среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 5

   

Марија Рајковчевска

Земјоделските здруженија - фактор за намалување на руралната сиромаштија

1. Вовед:

Земјоделските здруженија како граѓански организации

Земјоделските здруженија се регистрирани со Законот за здруженија на граѓани и фондации врз основа на членовите 5, 18, 20 и 76 (Сл. весник на РМ бр. 31/98).

Земјоделските здруженија се правна форма на организираност и како другите здруженија припаѓаат во организации од непрофитабилен и невладин сектор.

Одржливоста на непрофитабилните организациции е поврзана со нивните активности и начинот на финансирање и е збир од последователни и континуирани активности на здружението што ќе го води до постојано развивање и јакнење на сопствените капацитети.

1.1. Форми на одржливост на земјоделските здруженија

Земјоделските здруженија во Р. Македонија постојат од педесеттите години, но нивното масовно формирање почнува во 1996 година. Во посттранзицискиот период производителите во Р. Македонија останаа без организирани форми на производни капацитети, коишто ги извршуваа оперативните задачи во целина. Многу од земјоделските комбинати се трансформираа во приватна сопственост, а земјоделските задруги не успеаја да го следат трендот на пазарното стопанство. Со тоа земјоделските производители останаа неорганизирани и расцепкани, незапознени со своите права и премногу мали за да можат да опстојуваат во пазарни услови.

Можно решение за организација на граѓаните во правен субјект претставува здружението. Таа цел од 1996 година ја поддржуваше и  Проектот за поддршка на индивидуалните земјоделски производители при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, финасиран од Светска банка.

Главна цел за која се формираат земјоделките здруженија е застапување, заштита и остварување на интересите и правата на земјоделските производители во Р. Македонија, како и  развојот, унапредувањето на одржливо, современо и економски ефикасно земјоделство. Стратешките планови и програмските активности на здружението треба да овозможуваат информираност, едукација и зеднички настап на граѓаните кои се членови во здружението.

1.2. Анализа на земјоделските здруженија и начинот на нивното финансирање

Во Р. Македонија постојат регистрирани 125 здруженија од земјоделскиот сектор (според податоци на Македонскиот советодавен сервис за развој на земјоделството Агроменаџер од  2004 г.).

Основни форми на финасирање на земјоделските здруженија како непрофитабилни организации се:

-  годишна членарина;
-  месечна членарина;
-  основни активности на здружението;
-  програмски активности (пр. воведување квалитет на производот) финасирани од сопствено учество или финансирани од проект;
-  пакети на услуги за своите членови;
-  пакети на услуги за други корисници.

Според спроведената анкета од 2002 година, просечниот број членови во едно здружение е 30 членови, а просечната годишна членарина е 300 денари по член.

2. Земјоделките здруженија како производна единица

Земјоделските здруженија како граѓанска организација може да бидат и производна единица бидејќи нејзините членови се земјоделски  производители и покрај граѓанските права, тие можат да оставарат и други заеднички  интереси.

Според формата на организираност, како правен субјект здруженијата може да креираат свој заштитен знак или трговска марка, може да воведуваат квалитет на своите производи и континуирано да го контролираат тоа. Членовите во здружението можат заеднички да набавуваат репроматеријали за потребите на нивната организација и да склучуваат договори за пласман на своите производи. Сe повеќе е присутно заедничкото маркетиншко претставување на саеми, изложби и бизнис-средби.

Многу битен елемент е формирање база на податоци на своите членови како човечки ресуси, природни ресурси од регионот и други капацитети кои се во функција на граѓаните во тие организации.

Кога земјоделското здружение прераснува во производна единица, одржливоста на здружението станува реалност. Здружението добива идентитет и е препознатливо во регионот. Членовите ги остваруват своите цели преку активностите, и тоа преку директно влијание на подобрување на финансиската состојба на производителите.

Преку здружените активности за заедничко производсво раководството и менаџерскиот тим организираат и последователни обуки во правец на подобрување на производните резултати.

Битен елемент во одржливоста на здруженијата кога тие финкционираат како производна единица е и активирањето на локалните структури, како што се другите граѓански организации, општините, јавните претпријатија и профитните компании во различни модели на соработка. Воспоставувањето линкови во регионот и на локално ниво ги насочува членовите на здружението на повисок однос на соработка, така што во  спроведувањето на програмските активности се вклучени повеќе актери и тие го прифаќаат здружението како форма која работи за општо добро.

3. Земјоделските здруженија - фактор за намалување на руралната сиромаштија 

3.1. Развој на нови производни технлогиии

Од голема важност за развојот на земјоделските здруженија е кога едукацијата во земјодескиот сектор ја обезбедуваат здруженијата. Тие се во состојба да ги едеуцираат своите членови за основните права во граѓанското општество, но исто така да ги едуцираат и насочуваат кон нови производни технологии.

Поголем дел од здруженијата се вклучени во проекти кои обезбедуваат едукација на членовите за теми што се важни за работењето на  организација. Кога здружението ќе има мандат пред своите членови тогаш членовите се обраќаат  до раководните структури, за тековни активности  кои се идентификувани како потреба во текот на годината.

Обуки за нови производни технологии се секогаш актуелни во земјоделските здруженија, членовите ги посетуваат во голем број и континуирано имаат побарување за продолжување на активностите.

Во изминатиот период земјоделските здруженија имаа можност да ги подобрат своите вештини во технолошките процеси, а некои од нив и се едуцираа во други гранки од претходните со коишто работеа, наоѓајќи повеќе перспектива во друга дејност.

Кога на граѓаните кои не се вклучени во постоечките земјоделски здруженија им се потребни информации за одредена технологија, пристапуваат во локалните здруженија, барајќи поддршка.

Во некои случаи и други организации кои се во непосредна врска со земјоделскиот сектор се идентификувани од граѓаните како промотори на нови технологии. За тоа се пример еколошките граѓански организации кои им обезбедуваат на граѓаните услуги и од земјоделството, или пак здруженија на граѓани од социјални организации.

Овој начин на поврзување на организациите и локалното население е битен елемент во одржливоста на здруженијата, а со тоа се докажува дека на граѓаните им се потребни препознатливи здруженија кои се вклопуваат во локалните структури на  општествениот  систем и едноставно се грижат за локалното население и граѓаните и пошироко од своето членство.   

3.2. Обезбедување вработување

Граѓанските организации во текот на своето работење спроведуваат активности кои активираат човечка работна сила од различни профили. За да може една организација да работи, покрај управните органи, како што е управниот одбор и надзорниот одбор, потребни се и секретар или административно лице, менаџер и различни тимови кои извршуваат оперативни задачи.

Вработувањето во здружението може да биде:

- финансирано од проект, и тоа најчесто координатор на проектот и тим вклучен во реализација на проектот;
- финансирано од членовите на здружението, како што е секретар или административно лице.

Со обезбедување вработување во здружението се генерираат повеќе приходи, на ниво на локална општина се поттикнува интересот на граѓаните за учество во граѓанскиот сектор и се работи на професионализација на организацијата.

Земјоделските здруженија користат и други непосредни модели на вработување и вообичаено се од членовите на организацијата, пример, Здружението на градинарите Екоградинар од Добрејци. Здружението има регистрирано земјоделска аптека којашто ги снабдува членовите кои се производители на градинарски култури со репроматеријали (семе, ѓубриво, препарати) и го снабдува и другото население со потребните срдства. Приходите, оносно профитот, по исполнување на финансиските  обврски,  остварен со оваа комерцијална дејност, го користи здружението за финансирање на активностите во здружението. На тој начин здружението станува независно од донатори и друга финансиска помош.

Друг модел на вработување може да биде кога преку здружението се поттикнуваа развој на индивидуални мали  бизниси. Еден член во рамките на семен бизнис може да произведува одреден репроматеријал, со кој ќе ги снабдува пред сe членовите на здруженито, пример Здружението на пчеларите од Берово. Еден од членовите произведува сотни основи и навремено ги снабдува другите членови со овој репроматеријал, со пониски цени во споредба со продажните во трговските фирми.

Земјоделските здруженија во своите организации имаат потреба и од вработување стручен кадар. Покрај тековните активности како граѓанска организација, стручни лица, односно агрономите се двигатели на програмските активности во здружението. Така, членовите од здружението немаат расцепкан приод кон проблемите, и услугите од зружението ги бараат на едно место.

Бенефициите од овие начини на вработување се анализирани во изминатите години во текот на активностите на проектите кои беа вклучени во поддршка на здруженијата.

Последниот проект на Светска банка во 2003 г. на 50 земјоделски здруженија им обезбеди финансиски средства за две работни места за агрономи-технички советници со договор на дело за тримесечен период. Вклучените здруженија во проектот Финализација и стандардизација на производот добија кадар којшто ги водеше активностите за квалитет на производот, создавање лого, преработка и пакување на производот.

3.3. Спречување на миграцијата село-град

Основната причина за миграцијата село-град во нашите услови е немање доволни приходи за животот во село, потешкотии во остварување на граѓанските права, како што е образованието и здравството и неквалитетниот социјален живот.

Пред сe, граѓаните го наведуваат немањето егзистенција што споредбено со градската средина можеби нуди повеќе можност за работа, но анализирајќи ги и другите трошоци што сами по себе ги носат градовите, разликата останува незначителна. Но, сепак, за семејство коешто живее во село, а не поседува имот, состојбата е многу лоша и младата популација се одлучува да мигрира во град.

Со зголемувањето на активностите во граѓанскиот сектор, развојот на руралната средина и активирањето на можностите за вработување и создавање приходи, младата популација има повеќе реални причини да го продолжи својот живот од средината од каде што потекнува.

Кога овластувањата на локално ниво за развој ќе преминат во одлучување на локалните структури и ќе се почитува партиципативниот модел во стратешкото планирање на селските општини, тогаш во рамките на селото се создава инфраструктура којашто би требало да ги извршува основните услуги на жителите, истите оние коишто ги добиваат жителите во град.

Здруженијата присутни во регионот, поврзувајќи се со локалните институции, можат да го мобилизираат населението и да го вклучат во активности поврзани и пошироко со регионот.

Досега покажан како успешен механизам е развојот на рурален туризам, којшто сe уште е во зародиш, но сe повеќе  организации го детерминираат како цел. Здруженијата можат да се појават како организатори на руралниот туризам и да ги користат постоечките капацитети кои ги има во населеното место. Здруженијата можат да ги вклучат и директно своите членови во логистичка поддршка, активирајќи ги сопствените капацитети. Посебно овие модели се присутни во европските земји каде што производните капацитети, како што се фарми на село, се прилагодуваат во места атрактивни за туризам.

Значајна улога во подобрување на социјалниот живот е организирање различни клубови, во коишто свој интерес можат да има младата популација.

Во некои населени места ни се познати и примери на збратимување со други населени места од други држави. Овие активности и контакти се остваруваат преку здруженијата, а членовите имаат можност да разменат искуства, да престојуваат едни кај други преку организирани студиски патувања.

Сите овие модели обезбедуваат поголема отвореност на популацијата којашто живее во село, зголемување на вредностите на една индивидуа и наоѓање интерс за живот во селска средина.

4. Улогата на здруженијата во синџирот на снабдување со храна

Посебно значење во изминатиот период & беше дадено на улогата на здружението во синџирот на храна што дирекно води кон одржливост на самата организација, анализирана како производна единица во посебни алки.

Здружението може да ја има улогата и на  затворен систем на комплексот на синџирот на снабдување со храна со благо комбинирање на други индиректни учесници.

Сето ова е со цел здружението да функционира за застапување на интересите на членовите, развојот и унапредувањето на одржливо, современо и економски ефикасно земјоделство во Р. Македонија и за создавање услови за здрав живот, здрава исхрана и здрава и незагадена животна средина, како и задоволување на потребите на консуматорите и нивна заштита при користењето на земјоделските производи.

Во понатамошниот текст ќе биде објаснето што значи локална храна и кои придобивки можат да се остварат.

4.1. Предности на производсвото на локалната храна

Принцип на локална храна
Тоа се принципи кои се составен дел од синџирот за снабдување со храна  од еден регион што најдобро би функционирал. Во тој случај би се исполниле повеќе претпоставки и цели на производителите,  претприемачите  и потрошувачите.

Теоретски претпоставки
Теоретската основа на студијата лежи во теориите за додадена вредност и за управување со синџир за снабдување. На локалната храна се гледа како потенцијален извор на вредност за различните учесници  во синџирот за храна. Од друга, страна  локалниот систем за храна се смета за алтернативен образец за снабдување со храна за поконвенционалниот индустриски тип на снабдување со храна. Според Марсден и др. (2000), во периодот на алтернативниот синџир за храна, голем акцент треба повеќе да се стави на типот на односите помеѓу производителот и потрошувачот, отколку на самиот производ, како и на улогата на овој однос во создавањето вредност. Последователно, се комбинираат идеите за размислување засновано на додадена вредност и управување со синџир за снабдување, со цел да се види како мал локален добавувач на храна може да заземе поволна положба на локалните пазари на храна.

Создавање вредност за потрошувачот е претходен услов за конкурентна предност. Локалната храна и локалниот систем за храна се гледаат како потенцијален извор на конкурентна предност на мала рурална фирма. Сепак, за да ги засноваат своите бизниси на локалното, на локалните добавувачи на храна им се потребни ресурси и способности, од кои една од најважните е разбирањето на вредноста за потрошувачот. Вредноста за потрошувачот во овој контекст се однесува на вредноста што сака да ја добие потрошувачот кога користи локални производи и кога купува производи од локалниот синџир за храна, наместо да користи нелокални национални увозни производи добиени преку конвенционален синџир за снабдување. Од најголема важност во денешното размислување засновано на додадена вредност е дека производителите треба да имаат длабоко разбирање за сопствените активности на потрошувачот за создавање вредност. Согласно на тоа, обидувајќи се да ја експлоатираат локалната храна како додадена вредност, руралните преработувачи на храна треба да ги разберат и научат тие користи и последици кои употребата на локалната храна ќе ги има во катеринг-единиците. Во презентацијата на овој случај се приоѓа на создавањето вредност за потрошувачите врз база на моделот за хиерархија на вредноста за клиентот и на мешаниот модел за вредноста за клиентот на Кемперман и Ван Хален. Во хиерархискиот модел за вредноста за клиентот задоволството на клиентот се дели на задоволство базирано врз атрибути, задоволство базирано врз последици и задоволство базирано врз цел. Во мешаниот модел за вредноста за клиентот на Кемперман и Ван Енгелен, користа за клиентот, жртвата на клиентот и ризиците за клиентот се комбинирани да резултираат во посеопфатен  поглед на вредноста за клиентот.

Сфаќањето на создавањето на вредноста за клиентот е поврзано со управувањето со синџир за снабдување. Управувањето со синџирот за снабдување има за цел интеграција на балансирачката понуда и побарувачка низ целиот синџир за снабдување, каде што напорите се прават да ги здружат добавувачите и клиентите во еден симултан деловен процес. Широко дефинирано, тој ги покрива сите активности на додавање вредност во целиот синџир. Целта на управувањето со синџирот за снабдување е да генерира најмногу вредност не само за една фирма, туку за целата мрежа на синџирот за снабдување, вклучувајќи ги крајните корисници.

Главни учесници во секторот 
Добавувачи на репроматерјали за производство> производители>преработувачи>претприемачи>продавачи на големо>супермаркети 

Здруженијата можат да го прифатат овој модел и да преставуваат посредници помеѓу сите учесници во синџирот. Наедно, најголем успех постигнуваат кога самата организација е двигател на целиот синџир на снабдување со активно учество на тимови од своето членство. Со тоа предностите со практицирање на локална храна добиваат во значење на организацијата и пошироко на регионот.

Кои се предностите во практикување на принципот на локална храна може да се види од следните претпоставки и цели коишто ги исполнува локалната храна. 

Димензии на локалната храна

Последици и вредности од употреба на локална храна
Квалитет на Производ>>>>>>Висококвалитетни производи
Карактеристики на производот (боја, вкус, свежина)
Рационални испораки>>>>>> Економски предности
Кратки транспортни
Ниски трошоци на испорака на дистанци                              
Директни испораки
Заштеди во работно време
Мало производсво>>>>>>Еколошка одржливост      
Производсво и преработка на фарма
Пријателски за околината
Заштеди во енергија   
Неиндустриско производсво>>>>>>Следење во синџирот за храна
Познавање на  потеклото на производот
Производите се препознатливи
Диференцирани производи  
Социјален и регионален развој>>>>>>Блиски врски
Локално производсво и преработка
Отворена комуникација
Локален регионален развој од локални учесници                                   
Директна повратна информација
Вработување локално население
Одржување на виталноста на руралните средини

5. Вистински случај за одржлива граѓанска
организација

Од перидот од 1996 година до денес земјоделските здруженијата се стремеа кон одржлив развој на своите организации, користејќи ги  претходно наведените механизми. Некои од нив успешно го изминаа патот на организација и одржливост, а некои од нив притиснати од недоволната логистичка поддршка, недоволното познавање на раководењето и други надворешни и внатрешни причини, го минуваат побавно својот развој.

Како пример за одржлива организација во овој текст ќе биде наведена организацијата на пчеларите, односно Регионалниот сојуз на пчеларите Матица. Во Регионалниот сојуз членуваат четири локални здруженија од Свети Николе, од Штип, од Пробиштип и од Велес. Седиштето на здружението е во Штип, а канцеларијата има задача да ги координира активностите во Сојузот .

Секое здружение има свои програмски активности кои се во склоп со стратегијата на Регионалниот сојуз. На ниво на Сојузот, има организација од четири производни единици коишто ги снабдуваат членовите со репроматеријали, и тоа: здружението во Пробиштип произведува биопогачи, здружението во Велес произведува медоносни растенија и сандаци за одгледување пчели, здружението во Свети Николе го откупува медот од членовите и го обезбедува пласманот. Здружението во Штип е центар за едукација на млади пчелари и континуирана едукација на членовите кои веќе се занимаваат со дејноста.

Во рамките на Регионалниот сојуз, членовите работат и преку комерцијалната фирма “Медко” којашто може легално да се грижи за пласманот и маркетингот на медот.

Здружението во Свети Николе во сопственост има преработувачки капацитет којшто од суров и неспакуван производ го пласира медот во различни пакувања од 20 грама до 900 грама со заштитна марка на здружението и на Регионалниот сојуз Матица.

Со овој начин на организација Регионалниот сојуз Матица обезбеди препознатливост на својата организација во регионот, но исто така и кај другите учесници во секторот, како што се постоечките развојни проекти и институциите на регионално и на национално ниво.

Промоцијата на организацијата е заедничка на ниво на сите здруженија, преку настапи на саеми и изложби, семинари и обуки. Сите здруженија учествуваат рамноправно во процесот на одлучување и реализација на програмските активности. Преку овој начин на организација и распределба на активностите се вработени неколку лица и постои можност за понатамошно  вработување. 

Заклучок 

Значење на граѓанскиот сектор
Граѓанскиот сектор во Р. Македонија има трендовски пораст.

Одржливоста на земјоделските здруженија е спој на активности и планирања водени на тренспарентен начин. Придобивките од спроведените активности и реализирани проекти треба да ги имаат сите членови на здружението последователно во тимови или на ниво на организација.

Изборот на менаџерскиот тим во здружението треба да биде на демократски начин и да подлежи на мониторинг и менување во согласност со  условите во кои се работи и во согласност со постигнатите резултати.

Здружението треба да има јасни цели и да се стреми да ги оствари истите.

Ако членовите јасно не ја идентификуваат целта на нивното здружување има голема веројатност здружението да нема одржлив развој.

Здружението и неговите членови поминуваат низ фаза на учење и ако членовите очекуваат брзо или пак нетранспарентно решавање на проблемите, здружението нема да може да одговори на тие барања.

Во здружението сите членови имаат исти права и обврски и сите треба да работат за иста цел.

Земјоделските здруженија станаа прифатени како од граѓанските организаци, така и од владините институции, односно од МЗШВ.

Здруженијата учествуваат во подготовки на развојни програми, тркалезни маси при разработка на стратегии за секторот и предлози на законски решенија и легислативи.

Во Програмата за поддршка на  секторот за 2004 година здруженијата можат да бидат поддржани и со одредени финансиски средства ако нивните програми се во согласност со развојната програма на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Граѓанскиот сектор (развојни проекти, фондации) ги поддржуваат здруженијата во различни форми (логистички, финансиски за одредени активности, учествуваат во едукација, обезбедуваат експерти од различни области и др.).

Улогата на граѓанските организации зазема сe посериозен третман во Р. Македонија.

Земјоделските здруженија стануваат и реално решение за намалување на руралната сиромаштија и одржливиот развој.



Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA