|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
МЦМС и Балканска фондација за деца и млади
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Балканската фондација за деца и млади објавуваат
Конкурс за обука, консултации и советување
Можност за младинските организации и организациите што работат со млади да ги подобрат своите перформанси за да спроведуваат активности за зајакнување на позицијата на младите луѓе во општеството.
Можат да се пријават сите младински организации и организации коишто работат со млади, заинтересирани да ги зајакнат сопствените капацитети, и да постигнат барем некои од наведениве работи:
- поголем број одобрени проекти од донатори;
- подобрување на ефикасноста на состаноците и полесно донесување одлуки;
- подобрена тимска работа;
- фокусирање кон остварување на стратешките цели наместо спроведување проекти за она за што во моментот има пари;
- поквалитетни програмски документи;
- воспоставување систем за архивирање и чување документи или унапредување на постоечкиот;
- повеќе спроведени активности за подобрување на положбата на младите луѓе во Р. Македонија и во регионот.
Од пријавените на конкурсот ќе се изберат максимум 12 организации кои спроед претходно подготвен план за градење на капацитетите ќе поминат низ едногодишен процес на обука, консултации и советувања.
Поддршката од МЦМС е нефинансиска и ќе се спроведе преку следниве техники и методи за градење на капацитетите:
- курсеви (проектен циклус, стратешко планирање и раководење со човечки ресурси);
- консултации и советувања за одредени прашања;
- водење низ процесот на јакнење на капацитетите (coaching);
- обука низ работа (internship).
Формуларите за пријавување може да се добијат по електронска пошта или да се најдат на веб-страницата www.graganskisvet.org.mk.
Формулар за пријавување (Ворд документ, 75К).
Краен рок за пријавување е 26.01.2004 година.
Лице за контакт: Лилјана Алчева-Јовановска laj@mcms.org.mk
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|