Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 61 Јуни 2006

   

Семинари на ОБСЕ за еко-новинари

Животната средина не познава граници

За многумина екологијата е најкраток пат на нашиот регион до Европската Унија. Очигледно е дека Европската Унија нема да толерира нечистотија во својата близина. Токму затоа медиумското известување за животната средина е од голема важност, како и подигање на свеста на граѓаните и укажување на значењето на заштита на животната средина, а секако со оглед на тоа што екологијата не познава граници, меѓудржавната соработка е од големо значење.

Серија семинари за новинари кои известуваат за животната средина во организација на мисијата ОБСЕ во Србија со поддршка на УНЕСКО, на кои во изминативе дванаесет  месеци  учествуваа над педесет новинари од земјите на поранешна Југославија, им даде поддршка на новинарите да ги подобрат своите вештини, да ги наострат моливите и да привлечат внимание на јавноста за сите постојни и новонастанати еколошки проблеми. Факт е дека во изминативе неколку години еколошките теми од нашиот регион & привлекоа внимание на светската јавност. На пример, истек на цијанид во Романија, последиците од војната за животната средина на Балканот, загадувањето на почвата, загадувањето на Дунав и на Сава, како и на други поголеми и помали реки на Балканот. Секако дека вниманието на владата и на јавноста мора да биде насочено кон овие проблеми, а новинарите тука играат клучна улога.

- ОБСЕ секогаш им придава големо внимание на важноста на медиумите и преку нашето одделение за медиуми имаме одлична соработка со новинарите, рече шефот на мисијата на ОБСЕ во Србија, Ханс Оле Урстад, на тркалезната маса што се одржа во јуни во Белград, како завршница на едногодишната програма за новинари кои известуваат за животната средина.

Модераторите на тркалезната маса, Пол Ајдајл, долгогодишен новинар на агенцијата Ројтерс и Алекс Кирби од Би-Би-Си, истакнаа дека полето на известувањето за екологијата новинарот треба да го освојува чекор по чекор. „Убаво е да се знае за што се пишува, новинарот треба да биде информиран. Но, најбитна работа е како сето тоа ќе & се пренесе на јавноста. Не премногу стручно, за да разбере секој, но со прецизни податоци”, истакна Кирби.   

Секако дека за новинарите беше од особена важност да слушнат што се случува во средините од каде доаѓаат нивните колеги и како тие се справуваат со проблемите на коишто наидуваат. Заедничка оценка на новинарите од регионот беше дека до информациите коишто треба да се добијат од државните институции се доаѓа најтешко, се истакна позитивната улога на невладините организации, како и неподготвеноста на експертите да зборуваат отворено за еколошките проблеми, особено кога ќе дојдат до податоци коишто се загрижувачки за човековото здравје.

- Ни се случува експертите да ни кажат „в ред, еве ги податоците, објавете ги, но не го спомнувајте моето име, ниту јас сакам да се појавам во одреден медиум. Ова е всушност голем проблем за новинарите, бидејќи јавноста сака да знае за кредибилитетот на изворот, за веродостојноста на информациите”, се согласија учесниците на тркалезната маса.

Она што секако е најбитно од серијата семинари на ОБСЕ е серијата текстови, радио и ТВ-емисии, кои новинарите од поранешна Југославија ги направија заеднички за еколошките проблеми што го мачат Западен Балкан. 

Така, новинарите од пишаните медиуми во специјалното издание на белградскиот дневен весник „Данас” ги публикуваа своите текстови коишто ги одразуваат еколошките проблеми во нивните средини, но за да не биде сликата само црна, сите новинари дадоа и по еден позитивен пример од својата средина. Така, новинарката од Љубљана, Саша Патејан, пишуваше за забрана на  производството на производи од азбест, која во Словенија стапи во сила пред девет години, но дури подоцна беше обелоденета епидемија на опасните азбестни болести чии вистински последици ќе бидат согледани по две децении. „Сметам дека е многу важно јавноста да биде иноформирана за с$, особено кога се работи за здравјето”, вели Патејан. Новинарите од Хрватска се одлучија да пишуваат за дивите депонии, кои очигледно се рак-рана за целиот регион, додека од Македонија одеше прилог за Велес, кој според загадувањето е една од црните точки на Европа. Како позитивен пример од Македонија беше истакнато поставувањето на пречистителните станици на Охридското Езеро, кои придонесоа водата во езерото во голема мера да се разбистри. А, дека не страдаат само градовите во Македонија од загадување поради застарената технологија и префрлување на одговорноста, покажува и српскиот пример со градот Панчево, кој се наоѓа во близина на српската престолнина, а кој поради хемиската индустрија во тој град е повеќе од загаден. И додека државата и судовите не ги признаваат податоците од мерењето на загаденоста, бројот на заболените од респираторни инфекции и заболувања во градот Панчево расте.

Така, семинарите на ОБСЕ покажаа дека на новинарите од регионот им се потребни овој вид семинари заради меѓусебно запознавање, разменување искуства и меѓусебна соработка. Затоа што животната средина не познава граници, зарем не?

М.К.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA