нејзиниот син Цар Константин во 4. век. (строг пост)

               

14.10.2005 Покров на Пресвета Богородица (Прав., Кат. и)

Празникот е востановен во спомен на постојаното покровителство на Пресвета Богородица и помошта што им ја дава таа на сите што &  се молат искрено.

 

05.10.2005 (1 Рамазан 1425) Рамазан (Исл.)

Месецот рамазан за муслиманите, освен што преставува месец на постот, тоа е месец на солидарност и толеранција меѓу сите луѓе. Во текот на овој месец муслиманите преку цел ден се оддалечуваат од јадење, пиење и телесни задоволства.

 

04.10.2005 (01 Тишри 5766) Рош Хашана (Евр.)

Еврејска Нова година 5766– Прв ден

 

13.10.2005 (10 Тишри 5766) Јом Кипур  - (Евр.)

Ден на смирување и простување. (Пост)

 

18.10.2005 – 25.10.2005 (15-22 Тишри 5766) Сукот – (Евр.)

Спомен-празник, кој трае 8 дена и е во знак на 40-годишното талкање по пустината и празник на бербата на овошје. (Празник)

 

21.10.2005 (17 Рамазан 1426) Денот на Бедр (Исл.)

На 17 рамазан, две години по емигрирањето на Мухамед а.с. од Мека во Медина или 624 година по раѓањето на Иса а.с. во местото Бедр, се случила првата битка меѓу муслиманите и многубожците (политеистите), т.е. битката меѓу верувањето и неверството, меѓу доброто и злото, во која победуваат муслиманите.

 

26.10.2005 (23 Тишри 5766) Симхат Тора (Евр.)

Празник на Тората.

 

30.10.2005/31.10.2005 (26/27 Рамазан 1426) Лејлетул Кадр (Исл.)

Ноќта меѓу 26/27 рамазан во ноќта именувана Лејлетул Кадр, или 610 година по раѓањето на Иса а.с. почна објавата на Возвишениот Куран. За вредноста на оваа ноќ зборува самиот Куран. Куранот оваа ноќ ја опишува како повредна од 1000 месеци.

 

31.10.2005 Христос Цар (Кат. и)

Славејќи го овој празник, Црквата н$ потсетува дека еден ден ќе дојде и крајот на нашиот земски живот.

 

01.11.2005 Сите Светии (Кат. з)

Според католичкото учење, сите кои се во небото се свети и нив ги има многу повеќе отколку што ги има во календарот и затоа Црквата го воведе овој празник во чест на сите нив.

 

03.11.2005/05.11.2005 (1-3 Шеввал 1426) Рамазански Бајрам (Исл.)

По завршувањето на месец рамазан, муслиманите го прославуват Рамазан или Фитр Бајрам. Прославувањето на бајрам датира од емигрирањето на Мухамед а.с. од Мека во Медина. За бајрамските денови муслиманите ги посетуваат своите најблиски.

         

20.11.2005 Христос Цар (Кат. з)

Славејќи го овој празник, Црквата н$ потсетува дека еден ден ќе дојде и крајот на нашиот земски живот.

 

27.11.2005 Прва недела адвентот (Кат. з)

Адвентот е време коешто секој човек треба да го искористи за духовно да се подготви за доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос на земјата, односно Неговото раѓање. Адвентот трае четири недели.

 

04.12.2005 Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста) – (Прав., Кат. и)

Пресвета Дева Марија била ветена од нејзините родители да му служи на Бога, па затоа, кога таа наполнила три години, нејзините родители Јоаким и Ана ја одвеле во Ерусалимскиот храм. Во спомен на овој настан, воведувањето на тригодишната Марија во храмот, Светата Црква го востановила празникот Воведение, познат и како Света Пречиста.

 

25.12.2005 Божиќ (Рождество Христово) – (Кат. з)

Како Дева Марија Го роди Исуса Христа во Витлеемската Пештера.

 

26.12.2005-02.01.2006 (25 Кислев 5766 02 Тевет 5766) Ханука (Ханука) – (Евр.)

Празник кој трае и се празнува 8 дена во спомен на ослободителната борба на евреите и посветување на Храмот пред 2167 години.

 

Православен – Прав.

Исламски – Исл.

Католички западен обред – Кат. з

Католички источен обред – Кат. и

Евангелско-методистички – Ев.-мет.

Еврејски – Евр.

 

Некои од наведените празници ги празнуваат и останатите верски заедници. Единствени кои отстапуваат се:

 

23.02.2005 Мухарем Аје – пост (Бекташиска верска заедница)

21.03.2005 Султан Невруз (Бекташиска верска заедница)

23.03.2005 Хашуре (Бекташиска верска заедница)

24.03.2005 Спомен сеќавање на Христовата смрт (Јеховини сведоци –  Христијанска                    верска заедница)

25.03.2005 Гуара Пурим (Ваишнавска верска заедница)

Христијанска адвентистичка црква во РМ и Христијанска адвентиситчка црква (Црква на адвентистите на седмиот ден) во РМ кои ја празнуваат секоја сабота.

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA