|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Пет години МИМ и www.culture.in.mk
Осовременување на културата и новинарствто
На 12 јули 2006 година Здружението на граѓаните „Јунона” од Скопје го прослави петгодишното функционирање на веб-страницата њњњ.цултуре.ин.мк, прв и единствен дневен електронски информатор, кој нуди информации за настаните од културата во Република Македонија и за претставувањата на македонската култура во странство. Во тој период, на www.culture.in.mk се објавени 15.100 новински единици, се изврши посредување во договарање интервјуа и конкретни соработки меѓу уметници и менаџери од земјава и од странство.
Едно од најголмите признанија за работата на оваа веб-страница дојде од светот – таа е прворангирана страница на Гоогле со клучните зборови „culture” и „Мацедониа”, а вклучена е во авантурите на Ѕахоо: Експедиција Македонија. Веб-страницата на почетокот беше финансирана од Министерството за култура, а потоа долг период функционираше благодарение на личната посветеност, личните средства и волонтерската работа на членовите на Здружението на граѓаните „Јунона”. Последните неколку месеци страницата добива финансиска помош од фондацијата е-Македонија.
На 27 јуни, 2006 година, Македонскиот институт за медиуми (МИМ) прослави пет години од своето постоење. МИМ организира свечена прослава во Клубот на пратениците во Скопје - присуствуваа над 300 гости: секако, преовладуваа новинарите, но гости беа и многу политичари, интелектуалци, дипломати и соработници на МИМ. Во своето поздравно обраќање, директорката на МИМ, Жанета Трајкоска, зборуваше за резултатите постигнати во овој период. Меѓу нив предничат програмите и обуките на коишто учествуваа над 1.000 новинари од Македонија, а над 100 беа испратени во странство на различни обуки во рамките на регионалната соработка. На свеченоста им беа врачени дипломи на студентите кои ги посетуваа програмите на МИМ, меѓу кои и Програмата за едукација на новинари Роми.
М.И.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|