среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 5

   

Имиџот на граѓанските организации во јавноста

Маја Митрова

Како јавноста го перципира граѓанскиот сектор и фактори кои придонесуваат за таквата перцепција

Како јавноста го перципира граѓанскиот сектор - прашање делумно тешко, кое бара многу истражувања преку анкетирање на обичниот граѓанин.

Во текстот не се спомнуваат имиња, а сепак актерите би можеле самите себеси да се препознаат. Текстот е реален и ја предочува перцепцијата за граѓанскиот сектор во тиквешкиот регион и факторите кои придонесуваат за таквата перцепција.

Македонија е земја во која човекот како социјално битие е фрлен во рацете на безумието. Човекот, како поединец, многу ретко може да биде активен во областа којашто ја посакува тој и која би го усовршувала. Земјата во која живее тој и која треба да се грижи за него, затоа што без него не би постоела, го фрла во состојба на страдање, наместо да се грижи за неговиот опстанок, а кога еден човек, едно дете страда, на страдање е осудена целата држава.

Секој граѓанин на оваа земја, секојдневно, е во потрага по некоја дејност која ќе му донесе подобра егзистенција. Но, за жал, тој секогаш наидува на пречки во таа сопствена потрага за подобро утре.

Невработеноста, односно борбата за егзистенција, како проблем, како една од поголемите прашања за опстанокот на човекот, својот одговор или своето решение го наоѓа многу почесто во граѓанските организации, отколку во државните институции во Македонија, каде што секојдневно без работа остануваат голем број граѓани. Во граѓанските организации секој граѓанин може да ги покаже своите идеи, можности или способности без да биде фрлен во бездна.

Врз основа на тоа, имиџот на граѓанските организации во јавноста расте значително многу, во позитивна смисла на зборот и заинтересираноста за вклучување во нив секојдневно се зголемува.

Но за зголемувањето на имиџот на граѓанските организации клучен или важен фактор не е само вработувањето, односно невработеноста, туку овде се вметнуваат многу поважни проблеми со чие реализирање или помош се остваруваат голем број прашања важни за развојот на човекот и човековата средина.

Македонија, како една од земјите каде што мошне голем проблем е лошата социјална положба на човекот, вклучувајќи го овде човекот без оглед на неговата верска, национална и политичка припадност, многу често е потпомогната од странски донации. Со нивната помош голем број граѓански организации имаат отворена можност да му помогнат на социјално загрозеното население, на хендикепираните и на старите изнемоштени лица. Денес многу често, како по медиумите така и низ гласот на народот, ние сме информирани за многу такви хумани потези за помош на овие лица.

Гледано од таа перспектива, имиџот на граѓанските организации во јавноста е многу важен.

Меѓутоа, покрај факторите кои придонесуваат за позитивен имиџ на граѓанските организации, постојат и фактори кои прават негативна слика за нив. За опаѓањето на имиџот на граѓанските организации мошне голема улога имаат следниве фактори:

1. Преголема вмешаност на партиски личности - градоначалници во граѓанските организации;
2. Опаѓање на рејтингот на една граѓанска организација која не е во непосреден контакт со владејачката партија;
3. Усвојување проект, донација за проектот и негово нецелосно ре­али­зирање.

Како проблеми кои се значајни за опаѓањето на имиџот на граѓанските организации во јавноста, ќе се задржам на секој од нив поединечно.

1. Преголема вмешаност на партиски личности - градоначалници во граѓанските организации

Некои граѓански организации поседуваат големи способности за изготвување проекти кои би биле од голема важност или од голема помош за животната средина. За жал, проектите многу често, а може да се рече и секогаш се отфрлаат затоа што тој проект не би донел некоја поголема финансиска поддршка за одделни личности, или пак нема да биде дозволен од градоначалникот на една општина затоа што тој припаѓа на една партија, а случајно подносителот на проектот е од друга партија или пак личност непозната за партиската личност - градоначалникот. Сите ние живееме во едно општество каде најчесто мерило за успех е партиската припадност, а не способноста и знаењето.

Така, на пример, една граѓанска организација од една општина изготвува проект за организирање хуманитарна уметничка изложба со која би се зголемила уметничката култура во градот, а со продадените уметнички дела би му се помогнало на социјалното население со храна, облека и слично (на почетокот кажав дека ќе зборувам за тиквешкиот регион). За да го реализира проектот, таа граѓанска организација мора да побара поддршка од градоначалникот на таа општина за местото каде што треба де се реализира сето тоа. Но, тој проект кој е од голема важност за општината е одбиен поради причина неприфатлива за една демократска држава, како што е партиската припадност. Градоначалникот нема да дозволи просторија за таа цел; стопанските субјекти и фирмите од каде е побарана помош, доколку се негови партиски војници, ги лиши од можноста да помогнат во целата таа манифестација, со еден збор, ја користи својата функција максимално за да го попречи реализирањето на проектот.

Со тоа се доаѓа само до создавање партиски граѓански организации, а не граѓански организации кои треба да содржат граѓани, без оглед на нивната верска, национална или партиска припадност. За да се надмине тој проблем треба да се формира некое друштво за реализирање и одобрување проекти изготвени од граѓанските организации, а подносителите на проектите да ги поднесуваат проектите не лично, туку под шифра.

Доколку некоја фондација смета дека некој проект е мошне добар за една општина и може да го поддржи, таа фондација треба да помогне во односот измеѓу градоначалникот и граѓанската организација. Со еден збор, граѓанските организации не би требало да имаат директни контакти со градочалникот на една општина, за да се избигне партиското прифаќање или неприфаќање на проектот.

Денес се формираат многу граѓански организации кои се помогнати од некоја партиска личност, а со тоа се прави во една општина да се издвојува токму таа организација, додека другите паѓаат во сенка и остануваат со нереализирани проекти.

2. Опаѓање на рејтингот на една граѓанска организација која не е во непосреден контакт со владејачката партија

Многу често рејтингот на една граѓанска организација опаѓа затоа што таа нема никакви контакти со владејачката партија. Зошто е така? Повикувајќи се на примерот од претходната точка, тоа е така затоа што една таква организација е секогаш ставена во сенка, никогаш нема реализирано некој проект, односно нема добиено средства за реализирање на тој проект, па со тоа доаѓа до разочарување на членовите и нивно постепено намалување. Членовите кои излегле зборуваат меѓу граѓаните дека само оние граѓански организации кои се поврзани со владејачката партија успеваат, за да на крајот дојде до едно целосно распаѓање и опаѓање на имиџот не само на таа граѓанска организација, туку на секоја. Па така, често пати, ќе слушнеме: “Таа граѓанска организација успева во с$ затоа што не е невладина граѓанска организација, туку е владина граѓанска организација. Повикувајќи се на зборот ’Нневладина’, ќе ја искористам можноста да кажам дека во иднина подобро би било овој збор да не се употребува, затоа што звучи грубо и поттикнува сомневање кај граѓаните, а наместо тој збор да се практикува зборот ’ГРАЃАНСКА’”.

3. Усвојување проект, донација за проектот и негово нецелосно реализирање

Многу граѓански организации добиваат донации за одредени проекти, но многу често тие проекти не се реализираат целосно. Тоа е така поради недоволната контрола од страна на фондацијата која донира средства, па многу често остатокот од средствата се користи за лични цели. Така, незадоволството од граѓанските организации расте и кај граѓаните вклучени во таа организација, а и кај граѓаните кои очекуваат повеќе од таа организација.

Така, на пример, една граѓанска организација добива донација за хуманитарни цели за хендикепирани лица: маици, обувки, книги, моливи и сл. Дел од таа донација таа ги става настрана и потоа од нив вади други парични средства. Поконкретно, тоа ќе го кажам на следниов начин: граѓанската организација добива пакети со по 200 маици, обувки, книги, моливи и сл., но таа  само половина од нив ги користи за хуманитарни цели, а половина ги препродава и ги претвора во парични средства.

За да се избегне сето тоа, фондацијата којашто ги донира средствата, со свои претставници, треба директно да учествува во хуманитарната акција или медиумите да бидат целосно вклучени. Преку медиумите, граѓаните би дознале за активностите на граѓанските организации, а и начинот на кој се извршуваат. Со тоа, имиџот на граѓанските организации значително би се зголемил, наместо секојдневно да опаѓа по едно скалило.

Сите овие фактори, покрај кои постојат и други помалку важни, доведуваат до опаѓање на имиџот на граѓанските организации. Така јавноста го перципира граѓанскиот сектор, а горенаведените проблеми се многу важни фактори кои придонесуваат за таквата перцепција.

Секој проблем одделно е важен објект во кој е вметнат некој субјект (поединец), кој го намалува нивото на значителност на проблемот, којшто го занемарува, го прави невидлив и незначаен.

За да не биде тоа така, односно за да се спречи опаѓањето на рејтингот/имиџот на граѓанските организации, како и да се спречи нереализирањето на одделни проблеми кои се мошне значајни за човекот, треба да се отфрли тој субјект од сферата на објектот. Значи, треба да биде обратно: граѓанскиот сектор како објект треба да го неутрализира субјектот кој има големо влијание во опаѓањето на имиџот на граѓанските организации и во реализирањето на одделни проблеми значајни за човековиот развој и развојот на човековата средина или, поточно, објектот да го задржи обликот на објект и да не преминува во субјект.

Ова истражување е мошне значајно за понатамошното издигнување на имиџот на граѓанските организации, но, се разбира, доколку се направи нешто повеќе околу овие фактори коишто го рушат имиџот на граѓанските организации.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA