среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 11

   

Катерина Николова

“Моето лице, моето постоење”

“Зборуваш во моето срце и велиш: “Побарај го моето лице”.

Можам да ви зборувам за срцето на жената и за пронаоѓање на нејзиното лице, за пронаоѓање на нејзината положба во општеството, како и за нејзиното подобрување.

Во антропологијата се пишувало за биолошките наспроти општествените и културните услови како определници, се разбира во расправата за определниците на половите улоги.

Ернестин Фридл  пишува за политичката расправа околу прашањата на половите улоги. На една страна се оние што тврдат дека вродените биолошки и психолошки разлики меѓу половите се неизбежните и делотворните причини за правата и обврските што им се доделени на мажот и на жената во сите општества.

Во некои општества од жената се очекува да ужива во половиот чин повеќе отколку од мажите; во други, обратно.

Застапниците на теоријата за влијанието на средината заклучуваат дека психобиолошките особини не можат соодветно да ги објаснат набројаните разлики и дека за важни определници на половите улоги мора да се сметаат општествените услови, а не човековата биологија.

Застапниците на теоријата за влијанието на средината не го одрекуваат постоењето на машката доминација во сите познати општества. Но, тврдат дека таа не е неминовна и не мора да остане трајна состојба на нештата.

Но, сепак, сето ова е дел од теориите и дефинициите на антропологијата.

Во моето истражување следи родовата (не)еднаквост и правата на жените, а низ овие редови се јавува и гласот на жената. Глорија Стеинем вели: „Длабоко во срцето, знам дека жената има две опции: да стане феминистка или мазохистка”.

Сето ова е наспроти очекувањата дека технологијата и информатичкиот развој во општеството каде физичката сила е потребна во с$ помал број работни места, рапидно ќе ја подобри состојбата во однос на прашањата за правата на жените, податоците се јасни: од почетокот на 70-тите години од 20 век економската нееднаквост, како меѓу земјите во светот така помеѓу половите и другите групации, расте. Таквиот тренд продолжи и во 21 век. 


Поларизација:


Борбата за правата на жените денеска во светот има различно значење во зависност од географската положба. Економската поларизација, север - запад наспроти југ, заедно со религиското и културното наслество придонесе, меѓу другото, во поларизацијата на степенот на остварени права на жените.

Одредени географски подрачја, благодарение на економскиот развој, стигнаа понапред во унапредувањето на правата на жените. Борбата за правата на жените е многу потешка кога истовремено треба да се борите со сиромаштијата, гладот, невработеноста и неписменоста.
 

Злосторства врз жените:

Постојат голем број докази за злосторства врз жените: во некои земји едно од шест девојчиња ќе биде сексуално злоупотрбено пред да наполни 16 години; милиони девојчиња ќе бидат присилени на брак и потомство пред својата 13 година, физички и емоционално неспремни; стотици  илјади продадени или киднапирани заради проституција во Источна и во Јужна Азија, но с$ повеќе и во источна Европа. Во Индија и во Пакистан 90? од мажите ги тепаат своите жени. Во Африка со обрежување се унаказуваат телата на два милиони женски деца. Во Кина, исто како и во Индија, мајките, притиснати од воспитанието и социјалните вредности, го занемаруваат или убиваат своето женско потомство.
 

Борба за основните права на жените:

Исто како проблемите на Југот што се разликуваат од проблемите на Северот/Западот, така и остварувањето на правата на жените е поделено на проблеми за остварување на основните права на жените како човечки суштества: право на непречено движење, право на изразување, право на образование, пристап до информации, соодветна исхрана, здравствена заштита, право на сопственост, право на работа, право на репродукција и планирање семејство, за кои се борат жените од Југот и борбата за потполна еднаквост на половите, за која се борат жените во економски развиените земји.


Еднаквост на половите:

Жените од економски развиените земји, по неколкувековна борба, се изборија за своите основни човечки права. Да се рече, ова не е претерување, имајќи предвид дека до пред педесетина години жените немаа право на глас, до пред стотина години немаа право на имотна сопственост. Денешните проблеми се поразлични, но не помалку болни, понижувачки или сериозни. Актуелните прашања за половата еднаквост вклучуваат јазична дискриминација, дискриминација на работното место, во образованието, во јавноста и во политиката.

За жал, во развиените земји физичкото, сексуалното и психолошкото насилство се с$ уште присутни и недоволно санкционирани.
 

Правата на жените во Југоистична Европа:

Од формална гледна точка, во Југоисточна Европа не постои полова дискриминација во уставите и законите на земјите од регионот. Неформалната дискриминација е сепак многу поприсутна во споредба со земјите од западниот дел на Европа.
 

ХРВАТСКА:

На пример, во Хрватска не постои државна служба за помош и заштита на жени и деца жртви на насилство. Во случај на семејно насилство, жената може да се потпре единствено на пријателите или на поширокото семејство. Во недостаток на таква помош, жената е принудена да го поднесува насилството. Постоечките закони, спороста и неефикасноста на правниот систем се во корист на насилниците. Трговијата со жени и деца е  дел од синџирот којшто ја врзува Хрватска во борбата со злосторството, во борбата на криминалот со жените. Во Хрватска постојат граѓански организации коишто се во служба и во корист на жената.   

Б.А.Б.Е *биди активна, биди еманципирана*, стратегија, лобирање, феминизам, промоција и примена на правата на жените, е организација којашто целосно се придржува и залага за нормите коишто се поставени во корист на жената и “АНАРХО” - феминистичка акција од Загреб, е дел од јатото организации коишто ги штитат правата на жените, како и многу други организации.

Денеска во Хрватска процентуалната застапеност на жената во јавниот и во политичкиот живот е на завидно ниво. Нивното дејствување с$ повеќе е во корист на жената и нејзиното право како и правото на постоење и дејствување во сферите што се нивни предизвик.

 

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА:

Основните права на жените во БиХ се далеку од целосно признаени. Женската популација во БиХ зазема повеќе од половина од бројот на жителите, но тој процент е далеку помал во сето она што ја врзува жената во јавниот и во политичкиот  живот.

Законот за родови односи, усвоен во мај 2003 година, почна да се применува со отворање центри за родови односи во склоп на Агенцијата за родова еднаквост. Законот ја промовира, регулира и заштитува половата еднаквост, гарантира исти права за сите граѓани во јавната и во приватната сфера и ја забранува директната и индиректната полова дискриминација во областите на образованието, економијата, вработувањето и работните односи, социјалната и здравствената заштита, спортот, културата, јавниот живот и медиумите, независно од брачниот и семејниот статус. Во БиХ здружението „Жените за жените” промовира културна толеранција и ненасилство, образование за жените, почитување и прифаќење на разликите, додека „Родовите центри во БиХ” се фокусирани на жените и на примената на нивните загарантирани права во домашна и меѓународа сфера.

Сексуалната злоупотреба е исто така еден од акутните проблеми.

Проблемот на семејното насилство е еден од понагласените, но за жал и еден од проблемите за кој јавно не се зборува. Најчести жртви од овој тип насилство се жените (25-35 години), децата и постарите лица. Според неофицијалните податоци, се претпоставува дека едно од четири семејства го трпи ваквото насилство.

Трговијата со луѓе во Босна и Херцеговина, како и злоупотребата на жените во проституцијата, за жал, се во пораст. Босна и Херцеговина не само што е дел од ланецот на земји преку кои се одвива трговијата со луѓе, според податоците станува и извор на самиот проблем.

  

СРБИЈА:

Кога зборуваме за женското движење во Србија, тоа е  важен актер во социјалниот и во политичкиот сектор. Пресвртница во развојот на женското движење претставуваа отворањето на првиот СОС-телефон за жени и деца жртви на насилство, што работи на подобрување на животните услови на адолесцентите преку дирекна помош од СОС-телефонската линија, програми за реинтеграција, соработка со соодветни институции што работат со деца. Во склоп на сето ова се јавува и “Автономниот центар против сексуалното насилство”, кој од страна на волонтерите на СОС-телефонската линија нуди дирекна помош и поддршка на жените жртви на силување и жртви на насилство од мажи.

Во периодот по 1992 година, во Србија, Војводина и Црна Гора основани се повеќе од 50 женски организации. На крајот од деведесеттите години во Србија започнуваат т.н. женски студии, кои нудат алтернативен начин на едукација, објаснувајќи ја постфеминистичката терминологија, кибернетичкиот феминизам, глобализацијата од аспект на феминизмот и го истакнуваат прашањето на евтината женска работна сила и трговијата со жени во неолибералните концепти на светската економија.

Новото време, новиот начин на живеење, 21 век, на жените во Србија им донесе нови предизвици, јавна работа, политички функции, партнерства во бизнис-сферата, како и соработка со голем број организации коишто се залагаат за правата на жените. 
 

АЛБАНИЈА:

Албанија живееше долго под режимот на тоталитарен комунизам. Со навирањето на демократијата почна да се менува и менталитетот на албанскиот човек, кој по долго време доби можност да види и подруги општества и подобри можности. Во последниве неколку години албанските жени се стекнаа со економска независност и контрола врз својот живот. Овие промени тешко се прифаќаат во одредени сфери, поточно во семејствата каде за жената постои општоприфатената, однапред дефинирана улога. Како и во сите земји на Балканот, така и во Албанија се јавија голем број организации што се во корист на жените, за нивните потреби и за нивната заштита. „Албанската асоцијација за семејни планирања” се залага за здравјето како цел од планирањето на семејството, додека пак „студиите” за родови земји во транзиција како Албанија говори за образовен и истражувачки центар, кој се фокусира на развојот на социјалната и семејната свест, од аспект на положбата на жената во Албанија.

За семејното насилство за земја како што е Албанија речиси и немаме доволно податоци, бидејќи за овој проблем јавно и не се зборува. Жените Албанки полека но сигурно ја подобруваат положбата на својот статус, како и на својот идентитет.

 

КОСОВО:

Пред почетокот на деведесеттите во Косово скоро и да не постоеше женско движење. Во 1999 година, пред почетокот на војната, имаше десетина активни албански женски организации. По завршувањето на конфликтот во Косово се регистрирани околу 600 граѓански организации чие поле на работа се жените и нивните права.

Постоењето голем број организации е исто така и резултат на меѓународната помош насочена кон подобрувањето на состојбата на жената во Косово. „Центарот за родови студии и истражување” стациониран во Приштина ги промовира и штити основните права на жените, додека „Центарот за рехабилитација на жртвите од насилство” им нуди на жените итна поддршка и помош од насилство на целата територија на Косово. Голем број од организациите работат на психолошката поддршка на жените и на прашањата поврзани со здравјето на жените. Други се фокусирани на човечки права, едукација, дообука и тренинзи за жени. Сепак, основна пречка за еманципација на жените претставува лошата економска состојба.

 

МАКЕДОНИЈА:

Жените во Македонија, многу повеќе де јуре отколку де факто, ја живеат еднаквоста на половите. Сепак кога се поставува прашањето за еднаквоста на половите, Македонија генерално може да се вброи во земјите со “долгогодишна” традиција, меѓутоа како и во другите држави во регионот тоа се должи на брзиот развој на еманципација на жените во социјалистичкиот период, кој повеќе декларативно отколку практично ги гарантира правата на македонските жени. С$ досега кажано за стереотипите, ефикасноста на правниот систем, односно во семејствата во градските и во руралните средини, во образованието и слично, како слика за животот и правата на жените од соседните држави може слободно да се преслика како пример за Македонија.

Понатамошен напредок во остварувањата на правата на жените може да донесат само групи жени и освестени мажи кои ќе продолжат со активности и лобирања, како и со образование за подигање на свеста на јавноста. Покрај тоа, жените самите треба да направат напор да се ослободат од прангите на неукоста и да ги прошират своите хоризонти, преземајќи нови општествени улоги, нови права и одговорности за своите животи.

И, најважно, да престанат да веруваат дека не можат.

Во Р. Македонија искуствата и практиките на граѓанските организации во подобрување на положбата на жената во општеството покажуваат с$ поголеми и повидливи резултати, се разбира во корист на жената.

Во проектот “Стоп на трговијата со жени и сексуалната злоупотреба на девојките и жените”, ООЖМ одржа семинар во Охрид којшто беше поддржан од ФИОО Македонија, и на кој се говореше токму за насилството врз жените. Жените јавно не сакаат да признаат за проблемот со којшто се соочуваат и за којшто им е неопходна помошта токму од вакви организации, а причините се сепак најразлични. Поддршката што им ја даде ООЖМ на жените е пред с$ морална, а храброста јавно да проговорат за овој проблем ќе им го забрза нивното решавање на проблемот како и враќањето на самодовербата. Синџирот е спроведен насекаде во нашата земја, трговијата со жени и нивната сексуална злоупотреба ја забрзува работата за интервенција, а тоа се должи на распространетоста и поврзаноста на организациите.

За проектот „Гласот на жената од Македонија” ООЖМ даде целосна слика за сето она што ја мачи и сето она што & е потребно на современата жена, за подобар и побрз пристап до бараните информации, како и за потребата од јавен пристап и јавна комуникација. Гласот на жената е сепак еден важен белег којшто му дава поубава слика на општеството, а потребата да се биде и да се може ја врзува и работата на женскиот свет.

Соработката на хуманитарниот комитет за „Човекови права” и проектотот на СОЖМ „Поддршка на женските права во Западен Балкан” го даде белегот којшто ги врзува овие земји, а тоа е еволуцијата и имплементирањето на постојните народи поврзани со домашното насилство.

„Жените и медиумите” го откри сензибилитетот за потребата од зголемено и рамноправно учество на жените во креирањето на медиумската политика и поддршка на медиумите во реализација на родовата рамноправност како приоритет, а сето ова беше поврзано и поддржано од страна на Кралството Норвешка.

Во активното подобрување за положбата на жената во општеството земаат место и организациите: МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка; Асоцијацијата „Женска акција”, која во склоп на своето долгогодишно работење објави и своја програма во која жената е целосно застапена во секоја гранка на општеството и граѓанската организацијата „Престиж” од Битола, која со активистите од најразлична возраст, националност, општествена и религиска припадност промовира родова еднаквост.

Но, положбата на жената денеска отвора и други битни прашања. Дали жените се рамноправни со мажите во изборот на професијата?

Жените с$ повеќе сакаат влез во политиката?! Некои од нив ги облекоа и униформите на армијата, на полицијата и на царинат, занимања коишто во минатото се сметаа исклучиво за машки професии. Но за политичкото јакнење на жената во Македонија СОЖМ изгради стратегија за масовно вклучување на жената во политиката, а резултатот го покажа тоа на Локалните избори 2000 год. кога за првпат беа избрани 3 жени градоначалнички и 165 жени советнички.

Денеска оваа бројка масовно се зголеми што е чекор понапред за жената и за нејзината положба во општеството.

Ова е само дел од искуствата и практиките на граѓанските организации, а сето ова продолжува и понатаму со нови идеи и хумани луѓе кои се залагаат за подобра положба на жената во општеството.

Верувале или не, во светот името на жената е симбол на храброста, непокорноста, симбол на сексапилот, како и симбол на убавината, женственоста, чистотата и вечноста,

Онаму каде се спојуваат времињата преку генерации, онаму каде се испреплетуваат судбините на луѓето, онаму каде тивко и незабележливо се гради историјата на човештвото, таму е жената, тоа е пораката на симболот којшто вечно ќе стои како обележје на жената.

За жената може вечно да се пишува, таа е како музиката на музичарот, како сликата на сликарот, а за писателот е инструмент, а тоа е, се разбира, зборот, а дијалогот е машината што го става во движење уметничкиот свет, жената е негов уметнички свет.

Јас велам побарај го лицето на жената, побарај го и откриј го нејзиното срце, таму ќе го видиш светот, таму ќе ја видиш светлината, таму ќе ја откриеш вистината.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA