среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 9

   

Лилјана Алчева

Општествено одговорно работење


Вовед

Во западноевропските држави и во САД, а с$ почесто и кај нашите претпријатија, се забележува с$ поголема грижа за заедницата во којашто функционираат овие претпријатија. Заштитата и унапредувањето на животната средина, инвестирањето во луѓето, како во оние кои работат во претпријатието, така и во развивањето на потенцијалите на другите од заедницата, поддршка на граѓанските иницијативи, воспоставувањето јавно приватни партнерства, формирањето и вклучувањето во мрежи, се начини со кои претпријатијата ја изразуваат својата поврзаност со околината во којашто работат.

Овој начин на однесување на претпријатијата овозможува понатамошен растеж на претпријатието, негово успешно и одржливо работење.

За тоа колкава е важноста на општествено одговорното работење кажува и податокот дека оваа година компанијата Кока кола во Велика Британија воведува работно место “менаџер за корпоративна социјална одговорност”.

Преку општествено одговорното работење се постигнува зајакнување на економската и општествената кохезија на локално и на национлано ниво. На глобално ниво, пак, општествено одговорното работење придонесува за заштита на животната средина и унапредување на човековите права.

Општествено одговорното работење главно е прифатено од страна на големите претпријатија, но се среќава и кај малите и кај средните претпријатија.

Кај нас општествената одговорност, која била составен дел од работењето на секое претпријатие во социјализмот, денес главно ја практикуваат поголемите компании.

 

1.     Поим и дефиниција на општествената одговорност и општествено одговорно работење (ООР) 

Иако не постои универзална дефиниција за општествено одговорното работење, може да се каже дека “општествено одговорно работење претставува контиунуиран напор и определба на бизнис-секторот да се однесува етички и да придонесе кон економскиот развој преку подобрување на квалитетот на животот на работниците и нивните семејства, како и на локалната заедница и на општеството како целина”.

Начините преку кои компаниите го практикуваат општествено одговорното работење се различни и секојдневно се прошируваат во доменот на организациските стратегии и практики на корпоративно раководење, заштитата на животната средина, заштитата на правата на работниците, заштитата при работа (здравјето и сигурноста на вработените), подобрување на состојбата со родовата и со расната еднаквост, вклучување на заедницата и почитување на човековите права.

Потребата од промени во начинот на работење на претпријатијата и нивно фокусирање не само кон сопствениот туку и кон развојот на локалната заедница и пошироко е потврдена и со меѓународни документи и стратегии.

На состанокот на Советот на Европа, одржан во 2001 година во Гетебург, е усвоена Стратегијата за оджлив развој на Европа во којашто се инсистира на заедништвото на економскиот развој, социјалната кохезија и заштитата на животната средина. Според овој долгорочен план, претпријатијата преку своето работење, а во интеракција со другите заинтересирани [1] страни, треба да придонесуваат кон подобро општество и почиста животна средина.

Општествено одговорно работење (ООР) е концепт со којшто претпријатијата доброволно го интегрираат начинот на своето работење со грижата за околината и почитувањето на правата на заинтересираните страни.

Кај општествено одговорното работење се инсистира на принципот на доброволност, бидејќи само строгото почитување на законските норми и она што е пропишана обврска на претпријатието не спаѓа во општествено одговорно однесување.  


Општествената одговорност во социјалистичкиот општествен систем

Иако владее мислењето дека општествената одговорност на прет­пријатијата е производ на “новото време” кај нас, таквиот начин на работење постоеше и за време на социјалистичкото општествено уредување пред деведесеттите години на минатиот век.

Мотивирано од целокупната филозофија на социјалистичкото општество: еднакви права и  можности за сите, со посебни законски регулативи се обезбедуваше одговорноста кон вработените и развојот на заедницата.

Со донесување на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) од 1974 г. е воведено функционирањето на Самоуправните интересни заедници (СИЗ). Тие претставуваат форма со која “работните луѓе” се здружуваат заради задоволување на своите интереси и потреби, надвор од работниот процес.

Самоуправните интересни заедници (СИЗ) се заедници коишто ги оформуваат работните луѓе, непосредно или преку своите само­управни организации и заедници, заради задоволување на своите лични и заеднички потреби и интереси и заради нивно усогласување со работата.

Правата, обврските и одговорностите во меѓусебните односи во СИЗ се уредуваат со самоуправна спогодба за нејзино формирање, со нејзиниот статут и со другите самоуправни акти.

СИЗ може да се здружуваат во пошироки интересни заедници, да формираат сојузи и други видови здруженија на интересните заедници, како што можат да воспоставуваат и други форми на меѓусебна соработка.

 Постоеле 4 видови вакви заедници, и тоа:
•    СИЗ во областа на општествените служби (образование, наука, култура, здравство, социјална заштита, вработување на работници и друго);
•    СИЗ во областа на социјалното осигурување (пензиско-инвалидско осигурување и друго);
•    СИЗ во областа на станбените односи (изградба на станови со здружени средства, нивна распределба и управување со становите во општествена сопственост);
•    СИЗ во областа на комуналните дејности (енергетика, водоснабдување, сообраќај и друго).

Функцијата на “СИЗ-овите” била да овозможат целосна поврзаност на работниот процес со општествените текови, имајќи го во центарот на вниманието работниот човек и неговите потреби. Согласно тогашното општествено уредување, СИЗ постоеле на ниво на општина и на ниво на република, а на државно ниво, во Собранието на СФРЈ функционирало Собрание на СИЗ.

Овие форми на општествена одговорност биле утврдени со највисоките државни акти, но активностите на СИЗ се спроведувале преку прет­пријатијата. Претпријатијата преку своите делегати во општинските СИЗ управувале со активностите, но и ги финансирале истите, преку придонеси при исплата на личниот доход.

Општествено одговорното работење е поврзано со вредностите коишто се негуваат во претпријатието. Помеѓу вработените е потребно да се развива чувство за социјална правда и одговорност, грижа за колегите и нивните семејства, но и за животната средина и за развојот на локалната заедница. Ова е особено важно за големите компании, каде покрај напорите за развој на нови производи, напорите на менаџментот се насочуваат и кон  развивање на соработката со другите компании, јавни институции и индивидуи, поттикнување на активизмот и вложувањето за развој на пошироката заедница.  

1.1. Компоненти на општествено одговорното работење
Општествено одговорното работење значи грижа за претпријатието, но и грижа за околината. Претпријатијата, кои водат грижа за своите вработени, инвестираат во нивната едукација, во здравствена и социјална сигурност, ги применуваат концептите на управување со промените и со организациското учење, имаат повеќе изгледи за успех од другите.  Истото важи и за претпријатијата коишто интензивно се грижат за заштитата на човековите права, за чистата животна средина, кои инвестираат во локалниот развој на заедницата во којашто работат. Според ова, можат да се согледаат два различни аспекти на општествено одговорното работење: внатрешени и надворешени.

           
Внатрешни аспекти на ООР

Практикувањето на општетсвено одговорното работење во претпријатието се однесува на инвестирањето во човечките ресурси и во градењето на човечкиот капитал, во здравството и сигурноста на вработените и во управување со промените.

Раководењето со човечките ресурси овозможува да се воспостави рамнотежа меѓу луѓето и потребите на организацијата. Тоа е збир на активности што треба да гарантираат дека правите луѓе се на вистинско место во вистинско време, со цел да ги изведуваат планираните задачи и опфаќа активности за обезбедување, развој, активирање и одржување на персоналот во организацијата. Претпријатието треба да има јасна и недискриминирачка пракса по ниедна основа на привлекување и задржување на вработените. Особено е важна политиката при вработување којашто треба да стимулира вработување на жените, на припадниците на етничките малцинства, на лицата со посебни потреби и на трудовите инвалиди. При заминување или отпуштање вработени, претпријатието треба да обезбеди поддршка за нив со цел полесно да го пребродат преодниот период. Истото важи и за лицата кои наскоро ќе се пензионираат, како и за вработените кои се разболеле или стекнале ограничена работна способност.

За инвестирањето во дополнителната едукација на вработените и за јакнењето на нивните капацитети во последно време се користи терминот “доживотно учење”. На претпријатијата им е с$ повеќе важно да имаат добро обучени вработени кои наедно се комплетни личности, па организираат дополнителни курсеви, едукативни сесии и предавања, ги стимулираат вработените кои имаат потенцијал за понатамошно надградување, ги покриваат трошоците за школување и сл.

Кога се зборува за доживотното учење, фокусот е повеќе на учењето на поединците, но ако сакаме да зборуваме за претпријатието во тоа што се стреми да биде фирмата, “организација што учи” (леарнинг органисатион).

Според дефиницијата на Петер Сенгеј, организација што учи е “организација каде луѓето континуирано го надградуваат својот капацитет со цел да ги постигнат саканите резултати, каде новите и проширувачки (експанзивни) модели на мислење се охрабруваат, каде колективниот стремеж е ослободен и каде луѓето постојано учат како да учат заедно”. (Петер Сенге, Тхе фифтх дисциплине, 1990)

 

Примери од праксата:
Ситуации на организациско учење во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Во МЦМС значајно место му се остава на организациското учење како основна организациска филозофија.

Учење од водство

Во МЦМС се применуваат практики од работата на слични организации (адаптирани кон условите на работа на МЦМС), а вработените се стимулираат да забележуваат и истражуваат за практики на успешно изведена работа (модели), кои би ги следеле и адаптирале кон својата редовна работа.

Учење од надзорништво

Во МЦМС се прави редовна оценка на работните достигнувања. Иако функцијата на оценка на работните достигнувања е развој и одржување на човечките ресурси во МЦМС, таа претставува и можност кога претпоставениот може да укаже на грешките при работењето. По укажувањето на грешките во работата, вработениот заедно со претпоставениот предлагаат мерки за надминување на истите. Тоа може да биде формална обука, пракса или друг начин на учење. За оценката на работните достигнувања се води записник и тој записник се чува во  личното досие на секој вработен.

Учење во формалната обука

Врз основа на потребите на работното место, секој вработен треба да помине формална обука во некоја тренинг-институција или во МЦМС.

Обуката на вработените е директно поврзана со оценката на работните достигнувања (она што треба да се подобри) и со плановите на одделението за наредниот период (потреба на работното место).

За секој од вработените во личното досие се води евиденција за нивното стручно оспособување.

МЦМС го негува принципот на партиципација на вработените во покривање дел од трошоците за обуката. Така, на пр., за учење странски јазици МЦМС може да ја покрие цената на курсот за 70-75%, додека остатокот од 25% до 30% го сноси самиот вработен.

Учење од средината

Како форма на организациско учење од средината, во МЦМС се практикува набљудувањето и оценката на проектите (завршен извештај за проект), за програмите (редовна оценка по за вршувањето на секоја програма) и за среднорочната оценка на МЦМС. Врз основа на податоците добиени од набљудувањето и оценката на програмските активности, вклучувајќи ја и оценката за внатрешното функционирање на МЦМС, се донесуваат заклучоци и се одредуваат идните чекори. Во МЦМС се применува и е унифициран концептот на ПМЕ (планирање, мониторинг и евалуација) во сите сегменти од работењето. Така, сите извештаи (проекти, програми) имаат елементи на “научени лекции”. Тоа се сознанија до коишто дошле соработниците при контакти со целната група, со соработниците, со конкурентите.

Учење од колегите

Во МЦМС секоја година се практикува т.н. внатрешна вкрстена контрола. Функцијата на внатрешната вкрстена контрола е преку тимска работа и контрола на направените грешки во деловодникот и во проектната документација да се придонесе кон намалување на грешките. Тимовите, заедно со одговорниот соработник на проектот, ја проверуваат документацијата, при што се случува трансфер на знаења меѓу членовите од тимот и меѓу тимот и поединецот (одговорниот соработник за проектот), што е и целта на активноста, а тоа е  учење од колегите.

Самообразование

Самообразованието во системите и процедурите на МЦМС има значајно место. Имено, МЦМС обезбедува поддршка за своите вработени доколку тие самоиницијативно сакаат да ги надградуваат своите капацитети. На пр., се овозможува користење слободни денови по потреба на соработникот кој се образува, се овозможува кредитирање под поволни услови за плаќање на школарината и сл.

Со воспоставување соодветни системи во претпријатието се обезбедува баланс меѓу приватниот и професионалниот живот на вработените.

Елемент на општествено одговорното работење е обезбедувањето партиципативност во процесите на донесување одлуки во претпријатието. Заедничкото одлучување за клучните работи, креирањето споделена визија, учеството во стратешкото планирање на фирмата, создаваат чувство на припадност кај вработените.

 

Примери од праксата:

Консултантска куќа “Мц Кинсеѕ & Цомпанѕ”, Загреб

“Од секој вработен очекуваме дека константно ќе се развива и во тимот ќе презема нови задачи. Кој не успева во својот развој, мора да ја напушти фирмата. Станува збор за кодекс на однесување прифатен од секој нововработен во ‘Мц Кинсеѕ’. Но, кога некој консултант мора да ја напушти работата, нашата фирма го поддржува за да се снајде полесно. Своите колеги не ги препуштаме туку така на судбината и во таа фрустрирачка фаза им помагаме со својата мрежа и врски” -

од интервјуто со д-р Урликом Финкеом (Урлицхом Финцкеом),  директор на канцеларијата „МцКенсеѕ & ЦО” во Загреб, „Буссинесс 2004” (посебно издание на Глобус и на Дневник)

 

Надворешни аспекти на ООР

Општествено одговорното работење на претпријатијата се согледува и во степенот на неговото интегрирање во заедницата. Локалната заедница има свои потенцијали и потреби, па претпријатието коешто работи и живее во неа е ориентирано кон нив. На пример, од профилот, образованието и квалификациите на работоспособното население зависи и начинот и квалитетот на нивното работење. Во најголем дел партнерите и клиентите на секоја фирма се од непосредното опкружување. Затоа претпријатието не може да биде рамнодушно кон она што се случува во локалната заедница и пошироко во општеството за потребите на граѓаните, за заштитата на животната средина, за почитување на човековите права.

Покрај редовното плаќање даноци со коешто претпријатијата го овозможуваат одвивањето на општествениот живот, постои пракса да се инвестира во локалните спортски клубови и во културно-уметнички друштва, да се вработуваат лица со посебни потреби, да им се помага на граѓанските здруженија, да се организираат заеднички акции за чистење на околината, да се спонзорираат културни и спортски манифестации и сл.

 

Примери од праксата:

МобиМак А.Д - Скопје

МОБИМАК А.Д. - Скопје е современа македонска компанија, национален мобилен оператор, кој според техничките параметри претставува лидер во регионот. Во рамките на Македонски телекомуникации, МобиМак постои од 1996 година, а како самостојно правно лице функционира од 01.07.2001 г. Оваа компанија брои над 370 вработени и над
804.855 корисници.

Посебна гордост за оваа компанија е што е активен член од општеството во коешто дејствува, давајќи свој придонес во различни сфери на живеењето низ поддршка на културата, на историските вредности, на музиката, на уметноста и воопшто на сето она што значи гордост и идентитет на Македонија и на македонскиот народ. МобиМак е компанија чијашто континуирана ориентација е давање придонес кон општеството во коешто дејствува.

Од своето постоење, како прв мобилен оператор во Македонија, МобиМак е активен член од општественото живеење.

Во 2002 година е формирана фондацијата МобиМак за Македонија, како организирана форма на претпријатието за поддршка на иницијативите и одговор на потребите на граѓаните. “Хуманоста, мотив и цел” е главната девиза на Фондацијата којашто се грижи за доброто на заедницата, со посебен акцент на децата и на хуманитарните активности. Фондацијата финанисира и поддржува хуманитарни активности на граѓанските здруженија, како на пр. Здружението на параплегичарите и детска парализа Хендикеп од Тетово, учествува во набавката на технички помагала на лицата со оштетен вид преку Сојузот на слепите на Р. Македонија. Во моментов се отворени 11 телефонски броеви преку коишто граѓаните можат да донираат средства за различни потреби, најчесто за лекување деца или за реконструкција на болници и др. установи.

Покрај хуманитарните активности, МобиМак спонзорира изградба на детски паркови и игралишта, а исто така организира и активности за чистење и пошумување.

МобиМак се ангажира и за зачувување на културното наследство во Р. Македонија, па така во 2003 година се донирани средства за манастирите “Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка и “Св. Јован Бигорски” во близина на Дебар.          

Податоците се од веб-страницата на МобиМак и од списанието Клуб 360, август 2005 г.

Заштитата на животната средина како клучен фактор за одржливоста на претпријатието може да се гледа од два аспекта: преку организирање активности коишто промовираат заштита на животната средина (акции за пошумување, организирње акции за чистење на зелените површини, финансирање еколошки друштва и сл.) и преку користење т.н. чисти технологии  и создавање продукти коишто се “пријателски кон околината”.

 

Примери од праксата

Комуна А.Д - Скопје

Претпријатието Комуна од Скопје е едно од најстарите претпријатија за производство на хартија во Р. Македонија. Самиот технолошки процес ја загадува околината најчесто со сулфати и со други хемикалии коишто се користат при производството на хартија и картонска амбалажа.

Во 2002 година А.Д. Комуна го прошири начинот на откуп на стара хартија (која се користи како суровина за производството на хартија) со поставување 60 контејнери на улиците со зафатнина од 1,8 м3 и 46 т.н. индустриски контејнери со зафатнина од 5 м3 во претпријатијата. Во канцелариите на повеќе помали фирми во Скопје се поставени картонски кутии, кои служат за собирање на употребената хартија при работата.

За собирање на хартијата од овие контејнери Комуна организира посебна служба којашто ја собира старата хартија со возило.

Во 2002 година се собрани вкупно 463 тони стара хартија, и тоа 97 тони од контејнерите поставени на улиците и 366 тони од “индустриските” контејнери. Со тоа се намалува загадувањето на  околината и наедно се намалува потребата од целулозата како суровина за производство на хартија, а која се добива од дрвата.

На овој начин се врши позитивно влијание врз животната средина, односно се намалува уништувањето на шумите, а истовремено се развива свеста на граѓаните за класификација и рециклирање на отпадот. Акцијата, која трае веќе 3 години, е добро прифатена меѓу населението и има позитивни финансиски ефекти врз претпријатието.

 

Холистички пристап во ООР

 

Во последно време се зборува за т.н. холистички, сепфатен целосен пристап на општествено одговорното работење, во што спаѓаат:

• Социјално одговорно управување (креирање споделена визија на претпријатието, партиципативно креирање на развојните планови, јасен и транспарентен процес на донесување одлуки, примена на општствено прифатените вредности во секојдневното работење, креирање квалитетни работни места, овозможување баланс меѓу приватниот и професионалниот живот на вработените и сл.);

• Ревизии и извештаи од работењето, кои им се достапни на јавноста (објавување независен ревизорски извештај за финансиското работење во средствата за јавно информирање и на веб-страница, некомерцијално информирање на јавноста за активностите и за постигнувањата на претпријатието и сл.);

• Екоозначување на производите (користење знаци и обележувања со коишто се гарантира дека производот е произведен со технологија којашто има минимален негативен ефект врз живоната средина и дека неговата употреба не ги нарушува стандардите за заштита на животната средина);

• Општествено одговорно инвестирање (новите инвестиции се во согласност со локалните развојни планови, не влијаат негативно на околината, ги земаат предвид потребите и потенцијалите на локалното население, насочени се кон развој на заедницата).

Со еден сеопфатен пристап кон општествено одговорно работење, водејќи сметка за одговорноста кон вработените и кон иднината на претпријатието и истовремено градејќи ја одговорноста кон заедницата и кон животната средина, претпријатието има  изгледи за одржливост и опстојување.

 

Примери од праксата

Тутунски комбинат а.д. “Скопје”

Тутунскиот комбинат а.д. Скопје, како компанија со највиски стандарди е лидер во креирањето на понуди за задоволување на потребите на возрасните пушачи, создавајќи вредност за акционерите, вработените и заедницата. Клучните вредности на Тутунскиот комбинат а.д. “Скопје” се следниве: акционерите се на прво место, одговорност, високи стандарди на деловно однесување, вработените се залагаат за доброто на компанијата, се вреднува трудот и заложбата на вработените, грижа за вработените.

Иако тутунската индустрија е чувствителна област за работа, поради ризикот што го носат тутунските производи, Тутунскиот комбинат а.д. “Скопје”, применува високи стандарди на општествена одговорност, како кон вработените така и кон надворшната околина. Преку промоција на сопствените производи, а не влијание на навиките на луѓето, тие ги информираат потрошувачите за тутунските производи вклучувајќи и предупредувања за ризиците за здравјето. Во однос на заштитата на животната средина, Тутунскиот комбинат а.д. “Скопје” се придржува на стандардите и важечките закони за заштита при работа и заштита на животната средина (ОХС&Е Оццупатионал Хеалтх, Сафетѕ & Енвиронмент).

Во доменот на т.н. “надворешна корпоративна одговорност” ТКС е стратешки фокусиран во областа на културата. Неколку години наназад, поддржани се големи културни манифестации како фестивалите: “Скопско лето” и “Охридско лето”, новогодишниот концерт на македонската филхармонија, потоа, реновирање на големата балетска сала и оркестарско хорската сала при Македонската опера и балет, како и салата за првенците на балетот при МОБ.

ТКС се вклучува во  конкурсот за поддршка на млади и талентирани кадри што го организира  Министерството за култура на Р. Македонија. Секоја година од страна на ТКС се поддржуваат по тројца  млади и талентирани луѓе во нивните напори за понатамошна едукација. Во соработка со Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Туристичкиот сојуз на Скопје изработени се публикации кои го промовираат културното богатство на Р. Македонија и Скопје, насловени како “Душата на Македонија” и “Прошетка низ Скопје”. Надвор од поддршката на културните манифетсации, ТКС е вклучен во акцијата за разубавување на градот Скопје, наречна “За Скопје”, преку донации за подобрување на инфраструктурата.

Податоците се од веб страната на ТКС: њњњ.ткс.мк и годишниот извештај на ТКС за 2004 година.

Општествено одговорното работење заслужува поголемо внимание и застапеност во секојдневното работење на претпријатијата. Во јавноста кај нас владее мислењето дека опшетствената одговорност е работа само на високопрофитабилните фирми, затоа што тоа се поврзува со издвојување финансиски средства. Секако дека за одржливиот развој на едно претпријатие се потребни ресурси, меѓу кои и финански ресурси, но тоа не значи дека треба да се занемарат другите форми на вложување, како што се на пример: јакнење на свеста на секој вработен за значењето на општествената одговорност, зајакнување на социјалниот капитал, промоција на позитивните вредоности меѓу вработените и во непосредната околина на претпријатието, развој на волонтерсвото и сл.

Само со сеопфатен пристап кон општествено одговорно работење, водејќи сметка за одговорноста кон вработените и иднината на претпријатието и истовремено градејќи ја одговорноста кон заедницата и кон животната средина, претпријатието има изгледи за одржливост и за опстојување.

 



--------------------------------------------------------------------------------

[1]     Zainteresirani strani (stakeholders) se site poedinci, grupi, organizacii, institucii, koi se povrzani na koj bilo na~in so pretprijatieto. Tie mo`at da bidat vnater{ni, a toa se vrabotinete kako poedinci ili grupi i oddelenija vo pretprijatieto, i nadvore{ni, a toa se klientite, konkurentskite pretprijatije, dr`avnite institucii, celnite grupi, korisnicite i sl.

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA