Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 43 Ноември 2004

   

50 години на Специјалното училиште “Димитар Влахов”     

Училиште кое внесува светлина

“Не прави го на некого она што не сакаш да ти го направат тебе”, пишува во учил­ницата на првоодделенците Едис, Берат, Кети, Самир и Димитар кои понекогаш се немирни, како впрочем и сите првачиња, но кога треба да ги учат бук­вите, и тоа како внимателно ја слушаат својата учителка Снежана Талевска. Наста­вата тече вооби­чаено. Децата ги учат буквите на Браевото писмо, читаат четива прилаго­дени за нивната возраст, а доаѓањето на фоторепортерот и новинарот во нивниот клас посебно го израдува Едис кој ни рече: “Добре дојдовте во нашето учи­лиш­те, може да не сликате?”, и гуш­нат со другарите Берат и Кети подготвено позираше пред објективот на фоторепорте­рот. 
 

Специфични образовни форми

Едис е осумгодишно момче од Прилеп кое од оваа учебна година е ученик во специјалното училиште за деца со оштетен вид во населбата Кисела Вода во Скопје, единствена образовна установа од ваков вид во Македонија. Родителите на Едис, како и многу други кои имаат деца со сличен проблем, се плашеа детето да оди во спе­цијалното училиште, сметајќи де­ка нив­ниот син на тој начин ќе биде етикетиран и отфрлен од средината. Но, се случи спро­тивното. Едис е сега интегриран во образовниот систем, Едис сега учи, Едис сега има другарчиња, Едис има обезбеден бесплатен престој и исхрана во интернатот на училиш­тето. Ова училиште веќе педесет години им овозможува на слабовидни деца да стекнат соодветно образование изна­оѓајќи специфични образовни форми и методи кои најдобро ќе соодветствуваат на образовната потреба на децата со ош­тетен вид.  Во ова учи­лиште се учат истите предмети како и во секое друго училиште, само што техниката е прилагодена на потребите на уче­ниците. Така, кога учат информатика, тие имаат специјални компјутери, кои не само што ја имаат вообичаената тастатура, туку нив­ните компјутери имаат и тастатура со Браева азбука, имаат и Браев печатач, на час по македонски јазик го користат апа­ратот за зголемување на букви - ТВ лупа, во библиотеката имаат компјутери, таканаречени “обични” кни­ги, но и книги со Браевото писмо.

Училиштето “Димитар Влахов” всушност е и основно (вклучувајќи го и подготвителното одделение) и средно училиште, а во средното училиште учениците имаат можност да се образуваат за две занимања: книговезец-картонажер и манипулант на телефонска централа.

Предности

Но, една заблуда мора да се разбие.  Учениците кои основното училиште го зав­ршуваат во специјалното училиште за деца со оштетен вид не мора своето обра­зование да го продолжат во истото учи­лиште. Тие школувањето можат да го продолжат и во некое друго училиште, спо­ред своите можности и интереси. Многу­ми­на од оние кои својата полуматура ја стек­нале во “Димитар Влахов” се запи­ша­ле во гимназија, потоа на факултет, дипломирале, а денес се професори во училиш­тето каде што некогаш биле ученици. Еден од нив е и Кире Велјановски, кој е професор по англиски јазик. Тој е младо момче полно со ентузијазам и знаење, професор кој е одличен учител, кој има разбирање за своите ученици бидејќи и самиот чекорел по истиот пат.

 “Многумина родители имаат чувство дека доколку детето го запишат во ова учи­лиште на некој начин тоа ќе биде загубено за, условно кажано, нормален живот. Тоа е сосема погрешна слика. Отпор имаше и во моето семејство. Мојот татко ми призна дека страшно се спротивставуваше на идејата јас да одам во училиште кое има предзнак ‘специјално’, но за среќа своето образование го започнав токму тука. Зошто велам среќа? Доколку учев во ‘таканаречени’ редовни училишта, ќе бев едно од триесет и петте деца во клас, а бидејќи имам проблем со видот, колку мојата учителка би можела да ми обрне внимание? Во нашето училиште, пак, класовите се составени од еден ученик, двајца, петорица или најмногу во еден клас може да има осум ученика (таква е законската регулатива). Со оглед на тоа што тука работат професори кои имаа и де­фектолошка доквалификација, без разлика кој предмет го предаваат, јасно е дека детето со оштетен вид токму тука, во нашето училиште, ќе добие соодветно и квалитетно образование, бидејќи с$ ќе биде прилагодено на неговите потре­би, а и околу него се неговите врсници со сличен проблем”, објаснува Кире Вел­јановски, истакнувајќи дека за време на средношколските денови кога учел во гимназијата “Јосип Броз – Тито” воопшто немал проблеми ниту во однос на материјалот и зададените школски задачи, ниту во однос со своите врсници. 

Исто мисли и Мирсада Бакиќ, која во училиштето “Димитар Влахов” предава пијано, а која како и Кире Велјановски е бив­ша ученичка на своите сегашни колеги: “Не сметам дека сум загубила нешто од детството затоа што сум учела тука. Напро­тив. Сега предавам пијано и презадоволна сум од своите ученици. Познато е дека луѓе кои имаат оштетен вид имаат посебна дарба, за музика, впрочем секој има некоја дарба само треба правилно насочување”. Мирсада вели дека нема ништо против сите деца да бидат вклучени во “така­наречените” редовни училишта, но затоа треба да постојат одредени предуслови, потенцира таа. “Не можам да сфатам дека некое редовно училиште почнува да запишува деца со специјални потреби, а претходно да не вработи дефектолози или да ги обучи учителите и наставниците за работа со овие деца.” 

Проблеми и потреби

“Доверба во можностите на нашите уче­ници”, е мотото на ова училиште, а наставниците кои предано ја работат својата работа го извлекуваат максимумот од своите ученици.

Професорите истакнуваат дека нивниот успех пред с$ зависи од нивната работа, но и од работата на социјалните служби кои имаат  увид во семејства кои има­ат деца со специјални потреби.  “Едно е јасно, основното образование е задол­жително за сите деца”, вели професорка­та по математика, Снежана Пешевска.  “Недопустливо е некое дете, од која би­ло причина да остане вон образовниот про­цес”, објаснува таа.

Втор голем проблем со кој се соочуваат професорите во ова училиште се учеб­ниците. Точно е дека има многу учебници со Браевото писмо, но по некои предмети професорите се снаоѓаат така што дел од лекциите ги печатат на Браевиот печатач. “Про­бле­мот се создава кога се менуваат школските програ­ми, па дел од учебниците се отпечатени на Браевото писмо, а дел не”, вели На­талија Филиповска, професорка по македонски јазик.

И секако, колку во училиш­тето атмосферата да е убава и работна, децата еден ден ќе станат возрасни луѓе кои треба сами да продолжат да чекорат по својот пат. Затоа се наметнува прашањето: што понатаму?

“Потребни се нови смерови!”, истакнува Јелена Јурхар, професорка по стручниот предмет “телефонија”. “На смерот на кој- што предавам јас учениците по триго­дишното образование се стекнуваат со зва­ње ‘манипулант на телефонска централа’. Меѓутоа, со развојот на техниката, се поставува прашањето: што­понатаму?Полу­автомат-ските телефонски централи се веќе реткост, заменети се со дигитални, така што нашите ученици нема каде да се вработат”. Јурхар смета дека во моментот подоб­ро поминуваат во однос на вработувањето учениците од картонажната струка бидејќи се вработуваат во приватни претпријатија кои се занимаваат со оваа дејност.

“Од Министерството за образование е побарано во нашето училиште да се отвори нов смер и тоа од здравствена струка, физиотерапевти, односно масажери, што би бил голем чекор напред за нашите ученици”, објаснува Јелена Јурхар. 

Децата ги сакаат и почитуваат своите про­фесори, но се знае, оценките се секогаш чувствително прашање. Не дека  уче­ниците се лутат на своите професори, но сепак поинаква е близината со психологот Соња Фортуманова која  уче­ниците во “Димитар Влахов” и буквално ја обожаваат, а често за неа велат дека им е втора мајка бидејќи многумина од нив живеат во училишниот  интернат одделени од своите семејства.  

“Децата тука се од шестгодишна возраст, па до полнолетството. Значи, најжешкиот период го поминуваат тука со нас, а тоа носи посебна одговорност”, вели психологот Соња Фортуманова.  Додека се малечки им организираме забави, дру­жења, имаат игралиште во школскиот двор, но подоцна кога се тинејџери бараат да одат и на концерти, забави, сакаат да излезат и во некое кафуле. Секако, им излегуваме во пресрет на нивните барања и одиме дури и во диско со нив. Учениците во шега не молат во диско со нив да оди некој од помладите професори, за да може да се вклопи во амбиентот, како што велат тие. Тие се доволно блиски со мене за да побараат и совет кога се во прашање емоциите. Како и сите млади, и тие се соочуваат со првата љубов, но и со првите разо­чарувања. А кој впрочем не го поминал тоа? Ние сме тука да им објасниме дека и тоа се преболува, но дека примарните обврски остануваат, а животот тече понатаму”.

Марија Кука

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA