среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 9

   

Сунчица Саздовска

Филантропијата во Македонија - меѓу желбите и можностите


Вовед

Во контекст на намалување на меѓународното донаторско присуство во Македонија и регионот и намалувањето на фондовите за здруженијата на граѓани, организацијата во која работам, како и повеќето други локални граѓански организации, се соочува со предизвикот на барање алтернативни, пред с$ локални извори на средства и поддршка. Водена од тој мотив, барав информации и врз основа на нив се обидов да направам анализа на состојбата на полето на индивидуалната филантропија во Македонија и нејзините перспективи. Во текстот користев податоци од неколку истражувања и официјални статистички податоци, како и други информации добиени преку интернет. Посебна благодарност за нивниот придонес сакам да упатам до интервјуираните соговорници и соработниците од регионот кои ги споделија своите искуства.


Поим и кратка историја на филантропијата

Филантропијата подразбира „напор или склоност да се зголеми добросостојбата на човештвото преку хуманитарна помош или донации” или „љубов кон човештвото” генерално. Филантропијата се дефинира и како „дух на активна добра волја кон другите којашто се демонстрира во напор да се промовира нивната добросостојба”. Терминот многу често се користи како синоним и се поистоветува со зборот „милосрдие”.

Секоја година во светот се собираат огромни суми пари од филантропски побуди и с$ поголем број луѓе учествуваат во самото прибирање пари. Во многу земји филантропијата е инкорпорирана во владината политика во форма на намалување на даноците за придонес во добротворни цели.

Во дамнешни времиња, пак, милосрдието било вообичаено промовирано врз религиозна основа со верба дека ќе помогне да се осигура награда во задгробниот живот, мотив кој е пронајден во Египет многу векови пред христијанството. Низ историјата, активното учество во филантропијата е посебно карактеристично за западните општества. Како традиционален филантропски идеал на христијанството, се вели дека една десетина од личните приходи треба да одат за милосрдие. Милосрдието е исто така важен концепт и во исламот, во будизмот и во другите религии.

Гледана како начин на директна помош и предизвикување промени во општеството, без користење на бирократските механизми на владата, денеска филантропијата се одвива на многу организиран и координиаран начин. Тоа во голема мера ја елиминира спонтаноста на давањето, а фокусот се поместува од задоволување на итните потреби на долгорочно планирање и спречување идни такви итни потреби. Во обидите филантропијата да се доведе во што поорганизирана форма, почнале да се создаваат првите филантропски фондации. Меѓу првите фондации коишто се основани во Америка се Фондот Пебоди (Пеабодѕ Фунд) основан во 1867 г. за помош во образованието и Институтот за медицинско истражување Рокфелер основан во 1901 г. Фондациите подразбираат давање во голем обем од страна на богатите. Всушност, според конвенционалната дефиниција за филантропија само богата личност може да биде филантроп. Многу индивидуалци кои не биле богати иако го посветиле – донирале својот живот за добротворни цели, никогаш не се опишани како филантропи.    

Америка како земја со долга традиција во филантропијата во 1928 г. собрала повеќе од 2,5 билиони долари за добротворни цели. Промените во фискалната рамка во 1930-тите со воведување цела низа даночни ослободувања, заедно со воспоставените механизми и организираноста на давањето, стануваат клучни за натамошниот подем во прибирање индивидуални донации. 60 години подоцна, во 1988 година во Америка се собрани 104,3 билиони долари за добротворни цели. Од нив 83% од индивидуалци. Половина од донациите отишле во религиозните институции, 8% во образование, 6% во уметност и култура.


Филантропијата не е нова и за Македонија

Филантропијата во македонскиот контекст се јавува како релативно нов термин с$ уште недоволно одомаќинет, но не и како целосно нова појава. Во социјалистичкиот систем давањето од индивидуалците главно се одвиваше под мотото „солидарност”. Солидарноста е дефинирана како „збир на интереси, цели или симпатии помеѓу членовите на една група”. Нејзини синоними се единство, хармонија, заедништво, кохезија, што секако ја одразува идеологијата на комунизмот во смисла на еднаквост меѓу луѓето. Ова во голема мера кореспондира со дефинирањето на филантропијата каде се тежнее кон добросостојба и помош за сиромашните, за нееднаквите, со цел да се намали јазот.

Генерациите кои се образуваа во социјалистичкиот систем сигурно ќе се сетат на многуте акции за собирање солидарни средства за ралични цели. Многу од нив, чии родители не можеа да си го дозволат тоа, имаа можност да појдат на летување благодарение на синдикалните фондови или други солидарни фондови. Повозрасните сигурно добро се сеќаваат на одвојувањата од личните доходи од кои подоцна произлегоа конкретни добивки за заедницата, како Олимпискиот базен и Езерото Треска во Скопје, кои се изградени од самопридонес.

Разликата меѓу солидарното донирање во социјализмот и филантропијата од денешно време се чини дека е во доброволноста. Дефинициите за филантропија го нагласуваат елементот на „желба, добра волја и доброволност”. Дилема е дали и колку механизмите за солидарност во социјалистичкиот систем во суштина биле базирани на доброволен придонес од луѓето или барем колку биле доживувани и прифатени како такви? 


Колку даруваат граѓаните на Македонција денес?


Во последно време се презентираат одредени податоци за тоа колку луѓето во Македонија се расположени да даруваат и често толкувањето на тие податоци е дека е тоа недоволно и дека немаме развиена култура на давање.

Македонскиот центар за меѓунардона соработка (МЦМС) во 2000-тата направи истражување за „спремноста да им се помогне на другите, да се дарува” на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници од 12 градови во Македонија. Три четвртини од испитаниците (77%) дарувале нешто за помош на другите. Дарувањето соодветсвува со висината на семејните месечни приходи, па така дури 96% од оние кои имаат приходи од 25.000 до 30.000 МКД дале позитивен одговор дека дарувале. Разбирливо, најмногу даруваат вработените (84%), потоа учениците и студентите (68%), а најмалку невработените (63%).

Примарен мотив заради којшто се дарува е да им се помогне на децата (19%), потоа да се им помогне на локалната црква или џамија (16%), на болни и хендикепирани лица (15%), а 13% даруваат како израз на солидарност на заедници погодени од земјотреси, поплави и други катастрофи.

Во поглед на институцијата на која и е дадена помошта, како индикатор во кого се има доверба кога се дарува, произлегува дека сепак с$ уште се претпочита помошта да се дава директно, а не преку институции кои посредуваат. Така, 31% помошта им ја дале директно на лицата кои побарале помош, потоа 21% помош дале на црквата или на џамијата, а 18% помошта ја дале на Црвениот крст. Овие податоци наведуваат на заклучок дека во Македонија с$ уште преовладува спонтаното давање, а многу помалку се развиени организираните форми на прибирање средства.   

Најчесто се даруваат пари (38%), стара облека (25%), а помалку храна (8%) и волонтерска работа (2%). Оние кои даруваат пари најчесто тоа го прават на оние кои собираат од врата до врата (44%), а помалку дарувале во кутии наменети за прибирање средства (13%), што повторно укажува на преферирање на давање директно на оние кои имаат потреба, а не дарување преку посредници. Најчесто дарувана сума пари е меѓу 50 и 100 денари (23%).

Оние пак кои досега не дарувале, како најчеста причина за тоа наведуваат дека сметаат дека на нив самите им е потребна помош (22%), следна причина е затоа што не се информирани како се трошат парите (18%), а секој десетти испитаник (11%) одговорил дека на никого не му верува. Овде доаѓа до израз ниската економска моќ на луѓето во Македонија каде огромен број чувствуваат дека не само што не можат да помогнат, туку дека и самите имаат потреба од помош. И од одговорите на тие кои даруваат, и од одговорите на тие кои не даруваат, е очигледна широката недоверба во институциите и во другите луѓе.

На прашањето дали во иднина би дарувале, дури 83% дале потврден одговор. И во однос на одговорите коишто се однесуваат на иднината се потврдува истата мотивација за дарување (деца и хендикепирани), преферирање на дарување пари, преку и досега најчесто користениот механизам – врата до врата, а помала е спремноста за дарување преку поштенска уплатница.

Во 2004 г. МЦМС, во рамките на подготовката на Индексот за граѓанското општетсво во Македонија, направи ново истражување коешто покри дел од горенаведените прашања и коешто во најголема мера ги потврди овие трендови. Ова истражување даде и споредливи податоци со други земји. Располагајќи со податоците од Индексот на граѓанското општетсво во Хрватска, може да се направи споредба со оваа земја од соседството со која сме поврзани со заедничкото минато и с$ уште споделуваме слични социокултурни навики и норми. Податоците укажуваат дека воопшто не заостануваме во однос на хуманоста и дарувањето. Напротив, во услови на значително повисока недоверба (на прашањето: „Дали на другите луѓе може да им се верува”, само 6% дале потврден одговор, наспроти 30,9% во Храватска), македонските граѓани с$ уште даруваат, дури и почесто од граѓаните на Хрватска. 

  

Ако дополнително направиме споредба на некои економски индикатори, ќе видиме дека македонските граѓани се во далеку понеповолна економска положба од храватските граѓани, но сепак и понатаму им помагаат на другите.

 

Според анализата на Институтот за трајни заедници од 2003 г. којашто опфатила 199 здруженија што аплицирале за грантови, многу мал дел од нивниот буџет (не повеќе од 4%) потекнува од индивидуални донации. Светските искуства укажуваат дека во просек граѓанските организации можат да очекуваат до 20% од буџетот да потекнува од индивидуални донации. Причината за ниското ниво на индивидуални донации на здруженијата на граѓани во Македонија треба да се бара, од една страна, во тенденцијата и навиката на здруженијата во барањето грантови за проекти и за прибирање средства многу почесто да се обраќаат до меѓународни донатори и фондации, а многу помалку да користат други методи за прибирање средства и многу поретко за таа цел да се обраќаат кон домашната јавност и граѓаните. Од друга страна, причината треба да се бара во недовербата во институциите и преферирањето помошта да се дарува директно (спонтано) на оние кои имаат потреба, а многу помалку преку посредници. Спонтаното давање тешко може да се регистирира, па затоа и нема извори на податоци коишто јасно можат да потврдат дали македонските граѓани имаат навика да даваат или не, дали даваат многу или малку, често или ретко. Па така останува да се потпреме на впечатоците на луѓето и нивните самоперцепции за тоа колку даваат. Но во секој случај од податоците наведени погоре е јасно дека две независни анкети (направени на различен примерок) укажуваат дека постои високо расположение за давање во Македонија. При тоа не треба да се пренебегне податокот дека тоа останува на високо ниво и покрај многу високата недоверба во инститиуциите на сиситемот и високата недоверба во другите луѓе. Имајќи ги на ум и ниската економска моќ на поголем дел од населението, големата невработеност и широкораспространетата сиромаштија, се чини дека очекувањата во врска со расположението на луѓето за давање и тешко би можеле да бидат на повисоко ниво. Напротив, граѓаните на Македонија покажуваат дека с$ уште, и покрај тоа што секојдневно се соочуваат и се справуваат со сериозни сопствени проблеми, се соживуваат со заедницата, соседството, се грижат и сочувствуваат со другите луѓе и сакаат да помогнат. Останува прашањето како волјата и високото расположение соодветно да се ефектуира, односно да се создадат едноставни и достапни механизми за организирано дарување пари, добра и време.

 
Препреки за развој на филантропијата во Македонија

По осамостојувањето на Македонија настапи период кога с$ од претходниот систем како да беше подзаборавено и негирано, вклучувајќи и низа позитивни вредности. Па така и градењето на свеста и промовирањето на културата за давање, посебно во поглед на воспитувањето на младите генерации, беа ставени сосема на маргините или беа целосно изоставени од образовниот систем.
Сега одново се јави потреба да го развиваме и промовираме концептот на филантропија, но сега во поинаква форма по примерот на западните модели, па оттаму е и недостатокот на развиени механизми, доволно сознанија и прифаќање.

Неповолната законска рамка е една од препреките за развој на филан­тропијата. Во Македонија за донациите од физички лица не се предвидени даночни олеснувања, за разлика од многу земји, каде во законската рамка се предвидени низа даночни олеснувања со цел да се стимулира давањето. Покрај тоа, не е регулирано доброволното давање ниту на страната на оние кои прибираат средства, ниту на страната на оние кои даваат. На пример, нејасно е кој и како може да го организира прибирањето на принцип „врата до врата”, или пак прибирањето средства со сандачиња поставени во маркети, училишта и други институции.

Во досегашната пракса најчесто причината (мотивот) за прибирањето средства е позната, но следното прашање коешто логично дарителот си го поставува е што навистина се случило со неговиот придонес. И најчесто тука одговорот изостанува или треба да се вложат дополнителни напори да се дојде до него. Недостасуваат транспарентни практики за презентирање на резултатите постигнати од прибирањето средства, наменското користење на средствата и сл. Тоа го потврдуваат и анкетите каде испитаниците (18%) неинформираноста за трошењето на парите ја наведуваат како една од причините зошто не даруваат. Недостатокот на транспарентност ја зголемува недовербата. Недовербата пак е културолошки феномен којшто е вообичаен за посткомунистичките земји каде луѓето имаа високи очекувања од транзицијата, но останаа разочарани што го зголеми нивото на недоверба. Недовербата е упатена и кон институциите и кон другите луѓе. Сепак, тука треба да се забележи дека во Македонија религиозните заедници и здруженијата на граѓани уживаат повисока доверба во споредба со другите институции (Индекс на граѓанското општество), што е битно од аспект на индивидуалното давање и посебно за промовирање филантропија базирана на религиозни основи.  

Позитивни модели на индивидуално давање во Македонија постојат и тие стануваат с$ помногубројни, но с$ уште не им е посветено доволно внимание за да бидат тие пошироко промовирани и прифатени. 
 

Искуства

Со намера да се промовираат позитивни примери, подолу се наведени неколку искуства од Македонија, од регионот и од светот.

А, искуствата и во Македонија веќе ги има доволно да може да се анализираат, да се учи од нив и да се подобрува праксата.

Македонските граѓани ја покажаа својата хуманост во акцијата за прибирање средства за жртвите од цунамито. Во текот на неколку дена, во кои беше организирана широка акција за прибирање средства којашто вклучи и еднодневен настан на плоштадот во Скопје, од индивидуални донации беа собрани околу 4.000.000 МКД (65.000 ЕУР), од кои 700.000 МКД во кутии поставени во маркетите Веро и Тинекс и во Телеком, а останатите преку два специјални телефонски броја. Дополнително на тоа, и низа други организации и институции прибираа донации од своите вработени. 

Во последно време хуманитарните телефонски броеви стануваат с$ поактуелни во Македонија, овозможувајќи им на граѓаните брзо и едноставно да дадат донација за одредена цел. Од февруари 2003 г. Фондацијата Мобимак отвори повеќе хуманитарни линии со коишто се прибираа средства за помош на поединци, но и поддршка на активностите на Црвениот крст, на Специјалната олимпијада, на Здружението „Пеперутка” и на Зоолошката градина во Скопје. Во периодот од февруари 2003 г. до март 2005 г. со помош на овие линии се собрани повеќе од 4.000.000 МКД.

Акцијата “Пријатели на детската клиника” се одвива веќе две години со цел да се обезбедат средства за санирање на инфраструктурните проблеми во Детската клиника во Скопје и за модернизирање на застарената опрема. Остварените донации во вкупна вредност од околу 700.000 евра се главно од домашни компании, од амбасади, од меѓунардони институции, но и од индивидуални донации од граѓаните на Македонија. Веќе 2/3 од објектот се реновирани, а зградата доби и нова фасада. Целата кампања е испланирана и организирана од мал тим на волонтери од детската клиника, но во низата активности се вклучија и другите вработени, како и многу глумци, уметници, водители, низа здруженија на граѓани, ученици на неколку училишта, сите на целосно волонтерска основа.

Една од клучните работи за успехот на кампањата беше големата медиумска поддршка во која се вклучија МРТВ, А1, Време и други медиуми.

Граѓаните својот прилог можеа да го дадат на посебна жиро-сметка отворена за таа намена или преку СМС-пораки што се покажа како многу поефектно и што резултира со донации преку мобилен телефон од 13.000 граѓани на Македонија.

Организаторите на кампањата како една од најважните работи што придонеле за успехот ја истакнуваат транспарентноста. Тие велат дека на почетокот биле соочени со многу скептицизам и недоверба. Но праксата на одбележување и оддавање признание за секоја донација, без оглед на висината на донацијата, преку прес-конференција или прес-соопштение, како и видливите резултати, придонеле со текот на времето да јакне довербата и да се зголемуваат донациите.

Најважната порака, како што истакна директорот на Клиниката, во атмосфера на демотивираност, апатија и неверување дека нешто може да се промени, е дека Македонија може, затоа што она што го постигна Детската клиника во изминатите две години е колективно дело на македонските граѓани.

Покрај акциите коишто се одвиваат на национално ниво и коишто се придружени со масовни медиумски кампањи и настани, постојат и низа примери на мали успешни локални иницијативи за прибирање средства.

Еколошкото друштво “Изгрев” од Свети Николе организира акција за уредување на дворот на училиштето “Кирил и Методиј”. За таа цел беше организирана аукција на претходно собрани 100 подароци донирани од активистите и пријателите на еколошкото друштво, претставници на локалните бизниси и ликовни уметници од градот и од државата. Во организирањето на акцијата беа вклучени 30 волонтери на ЕД Свети Николе. За уредување на училишниот двор беше направен хортикултурен план којшто исто така беше изработен на волонтерска основа. Во акцијата беа собрани 60.000 МКД со кои се набавени садници за училишниот двор, кои се засадени согласно со хортикултурниот план.

Земјите од регионот споделуваат слични искуства.

Покрај прибирањето средства, организираните акции многу често имаат и дополнителна цел: да ја градат свеста, посебно кај младите.

Асоцијацијата за лицата со посебни потреби од Славонски Брод, Хрватска, организира прошетки во природа за деца во соработка со локалната планинарска асоцијација. За да учествуваат, децата донираат 1 куна за секој километар којшто ќе го изодат. Иако 1 куна е многу мала донација, тоа го иницира чувството на одговорност и чувството дека тие поддржуваат добротворна цел. Донациите обезбедуваат дополнителна поддршка за активностите на Асоцијацијата.

Верските празници можат да бидат многу погоден момент за прибирање средства. Тогаш луѓето се посветени на своето семејство и своите блиски, уживаат во топлината на својот дом и сопствената благосостојба, но истовремено тоа ги мотивира истото да го посакаат и за другите и ги „обврзува” да помогнат.

Кампањата “На Исусовото раѓање решив да помогнам” се спроведе во Софија, Бугарија, за Коледе 2004 г. Кампањата беше организирана од организацијата “Покров Богородичен” и од мрежата маркети “Рамстор”. Целта беше да се собере запакувана храна за помош на лица во социјално неповолна положба (деца и возрасни од домови за деца без родители, домови за возрасни, домови за бездомници и клиники за ментално болни).

Кампањата беше изведена со многу малку средства зашто целиот тим работеше на волонтерска основа: експерти за односи со јавноста кои ја планираа кампањата, дизајнерите кои ги подготвија информативните материјали, дури и печатницата којашто ги отпечати лифлетите и налепниците за производите придонесе со половина од тиражот. Прибирањето на производите се одвиваше во неделата непосредно пред празникот Божиќ. На влезот во еден од супермаркетите постојано стоеше волонтер кој раздаваше лифлети коишто ја објаснуваа кампањата и како граѓаните можат да учествуваат во неа. Доволно беше додека пазарат за себе да земат производ кој сакаат да го подарат, да го платат на касата, да му залепат налепница и на излезот да го пуштат во специјална кутија.

Како резултат на кампањата беа собрани 200 кг прозиводи во самиот маркет, а од приватни фирми и индивидуалци дополнително беа подарени уште 1.000 кг производи.

Во светот, пак, посебно во западните земји, филатропијата станува многу прифатена и се одвива во многу организирана форма, преку едноставни и брзи механизми, користејќи ги најновите достигнувања на технологијата. Веќе многу светски агенции и многу важни институции  се делумно или целосно зависни од филантропијата.

Христијанската помош од Велика Британија е агенција на црквите во Велика Британија и Ирска, која се стреми за нов трансформиран свет во кој ќе нема сиромаштија и заедно со своите партнери напорно работи за да предизвика промени во животите на најсиромашните луѓе во светот. Христијанската помош дејствува под мотото „Ние веруваме во живот пред смртта”. Работата на Христијанската помош е целосно зависна од фандрејзингот (прибирањето средства).

Приходи 2004/05 (во милиони фунти)

Недела на Христијанската помош                         14,70                            18%
Повици за итна помош                                            20,30                            25%
Постојана поддршка                                                8,40                            10%
Општи донации                                                       12,60                            16%
Тестаменти                                                                6,90                              9%
Владини и други грантови                                     13,50                            17%
Други приходи                                                          3,50                              5%
Вкупно                                                                   79,90                          100%

Христијанската помош се обидува дел од своите донатори да ги мотивира да станат постојани поддржувачи, па така 10% од приходот доаѓаат од донатори кои даваат придонес секој месец.

Повеќе од 80% од прибраните средства Христијанската помош ги искористила за директни добротворни трошоци, а 18% одат за организирање на фандрјезингот.
Прибирањето донации Христијанската помош го изведува преку цела низа механизми: настани за фандрејзинг, директно донирање преку пошта, донирање преку телефон, донирање преку интернет, придонес со непарични донаци и донации преку наследства (тестамент).

Еден од најзначајните настани за фандрејзинг за нив е Неделата на Христијанска помош којашто во 2005 г. се одвиваше од 15 до 21 мај и преку која беа мобилизирани 14.7 милиони фунти. 2/3 од средствата во оваа кампања беа собрани преку прибирање од врата до врата. За таа цел беа мобилизирани 4.000 локални организатори, 20.000 цркви кои ја поддржаа акцијата и 300.000 волонтери кои ги прибираа средствата. Црквите имаа клучна улога во организирањето на акцијата и во регрутирањето и мотивирањето на волонтерите за прибирање на средствата.


Што можеме да очекуваме?

Имајќи ги во вид досегашните податоци за давањето во Македонија, имајќи ја предвид социо-економската состојба во земјата и економската моќ на луѓето, имајќи ја во вид огромната недоверба и кон институциите и кон луѓето, како и досегашните искуства, се поставува прашањето кои може да бидат очекувањата во иднина кога е во прашање индивидуалната филантропија.

Кога се планираат активности за организирање на прибирање индивидуални донации, мораме да имаме реални очекувања и реално да си ги поставуваме нашите цели. Нашите очекувања не можат да соодветствуват на општетсва со високо развиена клутура и традиција на давање, општества во кои нема или има минимална сиромаштија, општетсва во кои луѓето не се оптоварени со сопствените егзистенцијални прашања, каде функционираат механизмите на системот, вклучувајќи ја и организираната филантропија. Не може да очекуваме дека во Македонија можеме да прибираме огромни суми. Мора да се има предвид дека Македонија е мала земја, дека во споредба со други земји е поголем бројот на оние за кои треба да се дава, а многу помал на оние кои можат да дадат.

Мора да се внимава за прибирањето средства да се користат ефикасни и исплатливи механизми, механизми кои одговарат на нашите услови. На пример, светските искуства говорат дека одговорот при користење директна пошта се движи од 0,5 до 2%. За да се постигне 2% одговор, организаторот/посредникот мора да има висок кредибилитет и доверба кај граѓаните, а тоа веројатно не е возможно во првиот обид. Една брза пресметка укажува дека ако сакаме да добиеме одговор од 10.000 граѓани, во идеален случај на 2% одговор, писмо треба да пратиме до 500.000 граѓани или една четвртина од македонското население. При тоа, имајќи ги во вид воообичаените 50-100 денари коишто македонските граѓани ги даруваат, повторно земајќи идеален случај дека сите ќе даруваат 100 денари, би се собрале 1.000.000 МКД (околу 16.000 ЕУР). При тоа, треба да се има на ум времето, трудот и парите коишто се потребни да се испратат 500.000 писма.

Намерата тука секако не е да се обесхрабрат обидите за прибирање индивидуални донации, туку само да се укаже на тоа дека треба да бидеме приземни и внимателно да го одбереме начинот.

Имајќи го предвид с$ побрзото темпо на живеење, потребно е да се размисли за едноставни и достапни механизми за дарување. Како оние кои сакаат да донираат средства да го направат тоа на наједноставен и брз начин или пак оние кои сакаат да помогнат, а немаат доволно економска моќ да даруваат пари, како наједноставно можат да вложат дел од своето време?

Кај нас се чини дека ефикасни се покажаа медиумските кампањи на национално ниво придружени со прибирање средства преку СМС-пораки. За ова секако е неопходна силна поддршка од бизнисот и од медиумите. Ваквите добро осмислени кампањи пазарно може многу да чинат.

Имајќи во вид дека Македонија е мала земја и соодветно на тоа во апсолутна бројка релативно е мал кругот на луѓе кои даваат, треба да бидеме многу внимателни со тие малку дарители, да бидеме искрени и транспарентни, да ги негуваме релациите и да одржуваме редовна комуникацијата со нив. Некои експерти во фандрејзингот тврдат дека по секоја примена донација треба да испратиме писмо со благодарност во рок од 48 часа. Во стратегиите на фандрејзинг на многу организации во светот с$ поважно станува како инцидентните донатори да се претворат во постојани поддржувачи. За таа цел е потребно контактот со нив да се одржува постојано: да се информираат редовно за работата на организацијата, да се известуваат за резултатите од акциите за прибирање средства и како биле потрошени средствата, да се покануваат на настаните на организацијата, да им се оддаде признание и сл. За да биде остварливо ова, треба да се одржува ажурирана база на адреси, што секако бара ресурси. Всушност, пред да започнеме каква било акција, мораме да бидеме свесни дека самата мобилизација на ресурси апсорбира понекогаш и значителни ресурси коишто треба да бидеме подготвени да ги одвоиме. На пример, Христијанската помош во фискалната 2004/2005, 18% од средствата коишто ги прибрала ги потрошила на организирање на фандрејзингот. Сведено на апсолутна бројка, тоа се 13 милиони фунти, во средина со високо развиена култура на давање, каде нивото на доверба е на многу повисоко ниво и каде прибирањето средства го прави организација/институција со долгогодишна традиција и голема репутација во она што го работи. Со други зборови, обидувајќи се да ги ставиме светските искуства во нашиот контекст, треба да бидеме свесни дека во прво време веројатно е дека можеби ќе треба да вложуваме дури повеќе отколку што ќе ни се враќа, со цел да ја воспоставиме неопходната доверба и атмосфера за организирано давање. Но тоа не е причина да се откажеме, напротив, прибирањето на средствата за да му се помогне некому или да се оствари одредена цел е едната намера, исто толку важна е намерата кај луѓето да се разбуди хуманоста, човечноста, грижата за другите, грижата за околината и за заедницата, желбата да се помогне и да се придонесе кон остварување на некое добро. Надградувањето на свеста и културата на давање бара време, време кое е потребно да се воспостават релации на доверба меѓу потенцијалните донатори и оние кои ги прибираат средствата. А во тие релации кај нас с$ уште треба многу да се вложува.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA