Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 47 Март 2005  Концепти

Конфликти во организацијата и нивно надминување (1)

Методи за разрешување на конфликтите

                                                                                                              Албанска верзија

Конфликтите се неминовност во ра­бо­те­њето на една организација исто како што се нераскинлив дел од животот. Постојат повеќе де­финиции за конфликт во за­ви­сност од тоа дали кон­флик­тот го разгледуваме од аспект на однесување на учесниците во кон­флик­тот, изворите на кон­флик­тот, ставовите и чувс­тва­та што се јавуваат. Сепак, она што ги обединува е фактот де­ка конфликтот има три ос­но­вни компоненти:

-  ст
рани во конфликтот;
-  конфликтно однесување;
-  конфликтни интереси.

Конфликтите кои се јавуваат во една организација се дефи­ни­раат како несогласување ме­­ѓу членовите или групите во­­ организацијата предизвика­но од повеќе причини, како на пр.:

· заедничко делење на ресурсите и рабо­тни­те задачи (конфликти меѓу раководство­то и синдикатите);
· желба да се надвладе во средината со ста­тус (конфликт меѓу соработник кој сака да напредува на повисоко ниво и менаџер кој не го дозволува тоа);
· разлики во цели, вредности и видувања (меѓу менаџерите од исто ниво, при за­ед­ничко извршување некоја комплексна задача) и сл.

Традиционалното разбирање на конфликти­те укажува на нивно избегнување и смета дека настанатиот конфликт е грешка на ме­на­џерот, што понатаму предизвикува преч­ки во работењето на организацијата. Спо­ред ова разбирање, конфликтите треба да се елиминираат, но доколку сепак се појави конфликтна ситуација во организација­та, менаџерот треба да го отстрани што е мож­но побрзо.

Наспроти традиционалното разбирање на конфликтите, интеракцискиот приод ука­жу­ва на нивната неизбежност во еден организациски систем. Конфликтот може да биде и продуктивен и да води кон уна­пре­ду­вање на работата, а задачата на мена­џе­рот е да се справи со него и да го реши на оп­ти­мален начин за организацијата. Опти­мал­ната работна реализација бара кон­фликт на умерено ниво затоа што кон­флик­тот често пати е средство со кое се постиг­ну­ваат организациски промени и ино­ва­ци­и.

Во однос на реализација на работата, кон­фли­к­тите треба да се одржуваат на опти­мал­но ниво, што значи да се контролираат и да се охрабруваат, но само додека водат кон унапредување на работната реали­за­ци­ја. Штом конфликтната ситуација започ­ну­ва да пречи на работата и се фокусира само кон релациите меѓу вклучените страни, потребно е истата веднаш да се прекине.

При конфликтна ситуација секој од нас деј­ству­ва различно. Во приватниот жи­вот си­те ние може да реагираме во согла­сност со  нашите лични ставови и вред­нос­ти. Во кон­фликтните ситуации во организацијата каде работиме, особено доколку сме во улога на менаџер, мора да знаеме да управуваме со конфликтите и од нив да го  извлечеме најдоброто за орга­ни­за­цијата.

Бидејќи конфликтите во поголем обем се еден од основните елементи што ја попре­чу­ваат ефикасноста на организацијата, не­оп­ходно е справување со нив, односно нив­но решавање.

Кога менаџерот ќе се најде во конфликтна си­туација, се обидува да преземе ак­тив­нос­ти со кои ќе ја разреши ситуацијата. Кои активности ќе ги преземе зависи од него­ви­те верувања и ставови во врска со кон­флик­ти­те воопшто.

За оваа цел во основа постојат пет начини (методи) за разрешување конфликти. Тоа се: спротивставување, соработка, компромис, одбегнување и прилагодување.

Секако дека начинот на кој ме­наџерот ќе се обиде да го разреши конфликтот ќе зави­си од неговиот психолошки про­­фил, но сепак постојат си­ту­ации кога е пооправдано да се реагира на еден или друг на­чин. На пример, во итни си­ту­ации, кога е потребно да се донесат брзи одлуки, или пак кога прашањето околу кое се разговара е тривијално, може да се реагира со спро­тив­ста­ву­вање.

 

ПОИМНИК

Конфликт е процес кој започнува кога една група ќе увиди дека другата група повредува или ќе започне да повредува некои од нејзините интереси.

Најчести прични за конфликт се: разлики во целите, разлики во пристапот (методите), меѓузависност при извршувањето на задачите, разлики во критериумите за работењето и начинот на плаќање, разлики во статусот, нејасна надлежност, недостаток на ресурси, недоволна комуникација, разлики во вредносните системи, организациски двосмислености.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Деминирањето во Босна и Херцеговина (2)
Не заборавајте на мините
ПОГЛЕДИ: Марина Туневска-Јовановска
Приказните-точка каде што се среќаваат медиумите и граѓанските здруженија

Ако здруженијата на граѓани ја сфатат и прифатат својата улога на креатори на јавното мислење со помош на медиумите, тогаш тие се на половина пат до загарантираниот успех. А, за да се придобијат медиумите во остварувањето на таквата намера, потребно е да се научи да се комуницира со “нивниот јазик”.
ИНТЕРВЈУ: Методија Саздовски и Мартин Мартиноски членови на Работната група за позеленување на изборите
“Гласај за природата” - нов импулс во изборните процеси
Локалните избори во земјава беа одбележани и со кампањата „“Гласај за природата” на Работната група за позеленување на изборите. По завршувањето на првиот изборен круг, како го оценувате обидот да ги анимирате кандидатите во трката за локалната власт, но и граѓаните за одговорноста што ја носат и двете страни кон животната средина?
Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци
Помошта пристигна заедно со пролетта
На 40 километри одда­ле­ченост од Скопје, на границата со Ко­со­во и надморска ви­­со­­чина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни ог­ниш­­та, откако се иселиле на Ко­сово по случувањата од вое­ни­от конфликт во 2001 година во Македонија. Во дале­ч­на­та 1984 година за прв пат е доне­сена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи не­времиња селото останува без струја. Веднаш до Тану­шев­ци се селата Брест и Ма­ли­но. Во сите три села живее албанско население.
Милениумски предизвик
Ветувањата на Америка
Пред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почну­вајќи од 2006 г. Иако петте ми­ли­јарди долари се само 0,04 проценти од националниот при­ход на Америка, Буш го на­ме­тна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиро­маш­тијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во ду­ша­та”, рече претседателот.
 

©MCMS - designed by KOMA