среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 6

   

Лобирање преку граѓанскиот сектор

Јован Ананиев

Граѓанскиот сектор како иницијатор и набљудувач во заштитата на човековите права

Клучни зборови: човекови права, граѓански организации, механизми за заштита на човековите права, набљудување на заштитата на човековите права, државата и човековите права

Концептот на човековите права

Историјата на цивилизацијата е борба за човечко достоинство и почитување на човекот како личност. Секоја револуција е длабоко втемелена во борбата за што поквалитетно и во поголем размер почитување на човековите права од различна категорија, но најмногу станува збор за  политичките, социјалните и економските права. Оваа борба секогаш имала една иста насока и еден ист правец: народ-власт.

Најсинтетизирано кажано, човековите права се збир од принципи и норми создадени врз основа на признавањето на човековото достоинство и разлики кои имаат за цел обезбедување почитување на тоа достоинство во две димензии - “човек-човек” и “човек-општество”, а целта е развој на истите. Тие се универзални, неотуѓиви, неделливи и апсолутни, а нивниот развој е поделен во генерации на основни, граѓански и политички, економски, социјални,културни и еколошки права.

Иако јадрото на човековите права е од чисто морална природа, нивното драстично непочитување наметна да се вградат тие во сите правни системи и да бидат дел од многу политички програми и концепции (иако често пати користени како средство за манипулација и претворани во празни политички флоскули). Како принципи, човековите права и нивната заштита се разоткриваат во сите религии и во традициите и обичаите речиси на сите народи. Но зошто имало потреба тие исти принципи да се врамат нормативно? Еден од најиздржаните одговори е дека токму правото има можност да ги кодифицира, а државата да ги гарантира, овозможувајќи го нивното уживање и санкционирајќи го нивното прекршување. Така, државата која била и остана најголем прекршител на човековите права, морала да се соочи со одговорноста за грижа во процесот на  нивната заштита.

Грижата за почитувањето на човековите права стана еден од најголемите атрибути на модерната држава, но хуманистичките тенденции не застанаа овде. Современа Европа водена од искуството дека државата не е безгрешна (туку напротив) и дека многу често може да ги прекрши правата на своите граѓани, создаде еден нов облик на нивна супранационална заштита. Имено, во рамките на Советот на Европа се формира Европскиот суд за човекови права кој доби мандат да ги штити човековите и граѓанските права пропишани со Европската конвенција за правата на човекот и граѓанинот. Со протоколот 11 на оваа Конвенција, граѓаните на земјите потписнички на Конвенцијата добија можност да поднесуваат индивидуални претставки до Судот, обжалувајќи ги решенијата донесени од страна на највисоките судски органи во државата во која живеат или реагирајќи на незапазувањето на роковите и процедурите од истите овие органи. Ова, во моментов претставува дострел во заштитата на човековите права, затоа што одлуките на Европскиот суд се извршни и, на овој начин, се доби можност граѓанинот да застане наспроти државата.

Дека на човековите права им е дадено приоритетното место во Европа, покажува и фактот што за да се стане член на Советот на Европа, на ОБСЕ или на Европската Унија, потребно е да се исполни критериумот “почи­тување на човековите права”.  

Зошто е потребен ангажман на граѓанските  организации во заштитата на човековите права?

Погоре накратко го наметнав проблемот на релација граѓанин-држава, кога таа се јавува истовремено и  како заштитник на човековите права и како нивни прекршител. Државата, ако ја третираме како сервис на граѓаните кој треба да ги опслужува во различни дејности од јавен интерес, скоро секогаш се «задушува» во својата тромавост и бирократизираност. Истата таа, раководена од власта (политичката компонента на државата), многу често ја втурнува  својата «рака» во «кошничката на човековите права» којашто ја носи секој човек со себе, секогаш и насекаде и којашто ја има секогаш истата содржина. Ваквото посегнување може да го стори кон поединец, група или, пак, кон сите граѓани. Но, без разлика на обемот на посегнувањето (или ако звучи недолично - прекршувањето), државата постапила неправилно. Историјата познава примери на ропство, убиства, тортура, но и навидум поблагите кршења на човековите права се подеднакво драстични како и овие, затоа што создаваат амбиент на држава без демократија и почитување на достоинството на сопствените граѓани. Доколку некој ви ѕирка во вашата пошта, доколку не ви дозволува да се здружувате или политички да се организирате, доколку не ви дозволува да стапите во брак или, пак, не ви дозволува да се молите или клањате пред Бог, тој длабоко ги повредил вашите права кои ги имате секогаш со вас -  некои од нив уште од самото раѓање, а некои со тоа што сте дел од сопствената заедница.

Ваквите прекршувања најчесто ги прави државата и таа нема капацитет да се «самоконтролира» бидејќи карактеристика на бирократијата е да биде лефтерна кога е во прашање почитувањето на правата. Ако знаеме дека постои посебна самостојна судска власт и дека има повисоки инстанци во рамките на управата пред кои може да се поднесе претставка или жалба и кои се должни да постапат по нив, тогаш би претпоставиле дека заштитата на човековите права би се реализирала во потполност. Но, сепак, не е така, а генерално, би говореле за три причини:

-    неефикасност на судскиот систем и на управата;
-    немањето потполно прецизна регулатива;
-    непознавање на сопствените права од страна на граѓаните.

Кон надминувањето на овие генерални проблеми треба активно да работи самата држава, но се покажа дека тоа не е доволно. Затоа, кога затајува државата, потребно е активно да се вклучи граѓанскиот сектор кој се јавува како поврзувач меѓу државата и граѓаните. Во овој контекст, граѓанскиот сектор треба да се сфати во поширока смисла на зборот, односно секој сегмент кој не е опфатен во потполност од страна на државата – граѓанските организации, медиумите, универзитетите и сл. Граѓанскиот сектор треба да ги артикулира интересите на граѓаните, создавајќи на тој начин амбиент на демократија и градење систем базиран на почитување на граѓаните како носители на истиот.

Насекаде во светот е призната улогата на граѓанскиот сектор, а пред с$, улогата на граѓанските организации во заштитата на човековите права. Огромна е заслугата на бранителите на човековите права во разоткривањето на евентуалните нивни повреди, како и во процесот на нивната заштита.

Дали е возможна заштита на човековите права од страна на граѓанските организации во потполна смисла на зборот?

Во контекст на погорекажаното, во поново време е присутна дебатата дали граѓанските организации во потполност можат да ги заштитат човековите права или, пак, тие се само декор на демократијата? Одговорот можеби се наоѓа меѓу овие две дилеми. Односно, тие истовремено имаат многу тесна формално-правна позиција, но зависно од нивната моќ во општеството, може да заземаат едно од водечките места.

Може да се направи евиденција на еден цел спектар граѓански организации во доменот на заштитата на човековите права, во зависност од целната група кон која е насочена нивната мисија. Во оваа смисла, постојат организации коишто ги штитат правата на различните категории, како што се: жените, децата, маргинализираните групи, малцинствата, старите лица и сл. Постојат орга­низации чија дејност е врз основа на различни категории на права, како, на пример, здравствени, економски, социјални, право на информирање и слобода на изразување и сл. Но, има и граѓански организации кои дејствуваат на поширок план, односно во повеќе домени  и го проценуваат степенот на развој на човековите права од еден системски аспект. Такви се, на пример, Хелсиншкиот комитет за  заштита на човековите права, Амнести интер­национал, Хјуман рајтс воч и сл., кои даваат процена на степенот на демократизација на едно општество од аспект на почитување на човековите права, но истовремено може да се јават и како бранители на истите. Секако, овде не треба да се заборават еколошките движења кои дејствуваат на меѓународно ниво и наедно се обидуваат да го заштитат најновото и најгло­бализираното човеково право - правото на здраво животно опкру­жување.

Но каде е дострелот на дејствувањето на граѓанските организации, без разлика во кој домен дејствуваат? Накратко, тие можат само да укажат на извесно кршење на човековите права, да се јават во улога на бранител во индивидуални и колективни случаи и да дадат публицитет на извесно кршење, поттикнувајќи транспарентност и заинтересираност на медиумите. Ниту една организација не може да се јави како заштитник на човековите права во потполна смисла на зборот, бидејќи не може да употреби инструмент на санкција. Единствено може да изврши притисок врз оној кој има моќ на санкција, а тоа е државата, или, во поново време, зависно од видот на прекршеното човеково права,  врз Европскиот суд за човекови права. Организациите, заедно со медиумите, како делови од граѓанскиот сектор, може јавно да го осудат одделното кршење на човековите права и да извршат притисок врз извршната и судската власт, имајќи ја зад себе поддршката од јавноста.

Кои се механизмите кои може да ги употребат граѓанските организации во заштитата на човековите права?

Иако граѓанските организации го немаат правото да го санкционираат кршењето на човековото право и на тој начин да се јават во позиција на заштитник во потполна смисла на зборот, сепак, тие се имаат изборено за значајно место во целокупната заштита на правата. Подолу ќе споменеме неколку елементи од т.н. сет на можности кои ги имаат граѓанските организации.

Учество во изготвувањето на легислативата

Позната е светската пракса во подготовка на законодавството да бидат вклучени граѓанските организации, зависно од областа којашто ја покриваат и можноста законскиот текст да го предложат преку овластени предлагачи (најчесто тоа се пратеници или потребен број избирачи). Не е ретка ситуацијата самите влади при подготовката на законите да ангажираат граѓански организации. Речиси по дефиниција, земјите со демократска традиција за голем број закони отвораат јавна расправа, при што организациите кои се занимаваат со заштита на човековите права во соодветната област го даваат своето мислење и извесни забелешки во врска со обемот и квалитетот на заштитата на правата што ја нуди соодветниот закон. И во Република Македонија чест е случајот граѓанскиот организации да ги дадат своите забелешки, но недостатокот на демократска политичка култура кај властите најчесто го оневозможува прифаќањето на истите.

Контрола на спроведувањето на законите од страна на органите на управата и на судството

Оваа функција организациите ја имаат за да укажат на одредени пропусти во самите закони, на недоследности при нивното спроведување, како и на кршењето на човековите права од страна на државните службеници или судиите при примената на правото.

Ова го остваруваат тие преку свои набљудувачи кои имаат право, со овластување на граѓаните кои се засегната страна, да направат увид во јавно достапните документи и да присуствуваат на судските расправи, набљудувајќи дали е запазена целокупната процедура. Контролата на судската процедура може да се врши периодично и систематски, без потреба од пријавување конкретно повредување човеково право кога се цени ефикасноста на судството во целина или кога се забележани конкретни индивидуални или групни случаи на повреда и кога се претпоставува дека би можела да биде повредена процедурата.

Во заштитата на човековите права организациите многу често го користат правото на покренување постапка за оценка на уставноста или законитоста на одредени општи правни акти со кои се претпоставува дека  би можело да се наруши некое загарантирано човеково право. Ова се прави пред судовите надлежни за оценка на уставноста и законитоста (во Европа тоа се претежно уставните судови, а во САД тоа е Врховниот суд).

Граѓанските организации како бранители на човековите права

Ова е едно од најголемите достигнувања кои го имаат граѓанските организации. Тие оваа функција ја остваруваат на тој начин што се јавуваат како правни застапници на оние на кои им се повредени човековите права. Најчесто, тоа го прават нивни искусни активисти или, пак, ангажираат адвокати за оваа намена, и тоа пред домашните судови и пред Европскиот суд за човековите права. Ако се знае дека за Европскиот суд многу мал дел од луѓето ја познаваат целата постапка за доставување претставка и дека целата процедура е доста скапа, улогата што ја имаат организациите во некои од случаите на драстично кршење на правата е повеќе од потребна.

Укажување на извесно кршење на индивидуата или на групите на кои им се прекршени правата, но и на самиот прекршител

Оваа функција е директно врзана за функцијата на набљудување на повредата на човековите права. Откако ќе се воочи одредена повреда, организациите за тоа навремено ги информираат и оние кои прекршуваат и оние на кои им се прекршени правата. На првите им укажуваат дека грешат и дека треба навремено да се коригираат, а на вторите им укажуваат на кој начин можат да се одбранат од повредата на своето право и какви акции треба да ги преземат. За да се оствари ова, потребно е многу добро познавање на човековите права, зависно од сферата на којашто се однесуваат.

Анимирање на јавноста и вршење сензибилизација за одделните кршења на човековите права

Не е доволно да постојат човековите права напишани на хартија, туку нив треба да ги познаваат како граѓаните, така и оние кои ги применуваат прописите. Се би било залудно доколку самите ние не ги познаваме своите права и доколку не знаеме како да ги заштититме истите. Заради ова, потребно е широка едукација од областа на човековите права, преку заедничка работа на граѓанските организации и медиумите. На овој начин ќе се профилираат граѓани со кои не би можело толку лесно да се манипулира и ќе можат при секоја ситуација да се повикаат на своите права.

Граѓанските организации преку медиумите ја вршат сензибилизацијата на јавноста со давањето публицитет на конкретни  повреди на човековите права. Тоа е потребно за да се добие поддршката од јавноста и да се изврши притисок врз оној кој ја сторил повредата, без разлика дали се работи за поединец или група. Ова во земјите со поголема демократска традиција е многу силно оружје, бидејќи јавноста е многу покритична и моќна.

Кои се реформите што треба да се направат во доменот на заштитата на човековите права од страна на граѓанските организации во Република Македонија?

По осамостојувањето на Република Македонија отпочна процесот на формирање граѓански организации кои се грижат за заштита на човековите права во различни домени. Од досегашното нивно работење може да се донесат одредени заклучоци и да се понудат насоки на дејствување. 

Потребен е поактивен ангажман во текот на подготовката на законите

Македонското искуство не познава подготовка на законски текст од страна на некоја граѓанска организација, што би требало полека да стане пракса и кај нас. Иако ретко, сепак, има случаи кога пред донесувањето на некој закон (кога е тој во форма на законски проект, предлог на закон или нацрт на закон) се изјаснуваат граѓанските организации, давајќи ги своите забелешки до одредено министерство кое се јавува како предлагач или пред надлежната комисија во Собранието на Република Македонија. И во овој домен потребен е позасилен ангажман на граѓанскиот сектор, но, за да се интензивира ова, потребно е зајакнување на капацитетот на лобирање на организациите, пред донесувачите на политичките одлуки - пред с$, пред законодавната и извршната власт. На овој план, организациите мора да го насочат својот ангажман затоа што доколку повеќе се внимава на квалитетот на одреден закон, помала ќе биде веројатноста да постојат законски празнинин кои се добра основа за манипулација и повреда на човековите права.

Потребно е формирање мрежа на организации за заштита на човековите права кои ќе имаат заедничка стратегија на работа и заеднички информатор во кој ќе ги наведуваат забележаните прекршувања на човековите права

Ова е потребно за да се обезбеди поголема координација меѓу различните организации и да се зајакне моќта на граѓанскиот сектор како аларм, разоткривач, едукатор и заштитувач во областа на човековите права.

Медиумите треба да спроведат кампања за промоција и објаснување на улогата на граѓанското општество во заштитата на човековите права

Познавањето на човековите и граѓанските права кај граѓаните е на многу ниско ниво, а на вакво ниво е и информираноста за улогата на граѓанскиот сектор во заштитата при одредени повреди на човековите права. За да се подобри ваквата ситуација, медиумите и граѓанските организации треба да остварат поголемо партнерство и да учествуваат во позасилено информирање на граѓаните во заштитата на човековите права.

Треба да се ангажираат постручни лица во процесот на набљудување на прекршувањето на човековите права

Иако мисијата за промоција на човековите права не бара посебни квалификации и образование, туку бара хуманост и ангажираност кај  активистите во доменот на човековите права, сепак, честа е појавата  недоволно упатени неискусни луѓе да бидат ангажирани на популарно наречените проекти, како набљудувачи на одредена повреда на човековите права. Треба да се измени оваа практика кај нас и да се отпочне со тенденција со ангажирање лица кои имаат поголемо искуство во областа на човековите права или, пак, имаат соодветно образование за да можат да препознаат одредена повреда на правата и да предложат можна заштита од истото.

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA