среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 5

   

Имиџот на граѓанските организации во јавноста

Проф. д-р Живко Андревски

Лицето го продава срцето
 

Граѓаните не се најцелосно запознати со суштината, функцијата, мисијата и развојните линии на граѓанскиот сектор; што треба да сторат и долгорочно да прават граѓанските организации за да имаат подобар имиџ во јавноста

Дали граѓанскиот сектор ги добива почетните и решавачките “битки” за свој заштитен простор во општеството и во колкава мера го прави тоа со создавање позитивна претстава за себе во јавноста, односно како граѓаните ги перцепираат граѓанските организации?

Граѓанскиот сектор во Република Македонија го бара и релативно успешно го наоѓа патот за свое етаблирање во поширокиот општествен систем и процес и истовремено му посветува внимание на создавањето свест за сопственото постоење, дејствување, развој и тешкотии.

Ако &  се верува на една народна поговорка (а треба да &  се верува) која гласи “Лице срце продава”, чија порака во целиот систем на модерно работење е речиси издигната на ниво на законитост, тогаш е повеќе од оправдано и логично граѓанските организации да се борат за својот имиџ во јавноста, за тоа како таа јавност ги поима, ги прифаќа и како го гради ставот (со сите димензии: и сознајната, и вредносната, и акциската) спрема нив. Во краен случај, социолошките и политиколошките истражувања немилосрдно говорат дека еден субјект може да има успех во своето дејствување само доколку неговата функција, дејности и акции се познати, признати и прифатени во општеството.

Во зафатите и напорите за градење позитивен имиџ во јавноста, граѓанските организации ја добија првата битка. Од нивното првично (речиси закостенето) именување и идентификување како граѓански организации (а целината како граѓански сектор), што беше и останува стеснето и методолошки неисправно (не може нешто најпрвин и единствено да се определува што не е, туку што всушност е, односно што е неговата суштина) се обезбеди соодветно определување како граѓански сектор, битен елемент на граѓанската сфера во општеството. Беше неодржливо целиот тој сплет од субјекти, проекти, акции и резултати да се лоцира само наспроти власта или (уште полошо и уште потесно) само наспроти владата, како најактивен орган на власта и владеењето.

Граѓанските организации се засноваат врз сопствена оригиналност во постоењето

Точно е дека има содржински, суштински и видливи разлики меѓу нив и власта. Наведувам две: првата ќе ја кажам со стилска фигура – власта фаќа жарје со маша, граѓанските организации тоа мора да го прават со голи раце. И втората: власта се потпира на силата, се служи со аргументот на силата, додека граѓанските организации е неопходно да ја употребуваат само силата на аргументите (се служат со категоријата авторитет, што подразбира знаење, убедување, убедливост и доброволност). Впрочем, правната основа врз која се формирани и регистрирани ја чини Законот за здруженија на граѓани и фондации, усвоен од Собранието на РМ во 1988 година.

Како јавноста го перцепира граѓанскиот сектор и врз што се засновува таквата перцепција?

Јавноста, односно голем дел од граѓаните, имаат делумно точни и недоволно втемелени информации за граѓанскиот сектор, за неговата суштественост, функција, мисија, развојни линии.

Факт е, исто така, дека јавноста, посебно оној дел што е упатен во шансите на граѓанското општество и на демократијата воопшто, луѓето кои биле опфатени со некоја од акциите на граѓанските организации или ги евидентирале и почувствувале полезностите од нивното дејствување, високо го вреднуваат граѓанското организирање како елемент на постигнувањето поквалитетен живот, во задоволувањето пошироки и конкретни интереси, потреби и стремежи, како двигател на развиено и критичко јавно мислење и како фактор на отворање перспективи.

Со еден истражувачки проект за “ставовите и активностите на македонските граѓани во поглед на демократијата и граѓанското учество и нивните сфаќања за политичките, граѓанските институции и за институциите на власта” (реализиран од Агенцијата за истражување на јавното мислење и на пазарот БСЦ Естек во 2002 година) се констатирани следниве сознанија:

-  Граѓанските организации како елемент на цивилното општество со своите активности во раазлични сфери, во последните неколку години се мошне присутни во Република Македонија и на определен начин се хит во активизирањето на луѓето.
-  Меѓу граѓаните се доминантни оценките дека граѓанските организации се многу и средно корисни.
-  Испитаниците недоволно ја сфаќаат природата и карактерот на граѓанскиот сектор и неговите активности во различни области.
-  Граѓанските организации се покорисни во неколку сфери (помош на болниците, здравствените и социјалните институции, во разрешувањето на проблемите на бегалците и природните катастрофи, во превенцијата и решавањето на проблемите со алкохолот и дрогата, во помошта на немоќните, постарите, напуштените и бездомниците и во заштитата на животната средина), а недоволно продуктивни во други области (помош во спортот и рекреацијата, во запознавањето на човековите права и нивната заштита, во пропагирањето на демократијата, во развојот на локалната заедница, како и во развојот на културата и уметноста).
-  Една третина од испитаниците сметаат дека луѓето во граѓанските организации работат во заеднички интерес, една третина дека работат за личен интерес, а другите не можат да ја проценат полезноста од граѓанските организации.

Кои се факторите што ја определуваат и што придонесуваат во создавањето на претставата на јавноста за граѓанските организации?

Вкупниот општествен амбиент, обележан со кризни точки и тенденции, со глобални и круцијални проблеми (безбедносни, економски, отсуство на развојни пробиви), со недоверба, криминал, корупција, со афери и “црни хроники”, логично продуцира сомничавост на јавноста и спрема нови состојби и движења, со демократска и општествена функција и мисија, како што се граѓанските организации.

И дел од масмедиумите, иако не толку често, па макар и во облик на прашања (без одговор и без факти), протураа промисла за граѓанските организации како за недоволно легален простор, како за “пералници на пари”, како за затворени ентитети кои ги бранат и ги материјализираат  интересите и потребите на нивните членови (основачи, вработени, оперативци, активисти).

Не ретко (а и не случајно) граѓанските организации (спротивно на сопствената волја) беа внесувани како момент (повод, предмет) за полемика и пресметка меѓу политичките партии во земјава (најчесто на релацијата партии на власт и партии во опозиција). Како еклатантни, често (зло)употребувани примери се наведувањето на однесувањето на дел од граѓанските организации во време на годинашните претседателски избори во РМ  (повикот за гласање преку масмедиумите и пораката преку мобилните телефони), потоа неколкуте заеднички прес-конференции на некои од граѓанските организации со претставници на државните органи, па одлуката на Владата на РМ за помош на дел од граѓанскиот сектор.

Или: практикуваното понекогаш недоволно осмислено, невешто, а во некои случаи неоправдано “сојузење” со власта, во основа му штети на позитивниот имиџ на секторот. Но, комуникацијата и соработката со власта не може и не смее да се избегнува по секоја цена, само поради можните приговори и потенцијалното нарушување на претставата, туку е препорачливо и неопходно тоа да се прави во функција на општествен подем, разрешување конкретен проблем или надминување на постојно и предвидено недоразбирање. Истовремено има основа тоа соработување јавно да се експлицира и да му се објасни целисходноста, намерите и резултатите. Ако во некои случаи се покаже дека се направила грешка – таа да се признае (нели, луѓе сме, грешки правиме).

Има и ситуации кога дел од јавноста, определен број граѓани, учествуваат во активност на некоја граѓанска организација, а притоа не се запознати која е таа. Се среќаваат и такви состојби кога директни корисници на дело (акција, проект, дебата) не се информирани дека тоа го реализирал дел од граѓанскиот сектор. Изгледа по малку неверојатно, сепак тоа е точно и присутно во практичниот живот. 

Имиџот претставува променлива состојба, менлива и минлива категорија.

Граѓанските организации во Република Македонија во изминатиов период се активираа во афирмацијата на сопственото постоење и дејствување, но (како и секогаш) има простор за редефинирање на тие и такви активности од една страна, и за промислување, проектирање и реализација на нов систем, нов бран, кој ќе биде скициран, разработен и приспособен за идно време со цел да се постигне подобар имиџ во јавноста.

Се поставува прашањето: што да се стори (отпорано) за поубав, подобар имиџ, што, пак, долгорочно гледано, подразбира поизграден легитимитет и попродуктивно ангажирање?

Најкус одговор е: со создавање реални услови (низ активитети и резултати) за постигнување од убав до прекрасен имиџ и со осмислена концепција и реализација за промоција на постоењето и дејствувањето. Станува збор, значи, за системски и систематизиран потфат, за долга патека која треба да се изоди, што и не треба да биде многу тешко, бидејќи најтешките, почетните чекори, се веќе направени (и најдолгиот пат почнува со првиот чекор, нe учи народниот мудрец).

Граѓанскиот сектор ќе го одржува и подобрува сопствениот имиџ со позитивен предзнак, доколку неговата акција кореспондира со општиот општествен контекст и доколку внесува свежина во текот на дејноста/дејствувањето што е радикално поинаку во однос на работата на државните органи, чиј белег за препознавање и натаму, за жал, е бирократскиот (бавен, хартиен, премногу процедурален, па и неодговорен) пристап.

Издвојуваме четири конкретизирани целини од активности, се разбира, планирани, промислени и операционализирани, кои можат да го развиваат, да го подобруваат имиџот на граѓанските организации.

Прво, редовни комуникации со јавноста – запознавање со суштината и историската мисија на граѓанскиот сектор, внесување и опфаќање што е можно поголем број луѓе во активностите, одговорен, ефикасен и ефективен начин на реализација на проектите со сите свои делови и во сите свои фази. Може да биде мошне плодотворна идејата и нејзиното материјализирање за стимулирање на масовноста на дејностите што ги води (иницира, осмислува, проектира, реализира, сумира) граѓанскиот сектор. И обуката на граѓанските организации со цел да се прифатат и усвојат постапки, техники и модели за привлекување поголем број учесници во одделните облици на акција, спаѓа во овој дел на намерата за соодветен имиџ. Искуствата со објавување на извештаите за работа и за финансиското работење, за организациската структура, за кадровскиот состав на телата во одделните граѓанските организации се убави, посочувачки примери.

Второ, редовна комуникација со масмедиумите. Овој дел сам по себе да биде предмет на елаборација. Што подразбира? Афирмација на активностите кои се во тек, запознавање на јавноста со резултатите од завршени работи (очекувани и постигнати резултати, пречки во реализацијата), проектите кои се предвидуваат да се најавуваат со објаснување на содржината, целите и полезноста, изнесување став, гледиште, мислење за некое прашање кое е непосредно ја тангира граѓанската организација или луѓето од просторот во кој дејствува, односно за општо прашање со кое се соочува пошироката заедница, изнесување и пласирање сознанија за состојби и движења, податоци и размисли со кои располага граѓанската организација.

Различни се начините на односи со медиумите (подготовка и дистрибуција на готово соопштение, организирање и свикување конференција за масмедиуми, давање изјава, достапност на документи, како што се планови, програми, одлуки, извештаи, сите во изворна форма и слично. Односите со медиумите подлежат, сосема извесно, на плански приод, со редовно, поводно и интервентно огласување, со флексибилен, функционален, па и прагматичен избор на конкретни медиуми преку кои ќе се прави тоа.

Трето, со организација на посебни манифестации заради подобрување на имиџот (саемски проекти, промотивни активности, присуство на културни, спортски, научни настани итн.).

Четврто, подготовка на посебни изданија (печатени, електронски, аудиовизуелни…) во функција на подобриот имиџ.

Градењето (одржување и развивање) на имиџот е непрекината задача, континуирана активност. Тој процес треба да се поима како создавање моментна слика за себе пред јавноста, но уште повеќе и како поттик за нов, посодржаен, повпечтлив и поубав имиџ. Секогаш подобро од вчера!


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA