среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 10

   

Жанета Ќосе

Придонесот на граѓанскиот сектор во приближувањето на македонија кон ЕУ

Граѓанските организации како активни учесници во демократизација на општеството  

Развиениот граѓански сектор, способен да влијае за создавање независен и непартиски правен систем има фундаментална улога во поддржувањето на влади што ќе ги почитуваат човековите права без никакви злоупотреби.

Граѓанинот, неговите права и интереси, се јадрото на Европската Унија. Првичната идеја за обединета Европа да се обезбеди мирот на континентот, денес веќе е утврдена како основа на процесот на интеграција. Крајната цел на ЕУ е да се изгради ефикасен систем за обезбедување мир, демократија и економски прогрес во државите членки. Меѓу примарните цели на Европската Унија се и унификацијата на човековите и на малцинските права, нивната заштита и унапредувањето. Во Унијата тоа се сфаќа како обврска на државите што ја презеле со пристапувањето на меѓународните и на регионалните конвенции и другите инструменти за заштита на основните права и слободи на човекот.

Процесот на европска интеграција во новиот милениум се интензивира и во малубројните неинтегрирани држави од регионот на Западен Балкан, коишто географски му припаѓаат на континентот. Со претпристапната стратегија, се создаваат услови да се прифатат заедничките европски вредности, познати како аљуис цоммунитаире. Дел од нив се и почитувањето на човековите и на малцинските права, за чие остварување на државно ниво еднакво важни се иницијативите и на владините институции и на граѓанските организации. Граѓанските организации може да станат моќен коректив на власта во обезбедувањето ефикасна заштита, што, како политички критериум од Копенхаген, е императива државата да се вклучи европското семејство. Граѓанскиот сектор треба да се перцепира како катализатор за демократизацијата на општествата. Од моментот кога во државите во транзиција ќе се осознае дека граѓанските организации се нишката што ги поврзува интересите на власта и на граѓаните, ќе се зголемат можностите државата да стане отворено демократско општество, коешто сите граѓани ќе го чувствуваат како свое. Граѓанскиот сектор, особено ако е оспособен активно да се бори за граѓанските права, може да им ги доближи инстутуциите на граѓаните и, со притисок врз власта, да помогне во ефективното остварување на заштитата на правата на европските граѓани. Јакнењето на институциите, што ќе бидат способни да обезбедат реализација на преземените обврски со членството, е уште еден критериум за проценка на подготвеноста на државата да се интегрира во Унијата.

Оттаму, со вклучување во заштитата на човековите и на малцинските права, граѓанските организации стануваат фактор во транзицијата на општеството и, со вклучување во демократизацијата на општеството, преземаат активна улога за подготвување на државата да се вклучи во процесот на европската интеграција. 
 

Граѓанскиот сектор и плуралната демократија на ЕУ  

“Промените во светот бараат рефокусирање на човековите права и стратегиите за демократизација, особено за да се осигура дека тие се во согласност со политиките за Заедницата и дека ќе обезбедат реализација на нејзините програми и проекти. Основата за акциите на ЕУ е јасна, таа бара универзализација и нераздвојливост на човековите права, граѓански, политички, економски, социјални и културни, како што е реафирмирано на Конференцијата за човековите права во Виена во 1993 година”. Ова е зацртано во Коминикето 252 на Европската комисија од осми мај 2001 година. Заштитата на правата и унапредувањето на плуралната демократија и ефективните гаранции за владеењето на правото, како и борбата за намалување на сиромаштијата, се меѓу основните цели на Унијата. Европската комисија има усвоено бројни коминикеа поврзани со човековите права и со демократизацијата во изминатите десетина години. Меѓу другите коминикеа на ЕК поврзани со заштитата на човековите права, се и Коминикето за надворешната димензија на политиката за човекови права КОМ (95) 567, за Заедницата и соработката со трети земји КОМ (95) 216, Коминикето што се однесува на демократизацијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и доброто управување: предизвиците на партнерството меѓу ЕУ и државите на АЦП, КОМ (98) 256, на борбата против расизмот, ксенофобијата и антисемитизмот во државите кандидатки е посветено КОМ (99) 256, а за набљудување на изборите и за помош од ЕУ е КОМ (2000) 191. Во нив Комисијата ја акцентира поддршката за учество на граѓанскиот сектор во соработката за развој на Заедницата, во согласност со Договорот од Котону и градењето на капацитетите на граѓанските организации ангажирани во дијалогот и во имплементацијата на програмите на ЕУ. Унијата истовремено презема активни чекори за користење пристапи за учество во дизајнирање на програмите и за приод, за мониторинг и за поддршка за засилување на учинокот од индивидуалните проекти и програми за човекови права.

Освен во државите на европскиот континет, ЕК веќе постигнува напредок во имплементацијата на институционалните реформи за човековите права, демократијата, владеењето на правото и доброто управување, во соработка со африканските, со карибските и со пацифичките држави. За ревитализација на процесот од Барселона за регионална соработка е наменета програмата МЕДА, како позитивна мерка за охрабрување на акциите на владите.

Во коминикеата се наведени начините за вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на евроинтеграција, помагајќи & на државата во исполнување на критериумите од Копенхаген. Дел од програмите што ги реализира ЕУ во соработка со владите за да се постигнат целите што се однесуваат на правата на европските граѓани се ЕДФ, Тацис, АЛА, МЕДА, КАРДС и/или програмата ФАРЕ, со наменски средства за проектите коишто може да се имплементираат и со партнери од граѓанскиот сектор. Тоа се фондовите на Унијата за поддршка на заштитата и унапредувањето на човековите права, што дозволуваат да се преземаат иницијативи и на пилот или експериментална основа. Интересно е што фондовите може да се користат без стриктна согласност од владите, особено таму каде што главните програми на Заедницата не се достапни од различни причини. Тие се основниот придонес во остварувањето на целите на заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, во полето на човековите права, демократизацијата и превенцијата на конфликти. Во некои региони ја обезбедуваат единствената правна основа за активностите за унапредување на човековите, особено на категориите политички и граѓански права, за набљудување избори и за иницијативите за разрешување конфликти.


ЕИДХР - Ефикасен инструмент за демократизација 

Голем дел од активностите се координираат или се реализираат со помош на Европската иницијатива за демократија и човекови права, што со особено внимание се осврнува на институционализираниот мултилатерализам, на основните права на човекот и граѓанинот, на демократијата и на владеењето на правото, на почитта кон малцинствата. Со иницијативите за доделување грантови што се перципираат и како политичка поддршка од ЕУ, може навреме да се заштитат и с$ уште ранливите организации на граѓанскиот сектор вис-а-вис репресивните влади.

Акцентот за поддршката за јакнење на демократизацијата, на доброто управување и на владеењето на правото, е ставен врз работата со граѓанскиот сектор за унапредување на поголемо учество на граѓаните во процесот на одлучување на сите нивоа. Тука се вклучени и еднаквото учество врз полова основа и на различните идентитетни групи (етнички, религиозни) во развојот на плуралистичкиот политички процес, за слободни и независни медиуми, независен и функционален судски систем, правата на слободно здружување и организирање, поддршката на изборните процеси и мониторинг-активностите на домашните набљудувачи и на набљудувачите од ЕУ. Развиен граѓански сектор, способен да влијае за создавање независен и непартиски правен систем, има фундаментална улога во поддржувањето влади што ќе ги почитуваат човековите права без никакви злоупотреби. Јакнењето и зголемувањето на моќта на индивидуите и на граѓанскиот сектор, преку едукација, обука и влијание за зголемување на граѓанската свест, овозможувањето ефективна одбрана на сите категории на права, се основни елементи на програмите за помош коишто се спроведуваат со владите, особено оние насочени кон обезбедување добро управување, за градење на институциите, за владеење на правото и за искоренување на сиромаштијата.

Во државите каде што граѓанското општество е слабо и на кое му е потребно зајакнување, на пример, по диктаторски режими, локалните граѓански организации (ГО) можеби немаат капацитет директно да ги користат фондовите на Брисел, па, за таа цел, владите може да соработуваат со ЕИДХР. Четирите тематски приоритети што ги предложи Комисијата за среднорочна реализација се поддршката за јакнење на демократизацијата, доброто управување и владеењето на правото, укинувањето на смртната казна, борбата против тортурата и сите видови малтретирање и за меѓународните трибунали и кривични судови, како и сузбивањето на расизмот, ксенофобијата и дискриминацијата врз малцинствата и автохтоните, домицилни народи.

Граѓанскиот сектор може да биде активен во чувствителната област на активности поврзани со тортура, конкретно во рехабилитација на жртвите од тортура, или на заштита од политички притисоци, што би се обезбедила за граѓанските организации. Искоренувањето на расизмот, ксенофобијата и дискриминацијата на малцинствата и домицилните народи е област во којашто ЕУ има значителни компетенции во внатрешната и во надворешната политика. Советот на министри усвоил две директиви, во согласност со член 13 од Договорот за ЕУ, обезбедувајќи заштита од дискриминација при вработување и во другите области врз основа на расно и етничко потекло, религија и верувања, возраст и сексуална ориентација.

Примарниот акцент е ставен на политичките и на граѓанските права, за коишто ЕИДХР има особена улога во споредба со другите инструменти за нивна заштита. Социјалните, економските и културните права, како дел од човековите права, исто така се унапредуваат преку развојната соработка и преку програмите за помош на Унијата наменети за трети земји. Во поддршка на стратегијата на ЕУ за унапредување на КСР (Цорпорате Социал Респонсибилитѕ), охрабрувањето на вакви иницијативи во трети земји и поддршката на мониторинг-телата на ГО, се зацртани како приоритети на ЕИДХР за наредниот период.

Европската иницијатива за демократија и човекови права е дел од системот за поддршка на човековите права, за демократизација и активности за превенција на конфликти, во партнерство со ГО и со меѓународните организации. Правната основа ја обезбедуваат регулациите 975/99 и 976/99 на Советот на ЕУ од 29 април 1999 година. Основана во 1994 година, ЕИДХР има три инструменти за имплементација на иницијативата што ја сочинуваат основата на пристапот на Советот. Преку повикот за предлози, објавуван во Службениот весник и на веб-страницата на Комисијата, микропроектите управувани од делегации на Комисијата и целните проекти за поддршка на целите на политиките се (ко)финансираат проекти од сите погореспоменати области. Тоа се прави преку грантови што може да се добијат со, но и без поддршка на владите во специфичните случаи кога во државите се воспоставени репресивни режими. Целни групи на одобруваните проекти треба да бидат жените, децата и автохтоните/домицилните народи.

И во Повелбата за човековите права на ЕУ во членот 20 се застапени унапредувањето на еднаквоста пред законот, забраната на дискриминација врз секаква основа во членот 21, и заштитата на културната, религиозната и јазичната различност, со членот 22. Мерките што се усвоени имаат за цел да се избалансираат можностите и да се премостат постојните линии на разделување меѓу различните идентитетни групи, како особено важни за превенцијата од конфликти. Човековите права и слободи во ЕУ се дел од третиот столб, Правда и внатрешни работи. Амстердамскиот договор, што е во сила од први мај 1999 година, воспоставува процедури за обезбедување на заштитата на човековите права и слободи, а како генерален принцип го востановува почитувањето на човековите права и слободи, врз коишто е основана Унијата. Заштитата на “заедничкото европско наследство” останува главна тема, бројни проекти се усвоени засновани врз членот 128, сега член 151, од Договорот за ЕЗ, што ги чуваат и ги заштитуваат регионалната и културна различност. 


Со регионална соработка до европско граѓанство  

Политиката за регионална соработка на членките и државите аспиранти за членство во Европската Унија е дел од стратегијата за зајакнување на процесот на европската интеграција. Концептот на европско граѓанство, со крајна цел да се зајакнат чувството и свеста на заедништво на европските граѓани, се постигнува преку регионалната соработка и соработката на државно ниво на граѓанските организации.

Пактот за стабилност, договорен во Париз во март 1995 година, и Иницијативата Ројамон, се сеопфатни и флексибилни политичко-дипломатски иницијативи на ЕУ за мир, демократија и соработка во Европа, особено во централните и во источните делови. Сличен, потесен регионален инструмент, е Пактот за стабилност на ЈИЕ, основан во Келн, 1999 година, чијшто особен придонес во областа на малцинските права во државите апликанти за членство во ЕУ е во работната маса за демократија и за човекови права.

Во Република Македонија се регистрирани над четири илјади граѓански организации. Дел од нив рефлектираат автентична и искрена граѓанска ориентација, изворна припадност, самофинансирање, професионалност и добри практики, меѓу кои се проевропски ориентираните граѓански организации. Тие се промотори на европскиот дух на заедништво, на реализација на целите за зајакнување на граѓанскиот сектор, за подобрување на нивниот независен статус, на користење на методите да се добие квалитет во креирањето на политиката и јавните политики во државата, за зголемување на влијанието врз јавноста и врз човечките капацитети, на зајакнување на институционалните и организациските капацитети на граѓанските организации во државата. Развивањето на тие вештини им е овозможено преку програмите на Европската Унија, која особено внимание обрнува на јакнење на независноста на граѓанските организации. Пример за тоа како да се структуира и како организирано и успешно да се дејствува за поддршка на развојот на граѓанското општество во Република Македонија даваат неколку граѓански организации што имаат капацитет и институционална издржливост да ги препознаат и да ги исполнат потребите и интересите на граѓаните. Од проевропските граѓански организации може да се издвојат активностите на Меѓународното европско движење, со мрежа на европско, на регионално, на државно и на локално ниво. Организациите на Меѓународното европско движење мошне позитивно влијаат врз работата на другите граѓански организации, врз образовните иституции, врз медиумите и врз другите форми на граѓанските асоцијации. Со обука и размена на искуства тие го развиваат професионализмот на граѓанските организации, а со надградување на вештините и на експертизата го  зголемуваат квалитетот на нивните услуги. Европските граѓански организации ја стимулираат размената на искуства и преку форумите за дискусии, со зголемување на свеста за заедничките проблеми, ја унапредуваат соработката и јакнењето на врските на граѓанските организации во регионот.

Со програмите на ЕУ се поддржуваат трансферот на технологијата ноу-хау (кноњ-хоњ) и на мрежното поврзување со поискусните граѓански организации од Европа, со креирање база на податоци, а преку постобразовната пракса и студиските посети на партнерските организации се збогатуваат знаењата за начините на функционирање на граѓанските организации на европско ниво, се стимулира поврзувањето на граѓанските организации со институциите на ЕУ, а преку зголемување на знаењата за Европската Унија, преку посети и предавања на институциите на ЕУ се создаваат граѓански организации што ќе бидат постабилни и позабележливи, што ќе дејствуваат на национално и на меѓународно ниво.  

Граѓанските организации помагаат во вклучувањето во процесот на европска интеграција со активности на локално и на државно ниво, како што се организирање обуки (курсеви, работилници и тркалезни маси за дискусија) за обезбедување вештини и знаења што им се потребни на граѓанските организации да се развијат и да станат попрофесионални. Истовремено се овозможува размена на искуства и добри практики, што се потребни с$ додека соработката и поврзувањето во мрежа не станат клучни концепти за развој на граѓанскиот сектор. Во заштитата и унапредувањето на човековите и малцинските права граѓанските организации на основните нивоа на дејствување се вклучуваат со разни форми на поддршка на концептот на мултикултурализмот, на политичката култура и на културата на меѓуетничката толеранција и со развој на дијалогот и диверзитетот на општеството.


Предизвици за граѓанскиот сектор 

Условите за членство во Европската Унија се утврдени уште пред повеќе од една деценија од Европскиот совет и тие добро им се познати на државите кандидатки и аспирантки. Тие ќе треба да создаваат и да ги одржуваат стабилни институциите коишто ќе гарантираат демократија, владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата, функционална пазарна економија и способност да се издржи конкуренцијата, како и да бидат способни да се придржуваат кон целите на Унијата. Во „Агендата 2000” што ја објави Европската комисија во 1997 година, се дефинирани трите предизвици предвидени за реализација во наредниот период: членките и државите што ќе $ се придружат на Унијата треба да ги зајакнуваат и реафирмираат нејзините политики, барањата за прием на државите ќе се оценуваат во согласност со почитувањето на демократските принципи и владеењето на правото, и според можностите за економски развој и способноста за вградување на актите на Заедницата што се во сила (ацљуис цоммунитаире), познати како заеднички европски вредности.

Механизмите за заштита на човековите права и правата на припадниците на етничките или на национални малцинства, или кажано со демократски речник - на правата на граѓаните, мора да обезбедат почитување на принципите на еднаквост и на недискриминација. Одбраната на демократијата во нејзината плуралистичка форма, почитувањето на правата на човекот и владеењето на правото, се основните цели и стандарди што треба да се достигнат за да се исполнат условите за зачленување во Европската Унија. Во обезбедување на исполнување на целите на Европската Унија може да се вклучат и граѓанските организации со активен придонес на сите нивоа. Политиките на државите, како клучни за обезбедување на мирот и за развој на демократијата, треба да бидат насочени кон вклучување на граѓаните во сите области на општественото живеење, врз основа на принципите на еднаквост и недискриминација. Овие принципи, што се комплементарни, треба да се инкорпорираат во сите сфери на општественото живеење, а со еднаквост на граѓаните може да се обезбедат услови за траен мир во државите на Европа. Токму тука може да се лоцира појдовната точка за дејствување на граѓанскиот сектор за развој на граѓанското општество во Република Македонија. Оттаму се и предлозите на науката мирот да се третира како општествен процес, а не само како цел или добри манири.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA