Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 43 Ноември 2004  Репортажа

СТЕЊЕ - РИЗНИЦА НА ПРИРОДАТА И КУЛТУРАТА

Новата перспектива се вика одржлив туризам

Ако досега не сте вкусиле сушени циронки, преспански крап или специфично сирење-кашкавал кое се подготвува само на едно место, ако не сте ја виделе најубавата преспанска плажа, и ако имате силна потреба од мир, чист воздух и напојување на погледот со рајска убавина - одговорот може да биде Стење.

Сместено на падините на Галичица, и самото во границите на истоимениот национален парк, селото Стење се наоѓа во непосредна близина на македонско-албанската граница, на бреговите на Преспанското Езеро. Спојот на езерото и планината на ова место му дава посебна убавина, но истовремено ги креира микроклиматските услови кои ги чувствувате веднаш штом ќе стасате. Воздухот е чист и ви се чини дека се дише многу подлабоко и поквалитетно одошто на друго место, а особено ако доаѓате од некој поголем, загаден град. Глетката, пак, на езерото во кое се огледуваат планините и небото, е навистина чудесна.

За време на нашата посета на Стење, времето беше сончево и “чисто” - вистински момент да се искуси најубавото доживување на овој дел на Преспа. Она што можеше да се забележи пред да пристигнеме , е новото патно обележување на насоката кон Стење. Жителите на ова место се надеваат дека не само патоказите, туку и добриот глас кој надалеку се слуша, ќе им доведат повеќе посетители, со оглед дека се повеќе од нив размислуваат во насока на развивање на селскиот туризам.

Информирање

Од неодамна, жителите на Стење, кои порано беа ориентирани главно кон егзистенцијата што ја обезбедуваат рибарењето, земјоделството и овоштарството (посебно одгледувањето јаболка), с$ повеќе ја согледуваат и истражуваат можноста за развој преку локалните природни и културни ресурси. Тоа беше и мотивот да се пријават за вклучување во програмата “Живо наследство” на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија, чија цел е токму поттикнување на одржливиот развој на малите заедници преку локалното културно наследство.

Што се однесува до наследството, овој дел на Преспа изобилува со природни и културни богатства кои локалните жители се потрудија да ги истакнат и промовираат пред пошироката јавност. Нашата група која неодамна, користејќи ги последните топли и сончеви есенски денови го посети Стење, беше составена претежно од новинари. Поканувањето на таквиот состав на гости беше мудар маркетиншки потег на жителите на селото - камерите и фотоапаратите беа нон-стоп во функција, а воодушевените очи зад нив, како и сите останати, се напојуваа од синилото, селенилото, блескавата белина на езерските галеби, шарените кајчиња и среќните, горди лица на стенчани.

Посетата започна со свеченото откривање на информативната табла на влезот во селото. По углед на многу развиени туристички места, жителите на Стење ја изготвија и поставија со цел посетителите да добијат општа слика за природното и културното наследство на овој крај. И секако, информациите се објавени и со англиски превод. Таблата ја откри малата Ирена Галобовска, која живее во Стење, а за значењето на овој проект за целиот преспански крај, зборуваше градоначалникот на општина Ресен, Димче Тосковски.

Проектот спроведен како дел од програмата “Живо наследство” опфати и изработка на атрактивни брошури за Стење и за островот Голем Град, исто така на македонски и на англиски јазик.  Жителите исто така работеа на расчистувањето на плажата покрај која лежи селото. Таа по повлекувањето на езерото, беше обрасната со висока трева, грмушки и врби и всушност беше неупотреблива како плажа. Со голем волонтерски труд, и со помош на управата на Националниот парк Галичица, стенчани ја расчистија, така што сега повторно доаѓа до израз долгиот потег на ситен кварцен песок, кој претставува еден од специфичните геолошки раритети на Преспанското Езеро.

Патеки кон атракциите

- Мислиме дека во Стење и неговата околина има што да се види и затоа се потрудивме да ги идентификуваме атрактивните места и да ги потенцираме, преку брошурите, таблата, но и преку патоказите кои упатуваат на нив - вели Светлана Лазаревска, жител на Стење. Таа во овој крај дојде од родната Србија, но веднаш се вљуби во убавините на Преспа и со голем ентузијазам работи на нивната промоција. Нејзиното искуство како туристички работник од бреговите на Дунав сега вплови во нови води, овој пат езерски, кон целта на жителите на Стење - да привлечат посебен вид гости - кои ќе уживаат во мирот и тишината, во автентичниот селски амбиент и храна, во прошетките покрај езерото и по планината, во рибарењето и муабетите со локалните жители, во посетите на црквите, археолошките остатоци, пештерите, специфичниот природен резерват Голем Град…

Кицо Ужановски, уште еден голем ентузијаст за иднината на Стење, беше нашиот водич кон црквата Свети Илија, сместена над најубавата преспанска плажа - прочуената Лиса. Го избравме водниот пат, со кајчиња, иако има уште два - еден води по сртот, од кој низ прекрасна шума од стари дабови се стасува до црквичката; а вториот оди долж брегот и може да се користи и како велосипедска патека. Оваа патека порано беше затрупана со камења, но со голем волонтерски труд ја расчистија неколкумина жители на Стење, со желба на гостите, но и самите себеси, да си овозможат чудесна прошетка до Лиса и Свети Илија. Некаде на средината на патеката, се наоѓа местото кое стенчани го сметаат за свето. Високо на карпата е насликана фреска на Света Петка, а оние кои одат пеш, но и оние кои доаѓаат со кајче, можат да застанат и да се одморат на клупата која жителите ја поставија тука.

Самата плажа Лиса и малата еднокорабна црквичка Свети Илија се посебна приказна. Глетката го одзема здивот, а Преспанското Езеро тука се покажува во својата најголема убавина. Белата плажа, составена од ситни камчиња,  фоините стебла кои ја опкружуваат и дивите жолти цветови на сите посетители им остануваат во длабоко сеќавање.

Одовде мошне е блиску Конско, бездруго најегзотичното преспанско село. Тешката достапност (до скоро тоа беше достапно само по воден пат, а и сега е потребно добро теренско возило за да се пристигне до него) е можеби и неговата предност. Оние кои се упорни, во Конско ќе добијат незаборавна награда - чудесниот поглед на островот Голем Град, кој ви се чини дека оттука можете да го допрете ако ја испружите раката; на старите рибарски колиби плетени од фоја, чуновите покрај кои се сушат мрежите, сртот кој како прст покажува кон езерската шир, на кој гнездат галеби и други птици, повторно морето од диви цветови, огромните лилјави диви перуники што цветаат цело лето, рибарските приказни зачинети со локалните специјалитети од риба…

Сево ова жителите на Стење сакаат да го споделат со останатите. Но, нивната голема порака и желба е туризмот да се развива според принципите кои нема да ја нарушат природата и културното наследство. Тие се свесни дека проектот што го спроведоа е само мал, но сепак голем чекор во оваа насока.

А на крајот, нашата група уживаше во уште неколку нешта кои ги организираа жителите - трката во брзо одење долж патеката покрај езерото (наградата, гајбата преспански јаболка, ја освои новинарот на “Форум”, Александар Писарев), велосипедската трка на децата од Стење, традиционалните преспански специјалитети (риба, ѓомлезе, оригиналното сирење и домашен леб). На крајот, кафето го испивме на терасата на локалниот ресторан, уживајќи во зајдисонцето над езерото. Навистина, прекрасен есенски ден!

Маријана Иванова

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA