среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 11

   

Анифа Демировска

Економско и политичко зајакнување на жените во транзициските земји во Југоисточна Европа

 

Проблем: Неповолна положба на жените на пазарот на трудот, во деловниот сектор и во политиката

Во јуни 2000 година, во организација на Стар нетворк (СТАР Нетњорк), во Пореч - Хрватска се состанаа 80 жени од целиот регион на Југоисточна Европа и беше усвоена заедничката Платформа за јавно застапување на економско и политичко јакнење на жените, со конкретни препораки за подобрување на положбата на жените во сите општествени сфери. По оваа конференција во целиот регион се случија позитивни промени и по препораките на поречката платформа се направија бројни напредоци, особено во сферата на економското зајакнување на жената. Со залагање на Советодавниот одбор на Стар нетворк од секоја земја од регионот е направена анализа на состојбите од земјите во регионот, со цел да сподели искуството и сознанијата и беше водена заедничка дискусија на претставнички од сите држави на регионалната конференција насловена како “Земјите ја обликуваат економијата и политиката”, што се одржа во Пореч - Хрватска во 2002 година.   
 

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

 

Едукација на жените за претприемништво и јавни функции

Во БиХ многу важна улога во едукацијата на жените за создавање сопствени бизниси одигра граѓанскиот сектор. Прашањето коешто се поставува овде се однесува на валидноста и професионалноста на овој сектор за некои видови обуки. Важно е да се напомене дека граѓанскиот сектор беше движечка сила за поголемиот ангажман на жените за учество во јавните функции. Владите на ентитетите не презедоа никаква улога за поддршка на женското претприемништво. 


Пристап до професионалното усовршување/преквалификација

Прашањето за преквалификација се поставува како една од најевидентните и најзначајните цели коишто неопходно мораат да бидат поставени. Имено, БиХ како земја во транзиција, се среќава со големиот проблем на кадри коишто веќе не се потребни или на кои им е потребна одредена дополнителна обука за некои занимања. Невработеноста е најголемо економско и социјално зло, а тешко е реално да се процени колку точно изнесува тоа. Претпоставките се дека околу 42,4% од вкупната работна сила е невработена, а од таа бројка мнозинството се жени. Невработеноста посебно е евидентна кај работнитците коишто работеле во индустријата. Мнозинството од нив работеле во големи системи. Современите текови бараат преквалификација. Голем чекор напред направија граѓанските организации кога станува збор за прашањето на стекнување дополнителни сознанија преку едукација. Голем број жени поминаа разни курсеви, коишто им обезбедија дополнителни знаења неопходни за современото вработување. Институционалните облици преку коишто се обезбедило дополнително усовршување мораа да се спроведат во соработка со синдикатите. Овој облик на соработка е неопходен и поради транзициските процеси.


Менување и доследно спроведување на законите

Законот за полова рамноправност и еднаквост го регулира воведувањето на механизмот на родови текови (Гендер маинстреаминг). Овој закон наедно е база за сите закони и за измените на законите коишто не се родово сензибилизирани. Улогата на Родовиот центар ќе биде врзана и со процената на сите закони (кривичниот, семејниот и граѓанскиот) од аспект на родовиот концепт како процена на политиката на одредени министерства.


Кредитирање на женското претприемништво и создавање фондови коишто даваат кредити

Кредитирањето на претприемништвото во БиХ, како и во многу други земји во транзиција, бара, пред с$, гаранција која е мерлива, т.е. поседување недвижен имот. Поголемиот број недвижен имот во БиХ се води на машките членови на семејството. Засега, во БиХ не постојат посебни кредитни линии за жени, иако постои таква идеја за создавање таква иницијатива. Мнозинството од жените коишто ги немаат исполнето условите за добивање банкарски кредит им се обраќаат на микрокредитните организации. Моментално во секој кантон, во просек, дејствуваат околу 20 микрокредитни организации. Тие нудат мали износи, најчесто со висококаматни стапки. Од друга страна, пак, според изјавите од жените коишто користат микрокредити, тие имаат предности бидејки не бараат големи гаранции, а целокупната процедура околу земањето и отплаќањето на кредитот е многу поедноставна. Навистина за отворање каков било бизнис којшто би подразбирал јакнење на улогата на жената во претприемништвото неопходно е многу да се направи за анимирање на институциите, како и на банките.
 

Создавање партнерски односи помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во општеството

Граѓанскиот сектор во општеството во последниве 2 години доби многу голема улога и значење. Имено, конечно се согледани можностите на овој сектор коишто ги има тој во транзициската БиХ. Постојат напредоци во смисла на анимација на претставници на одредени нституции во промовирањето и лобирањето за интересите поттикнати од страна на граѓанскиот сектор. Во овој период значајни напредоци се направени на планот на анимација и учество на граѓанскиот сектор преку јавни расправи поврзани со донесувањето:

•    Закон за полова рамноправност и еднаквост;
•    Стратегии за намалување на сиромаштијата;
•    Акциски план против корупција;
•    Стратегија за привлекување странски вложувања во БиХ;
•    Глобална стратегија за економски развој на БиХ.
 

ХРВАТСКА
 

Едукација на жените за претприемачки и за усовршување на јавните функции
 

Едукација на жените за претприемништво 

Направен е значаен напредок. Бројните женски здруженија развија нови програми за обука, наменети за поттикнување на жените за влез во претприемништвото, како на пример: 

•    Центарот за едукација и советување на жените ЦЕСИ (ЦЕСИ), Загреб, им овозможува на жените обука во руралните средини, и тоа компјутерско описменување, странски јазици и сл. Фокусот е ставен на вештините коишто можат да ги употребат жените во потрагата по работа или пак во стекнувањето дополнителни средства за домаќинството;
•    Центарот за граѓанска иницијатива, Пореч, во соработка со бизнис-инкубаторот “Порин” од Риека и Претприемничкиот центар Пула, разви програма којашто нуди одличен модел за создавање партнерства помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации за решавање на прашањето на невработеноста, а се состои од тркалезни маси, работилници и индивидуални консултации;
•    Центарот за жени “Роса” од Загреб досега спроведе неколку серии работилници наменети за невработени жени, со акцент на зголемувањето на самодовербата и јакнењето на жените;
•    “Деша”, Дубровник, во соработка со Заводот за вработување организира семинари (компјутери, странски јазици и сл.), па и работилници како што се “Поттикнувањето на женското претприемништво во туризамот”.
•    “Чекори на надеж”, Сплит, организира обука за влез на жените во                претприемништвото, обртот на средствата, изработка на работен план и сл. Со оваа обука оди цела низа активности за економско јакнење на жените коишто ги спроведуваат членките на Женската мрежа, од програма за сомоодржливост, до компјутерски курсеви, работилница за усвојување на органското производство на храна и сл. Исто така, во тек се и бројни иницијативи за воведување “женски модули” во новонастанатите програми за обука за претприемништво коишто ги спроведуваат единиците на локалната самоуправа.


Пристап до професионално усовршување/преквалификација

Нема посебни женски програми. Имајќи го предвид степенот на невработеност во Хрватска, недостатокот од програми за преквалификација е сериозен проблем којшто ги засега и мажите и жените. Досега постои само една програма наменета за подготовка на вработените за губење работата: Центарот за поттикнување промени во работењето, кој го развија Хрватскиот завод за вработување и Хрватската железница (ХЖ), со кредит од Светската банка. Меѓутоа, ХЖ исклучително е машко претпријатие. Со слична програма, наречена Транзициски центри, започна да работи Министерството за одбрана на Р. Хрватска, којашто исто така вработува претежно мажи.

Прашање: Зошто вакви програми не се осмислуваат за текстилните претпријатија, за угостителската индустрија или за јавните служби коишто ги чека стечајна постапка или реструктуирање, а во коишто поголемиот дел од вработените се жени?
 

Кредитирање на женското претприемништво и создавање фондови коишто даваат кредити

На сите тркалезни маси коишто беа организирани од страна на Стар нетвортк, во сите градови во Хрватска, недостатокот од кредитни средства е идентификуван како еден од основните проблемина жените во претприемништвото, па поради тоа Стар започна разговори за посебни услови при кредитирањето на жените со Загрепската банка, со Сплитската банка и со Хрватската гаранциска агенција. Исто така, обврската за воведување женски кредитни линии е внесена во Националната политика за унапредување на рамноправноста помеѓу половите. За жал, оваа обврска многу општо е формулирана, без конкретно назначување за тоа кој треба да ја имплементира и во кој рок, па сега засега нема значајни напредоци на овој план.
 

Создавање партнерски однос помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во општеството

Позитивниот напредок е направен од страна на Собранискиот одбор за рамноправност помеѓу половите со вклучување независни стручњаци и стручњачки, како и активисти на ГО. Партнерските односи се развиваат споро, но сепак постои напредок. По доделувањето на средствата за спроведување проекти и програми, канцеларијата за здруженијата на Владата на Р. Хрватска им дава предност на програмите/проектите во чиешто реализирање е вклучена соработката со други здруженија на државно-управните организации или со единиците на локалната/подрачната (регионална) самоуправа. Исто така, Канцеларијата на здруженијата, во категоријата човекови права им дава целосна поддршка на програмите за промовирање на женските права и еднаквоста меѓу половите.
 

Примери на кампањи за јавно застапување базиран по препораките на Поречката конференција 2000

•    Соработка со мажите
•    Создавање мрежа
•    Промоција на успешни жени
•    Сензибилизирање на јавноста и медиумите за женските приоритети.
•    Кампањата “16 дена активизам против насилството врз женит” за која БаБе смислија радиоџингл и ТВ-спот, наиде на добар одѕив ви јавноста. Сите членки на женската мрежа работеа на спроведувањето на оваа акција преку дистрибуција на постери, летоци, настапи на локалните радиостаници и слично.
•    Во рамките на програмата “Жените го можат тоа” реализирана е медиумска кампања преку ТВ-спот за поддршка на жените на локалните избори, на која претседателот Стипе Месиќ им дава поддршка на жените преку печатење и дистрибуција на платнени торби и беџови во 23 града.
           

КОСОВО
 

Жените во Косово поминаа тежок период по војната, посебно земајќи ги предвид женските животни проблеми, тешкотиите во комуникацијата, движењата, немањето поддршка, невработеноста, образованието и етничките тензии.

Граѓанските женски организации придонесоа многу и се констатира дека е подигната свеста на жените  на повисоко ниво.

Граѓанските женски организации работат на решавање на бројните проблеми за вклучување на жената во јавниот живот, во политиката и во економијата. Женските здруженија и активистки се поврзуваат меѓусебе и развија многу програми од областа на психосоцијалните сервиси, рехбилитацијата, сексуалното образование, здравственото образование, половите прашања и друго.

Во Косово се отворија повеќе центри коишто работат на прибирање податоци за половите и публикување материјали за жените. Различни организации овозможија да се објават економски, политички и професионални материјали, коишто се поврзани за женските здруженија и бизниси.

Има многу локални женски организации во Косово коишто се организирани во своја мрежа (Косово - Женска мрежа). Една од главните активности на оваа мрежа беше организирањето на кампањата “Стоп за насилството врз жените”. За периодот додека траеше кампањата беа организирани разни активности во повеќе градови (ноември-декември 2001г.). Кампањата продолжи и вклучуваше патувачка претстава креирана од приказните на косовските жени и песни компонирани специјално за оваа кампања.

Исто така, имаше и активности на регионална размена на искуства и најдобри примери. Косовските жени учествуваа на економските и синдикалните конференции, семинари и дебати на регионално ниво. Ова им помогна на нашите жени да увидат и други можности, да ги скршат бариерите на изолација и да стекнат доверба врз основа на фактот дека она што се прави на други места, доколку е потребно, може да се практикува и на Косово. Ова беше доказ за добрата волја за споделување информации, искуства и идна соработка.

Секој ден с$ повеќе внимание им се посветува на активностите на малцинските заедници, со цел да им се овозможи на сите жени да ја подобрат нивната вклученост во јавниот живот. Конференции и семинари се организираат за зајакнување на мултиетничката соработка и изнаоѓање начини за мирен живот без поделба.

Во текот на овие години беа организирани многу конференции, семинари, тркалезни маси и дебати поврзани со политичкиот, со економскиот и со социјалниот живот. Една од овие конференции, “Жените во економијата”, допре директно до економската ситуација на жените. Оваа конференција беше одржана  29-30 ноември, во хотелот Гранд во Приштина. Имаше 267 учеснички/ци, повеќе генерации жени, со различни професии, етникуми и организации коишто ги споделија своите видувања и ја анализираа економската ситуација. Исто така, тие дадоа свои препораки за разрешување на економските проблеми, особено обрнувајќи внимание на недоволната вклученост на жените во процесот на донесување одлуки.

За првпат жените од различни етнички групи се согласија за зедничка иднина во економијата. За време на оваа конференција се почитуваше правото на слобода на говорењето на својот мајчин јазик и материјалите од конференцијата беа преведени на албански, на српски, на турски, на ромски и на англиски јазик.
 

Цели на конференцијата “Жените во економијата”

1. Унапредување на статусот на жените во косовската економија преку:
•    Вклучување на креаторите на политиката на донаторите за да се обезбеди еднаков пристап до ресурсите и можностите за жените и девојките;
•    Зголемување на средствата за да учествуваат жените во консултациите и во процесот на формулирање на економската политика и легислативата. 

2. Создавање форум за анализа на податоци и размена на информации, особено за следниве прашања:
•    статусот на жените во косовската економија;
•    влијанието на актуелната економска политика врз жените;
•    пропусти во донаторската поддршка за жените во економскиот развој;
•    оневозможениот пристап на жените до ресурсите и можностите;
•    странски инвестиции;
•    идни трендови во економијата.

3. Помагање на долгорочните промени во половата дискриминација со истакнување на:
•    вклучувањето жени од сите етнички заедници во економски активности;
•    критичната потреба на девојчињата за пристап до образование.

Конференцијата траеше два дена. Првиот ден беше поделен на четири дела и главните предмети на расправа беа:

1. Донатори и креатори на политиката;
2. Полово буџетирање и економска писменост;
3. Ресурси, организациско јакнење и соработка со ГО;
4. Пристап до образование.
 

МАКЕДОНИЈА 

Образование на жените за претприемачки или извршување јавни функции

Не се реализирани посебни програми со коишто би се обучувале жени за јавни функции. Сепак, тука ќе наведеме некои од програмите со коишто им се дава поддршка на жените да станат носители на јавни функции.

ПРЕТПРИЕМАЧКИ - Засега, на државно ниво, не е забележана некоја иницијатива за едукација на жените претприемачки. 

•    Во периодот од 2000 до 2002 година, локалната иницијатива АРНА - здружение на жените претприемачки, оспособи 203 жени за започнување сопствен бизнис.
•    Институтот Отворено општество - економска програма, организира 2 семинари (2000-2002 година) за “Стратешко планирање на бизнис”.
•    Две мултисекторски иницијативи - Битола и Свети Николе работат во правец на оспособување на жените за претприемачки, но со вкупно 60 жени (во двата града) како целна група.
 

Пристап до професионално усовршување/преквалификација 

Професионално усовршување: Од правна гледна точка програмите за професионално усовршување се подеднакво пристапни и за двата пола. Тоа се рефлектира и на подеднаква процентуална застапеност на мажите и на жените во завршените програми за професионално усовршување.

•    Магистратура: жени 0,3%, мажи 0,4%; докторат: жени 0,1%, мажи 0,1% за 1999 година.
•    Преквалификација: две институции на директен или индиректен начин се занимаваат со оваа броблематика:

1) Бирото за вработување - не нуди посебни програми за преквалификација на жените. Пред с$, ги администрира програмите за преквалификација на работниците од текстилната индустрија, каде жените, како доминантна работна сила, се во најголем број и кориснички на овие програми;

2) Работничкиот универзитет - нема програми посебно прилагодени за жените и за нивните потреби, туку курсевите ги прави по однос на професијата. Се забележува еден општ тренд на зголемување на бројот на кандидатите кои ги завршуваат програмите за преквалификација. Ако се споредат бројките од 2001 год. кога вкупно 694 кандидата ја завршија програмата, само во првите два месеци од 2002 година се евидентирани 351 кандидат, од кои 248 се жени. Оваа појава недвосмислено укажува   дека жената е најмногу засегната од транзицијата на стопанството кон пазарна економија. Вработувањето на жените е кратко, повремено и не одговара на нивните квалификации, со оглед на степенот на завршено образование на жените и на нивното професионално усовршување;

3) Женските ГО - вршат дополнителна едукација, но најмногу со организирање курсеви по англиски јазик, работа со комјутери, како и курсеви за кроење и шиење.

 

Менување и доследно спроведувањена законите

 

Иницијативи на ГО за менување на законите (во позитивна смисла)
•    Предложени законски решенија за регулирање на проблематиката на семејно насилство;
•    Предлог-закон за избори во којшто е содржана и одредбата за задолжително вклучување 30% кандидати од друг пол во изборните листи;
•    Предлог-законски решенија коишто би ја регулирале проблематиката на сексуално вознемирување при вработување и на работно место;
•    Иницијатива за изнаоѓање начини и идни можности за финансирање на граѓанските организации (ГО) од страна на бизнис-секторот. Овие предлог-закони се во собраниска процедура.
 

Менување на законите (во негативна смисла)
•    Закон за пензиско и инвалидско осигурување - во новиот закон жените го изгубија правото на пензионирање со 35 години работен стаж, а наедно се зголеми и старосната граница за пензионирање на 62 години. 

Во процес на преговарање
• Закон за здравствена заштита - се нудат решенија коишто водат кон уназадување на здравствената заштита, посебно во примарната заштита во областа на гинекологијата и педијатријата.
 

Спроведување
•    Нема женска ГО којашто би имала  за цел независно од државата да ја надгледува имплементацијата на зоконите што се однесуваат на положбата на жените.
 

Кредитирање на женското претприемништво и создавање фондови

Засега нема банки или финансиски институции коишто ги третираат жените како посебен субјект во кредитирањето.

Ги издвојуваме позитивните иницијативи како посебна поддршка на женското претприемништво:
•    “Можности”, која е засега една од ретките организации што има микрокредитни  линии само за жени-претприемачки;
•    Меѓусекторските граѓански иницијативи поддржани од СТАР во Свети Николе и во Битола се залагаат за доделување микрокредити специјално наменети за жени или пак за воведување квоти за жени во повеќе постоечки микрокредитни линии.     
     

Создавањена партнерски односи меѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор на општеството

СТАР во континуитет се залага за меѓусекторска соработка на локално ниво. Таа соработка се однесува на јавно застапување на прашањето на жените во политиката и во економијата/претприемништвото.

Еден таков пример на ниво на град Скопје е и Женското лоби, како иницијатива произлезена од ГТФ, која промовира меѓусекторска соработка. Притоа, во Женското лоби членуваат жени од политички партии, од ГО, од медиуми, полово освестени интелектуалки, како и жени претприемачки. Засега активностите на Женското лоби се однесуваа само на јакнење на жената во политичките партии и политиката во целост.  
 

Потреби и препораки;

Идните општествени промени и на медиумите за женските прашања, на истрајноста за родовиот јазик.
•    Соработка со мажите (интеграција на половите);
•    Вмрежување (со економскиот и со политичкиот сектор, со секторот на граѓански организации, помеѓу нив на локално, на државно и на меѓународно ниво);
•    Промовирање на успешноста на жената; и
•    Зголемување на чувствителноста на јавноста и на медиумите за женските прашања, на истрајноста за родовиот јазик.  

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA