|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Црвениот крст на Скопје се подготвува за влез во Гинис
Крводарителните акции мобилизираат многу луѓе
Крводарителните акции с$ уште остануваат настани што мобилизираат најголем број крводарители и токму затоа постојано се во агендата на планираните активности на Црвениот крст и неговиот долгогодишен успешен соработник, Републичкиот завод за трансфузиологија.
Последната голема кампања, односно карванот за унапредување и промовирање на крводарителството во Македонија, ја организира Црвениот крст на Скопје, во текот на март и април, со несебична помош на Космофон. Карванот помина низ седум града, а беа собрани 816 единици крв. Во Скопје, на акцијата на која беа поканети видни личности од политичкиот и дипломатскиот естаблишмент, од бизнис-заедницата, од медиумите, како и актери, спортисти, естрадата и граѓански организации. Во акцијата беа собрани 205 единици крв. Во текот на мај за Гинис е планирано одржување голема 24-часовна крводарителна акција на територијата на целата земја, а од Црвениот крст се надеваат дека акцијата заслужено ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Карванот овозможи во Тетово да бидат реализирани 30 крвни единици, во Кавадарци 122 единици крв, а во Битола 205 крвни единици. За седум часа, во Охрид крв дарувале 82 лица, 137 единици крв биле собрани во Виница, а 85 во Куманово. Крводарителните акции биле поддржани од локалната самоуправа, од општествениот сектор, од бизнис-заедницата и од медиумски личности. Хуманиот чин на дарување спојува луѓе од повеќе вери и нации и води кон патот на соработка и несебична поддршка секогаш кога е потребна таа.
С.К.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|