среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 10

   

Марија стамболиева

Евроинтеграциите и младинските граѓански организации

Европа, или поточно Европската Унија, денес е многу повеќе од заедница на држави со единствен пазар. Унијата секојдневно се соочува со предизвиците на градење заеднички економски и правно-политички систем. Работата на европските институции[1], како и создавањето и надградувањето на т.н. ацљуис цоммунаутаире[2], постојано се надополнуваат во правец кон постигнување единство со истовремено почитување на разликите. Потврда дека овој процес е макотрпен и не толку блескав, како што можеби изгледа, погледано однадвор, е неприфаќањето на европскиот устав во референдумското изјаснување на граѓаните на Франција и на Холандија. Целокупната кампања пред фактичкото гласање за европскиот устав беше водена во духот на промоција на чувството на заедничка припадност и придобивките за т.н. граѓанин на Европа. Посебно внимание притоа им беше посветено на младите, кои беа издвоени како посебна целна група, кон која беа насочени активностите на бројни младински организации[3], поддржани од страна на европските фондови. По јасното “НЕ” за европскиот устав од страна на граѓаните на Франција и на Холандија, отпочнува процесот на анализа на причините кои ја мотивираат таквата граѓанска определба: дали станува збор за недоволна развиеност на чувството за европска припадност и повторно јакнење на националните концепти или за неприфаќање на тенденцијата кон централизација и создавање центар на моќ во Брисел, кој би ги занемарил потребите на граѓаните, а со тоа и би се спротивставил на суштинските принципи на граѓанската демократија. Резултатите од овие анализи ќе покажат дали ќе бидат потребни прилагодувања или редефинирање во приоритетите и/или методите за нивно постигнување, што секако покрај рамките на Европската Унија, има ефект и врз земјите кои претендираат да станат нејзин составен дел. Но пред да се оценат состојбите во ЕУ во споредба со истите во Македонија, во однос на младите и младинските граѓански организации,  се поставува прашањето:
 

Кои европски фондови им се достапни на младинските граѓански организации од Македонија? 

Младинската програма на Европската комисија е програма којашто е насочена кон поддршка на иницијативи на младински граѓански организации низ Европа. Преку овозможувањето младите да поминат одреден временски период во друга европска држава, како и да разменуваат искуства и да се ангажираат заедно со млади од различни заедници, целта е да се придонесе кон јакнење на концептот на европското граѓанство. Младинската програма е конзистентна со пошироката визија на ЕУ кон земјите на Западен Балкан, така што целите на истата кон овој регион се однесуваат на јакнење на мирот, стабилноста, меѓусебното разбирање, како и јакнење на граѓанскиот сектор преку развој на граѓанските организации и овозможувањето активно учество од страна на младите. Младинските граѓански организации од Македонија[4] можат да аплицираат за поддршка на активности во 3 од 5 акции во рамките на оваа програма, и тоа во соработка со партнерски организации од т.н. програмски земји[5].

Во рамките на младинската програма егзистира т.н.. САЛТО ресурсен центар за Југоисточна Европа[6], со седиште во Словенија, којшто на младинските граѓански организации им нуди информации за програмата, контакти со партнерски организации, поддршка со обука, како и придонесува кон дефинирање на стратешките определби за иден развој. Од јули 2005 во секоја од земјите на Југоисточна Европа номинирани се младински организации како контакт-точки[7], кои би требале да служат како поддршка на ресурсниот центар во ширењето информации за младинската програма во односните земји. Во врска со тие идни определби, предлогот на Европската комисија за продолжување на програмата по 2007 година веќе се однесува на рамноправно вклучување на земјите од Југоисточна Европа како полноправни членки во истата.

Советот на Европа не прави дискриминација во однос на “националната” регистрација на младинските граѓански организации од Европската Унија и од другите европски земји, истовремено членки на Советот, кога станува збор за поддршка на младински иницијативи. Финансиската поддршка се реализира пред с$ преку Европската младинска фондација, а покрај тоа, младинската програма на Советот на Европа обезбедува и обуки, студиски сесии, интеркултурни јазични курсеви, советодавна поддршка, а сето тоа во насока на остварување на приоритетите[8] во областа на човековите права, поддршка на дијалогот, овозможување и поттикнување младинско учество, постигнување демократско граѓанство, социјална кохезија и развој на младински политики. Цврстата определеност за реализација на овие цели се гледа и во методите на одлучување, кои ги користи самиот Совет на Европа, што значи дека стратешките определби, но и конкретните одлуки, се донесуваат како заеднички напор на претставниците на младинските граѓански организации и претставниците на владите на земјите членки.

Покрај овие можности коишто се нудат на европско ниво, постојат и други фондови, пред с$со локален фокус, кои пред да бидат спомнати, потребно е да се даде одговор на прашањето: Колку младинските граѓански организации од Македонија се информирани, ги користат или се во можност да ги користат постоечките европски фондови и воопшто каква е состојбата со младинскиот граѓански сектор и младите во Македонија?

 
Активности на релација Македонија - Европа 

Младите во Македонија, како впрочем и младите од Југоисточна Европа, во последните 15-тина години се погодени од целокупните  општествени случувања во регионот. Младата генерација е личен сведок на клучните историски промени во системот на државно и општествено уредување, кој преку макотрпен и дури крвав начин на трансформација направи пат за вредности како што се демократијата, граѓанското општество, човековите права... Од 1998 година, по донесувањето на Законот за здруженијата на граѓани и фондации, бројот на регистрирани граѓански здруженија, како една од формите на граѓанско дејствување во заедницата, интензивно се зголемува. И додека младите во периодот на социјализмот беа организирани преку Комунистичката партија, денес тие преку најразлични форми на организирање можат да ги изразат своите интереси и мислења во различни области од живеењето. Меѓутоа, наспроти формално-правните можности за поголемо учество на младите, истражувањата[9] покажуваат намален интерес за младински активизам. Во Македонија, според “Основната студија за младински трендови” од 2004 година, најголем број од младите не се членови на граѓанско здружение, а дел од оние кои се членови на граѓанско здружение повеќе го претпочитаат неформалното дружење отколку дејствување во структурирана организација. Причините за ова може да се согледаат во губење на ентузијазмот на младите во општата разочараност од целокупната политичко-економска ситуација во земјата, како и запоставувањето на младинските проблеми и потреби од страна на државата. Така, додека младите во периодот на социјализмот беа приоритет на државата, денес во услови на масовна невработеност, зголемена сиромаштија и пораст на криминалот и несигурност, младите се една од најпогодените групи во општеството. 

Зголемено внимание на потребите и интересите на младата популација во земјата се забележува во изминатите 2 години, кога поголем број младински граѓански организации од земјата, на транспарентен и партиципативен начин беа вклучени во процесот на изработка на Националната стратегија за младите, усвоена од Владата на Република Македонија во декември 2004 г. Истовремено, во предлогот на Владата на Република Македонија од мај 2005 г. за пристапување кон подготовките за учество во првата група на програмите на Европската Унија, како една од посебно издвоените програми[10] е токму младинската програма на Европската комисија. Покрај оваа програма, која ја стимулира иницијативата на младите и промовира активен придонес на младите во градењето на Европа преку нивно учество во прекугранични размени, приоритет ќе им биде даден и на програмите во областа на образованието[11], чија целна група, меѓу другите, се младите од училишното и од високото образование. 

Покрај овие инцијативи, кои с$ уште се во зачеток, генерално, кога станува збор за конкретна реализација на поддршката на младинскиот активизам, состојбата е далеку од добра. Младинските организации располагаат со мал капацитет од човечки ресурси, ретки се оние организации коишто имаат постојано вработен кадар, па поради нередовното присуство на млади луѓе во организацијата, планирањето и реализацијата на активности често пати се доведува во прашање. Една од причините за тоа е и непостоењето соодветна правна регулатива којашто би создала услови за поддршка на волонтерското ангажирање. Друга причина се недоволните финансии, така што не можат сите младински здруженија да се пофалат со соодветни логистички услови за непречено функционирање (канцеларија, телефон, факс, компјутер, интернет) или пак со постојани извори на приходи со кои би ги покриле трошоците за редовно работење и за вонредни активности. Главната поддршка доаѓа од страна на меѓународните донатори коишто имаат свои претставништва во земјата. Фрагилниот бизнис-сектор не е мотивиран да вложува во граѓанските организации, пред с$ поради отсуство на соодветни правни услови (пред с$ во областа на финансиското работење и даночните поволности и ослободувања). Спорадично одобрените проекти, и тоа пред с$ од страна на погореспомнатите меѓународни донатори, покрај што придонесуваат за зајакнување на одредени организации, од друга страна ја поттикнуваат конкуренцијата меѓу организациите во борбата за привлекување на ограничените фондови. Оттука разбирливи се потешкотиите во меѓусебната соработка на младинските организации, како и евентуалната координација на заедничките интереси во насока на обединување под единствена младинска платформа институционализирана преку Младинскиот совет на Македонија[12].  Недостатокот на поддршка од страна на државата ризикува разводнување на позитивните резултати што се гледаат во консензусот постигнат меѓу младите при изработката на Националната стратегија за младите. Имено, по усвојувањето на стратегијата, државата треба да поведе сметка за разработка на акциски планови и да обезбеди средства за конкретна реализација на утврденото. Наместо тоа, се случуваат кратења на фондовите на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, како единствена државна институција којашто треба да обезбедува информации, домашни и меѓународни контакти и поддршка за младинските организации, посебно во услови на веќе постоечки можности за искористување на европските фондови и за проширување на истите.

Единствената директна поддршка којашто ја обезбедува државата е преку годишното доделување средства од буџетот на Република Македонија, меѓутоа истите се однесуваат на сите граѓански здруженија, а поконкретно со европски предзнак се средствата коишто ги доделува Секторот за европска интеграција при Владата на Република Македонија, а обезбедени од страна на Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ), каде младинските граѓански организации учествуваат без посебна предност, туку само по случаен избор. 

Дури за потребите за пристапување во програмите на Европската Унија, Република Македонија е обврзана да издвои средства од буџетот на државата, во чијшто недостиг делумното финансирање во 2005 г. се обезбедува од страна на програмата КАРДС [13].  Во рамките на истата, под приоритетната област: Демократија и владеење на правото[14], со посредство на Европската агенција за реконструкција[15], доделувани се средства за поддршка на граѓанскиот сектор во Македонија. Од нив, само два, одобрени во 2004 г., се директно насочени кон младите луѓе и кон младинските граѓански здруженија. Станува збор за тековни проекти, чии активности се спреведуваат и ќе траат до средината на 2006 година.

Проектот под наслов “Јакнење на капацитетите на селектирани граѓански организации” се изведува со посредство на Данскиот совет за бегалци и има за цел да го поддржи јакнењето на капацитетите на селектирани граѓански организации во делот на извршување на нивните активности и нивниот капацитет во соработка со други граѓански организации, со јавноста, со локалната и со централната власт. Од шесте организации коишто се избрани да учествуваат во проектот, половина се младински.

Проектот “Младинска кампања за толеранција: Заедно за младите”, раководен од страна на Британскиот совет, е во целост фокусиран на младински мрежи и младински ориентирани организации и има за цел јакнење на свеста за толеранција меѓу младите, отворање дијалог за заеднички теми поставени од страна на младите низ поддржување на имплементацијата на Националната стратегија за младите како осознавање на природата и потенцијалот на младинските граѓански организации за развивање национална младинска коалициска платформа, како што е дефинирано во статутот на Европскиот младински форум. 

Од горенаведеното може да се забележи дека голема е потребата од зајакнување на младинските организации, обезбедување услови и можности за работа, информации и тренинг, ширење на идејата за младински активизам и воопшто зголемување на одржливоста на младинските структури. За таа цел потребно е постигнување поддршка од страна на заедницата и вклучување на што е можно поголем број млади луѓе. Во спротивно, нереално е да се очекува поттикнување на соработката за приближување кон европските младински структури, што секогаш се јавува како опасност во ситуација на следење на пристапот “одгоре надолу”.  Ризикот од овој пристап, каде младите, односно младинските организации, следат наметнати агенди, е особено изразен во ситуација на само два одобрени проекти за млади под програмата КАРДС и директно изведувани од страна на надворешни добавувачи Од една страна постои опасност младинските организации да не можат да развијат чувство на припадност кон проектот, а понатаму младите индивидуално да гледаат со недоверба кон ефектите од работата на младинските организации[16]. Од друга страна, интензивирањето на вложувањето во младинските организации (преку информации, обука, логистичка поддршка) ќе придонесе за нивно осамостојување и насочување кон реализација на своите потреби и интереси. Тоа вложување неопходно е да биде долгорочно и во стратешките определби на сите релевантни субјекти, како што се државните институции, локалната средина, бизнис-секторот, разните европски и други меѓународни субјекти. Во продолжение ќе се постигне соработката со други организации на локално, на регионално или на европско ниво да се олеснува, зашто ќе биде базирана на рамноправност на партнери во функција на слична или иста цел.

Таков е примерот со организации[17] коишто имаат подолгогодишно искуство во своето постоење во земјата и коишто се веќе дел од одредени европски младински структури. Иако овие организации не егзистираат изолирани од случувањата во сеопштественото опкружување, сепак имаат предуслови за одржливост и како такви опстојуваат како рамноправни истомисленици во одредена европска младинска организација. Самите европски младински организации, пак, препознавајќи дека изворот на европските вредности е во секоја пора од секојдневното демократско живеење, а истовремено согледувајќи ја заканата од прераснување во масовна структура, раководена  изолирано и бирократски, усвојуваат и разработуваат политики и методи за поддршка на “послабите” членки[18]. На таков начин, низ процес на препознавање на вистинските потреби и проблеми на организациите членки, а не со наметнување “одгоре надолу”, европското ниво има позитивен повратен ефект. 

Дека ваквата застапеност на младинските организации во Европа, гледано преку членство во европски организации, не е доволна, потврда е фактот што погоренабројаните организации се пред с$ од областа на образованието и не можат да ги задоволат сите потреби на младите луѓе. Потребно е дејствување на младите во сите области коишто ги засегаат, како што се вработувањето, социјалната и здравствената заштита, културата и слободното време, човековите права, меѓуетничката толеранција, родовата еднаквост, животната средина, учеството во процесот на донесување одлуки, меѓународната мобилност итн. С$ уште се ретки примерите на организации коишто се вклучуваат во проекти со европски предзнак, коишто ги користат европските младински фондови и коишто стануваат препознатливи во рамките на одредени регионални и европски мрежи.  
 

Заклучок: Реални перспективи?

Младинските организации во Европската Унија се категорија во која се инвестира, која е вклучена во транспарентните консултативни процеси на донесување одлуки во сите области од општественото живеење, кои се однесуваат на младите, директно или индиректно, што е еден од начините за поголема достапност на европските институции и почитување на граѓанската изворност во идејата за Европа, па сепак граѓаните во европското “НЕ” за Уставот ги потсетија сопствените влади и Европската управа дека е потребно многу повеќе. Во Македонија, пак, со цел за менување на внатрешните состојби, потребно е декларацијата дека младите се извор на општеството во којшто треба да се инвестира, да прерасне од флоскула во вистинска заложба, во која ќе се создаваат услови младите да го искористат сопствениот потенцијал во насока на креирање на сопствената иднина. Само така ќе преминеме од живеење на европска мисла во европска реалност.


--------------------------------------------------------------------------------

[1]              Pova`ni institucii na EU se: Evropskiot parlament, Sovetot na Evropskata Unija, Evropskata komisija, Evropskiot sud na pravdata. 
[2]              Vo prevod od francuski “zakonodavstvo na Unijata” ili seto ona {to e sozdadeno kako pravna i politi~ka pridobivka vo tekot na razvojot na Unijata.
[3]              Najgolemata kampawa za informirawe za Ustavot i negoviot ratifikaciski proces be{e predvodena od Evropskiot mladinski forum (me|unarodna organizacija koja{to gi obedinuva nacionalnite mladinski soveti niz Evropa i me|unarodnite mladinski organizacii, so cel da gi pretstavuva interesite na mladite na evropsko i me|unarodno nivo). 
[4]              Makedonija spa|a vo grupata na partnerski zemji od Jugoisto~na Evropa i mo`e da u~estvuva vo programata pod strogo utvrdeni kriteriumi. 
[5]              Programski zemji se 25 ~lenki na Evropskata Unija, 3-te ~lenki na EFTA/EEA (Island, Lihten{tajn, Norve{ka) i 3-te zemji so asocijativen status (Bugarija, Romanija, Turcija).
[6]              SALTO e kratenka od Support for Advanced Learning and Training Opportunities {to vo prevod od angliski zna~i Poddr{ka za napredno u~ewe i mo`nosti za obuka.  
[7]              Za Makedonija toa se: Mladinskiot forum “Oko” - Struga, YMCA-Skopje, Sovet za prevencija na maloletni~ka delikvencija - Kavadarci 
[8]              Prioriteti definirani za 2006-2008 godina.  
[9]              “Pome|u predizvicite i mo`nostite: Mladite lu|e vo Jugoisto~na Evropa” - Izve{taj na Evropskiot mladinski forum, 2001 g.  
[10]         Predlo`eno e u~estvo vo 11 programi na Evropskata komisija do 2007 g.  
[11]         Programite Leonardo da Vin~i II i Sokrates II, koi po 2007 g. se integriraat vo edinstvena programa Lajf-long lrning (Life-long Learning) so osnovna cel preku do`ivotnoto u~ewe da pridonesuva kon razvoj na Unijata.  
[12]         Vo Makedonija, kako i vo pove}eto zemji od Jugoisto~na Evropa, otsustvuva t.n. mladinski sovet, kako ~ador-organizacija koja{to bi gi obedinuvala site mladinski organizacii od zemjata.  
[13]         KARDS (Community assistance for reconstruction, development and stability) ili vo prevod od angliski: Poddr{ka od Evropskata Unija za rekonstrukcija, razvoj i stabilnost, ~ij korisnik e Republika Makedonija od 1996 godina.   
[14]         Drugi prioriteti se: ekonomskiot i socijalniot razvoj, sudstvoto i prirodnite resursi. 
[15]         EAR e agencija koja gi menaxira glavnite programi na Evropskata Unija za poddr{ka na Srbija, Crna Gora, Kosovo i na Makedonija. 
[16]         Spored “Osnovnata studija za mladinski trendovi”, 2004 g., del od mladite lu|e gi sfa}aat gra|anskite organizacii kako mo`nost za “perewe” pari, sredstvo za ostvaruvawe li~ni interesi, celi na politi~kite partii ili sproveduvawe na interesite na stranski dr`avi.
[17]         Kako {to se Unijata na sredno{kolcite na Makedonija - ~len na OBESSU, Nacionalnata studentska unija na Makedonija - ~len na ESIB i AE@EE, AIESEK, IAESTE, JEF-~lenovi na istoimenite evropski organizacii i drugi. 
[18]         Prete`no toa se organizaciite od Jugoisto~na i Isto~na Evropa.

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA