Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Донатори

   

Донатори

ИОМ


Помош при миграциите и за приближување кон ЕУ


Интернационалната организација за миграции - ИОМ во Македонија работи од 1999 година - таа, како и повеќе други, пристигна по косовската криза. ИОМ претставува меѓувладина (intergovernmental) и непрофитна организација, формирана во 1951 година во Женева, каде и денес се наоѓа нејзиното седиште. Има 93 држави-членки и 30 држави-посматрачи. Македонија и Европската унија спаѓаат во втората категорија.

Мандатот на оваа организација е да им помага на владите на државите кои се соочуваат со проблемите на миграциите.
Како што ни рече г. Томазо де Каталдо од македонската канцеларија на ИОМ, оваа организација помага владите да се справат со проблемот на миграциите за време на кризи, за враќање на мигрантите, за остварување на нивните права, како при случаи на миграција на трудот (сезонски работници), нелегални миграции, трговија со луѓе и други аспекти на овој проблем.
ИОМ во Македонија работи на неколку програми, финансирани од различни донатори.
Она што г. Де Каталдо го нагласува како долгорочна стратегија за Македонија, е работата на поддршка на имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во Европската унија. Односно, ИОМ на различни начини ќе & помогне на Македонија да се приближи кон членството во ЕУ.
Освен со Владата, се остварува и соработка со македонските невладини организации, бидејќи се смета дека НВО се важен елемент за развојот на граѓанското општество и на стабилноста на државата. Важен момент е да се поддржи населението самото да најде решенија за своите проблеми, а не секогаш да се свртува кон помош од надворешни организации.
ИОМ спроведе неколку информативни кампањи за проблемот на трговијата со луѓе во Македонија, обезбеди тренинг за полицијата, работеше на застапувањето од областа на миграциите, на правилно управување на границите и друго.
Важен проект што се спроведува во Македонија, во соработка со државните органи, со невладините организации и со самите жртви, е проектот за борба против трговијата со луѓе. Овој проект во ИОМ го сметаат за важен на долгорочен план. Исто така, успешно се реализира и Иницијативата за градење довербата, која почна лани како двегодишен проект.
Во реализацијата на сите овие активности, ИОМ добива поддршка од владите на државите на Европската унија, Канада, САД, Јапонија и други донатори.

М.Иванова

ИСПРАВКА
Во минатиот број на “Граѓански свет”, во текстот “Зошто ви се пари?” се направени неколку грешки: полниот назив на Програмата АМПЕП е “Програма за подобрување на животот на луѓето во Албанија и Македонија – АМПЕП (Albania and Macedonia Peoples’ Empowerment Programme AMPEP)”, а не “Програма за намалување на сиромаштијата во Македонија и Албанија - АМПЕП”, како што беше објавено. Оваа програма во Македонија се спроведува една и пол, а не пет години. Им се извинуваме на АМПЕП и на читателите (за подетални информации обратете се на www.ampep.org.mk).

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 21 Ноември 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Кноцепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA