среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 5

   

Земјоделските здруженија, фактор за намалување на руралната сиромаштија

Дарко Шеќеринов

Концептот “тотално управување со квалитетот” во функција на развој и одржливост на граѓанските здруженија

Вовед

Граѓанските организации постојат за да ги задоволат интересите на одредена група граѓани, односно тие се формираат со цел да прикажат некои свои ставови, сугестии или несогласувања со јавните институции. Со самиот термин “организација” се неметнува потребата од воспоставување некои начини на управување со таква организација. Тоа што гарѓанските организации се непрофитни организации ја наметнува потребата од воспоставување некоја форма на економска соработка помеѓу профитните организации и граѓанскиот сектор.

Примарната цел на овој труд е да биде прикажан моделот на “Тотално управување со квалитетот” како модел кој би придонел за континуиран развој на една граѓанска организација. Наедно во трудот се презентирани и резултатите од спроведената анкета на претставници од профитните и непрофитните организации, по случаен избор. Целта на спроведената анкета е да се оцени моменталната доверба којашто ја уживаат граѓанските организации кај фирмите и да се откријат можностите за подобрување на нивната соработка. Притоа е презентирана студија на случај за ефектите што би ги имало здружението коешто го применува овој концепт на управување.

На крајот е изведен заклучок од презентираниот модел на тотално управување со квалитетот и анкетата и дадени се препораки за понатамошни активности за развој на граѓанскиот сектор.

1. Развој на граѓанскиот сектор

Граѓанските здруженија се јавуваат уште во периодот пред Втората светска војна, како резултат од граѓанската иницијатива за задоволување на одредени потреби. Нивниот развој продолжува и во периодот на социјализмот, познати како граѓански содружни организации. За време на овој период најголем број од овие организации беа под контрола на комунистичката партија со што им беше ограничена можноста да го искажат своето мислење1.

По 1990 година започнува периодот на транзиција кој има влијание и на граѓанските организации. Во овој период се соочуваме со вклучување во меѓународниот систем, а со цел да се достигне компатибилноста со западниот модел на граѓански здруженија, македонската јавност го воведе терминот  невладини организации (НВО).

Граѓанските здруженија се базираат на волонтеризам. Мотивите на членовите на здружението кои работат на волонтерска основа се различни, како: професионален развој, интегрирање во нова средина, стекнување одредено искуство за некоја идна позиција. Често пати граѓанските здруженија имаат тешкотија со обезбедување неплатена асистенција од стручно лице и начин на негово задржување во здружението.

За да може да работи, едно здружение треба да располага со финансиски средства. Финансиските средства се обезбедуваат од членарина и донации од правни и физички лица. Добивањето финансиски средства е возможно преку изработка на проекти кои треба да бидат презентирани пред потенцијалните донатори. Изработката и апликацијата на проекти не се предмет на дискусија при ова истражување.

Од досегашното искуство, во граѓанските организации кои се присутни на територијата на РМ ретко се сретнува координирано и организирано работење на нивните членови. Оние здруженија кои функционираат “ефикасно” се составени од членови со повисок степен на образование и со желба за континуирана надградба.

Функционирањето на граѓанските здруженија е возможно доколку се спојат донаторите кои би обезбедувале финансиски средства за здруженијата кои, пак, располагаат со иницијатива и капацитет за квалитетно извршување на зацртаните цели на своето здружение. За мобилизација на финансиски средства секое граѓанско здружение поминува низ следниве чекори:

1) Презентација на здружението;
2) Формирање извршни тела;
3) Посета на определени институции;
4) Планирање на проектот; и
5)  Изработка и апликација на проектот.

Примената на концептот ТКМ (ТЉМ) во едно здружение значи континуирано извршување на активности за приближување кон целите на здружението што, пак, придонесува за континуиран развој во самата организација.

2. Дефинирање на суштината на квалитетот

Со проблематиката за управувањето со квалитетот во една организација се занимавале голем број автори. Како резултат на долгогодишнта работа, изработен е концепт кој е познат уште како Тотално управување со квалитет  (ТЉМ)2 . Обезбедувањето на квалитетот со тотална контрола првпат се јавува во 1961 година во САД. Пораката на овој пристап кон квалитетот гласи: “Не контролирај го квалитетот за да ја откриеш грешката, туку да ја отстраниш причината да не се повтори грешката”.

За приближување на суштината на овој концепт најнапред треба да го објасниме поимот квалитет. Поимот квлитет е мултидисциплинарна категорија која не може да се изрази со една дефиниција3. Сепак, во последно време најприфатена е дефиницијата која е дадена во стандардот ИСО (ИСО) 8402, при што квалитетот се дефинира како “збир на сите својства и карактеристики на производот или услугата кои се однесуваат на нивната можност да ги задоволат утврдените или индиректно изразените потреби на корисниците”.

Според тоа, една квалитетно извршена работа значи целокупно изврашување на дадени активности, кои се искажани преку одредена спецификација или некој друг документ. За да може да се дефинира квалитетот во едно граѓанско здружение треба најпрво да се објасни поимот корисник. Тоа е секој граѓанин кој има директно или индиректно бенефиции од работата на едно граѓанско здружение. Најчесто здруженијата се фокусирани кон одредена целна група која би имала бенефиции од постоењето на здружението.

Со цел да се постигне квалитет во работата треба да се исполни функција од повеќе активности. За да може да биде застапен квалитетот во сите делови, потребно е да се изведуваат одредени активности кои треба да се одвиваат по одреден редослед на случувања. Во едно граѓанско здружение функцијата на квалитетот би се состоела од следниве фази:

1. Истражување на проблемите со кој се соочува целната група;
2. Развој на програма за решение на селектираните проблеми;
3. Спецификација на проблемите;
4. Создавање тимови;
5. Планирање на активностите на секој тим (развој на проекти);
6. Контрола на активностите; и
7. Истражување и коригирање на резултатите од преземените активности.

Квалитетното извршување на активностите во едно здружение е клучен фактор за успехот или неуспехот на едно здружение, а наедно и за одржливоста на едно здружение во текот на еден подолг временски период. Тоталното управување со квалитетот бара целосна одговорност на сите членови во граѓанското здружение и не треба да биде спроведувано само од едно лице, туку бара заедничка работа на сите членови од едно здружение. Тоталното управување со квалитетот е нова филозофија на работењето на една организација. Според оваа филозофија, квалитетот означува одговор на барањата на клиентот (корисникот), а тој има три основни барања, и тоа:

а) Постојано задоволување на неговите потреби;
б) Целосно задоволување на неговите потреби; и
ц) Точно разбирање на неговите потреби.

2.1. Функционирарање на ТКМ

Интегралното (тоталното) управување со квалитет се остварува доколку во секоја фаза од функцијата за квалитет се корист Деминговата филозофија (сл. 1) којашто вели4: “Квалитетот се остварува доколку се остварува кружниот тек план – до – цхецк - ацт (планирај - изврши – провери - коригирај)”.

слика 1. Деминговиот круг ПДЦА (ПДЦА)

Во практика, тоа значи дека за извршување на една работа (задача), односно за постигнување однапред дефинирана цел,  најпрво е потребно да се направи план во кој ќе биде дефиниран редоследот на активностите што треба да бидат изведени. Во овој дел треба да бидат дефинирани и методите според кои ќе бидат одредени целите. При дефинирањето на методите за постигнувањето на целите мора прецизно да се дефинира:

-    Што да се направи;
-    Кој да направи;
-    Каде да направи;
-    Како да направи;
-    Со што да направи.

Со дефинирањето на обврските и задачите на секој член кој е инволвиран во остварувањето одредена цел се дефинира и Стандардната оперативна постапка СОП (СОП).

Квалитет во работата се постигнува сe додека активностите во овој круг се спроведуваат. Во случај да се прекине овој круг, доаѓа до нарушување во реализацијата на квалитетното работење.

Сетирањето на концептот ТКМ наметнува воспоставување прецизни оперативни постапки за сите активности кои се изведуваат во здружението. Мониторингот исто така води кон корективни акции, доколку е потребно.

Едно здружение коешто има јасна цел да опстојува во еден подолг временски период мора постојано да го надоградува своето знање. Знаењето доаѓа од направените грешки или успеси. Ова значи изградба на капацитетот на организацијата. ТКМ е идеја на континуирано подобрување на капацитетот на едно граѓанско здружение.

2.2. Документација во системот за обезбедување квалитет

Во системот за управување со квалитет мора да се апострофира значењето на евидентирањето и документирањето извршено од секое тело во граѓанското здружение. Документите се многу значајни во остварувањето на работните циклуси во организацијата.

За добро документиран систем за квалитет треба да постои соодветна методологија за изработка на документи, односно тие треба да бидат изработени според одредени правила. При изработка на документацијата, треба да се почитуваат следниве основни правила5:

-  Документите треба да бидат инкорпорирани во целината на функциите на организацијата и да обезбедуваат најсоодветни информации за квалитетот;
-  Документите треба да бидат едноставни, лесно разбирливи, логични и да даваат јасни, прегледни и неопходни упатства за работата;
-  Треба да бидат така составени за да претставуваат основа за компјутерска обработка на информациите;
-  Да бидат прифатливи за архивирање, умножување и доставување до сите работни места.

Системот за тотално управување со квалитет според стандардот ИСО (ИСО) 9000 претпоставува постоење четири основни видови документи, и тоа:

1. Деловник за квалитет и планови за квалитет;
2. Постапки на ниво на работна група;
3. Упатства за работа (начин на дејствување); и
4. Формулари, извештаи и слично.

Изработката на соодветна документација ја олеснува употребата на функцијата на квалитетот, односно кога ќе се направи анализа на постојната документација при работењето на граѓанското здружение ќе може да се увиди каде има прекини на “кругот на квалитет”, односно Деминговиот круг.

Со усогласувањето на ставовите за нивото на квалитетот, обврските и одговорностите, особено кога е тоа документирано, се смалуваат можностите за недоразбирања кои се чест проблем при функционирањето на граѓанските здруженија, што води кон одржливост на здружението во еден подолг временски период.

2.3. Образованието и системот за управување со квалитетот

Првиот и најзначајниот чекор при воведувањето на системот за тотално управување со квалитетот е образованието и обуката. Велиме првиот, затоа што прво мора да се стекнат потребните знаења за квалитетот со цел да се постигне целокупна претстава за системот за квалитет. За да може успешно да се креира квалитетна организација на здружението, потребен е квалитетен образовен процес. Целта на образованието е да се изгради знаењето и свеста кај членовите за подобри и поефикасни остварувања на целите и задачите на здружението. Наставата и обуката треба да бидат спроведувани од експерти за тотално управување со квалитетот од стручни институции.

Образованието и обуката на кадарот можат да се изведат во најразлични форми, и тоа:

-  Учество на поединци на семинари, советувања, симпозиуми и конференции;
-  Семинари во здружението за различни проблеми поврзани со квалитетот;
- Обука на одделни членови за извршување на работните задачи со цел да се унапреди работата.

Многу погодна форма за тимско образование е кружокот за квалитет. Кружокот за квалитет е специфичен облик на изградувањето на системот и кадарот за обезбедување квалитет. Тој се смета за еден од многу успешните форми за вклучување на сите членови во унапредувањето на квалитетот и претставува група од 5 до 12 членови, кои под раководство на добар познавач на проблемот редовно се состануваат со цел:

- Да ги утврдат проблемите и недостатоците при функционирањето на организацијата;
- Да ги откријат причините;
- Да се предложат мерки за подобрување; и
- Истите да се остварат, а недостатоците да се отстранат.

Кружоците се отворени - достапни за сите, а се одржуваат според потреба. Членовите на кружокот сами одлучуваат за што ќе расправаат, во зависност од проблемите со кои се соочува организацијата. На тој начин се создаваат погодни психилошки услови и се развиваат добри односи помеѓу членовите што придонесува за изградување успешно здружение.

3. Поим за стандарди и стандардизација

По воведувањето на системот на квалитет во работењето на една организација, може да се пристапи кон негова стандардизација.

Според дефиницијата усвоена со резолуцијата на Советот на Меѓународната организација за стандардизација под поимот стандардизација подразбираме:

“дејност за создавање и примена на стандардите со цел да се постигне ред и успех во одредена дејност, со оптимална заштеда, притоа водејќи сметка за функционалноста и безбедноста”.

Стандардите се изработуваат за да спречат одредени недоразбирања и поради тоа треба да бидат изработени така што ќе ги задоволуваат потребите заради кои постојат.  Стандардот треба да даде одговор на следниве прашања: кој, што, зошто, како, каде, кога. На тој начин се добова стандардна оперативна постапка СОП (СОП). Стандардните оперативни постапки се подложни на проверка. Ако се добие нова идеја, се воведува нова оперативна постапка. При воведувањето на новата СОП, се спроведува обука на членовите инволвирани во таа постапка.

Во едно граѓанско здружение треба да бидат дефинирани стандардни оперативни постапки за секоја активност која се презема за остварување на целите на здружението. Така, на пример, би требало да постојат:

- СОП за регрутација на нов член;
- СОП за оценување на јавното мислење;
- СОП за прибирање информации и слично.

Стандардите ИСО (ИСО) ја претставуваат оската на меѓународната стандардизација на квалитетот, како и на управувањето и обезбедувањето на квалитетот. Овие стандарди се дефинирани за да можат да ги задоволат проблемите во сите организации.

Стандардот ИСО (ИСО) 8402 ги содржи сите дефиниции за категориите на системот за квалитет. Тој е неопходен за да се знае поопределено за што станува збор и што сака да се постигне. ИСО (ИСО) 9000 е издаден во 1987 година како европски стандард ЕН (ЕН) 29 000. Тој ги содржи сите значајни елементи за покренување ниво на управување на квалитетот. Концептот на системот за тотално управување со квалитет е содржан во стандардот ИСО (ИСО) 9000.

Откако ќе биде воведена стандардизацијата, потребно е да се изврши нејзина сертификација. Сертификацијата на системот за квалитет ја врши надлежна институција која е овластена да издава сертификати за примената на системот за квалитет. Со овој документ се стекнува доказ дека организацијата има вградено систем за управување со квалитет со што се обврзува дека ќе ги почитува барањата на нејзините клиенти. Сертификатот вообичаено се издава за период од три години, но во овој период се прават прегледи еднаш годишно за да се провери дали фирмата го одржува воспоставениот систем за квалитет.

3.1. Сертификација на системот за квалитет

Системот за обезбедување квалитет дефиниран со стандардите ИСО (ИСО) 9000 предвидува и негово потврдување, односно сертифицирање, со пооделни документи, односно сертификати, со што се стекнува доказ од овластена институција дека организацијата има адекватен систем за управување со квалитет, со што се обврзува да ги почитува потребите и барањата на купувачите.

Потврдувањето може да се направи:

-    интерно; и
-    екстерно.

Интерното потврдување го прават стручни лица од организацијата кои се задолжени за квалитетот.

Екстерната сертификација во граѓанското здружение ја прават потенцијалните донатори на финансиски средства, или пак регистрирани институции за издавање потврди, односно сертификати за системот за квалитет.

4. Евалуација на кооперативноста помеѓу профитниот и граѓанскиот сектор

За оценување на состојбата во која се наоѓа граѓанскиот сектор и изведување заклучок и препораки од презентираниот труд, спроведена е минианкета на примерок од профитниот и непрофитниот сектор. Анкетата е спроведена на 07 и 08 октомври 2004 г. од фирми по случаен избор. Во пополнувањето на анкетниот прашалник беа вклучени 15 фирми, од кои на прашањето “Колку сте задоволни од работењето на граѓанскиот сектор”, 10 фирми или приближно 67% одговориле дека не се задоволни од нивното работење, 3 од нив или 20% дека се задоволни, а 2 од фирмите или приближно 13% дека не се запознаени со работењето на граѓанскиот сектор. Од испитаниците кои не се задоволни со работата на граѓанскиот сецтор, на прашањето “Дали би ја зголемиле довербата доколку граѓанското здружение поседува потврда за своето работење од друга релевантна иституција”, потврдно одговориле 7 фирми или 70%, додека останатите сметаат дека е потребно граѓанските организации повеќе да ги застапуваат интересите на граѓаните. Резултатите исто така укажуваат на фактот дека средните фирми се повеќе запознаени за работата на граѓанскиот сектор отколку малите фирми. Притоа, авторот смета дека е важно да се нагласи дека ниедна од анкетираните фирми ја нема поддржано работата на некое граѓанско здружение. Тоа води кон фактот дека во Р. Македонија сe уште нема воспоставено некаков вид заемни односи помеѓу приватните фирми и граѓанските здруженија.

Граѓанските здруженија, пак, се соочуваат со проблемот од недостаток на финансиски средства за остварување на своите активности. Причините за тоа најчесто се интерни - непостоење соодветен менаџмент, односно несоодветен распоред на членовите во извршниот одбор. Друг проблем од иста важност е приемот на нов член во здружението. Најчесто појавата на нов член во едно граѓанско здружение се сведува само на пополнување пристапница и плаќање членарина, без притоа да бидат разгледани мотивите на тој член и можностите да биде искористен потенцијалот којшто тој член го има во себе. Симптоматична во граѓанските здруженија е и појавата на неправилно распоредување на работните обврски, при што само дел од членовите се вистински активни, а другиот дел се само на хартија. Како резултат на ваквата дисхармонична поставеност на членството во едно здружение, се јавуваат внатрешни конфликти, кои, пак, се рефлектираат на активноста на здружението во околината во која дејствува.

Ваквата поставеност на граѓанските организации во однос на потенцијалните донатори ја намалува можноста за развој на овој сектор. Спроведената анкета дава јасна слика за активноста и довербата којашто ја ужива граѓанскиот сектор кај потенцијалните донатори.

1. Студија на случај за хипотетичко граѓанско здружение
По презентираниот труд, сметам дека е во корист да биде претставено едно граѓанско здружение кое функционира по системот ТКМ (ТЉМ). Да претпоставиме дека Управниот одбор на здружението донел одлука да функционира по споменатиот систем. За таа цел, поднесува барање до соодветна институција којашто се занимава со оваа област и по исполнување на зададените обврски се стекнува со потврда (сертификат) за своето работење. Со добивањето сертификат, здружението се стекнува со компаративна предност во однос на другите здруженија.

Резултатите од примената на ТКМ, покрај тоа што ќе бидат забележливи во функционирањето на здружението, видливи ќе бидат и во процесот на добивање финансиски средства од потенцијалните донатори.

Да претпоставиме дека по определено време некоја фондација одобрува грант, кој е од областа на дејствувањето на граѓанското здружение. За таа цел, фондацијата распишува конкурс на кој треба да се пријават здруженија на граѓани коишто ќе треба рационално да ги искористат добиените финансии. Уште на самиот почеток ќе се забележи дека здружението коешто има сертификат за употреба на системот ТКМ има предност во доделувањето на тој грант, не само поради сопственоста на сертификатот, туку и поради постигнатите резултати коишто неминовно ги наметнува работењето по овој систем.

Заклучок и препораки

Презентирањето и имплементирањето на концептот ТКМ при дејствувањето на граѓанските организации опфаќа цела низа активности коишто ги анулираат моменталните и потенцијалните проблеми во здружението, а наедно и ја прошируваат можноста за соработка со потенцијалните донатори. Конечно, појавата на институција која би го потврдувала концептот ТКМ во граѓанскиот сектор, би придонела за постојан развој на граѓанските здруженија.

За примена на концептот ТКМ во граѓанскиот сектор треба да бидат преземени следните чекори:

-    Создавање институција за издавање потврда (сертификат) за примена на ТКМ во работењето на здруженијата;
-    Избор на граѓански здруженија кои имаат капацитет за примена на овој концепт;
-    Спроведување обука за суштината на концептот ТКМ;
-    Примена на здобиените сознанија во практика;
-    Евалуација на резултатите од примената на концептот ТКМ во граѓанскиот сектор.

Во блиска иднина МЦМС, како институција со соодветна тежина, може да креира стандард којшто ќе го верифицира постоењето на една граѓанска организација, што, пак, ќе има позитивно влијание врз зголемувањето на довербата кај потенцијалните донатори.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA