среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Септември

   

ГПМ

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ ВО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ (втор повик)
 

“Како да се идентификуваат вистинските луѓе за Управен одбор во организацијата“? “Која треба да биде улогата на управните органи во споредба со извршните органи“? “Дали треба да се разграничат извршната и управната улога во граѓанските организации и кои се начините да се стори тоа“?

Одговор на овие и другите прашања од областа на добро управување во граѓанските организации ќе добиете на тридневната обука со наслов „Добро управување - зголемена оддржливост“, која ќе се одржи од 28-30 септември 2007 година во х. Континентал, Скопје. Обуката е наменета за раководните, извршните и управните тела на граѓанските организации-членки на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) како и останати граѓански организации во земјата.

Овој настан е дел од програмата за работа на ГПМ (2006-2007 г.). Активноста е овозможена благодарејќи на Европската агенција за реконструкција преку финансирањето од Европската унија.

Организатор на настанот, во име на членките на ГПМ, е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Обуката ќе биде испорачана од експертите Сашо Клековски (Извршен директор на МЦМС) и Келменд Зајази (експерт за добро управување во граѓанските организации).

Интересот за учество на обуката можете да го искажете со пополнување и достава на прашалникот за граѓанските организации, во прилог 3, најдоцна до 12 септември 2007 година (среда), на следната адреса: ул. Никола Парапунов б.б., П.Ф. 55, 1060 Скопје, факс: 02/3065-298 или на следната е-маил адреса: gmh@mcms.org.mk. Повеќе информации за обуката можете да добиете на тел. 02/3065-381 или горенаведената е-маил адреса. Лице за контакт е Глигор Михаиловски, одговорен соработник на проекти во МЦМС.

Патните трошоци за учесниците со место на живеење надвор од Скопје, во висина на автобуски билет во максимален бруто износ од 600 МКД (со приложена потврда) ќе бидат надоместени од организаторот на настанот. За учесниците од Скопје не следува надомест за патните трошоци. За учесниците со место на живеење надвор од Скопје организаторот ќе ги покрие трошоците за сместување. Бројот на учесници на обуката е ограничен.

МЦМС ќе ги разгледа предложените кандидати според однапред утврдени критериуми: членство во ГПМ, степен на извршна и управна функција во организациите како и рамномерна секторска и географска застапеност на останатите граѓански организации кои ќе искажат интерес за учество на обуката.

 

Со почит,  
                                  
Сашо Клековски                                                                 
Извршен директор на МЦМС                                   

 

Прилог 1: Програма за обука
Прилог 2: Дополнителни информации за проектот
Прилог 3. Прашалник за граѓанските организации


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA