среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 2

   

Надир Реџепи

 
Мрежи, искуства во Македонија

 

Погледи на НВО кон вмрежувањето

Натпреварот на економски и културен развоен план се одвива во целиот свет. Секој народ се стреми да го направи најдоброто за својот општествен развој затоа што нацијата којашто е подобро развиена има повеќе предности и избори во својата иднина. Развојот е процес поврзан со вложениот труд и средствата во одреден временски период, за кој стануваме с$ посвесни под влијанието од многуте информации кои пристигнуваат до нас од сите страни. Сето тоа ги забрзува нашите активности во секојдневниот живот, со мотив да се достигне пропуштеното, односно се биде во тек со другите. Тоа значи дека живееме во време на бурни промени, промени кои влијаат на нашиот начин на живеење, на нашите вредности и воспоставување нови односи. Општествено-политичките промени во Македонија во почетокот на 90-тите беа генератор за неминовните измени во начинот на организирање на граѓаните во земјата. Во времето кога двата столба – политиката и бизнис-секторот, преживуваа целосна преобразба, секторот на НВО полека почна да се најавува како нешто ново и предизвикувачко; движење кое полека срамежливо започна да си ја зазема позицијата на трет фактор во државата. Во 12-те години на транзиција секторот имаше додатни инјекции од кризите во Босна, во Косово и во Македонија, кои го забрзаа и го зголемија интересот за овој вид организирање кај нас и го свртеа вниманието на многу меѓународни институции и донаторски агенции. Тие, пак, со своето доаѓање, освен донации, донесоа искуство и повисоки стандарди на организирање, кон кои моравме да се прилагодуваме за релативно кратко време. Меѓу многуте, еден од нив е процесот на вмрежување или кај нас кажано координирање на активностите меѓу повеќе организации. Започнаа првите вмрежувања, иницирани на разни начини, за да се сознае дека некои НВО се зрели во тоа, а некои се уште се обидуваат да го дефинираат процесот. По членството во неколку мрежи и сентиментот кон изгубениот елан, време и труд, пред две години побарав информации за вмрежувањето во светот, за да најдам одговори дали се разликуваме во тој процес.

 

Коментарите од светот во домашната практика

НВО низ светот, испрашувани за нивното мислење зошто имаат потреба за меѓусебно вмрежување, ги дадоа следниве одговори:

 

1. “Вмрежувањето е добра платформа за изразување солидарност меѓу НВО. Помага при размена на искуства и експертизи, да се работи на заеднички акциски програми за да се креира влиајние врз политиката на владата.”

 

За ваков вид вмрежување треба да се стремат сите НВО во земјата. Иако ни треба уште работа и време за да имаме ваков квалитет во мрежите,  поврзани со  зрелоста и оддржливиот развој на организациите, неколку постоечки мрежи во Македонија покажаа одреден степен на реализирање на нивните акциски програми. Најдобар и свеж пример се женските организации и нивните мрежи во Македонската женска лоби-група, кои веќе ја реализираа нивната идеја за поголемо учество на жените во политиката и процесот на донесување одлуки. Иако станува збор за типичен пример за полова солидарност, се доаѓа до сознание дека која било форма на посветеност и упорност во вмрежувањето резултира со очигледни позитивни резултати. Што се однесува до размената на искуство и експертиза, мрежите успешно изградија свои бази на податоци, кои на сликовит начин покажуваат со кои капацитети располага мрежата, за да остане нивната внатрешна искористеност само на хартија. Трендот на поканување надворешни експерти и тренери функционира и понатаму, кој нелогички ги прави скапи домашните активности. Често се случува размената на експертиза да се претвори од привремен во траен карактер, што значително ја ослабува позицијата на организацијата од која заминува експертот.

 

Мрежни приоритети и...

 2. “...помага при споделувањето на развојните проблеми и ги решава истите. Исто така, им помага на групите да бидат подобро информирани.”

 

Ова е една од многуте причини зошто организациите се вмрежуваат. Секоја организација наидува на период кога се соочува со развојни проблеми. Во периодите на отсуство на планирани активности за развој на домашните организации, т.н. јакнење на капацитетите, организациите се принудени да се снаоѓаат сами. Организациите немаат можност да бараат адекватни обуки за нивното членство од фондациите, постоечката литература е многу малку достапна (главно на англиски јазик), а домашните интернет-страници скоро и да немаат едукативни материјали за менаџментот на НВО. Можноста преку членување во мрежа овозможува шанса за решавање дел од развојните проблеми, којашто во нашата практика е релативно искористена, но гледано од стратешки аспекти на самите организации, мрежите многу малку посветуваат внимание кон правилниот развој на домашните НВО. Мрежите главно си имаат краткотрајни мисии, кои пак под притисок на времето мора да се реализираат, додека развојот на членките останува во втор план. Напредок во смисла на јакнење на капацитетите на организациите има, но тие се с$ уште во категоријата на “тивки промени”, кои многу од домашните организации не се во можност да ги измерат или да ги препознаат. Искуствата покажаа дека мрежите формално имаат ваква цел, но праксата е поинаква, дека таа цел се вметнува само како мотив за привлекување НВО во членството на одредена мрежа. Горенаведените ситуации имаат свое про ет контра  зошто тоа се случува, но генерално тоа се должи поради неколку причини:

  • се вмрежуваат организации со различити мисии и степен на развој, што е неизбежен процес;
  • членките во мрежите имаат отпор кон одредување стриктни правила и механизми за работа, односно се стремат за имање полна слобода за избор на приоритетите меѓу сопствената и мрежната агенда;
  • сите мрежи имаат одредена мисија, но скоро и да немаат визија што ќе се прави по остварување на истата. Тука е логично да се праша дали на мрежите им е потребна визија, односно дали самите мрежи треба однапред да си го дефинираат векот на живеење, можната трансформација итн.;
  • постигнатиот развој на мрежата и членките единечно не се искористува, односно канализира за натамошно пренесување и надградување на капацитетите;  
  • преовладува мислењето дека развојот може да се оствари само преку имплементација на проекти, односно искористување на средствата на мрежата. Тоа е погрешен пристап за мрежно делување затоа што членките ги доведува до конфликт на интереси и натпревар за грантови, што сигурно предизвикува внатрешни поделби и фракции. Во вакви ситуации, одредени членки се многу активни во мрежните активности, додека незадоволните се претвораат во реактивен дел на мрежата и се обидуваат да ги “заведат” пасивните членки за да им се придружат за нови промени во мрежата.

Информирањето преку мрежите е еден од најкорисните процеси. Тоа  е нормален процес, знаејќи дека многу организации комуницираат преку центарот на мрежата. Овој начин на комуницирање ја зголемува транспарентноста на членките и мрежата, ги подобрува комуникациските способности и довербата. Колку оваа размена на информации е искористена во праксата, тоа е друго прашање. Организациите не ретко имаат проблеми со изобилието информации кои го надминуваат нивниот капацитет, така што се наоѓаат во позиција да селектираат адекватни или “поважни” информации во своја корист. Тука веќе се запоставува мрежниот интерес, односно нашата пракса покажува дека не е можно во исто време да се застапуваат двата интереси со еднаков интензитет.

 

...реални потреби

3. “...важно за колективна акција кон социјална правда и заеднички потреби.”

 

Мрежите во Македонија засега не покажаа поголеми реултати во смисла на поголема гласност и влијание врз јавноста, како што го направија тоа колегите во Хрватска и во Србија. Кампањата “Доста е” која на моменти личеше на мрежа, покажа слични резултати, но со далеку помал одѕив и влијание меѓу граѓаните. Што се однесува до евентуалното придружување на мрежите кон митинзите на одредена група граѓани, може слободно да се каже дека тоа е ретка појава. НВО и нивните мрежи се преокупирани со своите агенди и обврски, така што не се во можност да ги следат дневнополитичките збиднувања, во смисла на брза реакција и поддршка на одредена граѓанска структура. Политиката и вршењето притисок врз политичарите е с$ уште табу-тема, каде што домашните организации не се осмелуваат јавно да настапат, иако нивната гласност преку мрежите има поголем кредибилитет и помал ризик за “обележување” на организацијата како нечија продолжена рака. При формирањето на мрежите с$ се сведува само на заедничките потреби на членките на мрежата и донаторската агенција, кои не секогаш се јасно дефинирани, ниту пак тие можат да ги задоволат сите во мрежата. Со таквата стартна позиција, мрежите веќе на почетокот на своето постоење најавуваат површност и стихијност во работењето, од членките бара голема трпеливост и спремност за компромис. Недефинираноста на заедничките потреби/интереси води кон еден вид манипулативно лидерство меѓу организациите, каде што поискусните бараат алиби и поддршка од т.н. помлади НВО со цел да се форсира или фаворизира одредена група во стекнувањето корист од вмрежувањето. Не се ретки ни битките за превласт, кои се само привидни и не носат ништо конкретно, доколку се има во посед. 

 

Нашите дилеми и навики

4. “...вмрежувањето е добро и потребно да се размислува на слични начини. Тоа ни дава поддршка еден на друг.” 

 

Не секогаш мислењето на слични начини носи добро во односите на мрежите. Нашите искуства во мрежните активности покажуваат приближување на различитите ставови и сознание за потреба од заеднички акции. Во некоја мрежа патот за приближување на различитите мислења е макотрпен, додека во друга е многу ефикасен. Тоа се случува кога членките се познаваат подолго време и главно имаат одреден степен на доверба и веќе изградени добри односи. Во тој контекст останува отворена дилемата дали мрежите треба да вмрежуваат организации кои веќе имаат изградено партнерски односи, или пак треба да се вклучуваат НВО коишто воопшто немале претходни контакти. Во секој случај, поддршката добиена преку мрежното делување е многу значајна и носи промени кај организациите во нивната култура на однесување. Еднаш добиената поддршка во мрежата носи обврска за повнимателно однесување и облигација за да се возврати таа кон мрежните партнери. Некогаш возвраќањето поддршка се дава од објективни причини, но се случува таа да се даде само за да се врати “долгот” кон партнерот. Во случаи кога очекуваната поддршка не се возвраќа, доаѓа до конфликтни ситуации и превирања во мрежните активности, дури во ситуации кога реалноста не дава можност за возвратна поддршка. Тоа се случува често, во ситуации кога донаторите инсистираат на проекти имплементирани од повеќе партнерски организации, каде што секој “партнер” добива улога за алиби и градител на кредибилитет на проектот.

 

Зрело организирање или развиено чувство за вмрежување?

5. “...тоа е позитивна структура која промовира смирена трка меѓу организациите.”

 

Оваа изјава ми се допаѓа многу, затоа што во неа има многу вистина за нашите мрежни активности. Мора да признаеме дека преку мрежните активности запознавме и се дружевме со многу организации во земјата, научивме нови вештини, но пред с$, најважно е дека престанавме еден на друг да гледаме како на конкуренти. Сознавајќи ги меѓусебните квалитети и слабости, мрежните партнери се чувствуваат порелаксирано во сознанието дека никој не е совршен, дека процесот на градење на организациските капацитети трае долго. Дијалогот преку мрежите ни даде на знаење дека сите мораме да учиме еден од друг, да се стремиме да одржиме континуитет во процесот на учење и да бидеме секогаш спремни да даваме поддршка во процесот на учење на другите. Во зависност од периодот на “смиреност на трката”, интензитетот на возбудата за мрежно делување расте или се намалува. Во една мрежа трката се претвора во лов на грантови, во друга доаѓа до стагнација поради премногу амбициозно зацртаните цели, додека во трета членките на мрежата се трудат да изградат рејтинг на квалитетни играчи. Тоа е многу реална ситуација и секогаш ќе има повторување на вакви состојби. Она што денес важи за квалитетна организација, веќе утре може да не биде, поради брзите промени во и надвор од средината на организациите. Промените, предизвикани од заминувањето на експерти од организацијата или донатори од регионот, тешко се преживуваат и се многу опасни за опстанокот на денешните организации. Во тој поглед, домашните организации се премногу зависни од работата на неколку клучни луѓе (еден или двајца), а финансиски за главен столб имаат една донаторска агенција. Оттука произлегуваат привремените “пребегнувања” на организациите во мрежи, за да ги тестираат своите и донаторските интереси во релаксирана атмосфера, преку одредени вкрстени структуирања на повеќестрани цели. Искуствата покажаа дека организациите брзо се враќаат кон матичните “донатори” и со нов елан ја продолжуваат веќе докажаната соработка и остварување на заедничките интереси.

 

НВО во тренд значи НВО во мрежа!? 

6. “...даден во критички контекст во која нашата земја се наоѓа и начинот на кој волонтерскиот сектор се нурна себеси во безводниот океан, има потреба за итно вмрежување од искрена природа.”

 

Во последните 2 години трендот на вмрежување се зголеми, како резултат на степенот на зрелоста на секторот. Мрежите почнаа да се градат внимателно, со специфични методи и критериуми, со респект… и со недостаток на иницијативи за формирање мрежи оддолу нагоре. Мрежите главно се иницирани од страна на донатор кој обезбедува финансиска поддршка и одредена мисија на мрежата, додека на членките им преостанува изборот некако да се вклопат во мрежната агенда. Целиот процес изгледа неприроден поради фактот што потребата за мрежно делување не е иницирана или идентификувана од домашните организации, а од друга страна собирањето околу одреден фонд за да се потроши во одредено време многу потсетува на еден вид автоматизам на мрежата како потрошувач. Формирање мрежа, само со желба и без никаква финансиска основа, е исто така нешто неприродно, затоа што само со сакање не се постигнува конкретно ништо. Единствено што преостанува да се направи е да се најде баланс помеѓу овие екстремни состојби за да се задржат оновните елементи за функционалност на мрежата. Од година во година мрежите стануваат с$ поквалитетни, структуирани на специфичен начин, и тоа дава надеж за скоро вмрежување од искрена природа. Во време кога обврските на организациите брзо се зголемуваат, а организацискиот развој не е во можност да го следи тоа, мрежите се алтернатива за успешно решавање на таквите состојби. Свесноста за вмрежување од искрена природа е с$ поголема, поради минатото искуство на краткотрајни мрежи, потрошено време и труд, кое н$ поучило да не ги повторуваме истите грешки. Заклучуваме дека заедно можеме и мораме да постигнеме повеќе, но реално земено, за с$ е потребно време. Искрената природа на мрежите ќе се постигне со максимална транспарентност, јасно дефинирана цел, безрезервна поддршка во и надвор од мрежата и, нормално, со адекватни амбиции поврзани со капацитетите на мрежата.

 

Детерминизмот не влијае на мрежната компактност

7. “... работење заедно врз заеднички потреби.”

 

Мрежите во Македонија досега главно ја имаа оваа карактеристика, инаку секое членување во мрежа без споделување на потребите би било бесмислено. Во даден момент организациите имаат потреба да се здружуваат за остварување одредени потреби. С$ додека се имаат повеќе заеднички потреби во една мрежа, нејзиниот живот и успехот имаат повеќе шанси за нагорен пат. Затоа е многу значајно уште на почеток да се изнајдат заедничките потреби кои ќе ги поврзуваат организациите. Дали тоа ќе биде бројот на обуки, проекти, годишни извештаи или истражувања, не е важно, важно е членките да имаат јасна претстава за тоа што ги очекува. Имавме мрежи во кои се ветуваше многу, за да увидиме дека по нивниот престанок на постоење не е остварено многу од ветеното и го имаме чувството на изманипулираност. Секоја мрежа има двосмерни можности, да биде екстремно централизирана до крајно либерализирана (дезорганизирана); тука веќе станува личен избор на членството кој модел би го преферирале. Во првиот случај станува збор за мрежи каде што одредена структура максимално ги контролира сите дејствија и не овозможува радикални промени во раководењето на важните процеси и функции, додека во вториот случај се работи за мрежи каде што меѓусебната недоверба е висока. Во двата случаја се воведуваат механизми и правила кои го намалуваат успехот на мрежата, успоруваат конкретни активности, предизвикуваат внтрешни струења и поделби, за на крајот да престанат да постојат. Правилото на “златна средина” важи при дефинирањето на правилата на игра, кога би се имале предвид двете екстремни можни движења на мрежите. Што се случува во моментите кога во една мрежа нема заеднички потреби или нивната важност е намалена? Тоа значи дека има опасност од неминовен крах на мрежата, затоа што организациите природно се мотивирани да ги штитат сопствените интереси и приоритети, така што е нормално нивниот фокус по одредено време да биде свртен во друг правец. Тоа е првиот мотив, а вториот е дека во матичните организации луѓето имаат потполна слобода на избор, без контрола од мрежниот центар. Идните мрежи треба да размислуваат за динамиката на заеднички потреби и во тој правец да овозможуваат периодични анализи за внатрешните потреби и промени во развојот на членството.

 

Поливалентноста како квалитет

8. “... може да оствари промена во владината политика во корист на малцинските групи.”

 

Можностите една мрежа да има повеќе шанси за успех отколку една организација сама да вложува напори во правец на промена на владината политика се наведени во погорните редови на текстот. Во овој дел, изјавата наметнува друг контекст на размислување. Секторот на НВО во Македонија се соочува со низа проблеми во областа на застапување на интересите на малцинските групи. Почнувајќи од правната регулатива, етнополитичката пристрасност на населението и економската (не)зависност, сите имаат влијание врз формите на притисок кои ги презема секторот кон политичарите. Кај нас тоа е уште потешко кога станува збор за малцинските групи, поради генералното препознавање на овој поим со етничката припадност. Етничката припадност преовладува во сите сегменти на јавниот живот, така што и третиот сектор нема имунитет кон ваквиот тренд. Мрежите овозможија да се здружат организации различни по етничка припадност, за да се развие чувството за мултикултурализам меѓу нашите целни групи. Во тоа успевавме, нашите корисници учествуваа во заеднички активности, трибини и концерти, за потоа да се запрашаме дали навистина тоа е тоа што им треба на нашите целни групи. Ефектите од ваквите проекти се тешки за мерење поради натамошната поделба на граѓанството по етничка основа, што наведува на помислата дека има лоша или површна имплементација. Секторот треба да размисли што да прави понатаму на овој план; дали да продолжиме со меѓусебното запознавање и комуникација или да вложиме напори во економските активности, што мислам дека наједноставно и природно ќе делуваат врз малцинските односи со мнозинството. Иако мрежите и секторот подолго време работаат врз подобрување на меѓуетничките односи, се има впечаток дека нема крупни промени и резултати. За лаиците надвор од секторот тоа значи дека некој не си ја работи работата, но секој којшто е повеќе информиран за состојбите и околностите под кои третиот сектор делува, ќе ја пофали храброста и упорноста на луѓето кои работат на толку актуелна и жешка тема. Свесни за влијанието и експанзијата на политиката во сите пори на секојдневниот живот, во мала држава каде секој секого познава, со висок степен на корумпираност, секој напор во смисла на подобрување на положбата на малцинствата е за респект. Предизвикот на мрежите станува поголем, кога внатре во самата мрежа има членки кои се трудат да ги застапуваат интересите на своите целни групи, без намера да ги намалат можностите на другите. Мрежите имаат проблеми со структуирањето на правилата на игра, одбегнувајќи да користат бројки, проценти на застапеност, туку да изразат стремеж за еднакво користење на мрежните ресурси и бенефиции. Сепак, покрај сите добри намери во тие напори, се случува одредени организации без докажан квалитет и труд да имаат корист со самото придружување во мрежата, а останатото членство да го прифати тоа најнормално и да се солидаризира со нив. Овој процес е многу важен за градењето доверба и јакнењето на капацитетите на организациите, што на подолг период навистина ги подобрува односите помеѓу малцинствата.

 

И по многу неуспеси, мрежите се атрактивни

9. “...важно за развивање активности кои влијаат врз усвојувањето технологии, имплементација на развојни активности и оние кои инволвираат процедурални импликации.”

 

Секторот на НВО покажа добри резултати во правовременото усвојување на технологијата во своето работење. Во време на глобализација и доминацијана интернетот, секторот отскокнува со капацитетите во информатичката, комуникациската и мулитмедијалната опременост. Мрежите придонесоа многу во тој поглед, преку создавањето навика за користење најнова технологија во секојдневната комуникација. Додека институциите и бизнис-секторот с$ уште работат со стара технологија, реткост е да се сретне НВО која нема персонален компјутер, печатач, конекција на интернет, а која постои повеќе од 2 до 3 години.

Важен дел во вмрежувањата се развојните активности, базирани врз усвоени процедури и критериуми за работа. Во зависност од дадената можност на членките да учествуваат во процесот на донесување правила и процедури, мрежата ќе има соодветен квалитет. Тоа зависи пред с$ од квалитетот на членките кои учествуваат во процесот на усвојување одлуки, нивната екпертиза и искуство во менаџментот и раководењето со процедурални импликации. Нашите најсвежи искуства во една мрежа покажаа дека иако учествувавме во процесот на усвојување процедури, не значеше дека ја завршивме работата идеално, т.е. еднаш засекогаш. Односите во една мрежа се многу динамични, секогаш под влијание на надворешните случувања и различните интереси во самата мрежа. Секоја членка си има одреден период во кој очекува да си ги оствари интересите, додека факторите однадвор влијаат во спротивен правец од интересот на една членка или мрежа, донесувајќи на дневен ред други приоритети. Свесни за тоа, членките во оваа мрежа ги анализираа усвоените процедури за работа, предложија и усвоија нови, за да се покаже по една година дека пак има потреба за промени. Веќе се прават напори овој пат тоа биде на потранспарентен начин, да се инволвираат поголем број луѓе, вертикално и хоризонтално, со цел да се најде одговор дали има мотив кај членството за промени. Додека има мотив помеѓу членството, може да се работи на креирање и усвојување нови процедури, но во моментот кога ќе го нема, не вреди сета работа, макар и да се усвојат најидеалните процедури и правила. 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA