среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 7

   

Елвис Али

II. Програма КАРДС за Р. Македонија и граѓанското општество*I

Национална помош КАРДС за Р. Македонија

Програмскиот контекст за националната помош КАРДС за Р. Македонија произлегува од Процесот на стабилизација и асоцијација (САП), Националниот стратешки документ (ЦСП) и Мултииндикативната програма (МИП).

Спогодбата за стабилизација и асоцијација (САА) меѓу ЕУ и Р. Македонија беше потпишана во април 2001 година и стапи во сила на 1 април 2004 г. Ова е прва спогодба која стапи во сила. Спогодбата поставува амбициозни цели и ја обезбедува рамката за интензивен дијалог на политичко и техничко ниво, т.н. Процес на стабилизација и асоцијација. Меѓу идентификуваните области на соработка се исто така демократијата и владеењето на правото, кои ги опфаќаат програмите за унапредување на меѓуетничките односи и поддршка на граѓанското општество.

Националниот стратешки документ (ЦСП) и Мултииндикативната програма (МИП) призлегуваат од Процесот на стабилизација и асоцијација како поконкретени акциски планови за секоја земја и во рамките на повеќегодишното планирање на ЕУ.

Националниот стратешки документ за Р. Македонија поставува стратешка рамка за периодот 2002-2006 во вид на долгорочни приоритетни цели и области за акција, за обезбедување на помошта КАРДС во земјата. Мултииндикативната програма ги опишува секторите и планираните интервенции за кои помошта од Заедницата за Р. Македонија во периодот 2002-2004 ќе биде насочена, како и за очекуваните резултати и индикатори на постигнувањата.
 

Национална помош КАРДС за Р. Македонија 2002-2004

Помошта КАРДС за 2002-2004 изнесува 135 милиони евра. Активностите кои ги поддржуваат меѓуетничките односи и граѓанското општество се вградени во рамките на поддршката на демократијата и владеењето на правото во земјата. Во периодот 2002-2004 овие активности се поддржани со пакет-фондови од 3 милиони евра секоја година. Дополнително на овие, регионалните фондови на КАРДС исто така поддржуваат активности во доменот на поддршка на граѓанското општество. 


 
 
                                                                                  2002      2003     2004    вкупно
1. ДЕМОКРАТИЈА И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО               3            3          3               9
 
 1.1 Меѓуетнички односи и граѓанско општество        3            3          3              9 
 
 
2. ЕКОНОМСКИ И ОПШТЕСТВЕН РАЗВОЈ                    25.5         20       22.5         68  

2.1. Приватен и финансиски сектор                             2             3          4.5        9.5
(вклучувајќи пристап до меѓунар. пазари)  
2.2. Трговија                                                                   4             4           4            12  
2.3. Развој на локалната инфраструктура                14             9          8.5         31.5 
2.4. Општествена кохезија                                          2.5          1           2.5           6  
2.5. Темпус                                                                      3            3            3              9
  
 
3. ПРАВДА И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ                              5.2         12.5        17          34.7

3.1. Реформа на судството                                           0             2.5       1.5           4 
3.2. Интегрирано управување со границата   2.2 6   11.5  19.7
(регионално финансирање)
3.3. Имиграција и азил                                                  2               1           0            3 
3.4. Борба против криминалот                                    1                3          4             8

 
4. ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРИРОДНИ РЕСУРСИ          0                1          2             3
 
4.1. Животна средина                                                  0                1          2             3 
  
 
5. ТЕКОВНИ ТРОШОЦИ НА ЕАР                                    5                 5        3.5         13.5
 
 
6. ЕАР                                                                            1.8               2         3             6.8 
 
 
ВКУПНА РАСПРЕДЕЛБА                                         40.5           43.5      51         135

 

Демократијата и владеењето на правото:
избор од Р. Македонија

На политичко ниво, поддршката за процесот на децентрализација преку програмата за развој на локалната самоуправа & е дадена на Владата. Во рамките на овие напори, развиен и воспоставен е акциски план за децентрализација од страна клучните министерства.

На општинско ниво, поддршка е дадена на општините преку пилот-проекти насочени кон јакнење на институционалниот капацитет. Поддршката на КАРДС исто така доведе до подобрување на локалната инфраструктура.

На локално ниво беа поддржани пет проекти кои вклучуваа промоција на меѓуетничка соработка, развој на граѓанско општество (проектот Центри за поддршка на НВО), поддршка на локалните медиуми, на институциите за високо образование и на младинските групи вклучени во спроведувањето проекти.
 

Меѓуетничките односи и граѓанското општество:  проекти и активности

Подобрувањето на меѓуетничките односи и поддржувањето на граѓанското општество се двете главни области идентификувани во рамките на  приоритетот поддршка на демократијата и владеењето на правото. Оценката  на стратегијата на земјата во 2001 г. даде две важни препораки кои ги врамуваат активностите што се цел во оваа приоритетна област. Имено, со оценката се препорачува дека ЕУ треба да се насочи кон поддршка на граѓанските здруженија и етничкото помирување, како и кон поддршка на улогата на граѓанските здруженија во одржувањето на квалитетот на управувањето.

Поддршката за активностите во областа на меѓуетничките односи и граѓанското општество е исто така дефинирана со следните конкретни цели МИП за 2002-2004:

?    Да се поттикне развојот на одржливо и слободно граѓанско општество во корист на меѓуетнички дијалог и помирување;

?    Да се зголеми толеранцијата кон малцинствата;

?    Да се зголеми активното учество на граѓанското општество во процесите на креирање политики и донесување одлуки.

 

КАРДС 2002 обезбедува 3 милиони евра за поддршка на активностите во областа на меѓуетничките односи и граѓанското општество. Во рамките на оваа програмска поддршка беше спроведена студија за оценка на меѓуетничките односи. Локалните понуди за поттикнување на меѓуетничките односи резултираа со поддршка на 5 проекти. Европската агенција за реконструкција исто така обезбеди кофинансирање за воспоставување 8 центри за поддршка на НВО и финансиски го поддржа Саемот на НВО во 2002 и 2003 г.

Ова што следува се неколку други проекти за меѓуетнички односи и граѓанско општество поддржани од КАРДС 2002:

?    Страници за меѓусебно разбирање;

?    Триаголник - три универзитети одговараат на етничките поделби;

?    Државјанство преку театар;

?    Детски куклен театар;

?    Развој на заедницата преку подобрувањето на меѓуетничките односи и помирување.

Задржувајќи се накратко на проектот Центри за поддршка на НВО со цел јакнење на граѓанското општество, кој беше поддржан од КАРДС 2002, би сакал да покажам како овие фондови се конкретно насочени кон подобрување на меѓуетничките односи и поддржување на граѓанското општество. Општата цел на овој проект е да се воспостават центри за поддршка на НВО во општествено и економски запоставените подрачја во Македонија. Конретни цели на овој проект се:

?    ?Да го поддржи развојот на граѓанските здруженија;

?    Да поттикне регионално вмрежување на граѓанските здруженија

?    Да ја подобри комуникацијата и соработката меѓу граѓанските здруженија и општините;

?    Да ги зајакне вештините на граѓанските здруженија за лобирање,  застапување, волонтерство и одржливост.

Во текот на овој проект беа воспоставени 8 центри за поддршка на НВО.

КАРДС 2003 исто така обезбеди 3 милиони евра за поддршка на активностите и проектите во функција на приоритетите за меѓуетничко и граѓанско општество. Два тендера се веќе започнати за поддршка на меѓуетничките односи преку организирање јавна информативна младинска кампања за толеранција и развивање воннаставни активности за групи ученици од мешано етничко потекло. Се очекува и други два тендера исто така да го имаат како цел развојот на граѓанското општество преку воспоставување платформа на граѓанските здруженија за национално вмрежување, лобирање и застапување, како и градење на капацитетите на одбрани граѓански здруженија.

КАРДС 2004 ќе обезбеди 3 милиони евра со цел поддршка на спроведувањето на Рамковниот договор преку поддршка во делот на употребата на јазиците, и тоа главно во судовите и во канцеларијата на јавниот обвинител. Овие фондови исто така ќе бидат насочени кон натамошна поддршка на застапеноста на малцинските групи во јавната администрација и подобрувањето на соработката меѓу малцинските заедници и општините во кои живеат. Конечно, КАРДС во 2004 г. ќе помогне во подобрување на односите и соработката меѓу владата и граѓанското општество преку поддршка на воспоставувањето канцеларија за граѓанско општество во рамките на Владата.

Исто така, проектот кој ја поддржува еднаквата застапеност на малцинските заедници во јавната администрација е поддржан од резервниот фонд на КАРДС 2002 во износ од 2 милиони евра. Главната цел на овој проект е да се повлијае на тековната нерамнотежа во претставувањето на немнозинските заедници во јавната администрација и да ги подобри нивните можности за вработување. Во текот на проектот, 600 млади се обучувани со цел да постигнат одреден стандард според кој ќе можат да добијат сертификат за јавна администрација и да обезбедат служба во јавната администрација. Како дел од проектот, ќе биде воспоставена организациска, логистичка и образовна (наставни содржини, обука) рамка на програмата ПАЦЕ за обука.



Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA