среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Адресар на верските заедници

   

Вовед
 

Адресарот на верските заедници во Македонија е прв од ваков вид во Република Македонија. Неговото издавање е една од активностите на програмата Меѓурелигиска со­ра­бот­ка во Македонија (ПРМ) која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Македонската православна црква (МПЦ), Исламската заедница во Република Македонија (ИЗ), Католичката црква (КЦ), Евангелско-методис­тич­ка­та црква (ЕМЦ) и Еврејската заедница во Република Маке­до­­нија (ЕЗРМ), како и со дру­ги­те верски заедници во Македонија.

Целта на публикацијата е да ја подобри информираноста за црквите, верските заед­ни­ци и религиозните групи во Македонија, како меѓу нив самите, така и кај пошироката јав­ност.


Терминологија

Името на публикацијата е Адресар на верските заедници во Македонија. Во правниот сис­тем на Република Македонија (Уставот и соодветните закони) се употребуваат терми­ни­те “верски заедници” и “религиозни групи”. Тие не се обврзувачки за оваа публикација и вооп­што за каква било употреба надвор од државните институции. Покрај нив, дел од овие организации се именуваат како “цркви”, а некои и под други свои класификации (пр., фило­зоф­ски движења, а во еден случај и здружение на граѓани - види подолу “Критериуми за вклучување”). При подготовката на публикацијата, во прашалникот беше дадена можност самата верска заедница да се изјасни за тоа кој термин најсоодветно ја опишува. По­да­то­кот за нивниот избор (црква, верска заедница, религиозна група или друго) е составен дел на профилот на верската зедница содржан во овој адесар.

Во Адресарот, освен во случај на наведување на целосните имиња на надлежните државни институции и називите на соодветните закони, конзистентно е користен терминот “верски заедници”, од две причини: практичност (пократка референца за најчество упо­тре­бу­ваниот термин) и за да не се наруши правото на секоја од верските заедници да се на­рекува и класифицира по свој избор.


Методологија на собирање на податоците, комплетност и  точност

Поаѓајќи од своите претходни искуства, МЦМС го организира собирањето на по­да­тоците преку анкетари. Основните информации (име на верската заедница, адреса и те­ле­фон) беа обезбедени од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни гру­пи во Македонија. Анкетарите беа одредени од самите верски заедници, а за нивната работа беше подготвен основен прашалник (со збирни податоци за верската заедница, под­гот­ве­ни во нивните седишта) и поединечен прашалник (со податоци за организациските еди­ни­ци на верската заедница - епархии, муфтиства и сл.) за оние верски заедници кои имаат таква структура.

Анкетарите ги пополнуваа прашалниците со интервјуирање на одговорни лица во соод­ветните верски заедници или нивните организациски единици, а прашалниците пред дос­­тавувањето се потврдени и заверени од поглаварите/претседателите на верските за­ед­­­­ници или нивни овластени претставници. Со тоа се направени максимални напори да се обезбеди високо ниво на ком­пле­ти­ра­ност и точност на податоците, како и дозвола да се објават истите.

За дел од прашањата (пр., проценето постоење на верската заедница, број на верници) нема точни податоци во сите верски заедници. Во тие случаи, наведените податоци се проценка на самите верски заедници. За прашањата за кои нема одговор од верската заедница, како и за оние за кои верската заедница сметала дека не се релевант­ни, не се вклучени податоци во Адресарот.


Критериум за вклучување

Единствен критериум за вклучување во Адресарот беше регистрација во Комиси­ја­та за односи со верските заедници и религиозни групи во Македонија.

Комисијата води регистар, во кој досега се регистрирани 25 верски заедници.

Со Адресарот се опфатени 23 верски заедници регистрирани според Законот за верски заедници и религиозни групи.

Недостасуваат податоците за две верски заедници: Меѓународна црква на Христос и Центарот Сат­ја Саи. Во првиот случај, податоците кои се доставени во регистарот веќе не ко­респондираат со реалноста (на наведената адреса и телефон сега има други лица, кои не се во никаква врска со верската заедница) и не се обновени во меѓувреме. Направени се напори да се утврди дали оваа верска заедница с$ уште постои и работи во Македонија, но без успех, што практично значи дека таа не функционира. Цен­та­рот Сатја Саи е во тек на постапка за пререгистрација во граѓанска организација, би­деј­ќи веќе не се сметаат за верска заедница, ниту за религиозна група (како што биле ре­гис­три­рани) и од тие причини побараа да не бидат вклучени во Адресарот.

Со тоа може да се смета дека со Адресарот е обезбедена целосна опфатеност на постоечките регистрирани верски заедници во Македонија.


Редослед

Редоследот на претставувањето на верските заедници во Адресарот е според да­ту­мот на регистрација на верската заедница.

Овој редослед, во случајот на петте верски заедници наведени во Уставот на Ре­пуб­­лика Македонија, се совпаѓа со редоследот по кој се наведени во Уставот.

Заради овие две причини, како и заради поголемиот обем на податоци за тие пет вер­ски заедници, избран е тој редослед, наместо претставување по азбучен ред.


Вклучени податоци

За секоја верска заедница вклучени се збирни податоци за целата верска заедни­ца, а за оние кои имаат посебни организациски единици, прикажани се и основни податоци за тие единици. Така, Македонската православна црква, покрај со основни податоци, е претставена и со податоци за седумте епархии во Македонија и трите во странство; Ис­лам­ската заедница во Република Македонија со тринаесетте муфтиства во Македонија; Ка­­толичката црква со Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат; и Евангелско-мето­дис­тич­ката црква со седумте окрузи во Македонија. 

Во Адресарот се вклучени  следните податоци:

-    Општо: име на верската заедница (на официјалните јазици на верската заедница и на англиски јазик), кратенка, податоци за контакт (адреса, телефон, факс, е-пошта, веб-страница), податоци за регистрација, вид на верска заедница, проценето постоење;

-   Структура: највисока свештена и световна функција, структура, членови на највисокиот орган на верската заедница, човечки ресурси (свештеници, образовен кадар, вработени, проценет број верници);

-    Верски објекти: вид и број на верски објекти, податоци за контакт за главниот верски објект, видови верски служби;

-    Образовни институции со основни податоци за контакт;

-    Издавачка дејност (основни податоци за контакт за издавачката служба во рамките на верската заедница или посебна организација, доколку е така регистрирана; како и најважните изданија);

-    Хуманитарни активности (основни податоци за контакт за хуманитарните служби во рамките на верската заедница или регистрирани здруженија на граѓани).


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA