среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 10

   

Мишо Докмановиќ

За предизвикот наречен Европска Унија - има ли место за граѓанскиот сектор?

Вистинскиот европски дух е сознавање на реалноста, можностите и обврските што ги имаме и едните и другите, без разлика на границите и нашите непријателства и омраза.
Робер Шуман


Во изминатите десетина години македонската јавност беше постојано изложена на предизвикот наречен Европска Унија. Иако ветувањата и датумите за нашето приклучување кон европското семејство постојано се менуваа од ден на ден, сепак се наметнува лошиот впечаток дека нашето придружување кон Унијата се пролонгира пропорционално со времето поминато во исчекување на тој “историски” момент. Одлуката што македонските граѓани ја очекуваат на 9 ноември оваа година, ден кога Европската Унија ќе соопшти дали Република Македонија ги исполнува критериумите за добивање статус на земја–кандидат за членство во Унијата и консекветно на тоа ќе го определи датумот за почеток на преговорите, навидум се чини дека нема да измени многу работи за обичниот граѓанин. Позитивното мислење на Европската Унија значи само почеток на една нова фаза, на еден екстремно интензивен процес на “хармонизирање” на сите сфери во македонското општество, процес кој во никој случај нема да го заобиколи граѓанското општество. Од тие причини, повеќе од значајно е да ги анализираме методите преку кои и граѓанскиот сектор би можел да се вклучи во овој процес, но и да видиме кои нови извори на финансирање ќе му стојат на располагање, знаејќи дека финансирањето е круцијалното прашање за секоја граѓанска организација.
 

Фазите на интеграцијата
 
Во случај на добивање позитивно мислење од ЕУ, се очекува да биде одреден и терминот за почетокот на преговорите. Последните навестувања од Брисел говорат дека Македонија има изгледи да го добие позитивното мислење, но почетокот на преговорите може да биде пролонгиран до целосното исполнување на условите. При едно вакво сценарио, за граѓанскиот сектор се отвораат две можности. Првата можност што се отвора е граѓанскиот сектор да се инволвира во процесот на конечното исполнување на критериумите. Забелешките на Европската Унија се кристално јасни (се однесуваат на корупцијата, независноста на судството, слабите економски перформанси, децентрализацијата итн). Иако процесот на делумно реформирање на овие области е започнат, сепак вклучувањето на граѓанскиот сектор би било повеќе од добредојдено. Првенствено поради можноста преку проектите да се мобилизираат солидни финансиски средстава, но и истовремено да се активираат граѓаните во целиот процес. Тука мораме да нагласиме дека тука се работи исклучиво за лична процена, бидејќи си уште не можеме да очекуваме што со сигурност ќе се случи на 9 ноември.

Следната можност којашто се отвора за граѓанскиот сектор во евроинтеграцискиот процес е во фазата на преговорите меѓу Унијата и Македонија. Како што на сите ни е познато, преговорите опфаќаат повеќе подрачја коишто ќе ги регулираат меѓусебните односи меѓу ЕУ и земјата кандидат. Имајќи ги предвид последиците од овие преговори, граѓанскиот сектор мора активно да се подготви за оваа фаза. Првенствено треба да се информираат граѓанските организации, особено оние чија дејност е поврзана со областите на преговорите, и тоа преку организирање семинари и тренинзи, преку кои овие организации би можеле да се запознаат со главните параметри на преговорите. Со оглед на фактот дека во преговорите ќе се разговара и за области како што се земјоделството, заштитата на животната средина или културата, граѓанскиот сектор може да се јави како медиум којшто би можел гласно да ги артикулира ставовите на граѓаните и нивните организации. Од тие причини, се наметнува потребата најмалку еден член од македонскиот тим за преговори да биде претставник  на граѓанскиот сектор.

Покрај можноста за индиректно вклучување во преговорите, статусот кандидат за членство ги отвора и финансиските фондови на Европската Унија. Токму овие фондови се најголемата придобивка за граѓанскиот сектор од добивањето на статусот на земја кандидат за членство. Овие фондови, познати како претпристапни фондови на Европската Унија, опфаќаат три инструменти: ИСПА (Инструмент фор Струцтурал Полициес фор Пре-Аццессион – инструмент за структурни политики), ФАРЕ (Инвестмент девелопмент анд хармонизатион оф лањс – развој на инвестициите и хармонизација на законите) и СЕПАРД (Специал Аццессион Программе фор Агрицултуре анд Рурал Девелопмент – специјална пристапна програма за земјоделство и рурален развој). Овие фондови се од исклучително значење со оглед на фактот дека се однесуваат на области коишто имаат силно влијание врз развојот на економијата во земјите кандидати за членство (земјоделството, транспортот и заштитата на животната средина). Овие фондови изнесуваа 3, 24 милијарди евра годишно во периодот од 2000 до 2006 година[1]. Земјите од Централна и Источна Европа започнаа да ги добиваат првите фондови на ЕУ во периодот од 2000 до 2003 година. Во вториот период, 2004 – 2006 г., по нивното придружување на ЕУ, овие држави почнаа да ги добиваат “нормалните” фондови. Бугарија и Романија продолжија да ги добиваат претпристапните фондови си до нивното придружување на ЕУ, планирано за 2007 година.

Овој обем на финансиски средства често води кон појава на негативни појави во врска со нивната дистрибуција. Само за илустрација, можеме да ги разгледаме искуствата на граѓанскиот сектор во Централна и Источна Европа во сферата на заштитата на животната средина, како и опасностите коишто ги носат овие фондови со себе. Така, на пример, во Словачка дојде до систематска злоупотреба со управувањето на претпристапните фондови на ЕУ што еруптира во корупциски скандал во март 2001 г., при што финансиските средства беа доделувани на организации коишто беа блиски до комитетот којшто ги одобруваше проектите. Од тие причини, во Словачка беше формиран специјален тим на претставници од 20 граѓански организации коишто ја презедоа улогата на контролор на целиот процес. Овој тим константно се состануваше и разменуваше информации за фондовите на ЕУ, на јавноста, на општините и на медиумите им обезбедуваше независни информации за фондовите, како и иницираше донесување правни мерки со кои се зголеми транспарентноста и се спречи конфликтот на интереси, злоупотребата и корупцијата во управувањето со фондовите. Слично на ова, во Литванија преку притисокот на граѓанскиот сектор насочен против конфликтот на интереси беше спречен проектот за третман на отпадните води во Каунас. Како резултат на слични појави, во Унгарија државните власти решија да ја вклучат водечката граѓанска организација во сферата на заштитата на животната средина во процесот на евалуација на проектите за претпристапните фондови[2].

Токму овие странски искуства си повеќе од добредојдени за домашниот граѓански сектор. Од тие причини, солидната подготовка за овој процес ќе овозможи добра стартна основа за користење на фондовите. Темелната анализа на концептот, карактерот и методологијата на претпристапните фондови надополнети со искуството на земјите од Централна и Источна Европа, ќе го поштеди граѓанскиот сектор во Македонија од учењето од сопствените грешки. А, за сопствените грешки во менаџирањето со странската помош најдобро говори извештајот на лондонскиот весник Фајненшел тајмс од 11 декември 2001 година, чии делови објавија некои од домашните медиуми: Програмата за помош на Европската Унија за Македонија доживеа неуспех поради недостиг на јасна стратегија, бирократски пречки и доцнења, како и несоработка со други меѓународни институции. Од тие причини, претходната едукација и тренингот за граѓанскиот сектор во врска со новите достапни фондови се чини повеќе од потребно.

Завршувањето на фазата на преговорите и стекнувањето на статусот членка на Европската Унија значи отворање нови фондови – т.н. структурни фондови на ЕУ. Иако Македонија е си уште прилично далеку од стекнувањето на овој статус, значајно е да се види механизмот на функционирање на овие фондови и областите во кои функционираат фондовите и конечно кои се можностите на граѓанскиот сектор.

Структурните фондови на ЕУ имаат за цел да го поддржат социјалното и економското преструктуирање во рамките на Унијата и на нив отпаѓа дури една третина од буџетот на Унијата. Овие фондови им се достапни на оние членки на Унијата чиј бруто-домашен производ пер капита изнесува под 90% од просекот на ЕУ. Во рамките на овие фондови постојат 4 програми: ЕРДФ (Еуропеан Регионал Девелопмент Фундс) чија основна цел е промоција на социјална и економска кохезија во рамките на Унијата преку редукција на разликите меѓу регионите и социјалните групи, ЕСФ (Еуропеан Социал Фунд) којшто претставува главен инструмент на Унијата за спроведување на политиката на вработувањето, ЕАГГФ (Еуропеан Агрицултурал Гуиданце анд Гуарантее Фунд) којшто се однесува на структурните реформи во земјоделскиот сектор и развојот на руралните области и ФИФГ (Финанциал Инструмент фор Фисхериес Гуиданце) којшто претставува посебен фонд за структурни реформи во секторот на риболовството. Во моментот, граѓанскиот сектор во Европската Унија, а особено во Централна и Источна Европа, е фокусиран токму на овие фондови. Главните информации за финансирање во, на пример, Унгарија и Полска, се однесуваат токму на програмите од структурните фондови на ЕУ. Затоа познавањето на механизмите на функционирање на структурните фондови е главен приоритет на граѓанскиот сектор во овие земји.


Нови облици на соработка

Иако до полноправното членство на Македонија ќе измине уште многу време, од особено значење за граѓанскиот сектор во нашата земја е континуираното следење на препораките и ставовите на ЕУ, особено на Европската комисија, за прецизирање на положбата на граѓанскиот сектор. Во последно време се инсистира на засилување на улогата на граѓанскиот сектор во кохезиската политика на ЕУ. Во тој контекст, граѓанското општество и граѓанските организации за првпат беа споменати како партнер во структурните фондови[3]. Овие потенцијални партнерства си уште се во иницијална фаза, меѓутоа интензиво се развиваат. Во таа насока, ЕУ треба да ги подобри одредбите во новата регулатива на ЕУ коишто се однесуваат на партнерствата, Европската комисија да издаде соодветни упатства за партнерствата, но и истовремено партиципацијата на граѓанските организации во фондовите на ЕУ треба да биде поддржана преку тренинзи, развој на програми за обука, но и со финансиска помош.

Македонскиот граѓански сектор треба овие партнерства да ги примени и на домашен терен. Пред си во соработката со државните органи во оние сфери каде што граѓанскиот сектор има што да понуди. Ова во голема мера е поврзано и со започнатиот процес на децентрализација при што граѓанскиот сектор би можел да им понуди соработка на органите на локалната самоуправа, што би можело да прерасне во интензивна регионална соработка.

Освен тоа, јасно е дека со приближувањето на Македонија кон Европската Унија тежиштето на програмите за финансирање на граѓанскиот сектор значајно ќе се поместува кон областите коишто ги покриваат претпристапните, односно структурните фондови. А, тоа значи дека покрај човековите и малцинските права, владеењето на правото и регуларните избори, граѓанскиот сектор ќе мора да обрне внимание и на областите како што се руралниот развој, отворањето нови работни места или заштитата на животната средина. Несомнено, граѓанскиот сектор може да даде исклучително голем придонес и во следните области:

- креирање проекти за развој на заедниците, без оглед дали тие заедници се географски, интересни, етнички, религиозни или формирани за реализирање на некои специфични интереси. Овие заедници играат круцијална улога во демократскиот живот, бидејќи овозможуваат промовирање на ставовите на “ранливите групи” во општеството. Покрај тоа, локалните актери имаат најдобри познавања за проблематиката, а информациите „од прва рака” се најдрагоцени;
- борба против невработеноста преку овозможување дополнителни тренинзи и обуки за лицата кои бараат вработување со посебен акцент на категориите коишто досега не беа опфатени, како што се поранешните сторители на кривични дела или имигрантите. Да не заборавиме дека третиот сектор глобално е еден од најважните извори на работни места;
-  оформување локални и регионални програми за заштита на животната средина;
-  промовирање на руралниот туризам, културата и спортот;
-  промовирање на можностите на Е-бизнисот и далечинското учење;
-  развивање проекти поврзани со здравството и заштитата на правата на пациентите, како и медицински истражувања итн[4].

Конечно, граѓанските организации треба да му посветат внимание на вмрежувањето (нетњоркинг) со слични организации од Европската Унија. Контактите со сродни организации ќе овозможат размена на искуства и инфомации во врска со фондовите на Унијата. Исто така, важно е да се воспостави соработка со соседните земји коишто се членки на Унијата, којашто е на ниско ниво во моментот, со цел да се интензивира прекуграничната соработка со Унијата. Треба да имаме предвид дека граѓанскиот сектор може да биде лидер во прекуграничната соработка поради фактот дека не треба да надминува административни или правни пречки за реализација на соработката.     

Парелелно со овие нови облици на соработка, граѓанскиот сектор во Македонија треба да се позанимава со недостатоците и пропустите во сопствените редови. Тоа, пред си, се однесува на: неуспехот на “граѓанството”, бавното менување на вкоренетите навики, начините на мислење, културните кодови, етнизацијата на граѓанското општество, корупцијата во сопствените редови, фаворизирањето во финансирањето на затворен круг на граѓански организации од страна на главните снабдувачи на средства за реализација на проекти, зголемувањето на партиципацијата на граѓаните во активностите на граѓанскиот сектор, отвореност и транспарентност во работата на граѓанските организации итн.

Навраќајќи се на зборовите на Шуман од почетокот на текстот, можеме да констатираме дека само преку постојано следење на современите европски текови во сферата на граѓанскиот сектор, но и преку демонстрирање подготвеност за реформа на домашното граѓанско општество, можеме подготвено да го дочекаме предизвикот наречен Европска Унија. Несомнено, граѓанското општество во целиот процес ќе игра значајна улога, а ние, граѓаните, имаме и право и обврска да учествуваме во овој историски процес.          


--------------------------------------------------------------------------------

[1]       Извор: EU Center  (www.eucenter.org)
[2]       Public Eye on the EU fund: civil society involvement in the structural, cohesion and rural development funds, CEE Bankwatch Network, April 2005   
[3]       (COM (2004) 492 final)
[4]       Civil Society as a Patner in European Union Structural Funds, European Citizen Action Service, November 2004 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA