среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 7

   

Амабасадор Донато Кјарини
 

I. Иднината на Балканот во рамките на ЕУ и улогата на граѓанското општество во процесот на демократизација

 

Взаемното дејство меѓу европските институции и опшеството има различни форми  и тоа првенствено се гледа преку Европскиот парламент како избран претставник на граѓаните на Европа, како и во институционализираните советодавни тела на ЕУ (Економско-социјалниот комитет и Комитетот на регионите), кое е засновано на улогата  што институциите ја имаат согласно договорите, како и на помалку формализираните директни контакти со заинтересираните страни.

Во овој контекст, граѓанските здруженија играат важна улога како фацилитатори на широкиот политички дијалог. Поради ова, Белата книга за европско владеење ја нагласи важноста за вклучување на овие организации во своите процеси на консултации со следната изјава: “Граѓанското општество игра важна улога во давањето глас за потребите на граѓаните и нуди услуги кои ги задоволуваат потребите на луѓето. С$ повеќе, граѓанското општество ја гледа Европа како некој кој нуди добра платформа за промена на политичките насоки и општеството. Тоа е вистинска можност граѓаните да се вклучат поактивно во исполнувањето на целите на Унијата и да им се понуди структуриран канал за повратна информација, критика и протест”.

Комисијата посебно поттикнува доследен пристап во претставувањето на граѓанските здруженија на ниво на Европа. Оваа специфична улога на граѓанските здруженија во модерните демократии е тесно поврзана со основните права на граѓаните да создаваат здруженија со цел да ја остваруваат заедничката цел, како што е истакнато во член 12 на Европската повелба за основни права.

Правото на граѓаните да формираат здруженија со цел да ја остварат заедничката цел е основната слобода во една демократија која ги создава темелите на слободата, почитувањето на човековите права и основните слободи и владеењето на правото - како принципи кои им се заеднички на државите членки на ЕУ.

Во текот на последните децении, партнерството помеѓу Европската комисија и граѓанските здруженија се прошири на сите фронтови. Ова интензивирање на партнерството опфати серија прашања, почнувајќи од политички дијалог и политички решенија, па с$ до раководење со проекти и програми, и тоа и во рамките на  ЕУ, но и во рамките на нејзините земји-партнери.

С$ повеќе, граѓанските здруженија се признати како значаен составен дел на граѓанското општество, кои како такви обезбедуваат вредна поддршка на демократскиот систем на владеење.

Европската комисија се стекна со дополнителни одговорности во многу нови политички области, и тоа соодветствуваше на постојано растечкиот број граѓански здруженија кои дејствуваат во рамките и надвор од Европа и на проширувањето на обемот на нивната работа. Овој тренд може да се види во растечкиот број национални граѓански здруженија кои се создаваат или се приклучуваат кон европските здруженија и мрежи.

Со проширувањето на ЕУ и со зголемувањето на јавната контрола на работите на ЕУ, нема причина да веруваме дека овој процес ќе се забави.

Тековната пракса на Комисијата ја докажува нејзината подготвеност да го одржи и зајакне нејзиното партнерство со граѓанските здруженија. Во моментот, се проценува дека годишно се наменуваат преку 1.000 милиони евра, директно од Комисијата, наменети за проекти на граѓански здруженија. Главниот дел од оваа помош е во деловите надворешни работи за развојна соработката, човекови права, програми за демократија, и особено  хуманитарна помош.

Развојот и зацврстувањето на демократијата е исто така главна политичка цел на Заедницата во нејзината соработка со земјите во развој и го надминува процесот на проширување. Партнерствата со локалните граѓански здруженија во земјите во развој се посебно важни во тој поглед,

Улогата на граѓанските здруженија е клучна во претставувањето на гледиштата на европските институции за одредени групи граѓани (како што се лицата со посебни потреби, етничките малцинства) или за специфични прашања (како што е животната средина, благосостојбата на животните, светската трговија), особено што многу граѓанскит здруженија ја имаат способноста да стигнат до најсиромашните и до непривилегираните за да го обезбедат гласот на оние кои се недоволно слушнати преку други канали.

Во европскиот контекст, граѓанските здруженија ја играат оваа улога не само во однос на Комисијата, туку и во однос на Европскиот парламент, Економско-социјалниот комитет, Комитетот на регионите и на Советот. Нивното вклучување во формулирањето и спроведувањето на политиката помага да се добие јавно прифаќање на ЕУ. Во некои случаи, тие можат да играат улога на баланс за активностите и мислењата на другите заинтересирани  страни во општеството.

Посебната експертиза со која граѓанските здруженија ќе можат да придонесат кон политичките дискусии, преку нивните врски на локално, на регионално, на национално и на европско ниво, можат да обезбедат експертски придонес за изготвувањето на политиките на ЕУ. Посебно, тие можат да обезбедат повратни информации за успешноста или за неуспешноста на конкретните политики и на тој начин да придонесуваат кон задачата на Комисијата за дефинирање и спроведување политики преку целосно водење сметка за сопствената јавна и политичка одговорност.

Придонесот на граѓанските здруженија е посебно важен во справувањето со општественото исклучување и дискриминацијата, заштитата на природната животна околина и давањето хуманитарна и развојна помош. Експертизата и посветеноста на вработените во граѓанските здруженија и нивната подготвеност да работат под тешки оперативни услови значи дека граѓанските здруженија се неопходни партнери на Комисијата и во рамките на ЕУ и надвор од неа.

Поттикнувајќи ги националните граѓански здруженија да работат заедно за да ги остварат заедничките цели, европските мрежи на граѓански здруженија прават важен придонес кон создавањето на “европското јавно мислење” што често се смета како предуслов за воспоставување вистински европски политички ентитет. Истовремено, ова исто така придонесува кон промовирањето на европската интеграција на практичен начин и често пати на локално ниво.

Така, зајакнувањето на односите меѓу Комисијата и граѓанските здруженија може да им помогне на двете страни да бидат поуспешни во исполнувањето на нивните посебни цели. Истовремено, Комисијата ќе треба да го признае и поддржи развојот и независноста на граѓанскиот сектор.

Заедничката определба на народите на Европа да се спојат во Унијата стана носечката сила за мир, демократија, стабилност и просперитет на нашиот континент. Амбициозниот процес на надминување на проблемите околу наследството и поделбата на Европа денес означува неспоредлива историска пресвртница во довршувањето на овој процес со примањето на 10-те нови земји.

Според таканаречните копенхагенски критериуми, членството во ЕУ бара земјата кандидат да постигне стабилност на институциите, гарантирајќи демократија, владеење на правото, на човековите права и почитување и заштита на малцинствата.

Понатаму, со европската перспектива на петте земји на Западен Балкан е потврдена и определбата на Европската Унија да ги поддржи напорите на потенцијалните кандидати - да се придвижат поблиску до Европската Унија. Во оваа насока граѓанските здруженија можат да дадат важен придонес кон развојот на демократијата и граѓанското општество во земјата.

Делегацијата на Европската комисија во Скопје, во согласност со Процесот на стабилизација и асоцијација (САП), одблиску и со огромен интерес го следи развојот во економскиот и општествениот сектор, но исто така е многу заинтересирана за поддршка на процесот на јакнењето на граѓанското општество, вклучувајќи ги граѓанските здруженија, со цел да обезбеди унапреден форум за дијалог со граѓаните на Европа.

Развојот на глобалната граѓанска посветеност кој поттикнува поединци да размислуваат за нивните права и одговорности и нивната способност да влијаат врз промените, меѓу другите фактори, се јавуваат како клучен елемент на кој му е потребно соодветно внимание и поддршка.

Разбирањето на улогата којашто граѓанските здруженија може да ја имаат во градењето демократија, поттикнувањето плурализам, подобрувањето на правдата, борбата против сиромаштијата, коригирањето и дополнувањето на државата, мораат да бидат поддржани. Уште пошироко, треба да се подвлече дека цврстото воспоставување на владеењето на правото е процес во кој граѓанското општество како целина мора да игра улога и затоа работата на граѓанските здруженија треба подобро да биде вреднувана.

Процесот на стабилизација и асоцијација останува политичка рамка за да се помогне на патот кон ЕУ што е признато и поддржано од целата меѓународна заедница и од земјите во регионот. Тоа е стратегија за влез која воведува европски вредности, принципи и стандарди во регионот, која во дадено време ќе им обезбеди влез во Европската Унија.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA