среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 9

   

Виолета Бончаноска

ДА ДАВАШ = ДА ИМАШ


Социјално одговорни бизниси - успешни примери во Македонија

Да даваш = да имаш, е наједноставниот слоган на современата кон­цепција на однесување на општествено одговорните бизниси. Корпоративната општествена или социјална одговорност (Цорпорате социал респонсибилитѕ) во смисла на хуманост и одговорност кон оштеството, претставува најнова, но истовремено и неопходна димензија на современите успешни компании.

Светски актуелните деловни промени во компаниите во последните неколку децении се појавуваат и во новото македонско деловно работење во последниве неколку години, и покрај основната профитна ориентација на компаниите, како нова корпоративна вредност и како принцип на дејствување, се промовира општествено одговорното однесување, односно засегнатост на компанииите за општествените проблеми и активно учество во нивното решавање. 

1. Концептот на  корпоративна општетсвена одговорност

Наједноставно дефинирана, корпоративната општествена (или социјална) одговорност (Цорпорате социал респонсибилитѕ) е грижа на претпријатието за општествените проблеми. Корпоративната општествена одговорност упатува на тоа дека компанијата е одговорна за нејзиното пошироко влијание врз општеството.[1]

Во деловен контекст, тоа значи дека претпријатието има обврска да дејствува запазувајќи ги интересите на “стејкхолдерите” или засегатите страни - сите страни коишто можат да влијаат или се под влијание на активностите на компанијата: вработените, деловните партнери, инвеститорите, потрошувачите, локалната заедница, владата, медиумите и меѓународните организации.[2]

Во новите општествени и бизнис-услови, спротивно на традиционалната идеја за општествената одговорност како обврска за максимизирање на профитот на акционерите, според којашто вклучувањето на компанијата во решавање на општествените проблеми е трошење на парите на акционерите/сопствениците, современиот концепт на општествена одговорност кон “стејкхолдерите” смета дека компанијата и “стејкхолдерите” се тесно поврзани. Со оглед на тоа што секоја компанија дејствува во некое конкретно општествено окружување и бидејќи нејзината егзистенција и просперитет се засегнати од тоа опкружување, покрај интересите на главните “стејкохлдери” (сопствениците, односно акционерите), треба да бидат задоволени и интересите на другите засегнати страни, вклучувајќи го општеството во целина.

Од таа перспектива, одговорноста за “стејкхолдетите” и одговорноста за општеството е истовремено и одговорност кон компанијата на долг рок. Современата корпоративна општествена одговорност подразбира истовремено остварување и на економските и на општествените цели.  

Концептот на потврдена општествена одговорност[3] оди чекор понатаму и според него менаџерите се обврзани да ги антиципираат промените во опкружувањето, да ги усогласат целите на претпријатието со целите на групите и да преземат конкретни чекори за да се промовираат заедничките интереси.

 

Категории на општествена одговорност и стратегии на општествена реакција 

Главно, корпоративната општествена одговорност ја сочинуваат 4 категории: економска, правна, етичка и филантропска одговорност.  Соодветно на секоја од овие компоненти на општествената одговорност, се применуваат 4 стратегии на општествена реакција, односно одговор на општествените обврски: реактивна, одбранбена, стратегија на прифаќање и проактивна стратегија[4].

Секоја компанија првенствено е економски ентитет чија мисија е да произведува производи за членовите на општеството и соодветно на тоа, нејзина примарна одговорност е економската одговорност, односно креирањето профит. Истовремено, секоја компанија треба да ја исполни својата економска мисија во рамките на постоечките правни рамки. Овие категории на одговорност, економската и правната, се основни и обврзни за сите компании, но вистинската димензија на општествено одговорните бизниси се категориите на етичка и филантропска одговорност, кои вклучуваат грижа за вработените, потрошувачите, акционерите и заедницата, надминувајќи ги правно пропишаните обврски, како и вклученоста во решавањето на општествените проблеми.

За парцијално задоволување на општествените барања, компаниите може да применат општествена реакција преку реактивната и одбранбената стратегија, како начин на минимум задоволување само на економската, односно економската и правната одговорност, а избегнувајќи општествена инволвираност и акција. Спротивно на тоа, со стратегијата на прифаќање и со проактивната стратегија компаниите промовираат прифаќање на општествената одговорност за сопствените активности и одговор на општествените барања и проблеми, задоволувајќи го интересот на сите “стејкхолдери”. Особено со прифаќањето на филантропската одговорност, компаниите со фокус на волонтерските активности и желба за општествен придонес, преку проактивна стратегија, успеваат да ги антиципираат општествените проблеми и да подготват соодветна реакција за нивно решавање. 


Подрачја на корпоративно општествено одговорно дејствување

Пред компаниите се строго поставени барањата да дејствуваат водејќи грижа за општествените, економските и еколошките сегменти, додека се креира профитот за акционерите: корпоративната општествена одговорност бара од компаниите да работат ефикасно без да предизвикуваат штети од општествен, економски, политички, културолошки и еколошки аспект, во средините во коишто работат[5]. Многу од барањата за општествена одговорност на претпријатието се правно пропишани од страна на општеството. Со правни прописи се регулира долната старосна граница за вработување работници, се пропишуваат стандарди со коишто се регулира дозволеното ниво на загадување на воздухот и човековата околина, се инсистира на хуманизација на условите за работа. Но постојат и претпријатија коишто се фокусираат на опкружувањето, волонтерството, филантропијата и економскиот развој [6].

За различни индустрии, одговорните бизниси практицираат различни форми на општествено одговорен ангажман. Сепак, заеднички за сите сектори се практиките глобално групирани во областите: заштита на здравјето и сигурноста на вработените, заштита на животната средина и превенција од нејзино загадување, помош при природни катастрофи и несреќи, помош и унапредување на образованието, партиципација во локални реконструкции, поддршка на непрофитни организации итн.  

2. Општествено одговорни бизниси - практики во Македонија

Соодветно на главните подрачја на практицирање општествена одговорност, во продолжение се претставени начините на дејствување на општествено одговорните бизниси во Македонија, поткрепени со постоечки примери од искуството на македонските компании. Иако корпоративната општествена одговорност во македонското деловно работење е с$ уште нов и незначително практикуван концепт, и нејзините придобивки и важност с$ уште не се популаризирани, постојат неколку компании коишто покажуваат голема инволвираност во олеснувањето на општествените проблеми.

Со оглед на фактот дека македонското бизнис-опкружување стартува од транзицискиот период и с$ уште е во фаза на востановување вредности, последиците очигледни во ниско ниво на бизнис-етика и култура се неизбежно присутни. Најчесто, активностите на компаниите се с$ уште во рамките на примарниот концепт за задоволување единствено на интересите на сопствениците и исполнување на економската одговорност, понекогаш дури и со заобиколување на правните одговорности. Сепак, ваквите активности се карактеристични за малите компании или за оние со перспектива на краток рок; тие ретко доживуваат експанзија и долгорочен успех.

Наспроти тој феномен, големите или растечките компании ја практикуваат корпоративната општествена одговорност како неделлив дел од нивното бизнис-постоење, идентификувајќи ги и промовирајќ ги интересите на сите “стејкхолдери” и општественото опкружување, градејќи на тој начин успех на долги патеки и поддржувајќи ја тезата дека давањето е поврзано со имањето. Најуспешните компании[7] од телекомуникациите, од тутунската индустрија, од фармацијата и од пивопроизводителите, покажуваат одлични финансиски успеси, но истовремено се и најголемите поддржувачи во решавањето на некои од општествените проблеми. Нивната корпоративна општествена одговорност е забележлива преку активности коишто се во пресрет на интересите на акционерите, вработените, потрошувачите, посебните општествени групи и заедницата во целина, дејствувајќи во следните подрачја[8]:

• Принцип на работење со контрола на квалитетот – придобивка за потрошувачите коишто потврдено добиваат производи/услуги со добар квалитет и за вработените кои работат во сигурно работно опкружување. Речиси секоја успешна компанија независно дали има производна или услужна дејност, а со цел доближување до интернационалните стандарди, своето работење го реализира согласно меѓународниот систем за управување со квалитето ИСО 9001, но Пиварница Скопје истовремено работи и според воведениот сертифициран стандард за подобрување на барањата на потрошувачите;

• Заштита и зачувување на животната средина и природата - во повеќето успешни производствени компании се внимава процесот на производство да биде безбеден како за вработените, така и за животната средина. Како пример, во Пиварница Скопје е имплементиран сертифицираниот систем за управување со животна средина ИСО 14001, исто како и во Алкалоид; покрај тоа, редовно се спроведува и мониторинг на животната и работната средина, при што се опфатени отпадните води, емисијата на излезни гасови, бучавата, отпадот итн. Конкретни активности за зачувување на животната средина и природата редовно спороведува Мобимак со веќе традиционалното есенско пошумување и преку донации и организирање акции за подобрување на условите за живот на животните во Зоолошката градина во Скопје;

• Зголемување на информираноста за производите за да се охрабри одговорното однесување на потрошувачите. Со оглед на дејноста на Тутунскиот комбинат Скопје, нивната морална и законска одговорност да предупредат за можните штетни последици од пушењето се практикува и преку нивниот промотивен слоган “Производи да, навики не”, а предупредувањето за штетноста од пушењето е составен елемент во нивните промотивни материјали. Во сличен манир и согласно законот за непродавање алкохол на малолетници е изведено и пристапувањето на веб-страницата на Скопско, каде не би требало да пристапат лица помлади од 18 години;

• Поддршка за спортот, образованието и науката - како области коишто ги засегаат младите, инвестирањето во спортот, образованието и науката, општествено одговорните компании го гледаат како инвестирање во иднината, затоа што успешни спортисти и профилирани стручни кадри се движечка сила на општеството. Иако Кометал е компанија, но кога ќе помислиме на Кометал, прво мислиме на нашиот женски ракометен шампион. Инвестирањето во спортот е својствено и за Телеком, кој има спонзорирано атлетски, кошаркарски и скијачки клубови/асоцијации, исто како и не толку афирмираната Компанија Леов, која донира во развојот на спортот во Велес.

Другиот сегмент, инвестирањето во образованието и науката, континуирано го спроведуваат телекомуникациските компании, Мобимак, со спонзорства за талентираните деца и млади, Космофон со спонзорирањето на младите информатичари за нивното учество на меѓународната информатичка олимпијада и Македонски телекомуникации, поддржувајќи ја конференцијата ИАЕСТЕ за студенти од електротехничките факултети и донирајќи АДСЛ за основните училишта; 

• Поддршка за културата, уметноста и заштита на културното наследство - ова е една од најзастапените форми на општествено инволвирање на компаниите, кои во тешките времиња за културата, станаа неопходни партнери на заедницата, за зачувувањето на културата и за активниот културен живот. Тутунскиот комбинат Скопје веќе традиционално е покровител на некои од најзначајните културни манифестации и институции, како Охридско и Скопско лето, балетот на МНТ, Новогодишниот концерт на Македонската филхармонија, Фестивалот Блуз и соул. Скопска пиварница традиционално е покровител на реномираниот Скопски џез-фестивал, Мобимак се профилира во најголемиот покровител за заштита на културното наследство, формирајќи ја и засебната фондација Вардарски Рид, за истражување и конзервирање на истоимениот антички град, додека Космофон активно се вклучува во поддршка на актуелни концерти, театарски претстави и театарски фестивали, како, на пример, Скомрахи 2005 итн.;

• Донации во здравството или за групи со посебни потреби - Алкалоид, изразувајќи ја својата општествена одговорност кон здравјето на пациентите, а посебно на децата, во прилог на подобрување на болничките услови на најмладите пациенти, со финансиска донација придонесе за реновирањето и опремувањето на Одделот за нефрологија при Детската клиника во Скопје. За поддршка на здравството, Мобимак има донирано компјутерска опрема за Клиниката за белодробни заболувања-Козле.

Свртувајќи се кон маргинализираните групи на лица со посебни потреби, обете компании за мобилна телекомуникација, Мобимак и Космофон, имаат дадено свој придонес во име на олеснување на нивното интегрирање во општеството. Мобимак во својата годишна програма има вклучено посебна донација за поддршка на институции и организации за хендикепирани лица и досега, меѓу другото, се реализирани изградба на пристапни рампи до неколку важни објекти, како и донација на компјутерска опрема за Сојузот на слепите на Република Македонија и за Центарот за рехабилитација на говор, слух и глас, Скопје. Космофон, пак, има донирано возило за Здружението на телесно инвалидизираните лица;

• Обука на невработените - иако една од најкритичните теми во македонското општество, невработеноста е с$ уште подрачје во коешто генерално општествено одговорните бизниси не пројавуваат инволвираност, или барем не информираат за такви нивни активности. Исклучок е иницијативата на Цементарницата Усје којашто веројатно единствена во средствата за јавно информирање повикува на обуки за невработените и потенцијално/перспективно нивно вработување, во рамките на самата компанија.  

3. Аргументи ЗА корпоративната општествена оговорност

Од корпоративната општествена одговорност, како принцип на работење и дејствување, се остваруваат придобивки за општеството, но и за инволвираните компании.

Општеството поддржано од проактивните стратегии на компанијата и корпоративната инволвираност во решавање на општествените проблеми, во општествено одговорните бизниси препознава свој партнер за креирање подобри услови за сите. Од друга страна, најсилниот аргумент ЗА корпоративната општествена одговорност е фактот дека компанијата којашто промовира грижа за општеството во целина истовремено го промовира нејзиниот корпоративен имиџ на позитивен начин и градејќи релација на доверба со “стејкхолдерите”, на долг рок го зголемува профитот за акционерите.

Корпорациите, градејќи повратни врски со различните групи на коишто влијаат или од коишто трпат влијание, ја редефинираат нивната улога и стануваат партнери во областа на општествената политика и во градењето граѓанско општество, вклучувајќи ги и областите на имплементација на владеењето на законот, заштита на животната средина и на човековите права, наоѓаат начини да ги вклучат државите, локалните зедници и граѓаните како партнери и “стејкхолдери”, а не противници и да ги признаат нивните интереси[9] (2, стр. 20). Сето ова е од решавачко значење за градењето поволна клима во којашто компаниите можат да го зголемуваат својот долгорочен профит.

И од изложените примери за македонските општествено одговорни бизниси, може да се заклучи дека првенствено моќните и растечки компании го промовираат концептот на општествена одговорност како начин на работење и дејствување, но таквото инвестирање и партнерско инволвирање во општеството не значи осиромашување на компанијата, туку напротив, идна финансиска добивка и посилна компанија . 

А од сето тоа произлегува заклучокот и тезата дека давањето е еднакво на имањето. Секако, само доколку се има визија за иднината.


--------------------------------------------------------------------------------

[1]       www.managementfirst.com
[2]       Elektronska konferencija na idnite lideri na tema „Korporativna op{testvena odgovornost“, koordinator Vladimir Petkovski; Ekonomski fakultet, Skopje, 2003 (str.73)
[3]       Podelbata na koncepcii na tradicionalna, na sovremena i na potvrdena op{tectvena odgovornost e spored [uklev,Bobek; Menaxment, 4. izdanie, Skopje, Ekonomski fakultet, 2004 (str.349)
[4]       Klasifikacijata na vidovite op{testvena odgovornost i strategiite na op{testvena reakcija e spored [uklev,Bobek; Menaxment, 4. izdanie, (str. 356 i 360)
[5]       Elektronska konferencija na idnite lideri na tema „Korporativna op{testvena odgovornost“ (str.65)
[6]       [uklev, Bobek; Menaxment na mal biznis: (postojan u~ebnik) - 3. izdanie, Skopje, Ekonomski fakultet, 2003, (str. 203)
[7]       Navedenite primeri na kompanii se me|u prvite 10 najuspe{ni spored “200 najgolemi firmi vo Makedonija vo 2003”, Trade Point Skopje, juli, 2004
[8]       Primerite za op{tesveno odgovorni aktivnosti se spored informaciite prezentirani na veb-stranicite na kompaniite
[9]       Elektronska konferencija na idnite lideri na tema „Korporativna op{testvena odgovornost“ (str. 20)

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA