Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 60

   

Аким Штајнер, новоизбран директор на Програмата за екологија на Обединетите нации

Екологијата е значаен сегмент во сите сфери на општественото живеење

Аким Штајнер е новиот директор на Програмата за екологија на Обединетите нации (УНЕП), а едно од неговите последни официјални појавувања како директор на ИУЦН (Светска организација за зачувување на природата) беше на меѓународната конференција „Проценување на екосистемите и искоренување на сиромаштијата” што се одржа кон крајот на април во Копенхаген, Данска, во организација на Ком+Алијанс и данското Министерство за надворешни работи, каде и се водеше овој разговор.

Кои се постигнувањата со коишто се гордеете како директор на ИУЦН а на што не би сакале да се сеќавате за време на Вашиот мандат?

Морам да признам дека сум горд што бев на чело на организација којашто укажа дека зачувувањето на природата мора да биде еден од главните приоритети.

Зачувувањето на природата е една од клучните работи, знаењето од оваа област ни кажува како можеме да опстанеме ние на оваа планета. Токму поради значењето на оваа област, ИУЦН има партнери насекаде во светот, а многу земји с$ повеќе сакаат да се вклучат во процесот на зачувувањето на природата. Мене ми е битно што свеста за она што значи зачувување на природата од ден на ден е на с$ повисоко ниво.

Што е она што ме прави помалку среќен? За жал, за овие години, како ИУЦН, така и воопшто светските екоорганизации не успеаја во целост да изнајдат начин како да управуваат и како да дојдат до одржлив развој на  екосистемите во Африка, во Азија и во Латинска Америка. Но, мислам дека по самитот во Рио де Жанеиро работите се менуваат. По Рио, се создадоа илјадници невладини организации, локални авторитети, бизнис-групи коишто и буквално имаат илјадници иницијативи и акции низ светот, кои градат една нова мрежа на партнерски односи и пат кон одржлив развој.

Кое е Вашето мислење во однос на Европска Унија и нејзиниот одговор на екопредизвиците? 

Ако погледнете што се случува во Европа, од еколошки аспект, мислам дека постои многу охрабрувачки напредок. На пример, директивата за водите, што ја разви ЕУ последните години, навистина е лекција како треба управувањето со водените ресурси да биде дел од пристапот кон екосистемот. Слично, со обидите за заедничка агрикултурна политика, ЕУ не се обидува само да го донесе производството на жито до максимум, туку и фармерите навистина да научат што значи управување со земјиштето, и во оваа област има позитивен прогрес.

Која е улогата на програмата за животна средина на Обединетите нации?  

Програма за животна средина на ОН не е предвидена да управува со светската програма за животна средина. Треба да се запрашаме која е улогата на УНЕП (Програмата на ОН за животна средина), споредувајќи ја со прашањето каква улога имаат другите програми на ОН. На пример, улогата на Светската здравствена организација на полето на светската здравствена заштита, или пак, каква улога има ФАО кога се работи за прашањата за агрономија, или пак, за плодноста на почвата. Мислам дека сега една од клучните дебати ќе биде каква улога може да одигра одредена програма на ОН и каде ќе биде нејзиното место во “оркестарот” на светската организација во зависност од капацитетите внатре во ОН. Во овој момент, бидејќи уште официјално не сум ја презел улогата на прв човек на УНЕП, не можам конкретно да зборувам за плановите, но јасно е дека има многу работи и теми коишто треба да се усогласат. Има многу несогласувања околу работата на полето на животната средина. Ако погледнете, владите коишто сакаат да дејствуваат еколошки имаат многу пречки во процесот на преговори затоа што постојат несогласувања на кој начин треба да се решааваат прашањата поврзани со екологијата. Но, охрабрувачки е што сите мислат дека и покрај несогласувањата, мора да се оди напред и да се решаваат

 

Ако погледнете што се случува во Европа, од еколошки аспект, мислам дека постои многу охрабрувачки напредок. На пример, директивата за водите, што ја разви ЕУ последните години, навистина е лекција како треба управувањето со водените ресурси да биде дел од пристапот кон екосистемот, проблемите од областа на животната средина. Државите мора да ги прифатат меѓународните договори, а со тоа и одговорноста којашто произлегува од тоа. Имате многу пати случај кога одредена држава не сака да спроведе некаква резолуција во својата земја, не затоа што во таа одредена земја се прави токму тоа, туку државите понекогаш  ги избегнуваат меѓународните обврски.

Ова бегање од меѓународните обврски особено се однесува на земјите во развој коишто имаат впечаток дека с$ повеќе и повеќе им се наметнуваат меѓународни обврски, без некакви конкретни резултати и награди од развиените земји. Но, јасно е дека ниту една земја, вклучувајќи ги и големите земји, како што се Кина, Бразил или Индија, без помош на меѓународната заедница не можат да се борат сами и во изолација со еколошките проблеми, кои впрочем и не познаваат граници. Сметам дека токму од овие причини УНЕП  игра и ќе игра значајна улога во решавањето на екопроблемите во кој било дел на светот.

Дали сметате дека организациите за животна средина и за одржлив развој можат да ги пренесат ефективно нивните пораки?

Мојот одговор е едно големо ДА. Мислам дека е многу важно да имаме еден поширок фокус во смисла дека она што го работиме и нашето знаење  треба да ги споделиме со други, а прво  треба да го чуеме гласот на оние луѓе кои се засегнати од одреден проблем. Мислам дека големината на организациите коишто се занимаваат со животна средина е токму таа  што во своето дејствување согледале што значи да се биде фармер во сиромашни, во секој поглед, подрачја во Африка или во Азија. И јас мислам дека еден од предизвиците - посебно во светска организација како што е организацијата ИУЦН каде што досега бев директор, е дека мора да се сфати дека луѓето мислат прво на сопствениот опстанок и не бараат одговор за опстанок на другиот.

Како организација којашто работи насекаде во светот, ИУЦН се обидува да создаде едукативна платформа каде експертите за животна средина би се среќавале со луѓе, укажувајќи им на важноста на спроведувањето на планот за одржлив развој. Оваа едукација не се однесува само на односот организации-јавност, туку и нивото на знаење за одржлив развој внатре во организацијата мора да биде одлично.

Во светот с$ уште се трошат огромни суми пари на одбрана, вклучително во најразвиените земји.

Дали гледате некаков напредок во однос на тоа дека луѓето во одбраната го редефинирале зборот сигурност и дали според Вас постои навестување од нивна страна дека го сфатиле значењето на екологијата и во овој сегмент?

Сигурно е дека екологијата денес има големо значење и за оние кои се занимаваат со одбрана. Екологијата значи стабилност, заработка за живот, било да се работи за поединец, нација или држава. Мислам дека од оваа точка на гледиште и одбрана & дава значење на екологијата, но повеќе како стратегија на справување, отколку што ја сметаат екологијата како сигурносна агенда. И, секако, не заборавете да ја погледнете и сигурносната стратегија и екологијата од различни перспективи - индивидуална, национална, глобална. Но, факт е дека  ниту една  сфера на општественото живеење не може, а да не смета на екологијата како на значаен фактор.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA