Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 45 Јануари 2005  Свет

По Петтиот светски социјален форум

Од автономната мисла до меѓународен демократски поредок

Од 26 до 31 јануари 2005 година, Порто Алегре во Бразил беше домаќин на Петтиот светски социјален форум. Овој голем меѓународен настан кој секоја година се одржува под мо­тото “Поинаков свет е возможен”, има цел да одржува посто­јано отворен форум за дискусија за одржлива гло­бализација и одржлив развој на човештвото, поттик­нувај­ќи го учеството на јавноста.

Годинава во Бразил се разговараше на 11 генерални теми: одбрана на заедничките вредности на луѓето и на планетата Земја; уметноста и креативноста; комуникација; различ­ностите, плу­рализмот и идентитетот; човечките права и дос­тоинство; суве­рените економии за луѓето; етика; социјални и демократски алтернативи; мирот, демили­таризацијата и сло­бодната трговија; автономната мисла и социјализацијата на знаењето; и, меѓународен демократски поредок. Сево ова подетално може да се види на њњњ.форумсоциалмундиал.орг.бр.

М.И.



УНИВЕРЗИТЕТ ХАРВАРД

Нов проект за заедниците

Проектот “Уметноста и науката во решавањето на проблемите на заедниците” кој го спроведува Уни­верзитетот Харвард од САД има за цел да понуди повеќе оригинални кроссекторски решенија за про­блемите на заедниците – вклучувајќи го јавниот, при­ватниот и непрофитниот, односно граѓанскиот сектор.

Преку својата нова веб-страница, њњњ.цомунитѕ-проблемс-солвинг.нет, овој проект нуди интересни решенија и прак­тики од многу програмски области - животна средина, екологија, образование, јавна безбедност, здравство и други. Оваа веб-страница претставува драгоцен извор за работата на локалните заедници и локалните самоуправи, а нуди решенија за вклучувањето на граѓаните во реша­вање на проблемите на заедниците.

М.И.



Азија

Последици од катастрофата цунами

Во раните утрински часови на 26 декември 2004 година, силен земјотрес со јачина од 9,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индонезија, на западниот брег на северна Суматра. Земјотресот предизвика разорно цунами (огромни морски бранови) со височина од 10 метри. Тие се движеа низ регионот на Индискиот Океан со преку 500 километри на час, поплавувајќи ги и уништувајќи ги крајбрежните области, што резултира со огромен број загинати и повредени лица, преселување на десетици илјади и уништување на домови, инфраструктура, средства за живот. Најзагрозени земји беа Индија, Индонезија, Малезија, Малдиви, Мјанмар, Шри Ланка, Сејшели, Тајланд, а Сомалија, Бангладеш, Кенија и Австралија исто така беа малку погодени од веројатно најразурнувачката природна катастрофа во блиското  минато. Проценките од крајот на јануари ја надминуваат бројката од 280.000 жртви и 220.000 исчезнати лица. Раселени се најмалку еден милион лица, и тоа само 835.028 во Шри Ланка, а други 400.000 луѓе се сместени во шатори или се раштркани во бегалските кампови во индонезиските провинции Ачех и северна Суматра.  Проценката е дека околу 500.000 лица се повредени, додека околу пет милиони луѓе низ целиот регион се во недостиг на основни средства за живот. Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) проценил дека повеќе од една третина од  жртвите се деца и дека околу 1,5 милиони се зафатени од катастрофата.

Донации од влади и поединци стигаат од сите страни по катастрофата цунами. ОН велат дека им биле ветени помеѓу 3 и 4 милијарди американски долари и побарале 1 милијарда долари да бидат веднаш пуштени во готово. Германија досега е најдарежлива со донација од 1,1 милијарда долари, од кои јавноста донирала 431 милион долари. Меѓународниот монетарен фонд донирал 1 милијарда долари, потоа следува Австралија (903 мил. УСД), Европската Унија (628 мил. УСД), САД (550 мил. УСД), од кои само 350 мил. УСД се владини донации, Јапонија (500 мил. УСД). Дури и најсиромашните земји и заедници како Мозамбик (100.000 УСД) и рускиот град Беслан (36.000 УСД) им помогнаа на настраданите во катастрофата цунами во Азија. (ОН, БиБиСи)

Т.Х

 

УНДП

Човечкиот развој во арапскиот свет

Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП го објави својот извештај “Човечкиот развој на арапскиот свет во 2003 година” (Араб Хуман Девелопмент Репорт 2003). Извештајот нуди глобален поглед на човековиот развој во овој дел од светот, со фокус на: сиромаштијата, безбедноста, воените состојби, еколошката заштита, дезер­тификацијата (проширувањето на пустините), не­достигот на природни ресурси (минерали, вода за пи­ење, вегетација), образованието, чо­­вековите права, социјалната и здрав­­ствената заш­ти­та и повеќе други области.

Извеш­тајот дава глобална слика за пози­цијата на арап­ските земји во однос на човековиот развој. Тој е дос­та­пен и на веб-стра­ницата на УНДП: www.undp.org/rbas/ahdr.

М.И.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA