Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 31 Октомври 2003  Тема

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

СЕКТОРОТ на НВО И ПАРТИИТЕ ВО ВЛАСТА една година ПО последните парламентарни избори

Недоволната самокритичност - заеднички именител во оценување на реалноста

Нужни се постојани, повремени средби, што треба да ги иницира власта за одредени сектори, каде ќе бидат поканети соодветни НВО, Климе Бабунски - ПРО МЕДИЈА

Катерина Богоева

Очекуваат ли премногу невладините  организации од актуелната власт, од
партиите кои коалицираат во Владата? Се навраќаат ли и едните и другите, понекогаш,  на предизборните ветувања дадени пред повеќе од една година, за да ги споредат со постигнатите резултати, со најавената поголема и поотворена соработка? Прашањата отвораат поле и за размислување, дали само со критика, но и без самокритика, може да се достигне посакуваната релација, исклучително потребна во оваа фаза од општествениот развој на Македонија? Процесот на меѓусебно зближување на заедничките погледи за сегашноста и иднината на земјава се одвива бавно, но не поради внимателноста на чекорите од двете страни, која вообичаено произлегува од претходното искуство, туку како израз и на почетна недоверба. Тоа е резултат на неизградената свест дека интересот на граѓаните континуирано треба да се отсликува во владините чекори, но и дека граѓаните треба активно да бидат вклучени во процесот на презентирање на своите барања. НВО постепено, со своите активности ја покриваат речиси сета територија на земјава, што за актуелната власт е  исклучително добра можност за увид во случувањата на теренот, надвор од кабинетите, канцелариите, за формирање и на поинаков поглед на реалноста. 

ЕД Биосфера - Битола

Власта не е крива што секторот на НВО е претворен во социјални фирми

„Кај нас свеста се’ уште е на ниво на зелена еуглена. Се фаќаат позиции и трошките се пикаат под тепих, без храброст сериозно да се зафатиме со решавање на суштинските проблеми. Од друга страна, власта не е крива што секторот на НВО е претворен во социјални фирми за обезбедување хонорари. Се’  уште не постои вистински партнерски однос помеѓу власта и секторот на НВО, затоа што ниту едните, ниту пак другите, се созреани да одговорат на улогата што треба да ја имаат во едно вистинско граѓанско општество, за кое сите се залагаме“.
Нешат Аземовски

Партиите во власта, на минатогодишните избори посветија, кој помалку кој повеќе, но сепак впечатливо теоретско внимание на неопходноста од постоење на НВО, како респектирачки партнер во градење на државните интереси   Денес, од едногодишна временска дистанца и од позиција коалициски партнери во Владата, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Демократската унија за интеграција и Либерално-демократската партија, имаат свои видувања на соработката со НВО. „Без уважување на ставот на НВО по разни прашања, ниту една Влада, не може докрај добро да функционира. СДСМ гради партнерски однос со НВО во работењето на партиско, парламентарно и владино ниво. Ние во голема мера имаме слух за нивните ставови. И во иднина, имаме цврста намера и обврска да придонесеме за дополнителен развој на амбиентот за слободен, независен и демократски развој на НВО“, ветува портпаролот на СДСМ Игор Ивановски, не наведувајќи ниту еден пример за добра или лоша соработка во изминатава една година. А невладините со свои забелешки:
„Односот е навидум променет, но во суштина НЕ“- вели  Виолета Симјановска, во име на Центарот за изведувачки уметности Мултимедија, упатувајќи ги своите забелешки до Министерството за култура. „Кога дојдоа на власт, еден од приоритетите им беше соработка со НВО и набрзо беше одржан еден состанок, на кој и ние присуствувавме, но од сето тоа, нема ништо конкретно. Симјановска не се навраќа на предизборните ветувања, вели дека не ги  прочитала сите, „поучена од претходното искуство, многу напишано, но и заборавено веднаш по изборите“. Но  и таа не нуди примери, но потенцира „има многу тука да се зборува, но главно искуствата се негативни, со тенденција постепено да станат позитивни, но ќе видиме“. „Скептик сум дека набрзо нешто ќе се промени“, наведувајќи сепак дека е неопходно  во целиот процес на заемна комуникација, да се вклучат релевантни луѓе кои би работеле заедно. „Потребно е да се направат центри за соработка, акциски планови, што ќе можат да се имплементираат, се разбира со политичка помош, неопходна за успехот на кој било проект. Владата треба потранспарентно да работи и да покаже отвореност за секоја иницијатива. За тоа сепак се потребни нови луѓе во заедничко тело составено од преставници од владата и НВО“. 

Демократска унија за интеграција
„ДУИ  ги смета за празни обвинувањата на дел од НВО, дека изборните ветувања од партнерите во власта се заборавени“ - Ермира Мехмети, портпарол 

Социјалдемократски сојуз на Македонија
„СДСМ нема обврска, ниту намера, да им забележува нешто на невладините организации и прифаќа тие да и’ упатуваат забелешки. Така и ние ќе работиме подобро.“ -  Игор Ивановски, портпарол

Либерално-демократска партија
„Негативните оценки на работата на Владата од страна на секторот на НВО, реално не кореспондираат со ставот и активностите на ЛДП и Владата“ - Наталија Велковска, портпарол

За  АМПЕП - Програма  за подобрување на животот на луѓето во Албанија и Македонија со седиште во Охрид, искуствата со сегашната власт, во однос на оние од 2001 година наваму, не се променети. Организацијата ги потенцира своите сознанија, добиени при работа со луѓето на теренот дека постои незадоволство од непотполното спроведување на обврските околу Рамковниот договор, невработеноста, борбата против корупцијата, заштитата на човековата околина, бавните административни процедури. Како позитивна, е наведена соработката со Министерството за локална самоуправа, во делот на децентрализација. За негативни се сметаат процедурите за регистрација на организацијата, на вработените и нивното осигурување, оценети како „бавни и нејасни“. Постоењето конкретна законска рамка, која би се однесувала на НВО и нивното делување, како и поголемиот слух на Владата, како кон фактор што ги штити интересите на граѓанскиот свет, според АМПЕП е неминовност во подобрување на соработката.

Во оваа фаза на оформување на граѓанското општество, кај дел од НВО се’ уште се присутни дилемите дали да се оценува Владата, партиските ветувања и реалноста со која се соочуваат сите. Голем дел од нив не одговараат на поствените прашања, изјавувајќи дека е подобро да молчат, за да немаат проблеми  На пример „Отворена порта - ла страда Македонија“, организација што работи на проекти поврзани со спречување на трговијата со жени, изразува  задоволство од  досегашната соработка со државните институции, но, „се оградува од оценувањето на работата на сегашната Влада“. 

Демократската унија за интеграција во изјавата на портпаролката Ермира Мехмети, се’ уште смета дека невладиниот сектор треба да има важна и водечка улога во демократското општество, бидејќи, на некој начин, претставува постојан коректор на работата на државата и институциите. „Во последните неколку години сме сведоци на една голема активност на НВО и на иницијативи, кои во повеќето случаи вродуваат со плод. Нивната работа е доста транспарентна, така што секогаш има простор за разговори, консултации, размена на информации и други начини за соработка“. Запрашана дали насоката во која глобално се движи секторот на НВО, коинцидира со насоката во која се движи Владата, или пак постои паралелизам во делувањата, Мехмети вели: „Всушност и не може да се очекува да постои едноумие во нивното дејствување, бидејќи се работи за два сосема различни сектори. Во крајна линија, нашите цели се заедничка социјална благосостојба, економски развој, интеграција во Европската Унија и др. Но сепак, начинот на постигнување на тие цели, нормално е дека се разликува“.

Досегашните искуства на ДУИ говорат дека треба уште многу да се работи во правец на зацврстување на односите помеѓу владиниот и невладиниот сектор. Оваа партија ја оценува досегашната соработка како задоволителна. „Секако дека странските примери треба да ни послужат како насока за движење, за поголемо јакнење или подобрување на односот, но генерално, може да се оцени дека НВО го има и го добива своето заслужено место. Реформите се тешки, меѓутоа тие се можност, а не ризик. Според тоа, потребна е храброст од сите страни, вклучувајки го тука и секторот на НВО“.

Климе Бабунски, во име на ПРО МЕДИЈА,  изјави: „Најскорешното искуство е учеството во работната група во изготвување на  првата работна верзија од Законот за слободен пристап, што го изготвува  Министерство за правда. Во основа, тоа е позитивно искуство на добро поставена соработка. Од друга страна, добрите искуства да не бидат исклучок, туку правило, потребна е многу поголема активност од страна на Владата или власта. Соработката или контактите с$ уште во најголем број случаи се иницирани од страна секторот на НВО. Нужни се постојани, повремени средби, што треба да ги иницира власта, за одредени сектори, каде ќе бидат поканети соодветни НВО. Таквите дијалози ќе можат да ја направат соработката и поотворена и поефикасна“.

Либерално демократската партија, пак, смета дека во изминатава година успешно ги реализирала програмските определби за соработка со секторот на НВО, преку работата на соодветните министерства и на пратеничката група, каде секој на свој начин ги инкорпорирал барањата на НВО. „Министерството за труд и социјална политика е најактивно во оваа сфера. Во соработка со организацијата „Порака“ посветена на лицата со интелектуална попреченост, организира т.н. дневни центри. Импелементирани се барањата на инвалидите во предлог-законот за вработувања на инвалидизирани лица, а, пак, во Законот за семејно насилство, е вметнат посебен дел, соодветна новина, која се однесува на борбата против семејното насилство. Тоа е резултат на заедничката работа на министерството и иницијативноста на секторот на НВО, а како потврда на определбата за активна соработка е внесувањето, за првпат во земјава, член посветен на НВО во Законот за социјална заштита“, потенцира портпаролката Наталија Велковска, наведувајќи дека пратеничката група на ЛДП, одржува редовни консултации со невладините организации; Таа потенцира дека е формирано е Интерпарламентарно лоби за лица со посебни потреби, во кое членуваат и соодветните НВО, како и Македонското женско лоби, а ја наведува и соработката со Здружението на занаетчии со кое работи на Законот на занаетчии и др.

 

©MCMS - designed by KOMA