Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 34 Јануари 2004  Концепти

Организациското уЧење како нова форма за напредок

Ситуации на организациско учење

Во последните децении на минатиот век започна се повеќе да се зборува за организациското учење, како нова форма на водење на организацијата во напредок. Организациското учење како менаџерска дисциплина се наметна над дотогашните услови во менаџментот: услови на конкуренција, криење на искуствата и знаењето, водење сметка да & се наштети на конкуренцијата.

Питер Сенге, професор на Универзитетот Масачусетс од САД и еден од основачите на терминот „организациско учење“, увидел дека мена­џерите трошат повеќе време и енергија на криење на знаењата и искуствата от­кол­ку истите да се споделат во организацијата и надвор од неа. Водејќи се од пре­мисата дека знаењето е не­воз­можно да се сокрие, тој заедно со своите со­работ­ници започнал да работи на развивање форми и начини за учење во секоја ситуација, учење на секој од секого во една организација. Според него, организација што учи е организација каде што луѓето кон­тинуирано го надградуваат својот капа­цитет со цел да ги постигнат саканите резултати, каде што новите и про­ширувачки (експанзивни) модели на мислење се охрабруваат, каде што колективниот стремеж е ослободен и каде што луѓето постојано учат како да учат заедно (Петер Сенге, Тхе Фифтх Дисциплине, 1990).
Иако често се среќаваат термините “организациско учење”, “организација што учи (леарнинг органисатион)”, сепак, многу менаџери си ги поставуваат прашањата: што е организациско учење, зошто е потребно да се учи во орга­низацијата, која е користа од примената на концептот организациско учење?

Познат е примерот на  холандската компанија “Шел”, којашто благодарение на примена на концептот организациско учење успеала да ги преброди годините на нафтена криза во раните седум­десетти години на минатиот век, при­лагодувајќи ја стра­тегијата, струк­турата, системите, стилот на раководење и пер­со­налот кон новата сос­тојба.


Организациско учење

Во основа, учењето и организациските про­мени се тесно пов­р­зани. Промените во ор­га­низацијата (кои се неминовни) бараат про­­­мени и адаптации во одне­сувањето на луѓето во орга­ни­зацијата,  а тоа може да се постигне само преку усвојување нови начини и методи на работа преку учење. Организацијата треба да научи да се адаптира на сите промени кои наст­ануваат во оп­кру­жу­вањето, а тоа бара постојано одвивање на процесот на учење во организацијата:

-   Учење да се биде (по)ефективен: да се унапреди и прошири обемот и квалитетот на производите и услугите кон клиентите;

-  Учење да се биде ефикасен: да се унапреди искористувањето на влез­ните елементи за добивање ква­литетни производи и услуги;

-  Учење за експанзија: да се прошират и диверзифицираат активностите на организацијата.

Бидејќи организациите се состојат од луѓе, учењето во организациите се засновува врз процесите за учење на луѓето. Учењето значи создавање нови форми и начини на однесување, при што организацијата се гледа како целина во која сите работи се меѓусебно поврзани и меѓусебно зависни.

Организациското учење има две ди­мензии: она колку сме ние како пое­динци способни да научиме и она колку можеме да создадеме амбиент за учење на другите во организацијата.

Основна задача на успешниот менаџер е да создаде услови во организацијата за примена на концептот на орга­низациско учење, односно да ги овоз­можи ситуациите на организациско учење:

1. Учење од водството
2. Учење од надзорништвото
3. Учење во формалната обука
4. Учење од средината
5. Учење од колегите
6. Самообразование

Во сите овие ситуации на организациско учење кај по­един­ците, а со тоа и во орга­низацијата, се врши промена на нивните ставови, вештини и знаења.

Лилјана Алчева-Јовановска



Поимник

1. Учењето значи создавање нови форми и начини на однесување. Постојат три типови организациско учење:

· Учење преку условување
· Оперативно учење
· Свесно учење

Условувањето е засновано врз повто­рување и може да создаде многу силни обрасци (автоматизми, рутини) кои тешко се менуваат.

Оперативното учење, исто така познато како „бихејвиоризам” и „реакција на стимулите” се одвива преку изведување на работниот процес, а луѓето учат преку наградување и/или казнување.

Свесно или интелегентно, разумно учење - се засновува врз споредбата на она што е состојба сега и она што сакаме да биде во иднина (цел или објект), односно поединецот се обидува да го поправи она што го работи сега за да може да ги постигне своите цели во иднина.

2. Организација што учи е организација каде што луѓето континуирано го надгра­дуваат својот капацитет со цел да ги постигнат саканите резултати, каде што новите и проширувачки модели на ми­слење се охрабруваат, каде што колек­тивниот стремеж е ослободен и каде луѓето постојано учат како да учат заедно (Петер Сенге, Тхе Фифтх Дисциплине, 1990).






Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA