среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 7

   

II. Помош на ЕУ за Македонија 


Денешниот статус на Македонија во нејзините односи со ЕУ е статус на трета земја. Како таква, Македонија потпаѓа под два главни прописи што им дозволуваат на земјите пристап до фондовите на институциите на ЕУ, значи земји кандидатки и земји во развој (таканаречени земји АКП, ОЦТ). Поради тоа, денес Македонија има многу ограничен пристап до изворите на финансирање на ЕУ и расположливите механизми за лобирање и застапување во политиките на ЕУ коишто се однесуваат на земјата. Сепак, со започнувањето на преговорите за пристапување и со одобрувањето на Финансиската рамка на ЕУ 2007-2013 на повидок е нова перспектива за отворање на претпристапните инструменти и програми за Македонија.

 

1. Рамка за соработка

Македонија беше прва балканска земја што ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација (САА) во април 2001 година, а која стапи на сила во април 2004 година. Со спогодбата Македонија постепено ги презема обврските за членство, започнува да ја усогласува својата правна и економска рамка со онаа на ЕУ, ја зајакнува соработката со своите соседи и соработува со ЕУ за одредени прашања. Политичката важност на  спогодбата е голема затоа што на земјата и дава статус на потенцијален кандидат и со тоа ја отвора можноста за зачленување во ЕУ во иднина. Привремената спогодба (ИА) што се однесува на трговијата и на аспектите од САА поврзани со трговијата е на сила од јуни 2001 година и овозможува скоро целосно слободен пристап на производите на земјата до пазарот на ЕУ. Двата договори заедно го формираат Процесот за стабилизација и асоцијација САП (САП). Советот на САП беше основан и го одржа својот прв состанок на 14 септември 2004 година во Скопје како главно тело што го надгледува напредокот на Процесот на САА.

Помеѓу февруари и август 2001 година Македонија претрпе сериозна политичка и безбедносна криза што беше решена со потпишување на Охридскиот рамковен договор од страна на политичките лидери на земјата. Договорот кој, меѓу другото, го зајакнува граѓанскиот карактер на државата и ги зголемува правата на етничките малцинства, е политички и финансиски спонзориран од ЕУ.

Според Унијата, Македонија направи забележлив напредок на патот кон стабилизација и поблиска асоцијација со Европската Унија. Нејзините односи со ЕУ сe повеќе ќе бидат фокусирани на административните и законските реформи неопходни за целосно спроведување на САА и натамошна интеграција во ЕУ. Ова станува сe појасно со поднесувањето на апликацијата за членство во ЕУ на 22 март 2004 година. Прашалникот според кој ќе се оценува подготвеноста на земјата за започнување преговори за членство беше поднесен до Владата на 1 октомври 2004 година, а потоа и беше вратен на ЕК на 14 февруари 2005 година со 14.000 страници со одговори. Се очекува во есента 2005 година ЕК да даде мислење за подготвеноста. Според тоа мислење, Советот на ЕУ се очекува да одлучи кога и под кои услови Македонија може да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Солунскиот самит, кој се одржа од 19 до 21 јуни 2003 година како продолжение на Загребскиот самит од ноември 2000 година, на којшто беше претставен САП, донесе зголемена поддршка за Македонија и за другите земји од Западен Балкан да станат идни членки на ЕУ. Солунската агенда за Западен Балкан донесе пет нови елементи засновани врз искуството на проширувањето во Централна и Источна Европа, и тоа:

1)   Европски партнерства. Иако САП остана главната рамка на политиката на ЕУ, тој беше збогатен со партнерства, кои поставија национални акциски планови за спроведување конкретни приоритети, кон кои ќе биде насочена финансиската помош на ЕУ како јасна мерка наспроти напредокот. Европското партнерство за Македонија е достапно на: хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еџтернал_релатионс/сее/сап/реп3/парт_фѕром.пдф$сеарцх=’еуропеан%20партнерсхип%20мацедониа.

2)   ЕУИ – Форум за Западен Балкан за зајакнување на политичката соработка во полето на заедничката надворешна и безбедносна политика според која ЕУ ќе ги покани земјите од Западен Балкан да се придружат на одредени демарши, декларации и заеднички позиции во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

3)   Програми за збратимување. Зголемена поддршка за градењето на институциите преку привремено распоредување службеници од земјите-членки на ЕУ да работат како советници во земјите-корисници преку Канцеларијата за техничка помош и размена на информации (ТАИЕКС).

4)   Поттикнување економски развој со цел зголемување на извозните можности на регионот и поттикнување економски раст.

5)   Отворање на програмите на заедниците во земјите од Западен Бал­кан. Овде приоритени области се образованието и обуката, културата, ис­тражувањето, животната средина, граѓанското општество, поддр­шката на малите и средните претпријатија и координацијата против измами.

 

Слика 4: Историјат на односите – краток преглед

 
 
 
1996 год.

 
 Македонија се квалификува за финансирање според програмата ФАРЕ.

 
 
1997 год.

 
 Регионален пристап. Советот на министри на ЕУ воспоставува политички и економски услови за развој на билатерални односи.

 
 
јануари 1998 год.

 
 Договорот за соработка и Договорот во полето на транспортот стапуваат на сила. Отворање на Канцеларијата на Постојаниот пратеник во Скопје.

 
 
1999 год.

 
 ЕУ предлага нов Процес за стабилизација и асоцијација (САП) за пет држави од Југоисточна Европа. На 16 јуни 1999 година заклучоците од студијата за изводливост за започнување преговори со Македонија се позитивни.

 
 
24 јануари 2000 год.

 
 Советот усвојува директиви за преговори за Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

 
 
март 2000 год.

 
 Унапредување на Претставништвото на ЕК во Скопје во постојана Делегација на ЕК. Започнување преговори меѓу ЕУ и Македонија за потпишување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

 
 
9 април 2001год.

 
 По успешното завршување на преговорите за време на Самитот во Загреб од 24 ноември 2000 година, во Луксембург беше потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Исто така, на истиот ден беше потпишан и ИА. Со ИА страните овозможуваат предвиденото од САА поврзано со трговијата да стапи на сила на 1 јуни 2001 година.

 
 
јуни 2001 год.

 
 Во Скопје е отворена Канцеларијата на Специјалниот претставник на ЕУ.

 
 
април 2003 год.

 
  Мисијата „Конкордија”, првата воена мисија на ЕУ воопшто, го започнува својот шестмесечен мандат.

 
 
јануари 2004 год.

 
 Мисијата „Конкордија” е заменета со полициската мисија на ЕУ, ПРОКСИМА.

 
 
1 април 2004 год.

 
 По ратификувањето од сите земји-членки на ЕУ, САА за Македонија стапи на сила како прв од тој вид.

 
 
22 март 2004 год.

 
 Македонија поднесува официјална апликација за членство во ЕУ.

 
 
1 октомври 2004 год.

 
 Претседателот на ЕК, Романо Проди, го предаде Прашалникот на ЕК за подготвеноста на Македонија за започнување разговори за членство со ЕУ.

 
 
14 февруари 2005 год.

 
 Македонија ги предава одговорите на Прашалникот на ЕК на 14.000 страници.

 
 

 

Извор: Веб-сајтот на Делегацијата на ЕК во Скопје (хттп://њњњ.делмкд.цец.еу.инт/ен/абоут_ус/хисторѕ.хтм)

 

 

2. Програми и финансиски инструменти на ЕУ

 

2.1. Минато

 

ЕУ ги започна проектите за финансирање во Македонија преку канцеларијата на ЕХО во 1992 година. Оттогаш помошта на ЕУ порасна на околу 475 милиони евра помеѓу 1992 и 2000 година. Во оваа сума се вклучени и 91 милион евра помош за Косовската криза од 1999 година. Помошта беше исплаќана преку програмите ФАРЕ/ОБНОВА (259 милиони евра) за поддршка на реформите во економијата и подобрување на инфраструктурата. ЕУ финансира проекти како што се обука на персонал за реформи во банкарството, јавната администрација, судскиот сектор и развој на националната политика за заштита на животната средина. Преку програмата КАРДС, ЕК распредели буџет од 173 милиони евра за периодот од 2001 до 2004 година за поддршка на напорите на земјата за европска интеграција. Во периодот 2005-2006 година се очекува ЕУ да потроши дополнителни 80,5 милиони евра преку програмата КАРДС. Сe заедно, Македонија добила околу 606 милиони евра помош од ЕК во периодот меѓу 1992 и 2003 година.

Исто така, ЕК даде 70 милиони евра за поддршка на платниот биланс и обезбеди субвенции за каматни стапки во вредност од 20 милиони евра за заемите на Европската инвестициска банка. Македонија е и корисник на финансиска помош преку Европската иницијатива за демократија и човекови права (ЕИДХР), “Живот трети земји”, Младинската програма – соработка со трети земји и голем број други специјализирани програми на ЕУ.

*Распределбите ги вклучуваат и трошоците за работа на Европската агенција за реконструкција (ЕАР) (5 милиони евра за 2002 година и 5 милиони евра за 2003 година).

Извор: ГД за надворешни односи (хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еџтернал_релатионс/сее/фѕром/индеџ.хтм$5)     

Помошта, дадена од страна на ЕК, во минатото се соочи со два главни основни предизвици: ограничен капацитет на апсорбирање на помошта од страна на Македонија, најмногу поради неефикасниот и лошо структуриран административен сектор и ограничената способност на ЕК за брзо давање на планираната помош. Повеќе информации на оваа тема можат да се најдат во Оценка на помошта за земјите од Западен Балкан според Регулативата 2666/2000 (КАРДС) и Оценка на Регулативата 2667/2000 (Европска агенција за реконструкција) и двете од јуни 2004 година (хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/евалуатион/програм/цардсреп.хтм).

 

2.2. Сегашност

 

2.2.1. Помош на заедницата за реконструкција,

развој и стабилизација (КАРДС)

Програмата КАРДС беше формирана повеќе како стратегиски пристап кон помошта за земјите од Западен Балкан (Албанија, БиХ, Хрватска, Македонија, и СЦГ, вклучувајќи го и Косово под администрација на ОН) и поддршка на САП во овие земји. Програмите КАРДС се насочени кон поддржување приоритети како што се реформи и градење институции во интегрирано управување со границите, демократска стабилизација, градење институции и развој на регионална инфраструктура неопходни за спроведување на обврските од САА и со тоа градење на институционална, законска, економска и социјална рамка насочена кон вредностите и моделите на ЕУ. Регулативата КАРДС може да се погледне на: хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еџтернал_релатионс/сее/доцс/цардс/2666_00_ен.пдф

Изготвување програми: Конкретни долгорочни цели, акции и финансиска поддршка на програмите КАРДС се наведени во Националниот стратешки документ (ЦСП) и определената Мултииндикативна програма (МИП) за секоја земја на КАРДС поединечно. Планираното траење на програмата КАРДС е од 2000 до 2006 година.

Програмата КАРДС е поделена на приоритети посебни за регионот и за секоја држава. Регионалната програма КАРДС ги опфаќа сите земји од Западен Балкан. Меѓу 2002 и 2006 г., 4.650 милиони евра се распределени за регионални проекти, од коишто 3 милиони евра годишно во истиот период се распределуваат под приоритетот за демократска стабилизација каде што е лоцирана поддршката за граѓанските здруженија. Во 2003 година ЕУ додели 4,3 милиони евра за овие активности.

Целите насочени кон граѓанските здруженија определени според Регионалната програма КАРДС се:

• поттикнување активности на граѓанското општество и на меѓународнатата организација кои ги зајакнуваат демократските процеси, поттикнување независни медиуми и заштита на правата на малцинствата, вклучувајќи и помош при враќањето на бегалците.

Конкретните области поврзани со работата на граѓанските здруженија и поддржани од програмата КАРДС се:

•  развој на слободни и независни медиуми;

•  враќање на бегалците, особено во помагање на договорот АРЕА склучен меѓу БиХ, Хрватска и СЦГ;

•  борба против трговијата со луѓе;

•  зајакнување на демократскиот процес (на пример, владеење на правото, добро управување, јавна отчетност и слобода на мислење); и,

• развој на регионални граѓански активности за одржлив развој.

Последните програми КАРДС за поддршка на активности и проекти на граѓанските здруженија беа “Мрежа до мрежа” и Програмата за развој на локалното граѓанско општество. Предвидените програми за Регионалната работна програма на КАРДС за 2004 година (треба да се реализира во 2005-2006 или подоцна) се: Програма за поддршка на регионалните медиуми, семинари и конференции, Програма за интегрирано управување со границите, Програма за градење на прекуграничните институции, Програма за соседството 2004-2005 (интегрирани со Интеррег/ФАРЕ/ТАЦИС).

Националната програма КАРДС за Македонија првенствено ја насочува својата поддршка на здруженијата на граѓани преку приоритетите во Демократизација и владеење на правото (во 2005-2006 Демократска стабилизација), што вклучува поддршка на проектите кои имаат за цел подобрување на меѓуетничките односи и поддршка на граѓанското општество. Преку КАРДС 2002-2004 беа распределени 3 милиони евра за поддршка на проектите во оваа област (вкупно 9 милиони евра). Во програмата КАРДС 2005-2006 предвидени се 3 милиони евра за двете години или 1,5 милиони евра годишно за поддршка на правата на малцинствата.

Целите и приоритетите на ЕУ за одржливо граѓанско општество во Маке­донија вклучуваат:

• поттикнување на развојот на одржливо и слободно граѓанско општество во полза на меѓуетнички дијалог и помирување;

• зголемување на толеранцијата кон малцинствата;

• зголемување на активното учество на граѓанското општество во процесите на одредување на политиките и донесување одлуки.

Важно е да се забележи дека за Националната програма КАРДС секоја година се преговара со Владата којашто е одговорна за идентификување на приоритетите за помошта на ЕК во земјата. Во контекст на ова, во последните години има тренд на намалување на финансирањето на граѓанските здруженија и зголемување на поддршката за меѓуетничките програми, најзабележливо преку обучување на малцинствата за стапување во државната администрација и поддршка на двојазичната администрација. Во 2005-2006 фондовите за граѓанските здруженија ќе бидат на располагање преку програмите и активностите планирани во другите сектори поддржани од КАРДС во Македонија, како што се децентрализацијата и развојот на малите и средните претпријатија.

Буџетска ставка: Б7-541

Подобни земји: Македонија, други земји на КАРДС и земји-членки на ЕУ и/или земји-кандидати.

Критериумите за подобност се поврзани со типот на организациите, акциите и трошоците што можат да бидат побарани во пријавата.

Критериумите за типот на организацијата се општи и вклучуваат: организација којашто е непрофитна и е правно лице; што е ГЗ или професионална асоцијација; седиште во квалификувана земја; не е во стечај, не е обвинета за непрофесионално однесување, вклучувајќи го тука и неплаќањето социјални придонеси; не е предмет на конфликт на интереси. Понатаму, според меѓународната тендерска процедура, организацијата исто така треба да ги исполнува и следните критериуми: просечниот годишен приход (за договори за услуги) на кандидатот за последните две години да надминува 2 милиони евра, позитивен биланс на почетокот и на крајот на годината, најмалку 20% од вработените или повеќе од 8 вработени да работат во сфери поврзани со договорот, кандидатот во последните пет години да работел на најмалку два големи проекта (во коишто делот на услуги на кандидадот е поголем од 250.000 евра), најмалку еден во ЕУ и еден во земјите од ЦЕЕЦ/МЕДА во сферите во врска со договорот.

Општите правила за прифатливи трошоци вклучуваат: трошоци што се наведени од пријавениот/а, вклучувајќи ги и трошоците за вработените, патните и тековните трошоци, изнајмување опрема, храна и намирници, кооперанти и ревизија. 7% од административните режиски трошоци можат да бидат прифатливи трошоци.

Прифатлива акција е специфицирана во секој тендер или предлог заснован на полето на програмата.

Управување: Регионалната програма КАРДС е раководена според процедура за концентрирано раководење. Целиот проектен циклус е раководен од институциите на ЕК. Изготвувањето на програмите го прави ГД за надворешни работи/ГД за проширување, додека другите фази на проектниот циклус се управувани од Канцеларијата за европска помош (ЕуропеАид). Точната улога на Делегациите на ЕУ во проектниот циклус не е јасна. Како исклучок, фондовите за поддршка на интегрираното управување со границите се раководени според процедурата на деконцентрирано управување и се управувани од Европската агенција за реконструкција во квалификуваните земји.

 

Националната програма КАРДС за Македонија е деконцентрирана преку Европската агенција за реконструкција - Оперативен центар во Скопје (ЕАР). Проектниот циклус е поделен помеѓу ГД за надворешни работи/ГД за проширување надлежен за изготвувањето на програмите и ЕАР надлежен за изготвување на Годишната програма, финансиски предлози за секој сектор, ТоР одобрени од неговиот Управен одбор и ЕК. Постапката за набавка, набљудувањето и оценувањето исто така се спроведени од страна на ЕАР.

Постапка за набавка: До фондовите на програмата КАРДС (и регионалните и националните) може да се пристапи преку барања за понуди кои можат да бидат или тендерски (за работи, опрема и услуги, последните се најпристапни за граѓанските здруженија) или барање за понуди (грант). За набавки за услуги се подготвува една кратка листа на организации и им се понудува да поднесат целосни предлози врз основа на ТоР. Успешните организации потпишуваат договор за услуги со ЕК. Кај барањата понуди организациите пишуваат целосен предлог и ако се избрани им се нуди грант за негово спроведување.

Информации за отворени повици: Меѓународните тендери и барањата понуди се објавуваат на веб-сајтот на Канцеларијата за европска помош (ЕуропеАид): хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/индеџ_ен.хтм (под КАРДС/ОБНОВА и ЕАР). Локалните тендери се објавуваат на веб-сајтот на ЕАР: хттп://њњњ.еар.еу.инт/пројецтс/пројецтс.хтм.

Релевантни документи: Национални стратешки документи (ЦСП) за Македонија (2002-2006), Повеќегодишна индикативна програма (МИП) (2002-2004), Документ на КАРДС за регионална стратегија 2002-2004, Регионална годишна акциска програма КАРДС 2003, Повеќегодишни индикативни програми (Регионални МИП) (2002-2004), Регионална програма КАРДС 2004, Национална програма КАРДС 2004 (Македонија)

Релевантни веб-сајтови: хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/индеџ_ен.хтм (Канцеларија за соработка и европска помош), хттп://њњњ.еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/пројецтс/цардс/форењорд_ен.хтм (Програми КАРДС - општо, историја), хттп://њњњ.еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/пројецтс/цардс/билатерал_ен.хтм (Билатерална соработка КАРДС), хттп://њњњ.еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/пројецтс/цардс/регионал_ен.хтм (Регионална соработка КАРДС), хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/тендер/индеџ_ен.хтм (Пример на документи за грант и за тендер)

 

2.2.2. Европска иницијатива за демократија и човекови права (ЕИДХР)

Европската иницијатива за демократија и човекови права позната и како ЕИДХР, беше формирана во 1994 година од Европскиот парламент со цел да ги спои буџетските ставки коишто посебно се занимаваа со поттикнувањето на човековите права. Таа има своја тематска и регионална насока во која поддржува проекти.

Изготвување програми и раководење: ЕИДХР е заснована врз три инструменти, и тоа: целни проекти, барање понуди и микропроекти. За сите фондови кои се распределуваат преку буџетот на ЕИДХР се применува централизирано управување.

Целни проекти: се проекти за заеднички програми со партнери кои можат да бидат меѓународни владини организации или национални власти. Овие проекти се идентификувани од ЕК во потрага по специфични цели кои не можат да се осигураат преку барање за понуди.

Проектите коишто ќе се изберат преку барањњ понуди со учество на ЕК кое не е помало од 300.000 евра се спроведуваат од активисти во граѓанското општество, вклучувајќи ги тука и локалните власти (но не официјални државни, национални и меѓународни владини организации или институции).

Микропроектите се мали проекти под 50.000 евра директно управувани од Делегациите на ЕК во земјата на која се однесуваат.

Што се однесува на Балканот и на Македонија, ЕИДХР е фокусирана на мерки коишто ќе ја поткрепат демократската стабилизација во регионот со тематски фокус на меѓународните судови (на пример ИЦТИ), борбата против тортурата, расизмот и ксенофобијата (вклучувајќи ги и малцинствата) и смртната казна.

ЕИДХР игра улога на дополнувач на другите механизми за надворешна помош на ЕУ во земјите од регионот. Босна и Херцеговина, и Србија и Црна Гора се единствените две фокус-земји во регионот на кои е насочена ЕИДХР.

Буџетска ставка: Б7-7.

Подобни земји: наведени во секој повик, најчесто избрани земји надвор од ЕУ (вклучувајќи ја и Македонија).

Критериуми за подобност: исти со КАРДС (погледнете 2.2. стр.8), високообразовни институции, а исто така можат да конкурираат и медиумски профитни институции со непрофитно дејствување.

Информации за отворени барања: се објавуваат на специјална страница за ЕИДХР на веб-сајтот на Канцеларијата за соработка и европска помош хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/пројецтс/еидхр/цфп_ен.хтм.

Исто така микропроектите се објавуваат од страна на Делегацијата на ЕК во Македонија на нејзиниот веб-сајт хттп://њњњ.делмкд.цец.еу.инт и/или во локалните весници.

Релевантни документи: Документ за изготвување програми на ЕИДХР 2002-2004 (хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еџтернал_релатионс/хуман_ригхтс/доц/еидхр02_04.хтм)

Релевантни веб-сајтови: хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/пројецтс/еидхр/индеџ_ен.хтм (ЕИДХР општо и историја), хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/пројецтс/еидхр/тхемес_ен.хтм (теми), хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/пројецтс/еидхр/цфп_ен.хтм (повици за предлози), хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/тендер/индеџ_ен.хтм (примери на документи)

 

2.2.3. Кофинансирање дејства преземени од

страна на европски ГЗ во земјите во развој-ПВД

(Кофинансирање на ГЗ)

Кофинансирањето на ГЗ беше воведено во 1976 година за да ги овозможи активностите за поддршка од страна на ЕК предложени од европските ГЗ специјализирани на полето на развојна соработката, како дел од нејзината политика за развојна соработката. Овие активности имаа за цел да креираат директен и траен придонес за подобрување на животните услови и развивање планови за обесправените и маргинирализираните групи од населението во земјите во развој и подигнувањето на јавната свест во Европа во врска со овие прашања.

Овие фондови растеа со текот на годините и достигнаа скоро 200 милиони евра годишно во 2001, 2002 и 2003 година. По правило, 90% од овие фондови се наменети за кофинансирање разни активности во земјите во развој преземени од граѓански здруженија, нивните партнери (таканаречени ПВД), а останатите 10% се наменети за кофинансирање на активности за образување и подигнување на свеста на европската јавност во поглед на прашањата за развојот (таканаречена ЕД). 43-47% од нив одат за проекти во Африка, 20% за проекти во Азија и 3-5% за проекти на Балканот и ЦИС. Досега во земјите од Западен Балкан биле финансирани два проекти, и тоа проектот за Ромите од Спасете ги децата (Саве тхе Цхилдрен) во БиХ и во Албанија во 2002 година и Проектот за трговија со жени во Албанија во 2003 година.

Изготвување програми и раководење: Изготвувањето на програмите и управувањето со проектниот циклус за кофинансирањето на ГЗ е сместено во ЕК. Денес постојат три вида инструменти за финансирање на операции во земјите во развој во рамките на овој буџет. Тие се предмет на посебни барања за понуди кои не мора да се објавуваат секоја година. Тие се:

Проекти за еднократни активности составени од одржливи операции за најмногу пет години и со цел намалување на сиромаштијата во земјите во развој и подобрување на квалитетот на животот на луѓето и на нивниот развоен капацитет.

Блок-грантови за финансирање активности од помал обем кои обично се состојат од серија помали операции во земјите во развој кои се покриени со еден договор. Предложените операции треба да бидат во географска или секторска согласност и операциите мора да бидат исти со оние наведени погоре за проектите. Критериумите за квалификување кои важат за граѓанските здруженија што се пријавуваат за блок-грантови обично се построги од оние што важат за граѓанските здруженија кои поднесуваат предлози за проекти .

Договор (програма) – група активности за одржлив развој и/или процеси дизајнирани како дел од складен долгорочен пристап, а нагласокот е на постигнување јасно дефинирани средни и долгорочни цели. Финансираните дејства се обично со поголем обем во споредба со оние од проектите и се во географска и/или секторска согласност. Кога поднесуваат предлози за програми, граѓанските здруженија не мора да ги наведат сите дејства што треба да се спроведат, туку само вкупната рамка и главниот стожер на акциите. Критериумите за квалификување кои важат за граѓанските здруженија коишто се пријавуваат за договори за програми обично се построги од оние што важат за граѓанските здруженија кои поднесуваат предлози за проекти (погледнете барања за понуди). Единственото барање за понуди за договори за програми воопшто, беше објавено во 2000 година.

Од 2000 година граѓанските здруженија треба да поднесуваат предлози за проекти за кофинансирање врз основа на барања за понуди објавени од ЕК, обично на годишна основа. Овие барања за понуди се објавуваат на спрецијален веб-сајт на Канцеларијата за соработка и европска помош за кофинансирање на ГЗ и обично траат три месеци.

Буџетска ставка: Б7-6000.

Подобни земји: граѓанските здруженија од земјите-членки на ЕУ чиишто фондови во најголем дел потекнуваат од Европа, македонски граѓански здруженија како партнери и спроведувачи на акции (индиректно).

Критериуми за подобност: капацитет за мобилизирање на искрена солидарност кај дел од европската јавност за развојните активности; приоритети и искуство во полето на развојот; капацитети за административно и финансиско управување; познавање на  специфичниот сектор и на соодветната земја; способност за поддршка на развојните операции предложени од партнерите во земјите во развој и природата и обемот на врските со слични организации во земјите во развој.

Информации за фондови, релевантни документи и веб-сајтови: Информациите објавени на специјална страница за: хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еуропеаид/пројецтс/онг_цд/индеџ_ен.хтм

 

2.2.4. Програми на заедницата

Намената на програмите на заедницата е поддршка на внатрешните политики на ЕУ и истите се финансирани од внатрешниот буџет. Земјите кои што не се членки, можат да учествуваат во договор со Европската заедница и со плаќање финансиски придонес во буџетот на Заедницата за покривање на предвидените трошоци за учество од страна на нејзините граѓани. Македонија и другите земји од Западен Балкан моментално (2005 година) се во поединечни преговори со ЕК за билатерални рамковни договори во кои буџетските ставки сакаат да учествуваат и да имаат пристап започна со потпишување меморандум за разбирање, во првата половина од 2005 година. Сепак, некои програми на Заедницата за кои се смета дека е неопходно да ги реализираат своите цели преку учество на трети земји, ЕК веќе ги отвори за Македонија во минатото. Тие се:

ЖИВОТ (ЛИФЕ) - Трети земји нуди активности за техничка помош за поттикнување одржлив развој во трети земји. Овој дел од програмата овозможува капацитет за управување со животната средина, како за административните партнери надвор од ЕУ, така и за компаниите во ЕУ и за граѓанските здруженија во овие земји.

Повеќе информации:

хттп://еуропа.еу.инт/цомм/енвиронмент/лифе/фундинг/лифе-тц_цалл2005/индеџ.хтм

 

Контакт:

Еуропеан Цоммиссион

ДГ ЕНВ.Д.1

БУ-9 02/1

Б-1049 Брусселс

Фаџ: +32 2 296 95 56

Веб-сајт: хттп://еуропа.еу.инт/цомм/енвиронмент/лифе/хоме.хтм

 

Младинската програма е мобилна и неформална образовна програма на ЕУ наменета за млади луѓе на возраст од 15 до 25 години.

Повеќе информации: хттп://еуропа.еу.инт/цомм/ѕоутх/програм/индеџ_ен.хтмл

 

Контакт:

Генерален директорат за образование и култура ДГ ЕАЦ (ДГ ЕАЦ)

Младински сектор

Руе Ван Маерлант 2

Б – 1049 Брусселс

Тел: +32 2 299 11 11

Фаџ: +32 2 299 40 38

Е-маил: ѕоутхЖцец.еу.инт

 

Програмата ТЕМПУС има за цел поблиско поврзување на системот за насочено образование со потребите на пазарот на трудот. Таа го поддржува процесот на транзиција и ќе & помогне на економијата да влезе на глобалните пазари. Со зголемување на степенот на образование, програмата јасно се стреми кон придонес во поттикнувањето на човечкиот развој и намалување на нивото на сиромаштија.

Повеќе информации на: хттп://еуропа.еу.инт/цомм/едуцатион/программес/темпус/индеџ_ен.хтмл

 

Контакт:

Генерален директорат за образование и култура ДГ ЕАЦ (ДГ ЕАЦ)

Сектор „Програма Темпус – договори со САД/Канада

Руе Ван Маерлант 2

Б – 1049 Брусселс

Тел: +32 2 299 11 11

Фаџ: +32 2 299 40 38

Е-маил: темпусЖетф.еу.инт

 

Изготвување програми и раководење: Изготвувањето програми за програмите на заедницата е раководено од ЕК и одговорните ГД кои според политиката водат одредена област од овие програми. Што се однесува на проектниот циклус, предвидено е тој да биде управуван децентрализирано во Македонија, односно преку министерства или други агенции или тела во земјата. Македонија треба да го потпише Меморандумот за разбирање помеѓу месеците мај и јуни 2005 година во 7 од 8 приоритетни области, меѓу другото во областа на животната средина, образованието, за да има пристап до овие фондови во 2005 година.

Буџетска ставка: во зависност од областа, внатрешни буџетски ставки на ЕУ.

 

Подобни земји: земји-членки на ЕУ и Македонија.

 

Критериуми за подобност: во зависност од областа.

Информации за фондови, важни документи и веб-сајтови: Информациите за програми кои стојат на располагање, критериуми за квалификување и процедури за аплицирање:

Влада на Република Македонија

Сектор за европска интеграција

Илинденска бб

1000 Скопје

Македонија

Тел.: ++389 (0) 2 323 91 65

Факс: +389 (0) 2 311 37 10

Личност за контакт: Јован Деспотовски

 

2.3. Иднина

 

По 2006 година, кога формално треба да заврши програмата КАРДС (а на оперативно ниво треба да постои сe додека не се распределат сите фондови и не се склучат сите договори), ЕУ подготвува нова поддршка и механизам за финансирање за Македонија и за земјите од регионот – Претпристапниот инструмент (ИПА). Тој ќе обедини 5 постоечки инструменти (ФАРЕ, ИСПА, САПАРД, претпристапување на Турција и КАРДС). Инструментот ИПА треба да биде на сила од 2007 до 2013 година и треба да ги опфати и земјите потенцијални кандидати и земјите-кандидати. Според овој статус тој ќе овозможи пристап до типовите фондови за претпристапување, а со тоа ќе овозможи пристап до многу поголем обем на фондови, како и до програми кои се стремат кон општествена кохезија и балансиран развој за поддршка на структурните и институционалните реформи што мора да ги спроведат земјите-членки за да бидат подготвени да & пристапат на ЕУ како полноправни членки. Денес ИПА се разгледува од институциите на ЕУ и треба да се усвои до крајот на 2005 или во почетокот на 2006 година. Целосниот текст на регулативата ИПА подготвен од ЕК може да се погледне на: хттп://еуропа.еу.инт/цомм/еџтернал_релатионс/реформ/интро/индеџ.хтм.

 

2.4. Раководење со фондовите во Македонија

 

Распределбата и управувањето со фондовите на ЕУ во Македонија се одвива преку разни канали, во зависност од тоа дали тие се концентрирани или деконцентрирани. Концентрираното управување се однесува на фондовите што се управувани директно од ЕК во Брисел. ГД одговорни за управување со односите со Македонија (моментално ГД за проширување) се одговорни за развивање политика, стратегија и изготвување програми поврзани со помош, како што е на пример КАРДС. Сепак, Канцеларијата за европска помош (ЕуропеАид) е одговорна за раководење со проектниот циклус (погледнете ја сликата 1).

За Македонија, фондовите на КАРДС наменети за царинскиот сектор преку програмата ТЕМПУС, како и оние распределени преку регионалните програми на КАРДС и буџетот на ЕИДХР, се централизирани во ЕК. Другите делови од програмата КАРДС, како и помошта наменета за поддршка во спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, се распределуваат и се управуваат од страна на Европската агенција за реконструкција во Македонија. Тоа е т.н. деконцентрирано управување со фондовите на ЕУ, додека раководењето на самиот проектен циклус се прави во Македонија, т.е. земјата-корисник. Типот на управување со фондовите ја определува централната точка каде што се достапни информациите за можностите за финансирање како и со соработка во спроведувањето на фондовите на ЕУ како такви. Децентрализираното управување ќе стапи на сила со спроведувањето на Програмите на заедницата во земјата во втората половина на 2005 година.

Што се однесува до лобирањето, ГД кои работат на ниво на политика, стратегија и изготвување на програми, се главните институции за лобирање и поддршка. Денес, ГД за проширување веќе е одговорен за управување на односите со Македонија и ќе стане уште поважен поради фактот што ќе ги предводи преговорите со Македонија за членство во ЕУ. ГД за генерален секретаријат, за вработување и за социјални работи, како и за развој, ќе бидат одговорни за пристап до одредени буџетски ставки коишто ги раководат. Во поглед на управување и финансирање, Европската помош (за регионално) и ЕАР (за национално финансирање) треба да бидат примарни референтни точки за понатамошен контакт, информирање и лобирање за програмите и фондовите што им стојат на располагање на граѓанските здруженија во Македонија.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA