Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Q&A

   

 Q&A

Организации од јавна корист


Често пати, се поставува прашањето што прет ставуваат организации од јавна корист и дали нивното постоење е овозможено со нашите законски прописи. Се обидовме да дадеме што подетален одговор на ова прашање:

Членот 12 од Законот за здруженија на граѓани и фондации предвидува можност на здруженијата на граѓани и фондации да им се довери вршење јавно овластување. Целта на оваа одредба е државата да овозможи посебен статус на организации кои се во состојба да даваат услуги од поширока јавна корист.
Оваа привилегија на здруженијата на граѓани и фондации обично е врзана со даночни и со царински овластувања, со користење буџетски средства и слично.
Меѓутоа, и покрај оваа одредба, една од најчесто споменуваните дополнувања и измени на Законот за здруженија на граѓани и фондации е токму дефинирањето на  организации од јавна корист, како и донесување посебен закон за истите.
Со цел да се зголеми улогата на организациите за јавна корист (ОЈК) во општеството, за да се промовираат нивните активности од јавна корист, да се унапреди транспарентноста и отчетноста, како и за да &  се обезбеди на владата упатство за користење на организациите за јавна корист при набавувањето на услуги од корист за општата јавност, се наметнува потрба од донесување посебен закон за организации од јавна корист.
Активност за јавна корист е која било легална активност што ја поддржува или ја промовира јавната корист преку поддржување или промовирање една или повеќе активности. Според модел-одредбите за Закон за ОЈК кој е направен од страна на Меѓународниот центар за непрофитно право, наведени се повеќе активности за јавна корист, како: аматерска атлетика, уметност, помош или заштита на физички или ментално хендикепирани лица, помош на бегалци, добротворни цели, граѓански или човекови права,  култура, демократија, екологија и заштита на животната средина, образование, етничка припадност, намалување на сиромаштијарта, наука, општествена солидарност, социјална помош и која било друга активност што е утврдена од страна на Комисијата за јавна корист за поддршка или промовирање на јавната корист.
Организација за јавна корист (ОЈК) е која било непрофитна организација (НВО) која е регистрирана според соодветниот закон (здружение на граѓани или фондација). Утврдувањето дали НВО е организирана и раководена првенствено за ангажирање во активности од јавна корист ќе биде засновано на аплицирањето на НВО за регистрирање и нејзините активности, доколку ги има.
Факторите кои треба да се земат предвид при утврдувањето дали НВО е организирана и раководена првенствено за ангажирање во активности од јавна корист вклучуваат:
(а) Дека НВО обезбедува значителна корист пошироко на јавноста и на целната група на корисници, при што групата е обесправена во однос на популацијата во целина, или заедницата се здобива со значителна вредност при обезбедувањето посебна корист за целната група. (На пример, комисијата за јавна корист треба да утврди дека една организација која промовира економски развој само во напредна област нема да се квалификува како ОЈК. Една организација која промовира економски развој во неразвиена област во земјата, или пак во целата земја, доколку целокупната популација може да се смета за “неразвиена”, ќе има право на статус на ОЈК);
(б) Дека НВО обезбедува значителна количина стоки и услуги на нивото или под нивото на трошоци;
(в) Сите други фактори кои покажуваат дека НВО е организирана и раководена првенствено за ангажирање во активности од јавна корист.

Според модел-правилата тело кое го определува статусот на организација од јавна корист е Комисијата за јавна корист која се воспоставува како независен административен орган составен од претставници од владата, од заедницата на ОЈК и од јавноста. Комисијата постапува како орган за регистрирање, за надзор и за санкционирање. Клучната корист од обединувањето на овие органи во една специјализирана комисија е квалитетот и конзистентноста во донесувањето одлуки од страна на членовите на комисијата кои се експерти за ОЈК.
ОЈК може да извршува економски активности, но само доколку економските активности кои не се поврзани со активностите од јавна корист не се главна активност на ОЈК.
ОЈК може слободно да се ангажира во истражување, образование, публикација и застапување за сите прашања кои влијаат на јавниот интерес, вклучувајќи критика на политиките или активностите на државата или некој службеник или орган. Исто така организацијата може да ги искаже своите погледи по кое било прашање или политика за која се дебатирало или може да се дебатира или дискутира во текот на една политичка кампања или избори.
ОЈК не може да се ангажира во собирање средства или во кампањи за поддршка или против некоја политичка партија, или за именување или избор на кандидат за некоја јавна институција, ниту пак може да предлага или да регистрира кандидати за избор за јавна институција.
Општа отчетност и барање за транспарентност. Секоја ОЈК чиишто приходи го надминуваат наведениот износ на пари за неодамна завршената фискална година треба да поднесуват извештај за активностите и финансиски извештај до комисијата и до соодветните органи. Извештаите исто така ќе бидат достапни на барање и за јавноста за не повеќе од една разумна сума.


Користен материјал: Коментар на законот за здруженија на граѓани и фондации
Модел-одредби за закони кои влијаат на организации од јавна корист (издание на ИЦНЛ)

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 20 Октомври 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Концепти
Q&A
Појмовник
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
 

©MCMS - designed by KOMA