Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 64

   

Справување со сиромаштијата
 

Македонија се прашува како да се преживее со 150 денари на ден?
 

Како сиромаштијата влијае врз севкупното општествено живеење? Сиромаштијата раѓа и духовна сиромаштија. Македонските ученици се прогласени за најслаби во регионов, најголем број новороденчиња умираат во Македонија, здравството ни тоне с$ повеќе и повеќе, а бројот на невработените порасна за 10.000 само за една година

Секој четврти граѓанин на Македонија има само 150 денари дневно за да пре­живее. Невработеноста достигна рекордна бројка од 400.000 илјади невработени. Статистиката вели дека Македонија има  250.000 пензионери, од кои 60.000 се обидуваат да преживеат со 5.200 денари месечно. Осумдесет илјади, пак, македонски семејства примаат социјална помош. Сиромаштијата ги следи семејствата во кои носители на домаќинствата се пензионери, лица прогласени за технолошки вишок и невработени. Во споредба со земјите од Источна Европа, посиромашно од нас живеат само Албанија и Молдавија.

Факт е дека статистиката кажува многу. Но, ретко кој прозборува за последиците кои произлегуваат од статистиката и како воопшто сиромаштијата влијае врз севкупното општествено живеење. Си­ро­маштијата раѓа и духовна сиромаштија. Така, македонските ученици се прогласени за најслаби во регионов, само 11 отсто од нашите ученици имаат секојдневен пристап до книги, незначителен број од нив имаат пристап до интернет, само два отсто од децата учат во соодветни услови за настава.  Македонија, за жал, има најголем процент на смртност на новороденчињата во регионот. Здравството ни тоне с$ повеќе и повеќе, пари за лекови немаат многу хронични болни, пари за приватно лекување ретко кој има.

Индустриското производство и натаму е во негатива, внатрешните долгови се околу 3,6 милијарди долари. Платите во последните три години се намалени реално за 12 отсто, а во исто време животните трошоци  рапидно се зголемени. Во јуни, оваа година, од Заводот за статистика стигна податок дека просечна плата во Македонија изнесува 12.500 денари, но всушност само мал дел од вработените имаат можност и да го добијат овој износ. Голем е процентот на работниците кои примаат минимална плата или, пак, чии плати доцнат по неколку месеци.

До пред две години сиромаштијата беше карактеристична за селата. Сега таа влегува во градовите. Стапката на сиромаштијата е највисока токму во Скопје. Околу 34 отсто од групата млади од 15 до 19 години се без образование, без работа и за нив нема никакви обуки што може да биде погубно за нив како личности, но и за општеството во целина, предупредуваат социолозите. Како последица на екстремната сиромаштија во земјава, веќе 500.000 граѓани ја напуштиле Македонија земајќи билет во еден правец, цели региони се напуштени, а се претпоставува дека следува уште еден голем емиграциски бран.

Според најновите анкети, осумдесет и четири отсто од македонските граѓани се загрижени за лошата економска состојба - економскиот развој, невработеноста и сиромаштијата носат несигурно секојдневие и бесперспективна иднина. Од година во година стапката на сиромаштија се зголемува. Додека во деведесеттите таа во Македонија изнесуваше два процента, во 1997 година, кога се направени првите мерења на степенот на сиромаштијата според светски стандарди, достигна 19,1 отсто, а во 1998 година степенот на сиромаштијата изнесуваше 20,7 отсто. Во 2001 година проценетиот степен на сиромаштија во Македонија веќе изнесуваше загрижувачки 24,6 отсто. Бројот на невработените само за една година се зголеми за 10.000 лица.

Македонија во декември 2005 година стана земја кандидат за влез во ЕУ, но  далеку е од европските стандарди на многу полиња, особено кога се работи за животниот стандард на просечните граѓани. Прост пример - кога Австријците ги анкетирале и ги запрашале што е за нив дефиниција за сиромаштија, тие одговориле: да не можеш да купиш нов автомобил, да немаш мобилен телефон и да не можеш да си дозволиш пристоен годишен одмор. Претпоставувате. Во Македонија на истото прашање луѓето одговориле: сиромаштија е да немаш да јадеш леб. Тоа е македонската стварност, за коли и одмори не се ниту размислува. Во суровата македонска транзиција само двесте Македонци живеат на висока нога, а еден милион на вересија. Во Македонија и дефинитивно е загубен средниот слој на општеството, најброен слој во секое добростоечко оштество и столб на општеството. На врвот на општествената пирамида се сконцентрирани мал број на граѓани, додека с$ е поголем бројот на оние кои рапидно се приближуваат кон дното на општествената хиерархија.

Што во практика значи губење на средниот слој?

Економистите велат дека средниот слој претставува гарант за социјална стабилност, а неговото исчезнување значи акумулација на големо социјално незадоволство, отворени или прикриени конфликти, зголемување на сите форми на криминалот, проституција. Работи што последниве години станаа наше секојдневие. А, грабежот, митото и корупцијата станаа македонскиот модел за трансформација на капиталот.

Каде е излезот од сиромаштијата?

Светска банка & препорачува на Владата да ги забрза реформите. Но, лесно е да се каже, а многу тешко да се направи. Обично реформите подразбираат и укинување на работните места, скратување бенефиции и слични непопуларни мерки кои предизвикуваат незадоволство кај граѓаните. Нашите експерти, пак, велат дека не треба да измислуваме ништо ново. Доволно е да го искористиме искуството на развиените земји, а пред с$, велат тие, потребна е политичка волја за да се средат работите. Истото го мислат и граѓаните кои, според истражувањата, токму  притисокот на пратениците врз Владата го  гледаат како излез од сиромаштијата, но просечниот граѓанин смета дека македонската економија може да се спаси и со инвестирање во малиот бизнис и со инвестирање во капитални објекти, скратување на работниот стаж и со ангажирање на работната сила во странство.

Кој е вистинскиот пат?

Вистинскиот пат за излез од сиро­маштијата сигурно постои, но јасно е дека патот е долг, а многумина изма­чени од сиромаштијата и губењето на достоинството не сакаат да чекорат по долги патишта. Сакаат решенија сега и овде. Но, сепак, да не заборавиме! Патот и колку да е долг, ако не тргнеме веднаш по него, никогаш нема ниту да стасаме на целта.

 

Претприемништво како излез од сиромаштијата

“Сиромаштијата може да се искорени само преку обука, образование и претприемништво. Вие можете некому дам у помогнете на тој начин што ќе му дадете краткорочен заем, но ако тоа не е инвестиција, парите ќе се пот­рошат, а тој што позајмил, повторно ќе биде на почетокот: без пари и образование, плус заемот како товар”, вели Тетјана Лазаревска од раководството на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). Оваа фондација обезбедува финансиски и нефинансис­ки услуги. Нејзините активности се под­држани од Амбасадата на кралството Холандија.

“Нашата улога и понатаму ќе биде да обезбедиме пристап, еднакви можности за сите граѓани, без разлика дали се од руралните или од урбаните подрачја. Улогата на МРФП е да врши истражувања, да идентификува проблеми и да предлага решенија”, дадава Лазаревска.

Од почетокот на 1999 година, до крајот на јуни оваа година МРФП пласираше повеќе од 16 милиони евра како под­дршка на инвестициите на микро и ма­лите претпријатија. Заедно со сопствените вложувања на корисниците и учеството на банките кои што се акредитирани од МРФП како финансиски посредници, таа сума изнесува повеќе од 27 милиони евра. Пред да се реализираат заемите, бројот на вработени во кредитираните претпријатија изнесувал 6.410, а планираниот број на нововработени бил 1.070. Најголем број корисници се од секторот земјоделство (67,65%), додека на другите отпаѓаат помали проценти, услуги 15,92%, преработка 10,44% и трговија 6%. Адекватно на ова, најголем број корисници (61,48%) се од руралните подрачја.

Лазаревска истакнува дека досега организирале многу обуки за стручни веш­тини и претприемништво, кои се по­кажале ефективни. На пример, обу­ките им овозможија на младите Роми да се стекнат со стучно знаење кое подоцна ќе ги зголеми можностите за нивното вработување. Според податоците од ром­ските граѓански организации и изјавите на работодавците кои беа вклучени во проектот околу 60% од кандидатите (30 лица) може да се надеваат на вработување/дополнителна обука иако ова не претставуваше обврска на работодавците.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA