Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 43 Ноември 2004

   

Интервју со д-р Наташа Габер, Институт за социолошки и политичко правни истражувања

Сега е момент ромската заедница да направи нешто позначајно за себе

“Полека се кристализира една значајна дистинкција во јавноста и на заинте­ресираните им станува јасно дека Дека­дата за Ромите претставува еден процес, а изработката на Националната стра­те­гија за интеграција на Ромите во маке­донското општество е друг процес. Станува збор за два мошне важни, пара­лелни и комплементарни процеси” - потен­цира д-р Наташа Габер - Дам­јанов­ска, која интензивно работи на изра­бот­ката на Националната стратегија за интеграција на Ромите, документ кој има исклучителна важност за ромската заед­ница и за општеството во целина. 

Во што е, сепак, разликата меѓу Декадата за Ромите и Националната стратегија?
Декадата за Ромите содржи четири приоритетни теми: образование, домување, здравство и човекови права, надоградени со акциски планови. Нивната изработка е координирана преку владите на земјите на Централна и Источна Европа, а се спе­цифицирани од страна на секоја држава одделно. Нивната имплементација тре­ба да се одвива од 2005 до 2015 го­дина.  За разли­ка од тоа, На­цио­­налната стра­те­гија за интег­ра­ција на Ромите е многу по­се­оп­фат­на, би­деј­ќи вклу­­­чува и дру­ги облас­­ти, освен наведените со Де­ка­да­та, определува приоритети во се­која од нив и пред­виду­ва  ин­ди­ка­то­ри за сле­де­ње на ефектот на предложените мерки. Самото донесување на овој документ е исто така процес, на кој јас, назначена од Минис­терството за труд и социјална по­литика, работам како контрактор. Моја задача беше да ги соберам сите истра­жу­вања, искуства, постоечката легална рамка и другите елементи кои мо­же да помогнат во изработката на документот и на определените области оп­фатени во него.  Минис­терството за труд и социјална политика  и јас како изработувач на нацрт-текстот сме во фаза на собирање мислења и сугестии од ресорните министерства, но и од претставниците на ромската заедница, поли­тич­ките партии,  граѓанските организации, странски организации и аген­­ции и сл. Процесот на до­несување на Националната стратегија е фацилитиран од американската  органи­зација “Проект за етнички релации”, која има соодветни познавања и експертиза, како и претходно искуство во регионот на ЦЕИ, инволвирајки се во припремање на бројни извештаи за ситуацијата на Ромите по различни прашања, поддржувајќи регулатива која во иднина би требало да важи и за земјите на ЕУ (почитување и овозможување определени стандарди на сите граѓани, вклучително и Ромите). 

Кој е генералниот пристап во нејзината изработка?
Генералниот пристап се темели врз по-стојните права на Ромите во Македонија, кои извираат од домашната и меѓу­народ­ната легислатива ратификувана од на­шата држава. Јасно е дека Ромите како граѓани на Македонија имаат одредени права кои треба да ги уживаат. При остварувањето на тие права (слично како и во други држави, во кои спаѓаат и новите членки на ЕУ и земјите-кандидатки) е констатирано дека поради спецификите на заедницата и на моменти поради нефлек­сибилноста на државата, се создава ситуација во која Ромите немаат  можност да ги надминат своите проблеми:  државјанскиот статус, огромните проблеми во домувањето, мошне лимитираните можности за вработување, употребата на сила врз нив, невклученоста во процесот на образованието, нееднаков пристап кон здравствените услуги, остварувањето на социјалните права, социјалната помош и др. Посебно прашање претставува дискриминацијата, но таа во Македонија спо­редена со други држави не се прикажува во својата најдиректна форма. Сепак, пожелно е Република Македонија, освен оние одредби во Кривичниот закон кои се однесуваат на дискриминацијата сторена од страна на службено лице, вклучително и уставните одредби, да донесе и посебен закон против дискриминацијата. Ова е затоа што постојат определени димензии на дискриминација кои с$ уште не се покриени со регулатива, како: дистинкцијата и казнивоста на индиректната, еднакво како и на директната дискриминација; дискриминацијата на лица од приватниот сектор, еднакво како и од јав­ниот; дискриминација во однос на пристапноста на јавните услуги (здравство, образование и друго). Модерното европско законодавство тежнее своето влијание да го прошири и на овие домени, вкло­пувајќи ги овие одредби во тие нови области.

Меѓу стратешките приоритети се проблемите поврзани со посебниот статус на  жената Ромка во ромското семејство и генерално во заедницата, чија еманципација треба да доведе до прогрес на заедницата и општеството. 

Што во нацрт-стратегијата се смета за  приоритет  во надминувањето на  напластените проблеми кај Ромите во државава?   
Условите на живеење, домувањето, вра­ботувањето, образованието,  здравството, социјалната помош и заштита,  заш­титата на човековите права и прашањата за дискриминацијата, културата, медиумите, жената Ромка и нејзините спе­цифични проблеми и политичката партиципација, се приоритетните области на кои треба да се работи. Секој од овие аспекти има правно-нормативна рамка, анализирана состојба и препорачани активности, како и директно разработен акциски план што би требало приоритетно да се направи.

Но, положбата на Ромите во Македонија има свои специфики, а тоа претпоставувам бара и посебен приод во изработка на стратегијата во однос на другите земји?
Во многу приоритетни области, состојбата во Македонија во однос на другите земји во регионот, а и пошироко, може да се каже дека е идентична, но условите во кои одредени области можат да се реализираат се многу поповолни во однос на другите држави. Македонија има поголем степен на желба за општествена приемчивост на Ромите во однос на другите држави, а може да се потенцира и отво­рената поддршка на Владата во процесот за подобрување на положбата на Ромите во Македонија. Затоа сметам дека можеби не буквално во сите области, но во еден значителен дел од наведените, приоритетите ќе доживеат своја реали­зација.

Колку граѓанските органи­зации во Македонија денес имаат капаци-тет да ја понесат имплементацијата на Националната стратегија?
Нацрт-стратегијата е дистрибуирана до сите граѓански организации и во фаза сме на очекување на нивни забелеш-­ ки, кои можат да ги доставуваат  до  почетокот на декември. Потоа, врз база на су-гестиите, стратегијата ќе се коригира од страна на една мешовита работна група под покровителство на Министер­ството за труд и социјална политика. Најконкретно, се очекува ЗГ да одиграат голема улога во имплементацијата на Стратегијата, бидеј­ќи без директно учество на самите Роми при имплементацијата на приоритетите во ромската заедница, процесот ќе биде отежнат. Се очекува Ромите во граѓанските организации  да направат пионерски чекори, во смисла на борба против одредени  навики и традиции кои се неминовни со трансформацијата на општественото живеење. Сепак, постои одредена загриженост околу тоа, во кој степен целиот  сектор составен од ромски граѓански организации е способен на свој грб да ја понесе имплементацијата, бидејќи истата е повеќесекторска и  носи голема одговорност. Впрочем, во овие напори би можеле да се вклучат и организации составени од нероми кои ги имаат квалификациите и способноста да одговорат на задачата, но се разбира повторно во соработка со самите Роми. Во прашање се одредени организациски капацитети кои не се развиени кај сите граѓански  организации, па затоа се  поставува прашањето на стратешко планирање на активностите во следниот десетгодишен период, особено на вклучување лица во одредени области, како и можност за целосна апсорпција на наменски средства, кои треба да се искористат тогаш кога навистина се на располагање. 

Исто така, меѓу Ромите мора да постои поголемо чувство на алтруизам  и желба за ангажман за помош на сопствената заедница, без разлика дали некои иницијативи и активности се придружени со паричен надомест или не. Ова затоа што сега е тој момент кога целата ромска заедница со здружени сили треба да направи нешто поголемо и позначајно за себе. Поради тоа, пошироката свест за помош на заедницата треба да преовладува над личните и групните интереси.

Каква улога треба да одиграат политичките партии во имплементирањето на Националната стратегија?
Бидејќи Стратегијата се однесува на целата ромска заедница, пожелно би било за нејзините приоритети да покажат интерес сите ромски политички партии. Се подразбира дека политичките партии имаат задача приоритетите да ги реали­зираат преку партиските програми за да добијат поддршка од гласачите. Периодот што следува, ќе покаже која политичка опција и на кој начин ќе ги реализира прокламираните приоритети. Ова е така бидејќи тие се нешто што ќе ги надмине теснопартиските интереси и желбата за сопствена промоција.

Процесот на имплементација на Националната стратегија треба да се усогласи со процесот на децентрали­зација
Со процесот на децентрализација одго-в­о­р­носта на имплементацијата на Стра­тегијата во голем дел се префрла на локалните власти, бидејќи надлежностите во голем дел се префрлаат на локално ниво. Овде би го нагласила приоритетот на домувањето, бидејќи, генерално, населбите на Ромите се надвор од урба­нистичките планови и конкретна задача на идните локални власти е да се обидат да изнајдат решенија било по пат на легална урбанизација - внесување во деталниот урбанистички план или на друг начин да ги решат проблемите со ромските населби. Ова е особено важно пра­шање бидејќи условите на домување  влијаат  врз здравствените услови, врз образованието и др. 

И на крајот, каде е Македонија на картата од земји кои веќе ја имаат изготвено или ја изготвуваат Националната стратегија?
Временски доцниме во донесувањето на Стратегијата, Македонија е последна, но добро е што процесот коинцидира со процесот на донесувањето на Декадата на Ромите, но и што можеме  да ги споредиме искуствата со земјите од регионот. Ние релативно брзо ја донесовме Стра­тегијата.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA