среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 11

   

Даниела Димитриевска

Краток преглед на женското движење - судбината на една чајанка

Прашањата коишто ги засегаат жените во различните сфери на живеењето биле предмет на дискусија и акција низ вековите. Постојат записи уште од времето на Византија за донесување правни актови за зголемување на слободата а жените, па преку здружување на жените низ научни кругови и издавање женски весници во Холандија. Сите тие низ вековите знаеја дека нивната положба не е иста со онаа на мажот.

На 13 јули 1848г. во Њујорк една чајанка беше основа за организирање на првата конвенција за женските права. Конвенцијата ги препозна прашањата што беа битни за жените од тоа време, како што се: правото на глас; правото на наследство; редуцираност во изборот на професионалниот живот; немање влијание врз разводот и одгледувањето на децата.

Подоцна овие прашања ќе бидат ставени во агендите на женските движења и организирани форми за што поупорно дејствување и примена на елементите на граѓанскиот сектор за да бидат со текот на времето и остварени.

Во Република Македонија првите пишани документи потекнуваат од пред илинденскиот период каде жените активно се здружувале на темата околу националната борба, со неможност во тие услови да се помрдне патријархалниот модел.

Во средината на 19. век во Македонија се појавуваат првите учени жени од универзитетите низ Европа, кои во Македонија формираат тајни женски друштва коишто се занимаваат со два аспекта - националниот аспект и еманципаторскиот аспект. Има неколку обиди да се вметне рамноправниот женски сегмент во структурите на движењето, но иако има поддршка од високи револуционери, заради неспремноста, тоа е одбиено.

Вториот налет на поставување прашања од интерес на жените е за време на 60-тите години од минатиот век. Тогаш се поставуваат прашањата за: 

•    репродуктивните права;
•    смејното насилство;
•    породилното отуство;
•    еднаква плата за исто работно место;
•    сексуалното вознемирување;
•    формите на дискриминација и други социјални и политички прашања. 

Развивањето на феминизмот како збир на социјални теории, политички движења и филозофија на моралот ги мотивира жените да се здружуваат и заеднички, организирано да спроведуваат активности против нееднаквоста, социјалното и историското влијание врз формирањето на родовите разлики.

Поради правичноста како основа на движењето, женското движење активно се вкчува во „борбата” за остварување на целите на другите движења, како движењето против расизмот, мировните движења и движењата за сексуалните определби.


Ко
га прашањата од интерес да станат политички прашања?
 
Одредени проблеми прераснуваат во прашања и појави, доколку тоа се проблеми на поголема група луѓе. Идентификувањето на проблемите се основа за претставување одредени појави и состојби.

Кога станува збор за поставување на проблемите на ниво на прашања и состојби во женскиот сектор во Република Македонија, евидентно е поставувањето голем број прашања во различни сфери.

Од моментот кога невладините женски организации во Р. Македонија се ослободија од “товарот” на извршување на улогата на главен дистрибутер на социјална и добротворна работа во средината на деведесеттите години од минатиот век, се свртија себеси и кон своите потреби. Со самото свртување кон себе и кон своите потреби се идентификуваа прашања коишто во тоа време во извесна мера беа табуа, семејни работи или прашања за коишто не се дискутирало во јавноста, како на пример: семејното насилство; специфичните потреби на жената во однос на здравството; сексуалното вознемирување; дискриминацијата по однос на полот и многу други прашања. 

Со идентификувањето на прашањата се јавуваат и специфични целни групи коишто се поврзани со проблемот.

Откако се идентификуваа прашањата, се наметна потребата тие да бидат ставени како тема во јавноста, за да може да станат политички прашања.

При идентификација на прашањата секогаш има потреба од идентификување на целната група и бројот на истата, во смисла колку луѓе имаат потреба од решавање на тоа прашање и на крајот кои се тие луѓе. Ќе го земам примерот на воведувањето на прашањето семејно насилство во јавноста.

Семејното насилство во Македонија во средината на деведесетите години од јавноста на Република Македонија беше апсорбирано како прашање што задира во интимноста на семејството и коешто му се случува на општеството некаде зад завесите. Како идентификуван проблем му се пристапи на него со разработка за да ги добие сите елементи на појава. Со формирањето на СОС-линијата, жртвите од семејното насилство ги извадија проблемите на виделина, за потоа истражувањата да покажат дека секоја четврта Македонка била жртва на семејното насилство. Одеднаш проблемот станува општа појава. Доколку тоа е секоја четврта жена, тоа значи дека жртвите се нашите роднини, нашите пријателки, колешки. Прашањето стана политичко прашање со самото тоа што женските организации проговорија за тоа и го демистифицираа истото. Не се шепотеше за семејното насилство, напротив, гласно се говореше, се откриваше проблемот од сите аспекти... Стана прашање за коешто е потребно решение! Проблемот, прашањето за семејното насилство, стана прашање за коешто се говори во јавноста.

Да се говори во јавноста за едно прашање, да се разработуваат сите аспекти на појавата, претставува само почеток на еден процес на меѓусекторско дејствување, со цел прашањето да се најде на политичката агенда.  
 

Како прашањата да бидат ставени на политичките агенди?

Прашањата коишто ќе бидат поставени на политичките агенди имаат реална шанса да бидат вметнати во законска регулатива. Но, во меѓувреме постои широк спектар на активности коишто треба да бидат преземени, како:

•    постојано присуство на темата во јавноста;
•    меѓусекторско поврзување;
•    комплетирање на податоците за проблемот;
•    развивање стратегија;
•    соработка;
•    лобирање.
 

Доколку повторно како пример го земеме случајот на семејното насилство во Република Македонија, ќе забележиме дека покрај тоа што темата беше презентирана во јавноста, покрај тоа што задржуваше внимание, сепак таа веднаш не се најде на политичките агенди од едноставна причина што во исто време се отвори ново прашање коешто е алка во поставувањето одредни прашања на политичката агенда, а тоа е присуството на жените во политиката, жени со политичка моќ и во одлучувачките органи.

Несомнено дека мажите во политиката тешко би ги ставиле на политичката агенда прашањата од овој тип (како семејното насилство и др.) доколку не дојде иницијативата од самата партиска структура.

Во тој момент на поставување на појавата се постави прашањето на тоа кој е субјектот којшто ќе го постави ова прашање на политичката агенда кога состојбата со жените беше следнава:  6,6% жени во Собранието на Република Македонија, 30 % жени во политичките партии и жени на одлучувачки позиции кои се бројат на прстите на една рака. И проблемот не лежи само во малата застапеност, туку и во родовата чувствителност кај истите.

Прашањето што се поставуваше беше како на овие жени да им се укаже дека тие се наши претставници и дека ние како жени имаме специфични потреби и специфични начини на решавање на проблемите. Од друга страна, политичката клима во Македонија не поддржуваше соработка и идентификување заеднички прашања за решавања, така што и тој јаз требаше да се премости, со цел ставање на прашањето на политичка агенда.

Во процесот на поставувањето на прашањето сфативме дека за да се постават одредени прашања во интерес на жената, треба да се изградат механизмите на поддршка, на квантитативна и на квалитативна основа, која подразбира доверба, поддршка, солидарност и заедничка активност.

Доколку прашањето на решавањето на семејното насилство не претставуваше политички проблем и не ги вклучуваше ретроградните процеси, прашањето на учеството на жените во политиката и на одлучувачките органи стана во голема мера политичко прашање, затоа што овој пат стануваше збор за делење на моќта (на којашто мажите во политката не беа навикнати) и според сфаќањето на одредени мажи, одземање на местата на “квалитетни луѓе” и нивно “доделување” некому само заради нивниот пол. За воведувањето на квотата во одлучувачките структури требаше да се поседува силна поддршка во базата, што значи да се зголеми бројот на жените во политичките партии од една страна, додека од друга страна “товарот” што го понесоа жените на одлучувачките органи беше во тоа што мораа да бидат беспрекорни примери без ниеден недостаток, кој би влијаел негативно врз процесот.

Жените во политиката многу тешко ќе можеа самите да се изборат доколку зад нив не стоеја жените од граѓанските организации кои праќаа јасни пораки во јавноста околу учеството на жените во политиката и во одлучувачките органи и доколку практично не помогнаа во процесот со тоа што организираа голем број курсеви, едукативни семинари и програми коишто практично и едукативно го потпомогнаа овој процес.

Со формирањето на Македонското женско лоби како група за притисок врз институциите се создаде медиум каде жените од различните структури (граѓански организации, политички партии, Собрание на Р. Македонија, синдикат, локална самоуправа, Влада) стратешки ќе ги поставуваат прашањата, ќе ги анимираат во јавноста, ќе ги застапуваат пред институциите и ќе лобираат во одлучувачките органи.  Оваа форма на здружување во Македонското женско лоби овозможува прашањето да се постави на политичка агенда и да придонесе до решавање на истите и да го скрати патот и времето, заради тоа што се дејствува координирано и се знае и потенцијалот и силината на дејствување. Заради  добрата координацијата, се договара вистинскиот момент со каква активност со какво лобирање да се поддржи и успешно се избираат лицата и институциите од коишто зависат одлуките.

Неспорно е дека преку јакнењето на жените во политиката, како и заедничката соработка во Женското лоби на политичката агенда се поставени голем број прашања од интерес на жената. Неспорно е дека оваа”машинерија” или овој тим дал повеќе резултати во целиот регион, а на многу прашања дури и имаме предност во Европа.
 

Кои се резултатите, а кои се предизвиците? 

Најголем резултат е тоа што и жените во политиката и жените во граѓанските организации и жените од институциите научија дека без координирано дејствување, без заедничка стратегија, не може толку брзо и толку лесно прашањата да бидат ставени на политичката агенда.

Политичката агенда бара поставување на прашањата едно по едно. Капацитетот на силите е: покажи резултат, постави ново прашање поврзано со претходното, со цел искористување на заинтересираноста на јавноста за прашањето.

Лобирањето како форма е неопходен елемент за добивање резултат, но и во процесот на предвидување на движењето на прашањата од политичка агенда до конкретна реализација.

Кога станува збор за женското организирање и поставување на прашањата на политичка агенда, можеме да истакнеме дека учеството на жените во политиката и во одлучувачките органи е важно како потпорен механизам за поставување други прашања од интерес за воведувањето на квотата на кандидатските листи во Собранието на Р. Македонија. Оваа квота најпрвин беше партиска квота, па прерасна во државна законска обврска на Парламентарните избори 2002. За неа се лобира на изборите на локално ниво за унапредување со рамномерна застапеност, т.е. за квота од 30% на целиот дел на листата (од Парламентарните избори 2002), по што се доби рамномерната застапеност на локалните избори за 30% од помалку застапениот пол на горниот дел на листата и 30% од помалку застапениот пол на долниот дел на листата. Ваквото решение овозможи застапеност на жените во советите и во руралните среднини, а доколку не постоеше оваа мерка, тешко дека уште за многу години ќе се најдеа жени во улога на советнички. Оваа одредба помогна и во тоа што жени од другите заедници, како Албанки, Ромки, Бошњачки, Турчинки се најдоа меѓу избраните советнички. Овој резултат не доаѓа сам по себе, туку тој има задача на поддршка и влијание со оглед дека локалната власт поминува низ процесот на децентрализација и предлозите и одлуките што ќе се однесуваат на секојдневното живеење во голема мера зависат од одлуките на советите.

Родово балансираната квота воведена во изборниот законик во 2006 г. обезбедува рамномерно учество на помалку застапениот пол низ целата листа за парламентарни и за локални избори. Оваа мерка има за цел претставување на правичноста и заради потпора при поставувањето на прашањата на политичката агенда.

Развојот на родовата машинерија преку организирани форми на локално и на национално ниво има голема поддршка за зацврстување на прашањата битни за жените преку Законот за еднакви можности помеѓу мажите и жените. Овој закон ги поставува основите на релациите во националната машинерија

Законот за работни односи со одредени амандмански измени се однесува на родителското отсуство и на големината на периодот на породилното отсуство.

Семејното насилство како проблематика е решено во Кривичниот законик и во други акти и постапки, а притоа би го зеле резултатот којшто предвидува и формирање и национални СОС-линии и засолништа програмски и финансиски поддржани од Владата и од ресорните министерства.

Тука се и законските измени и програмските поставувања во здравствената сфера, како задолжителните гинеколошки прегледи за секоја жена еднаш во годината.

Сите овие и други теми поставени пред виделината на јавноста, вметнати во програмите на политичките партии и на крајот резултирајќи со законски измени, како и сите други предизвици претставени пред нас, се резултат на здружената, солидарна активност. Тие се резултат на заедничко пронаоѓање на приоритетите и огромна меѓусебна поддршка што резултира со брза, навремена и соодветна акција и со воспоставени практики.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA