среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Јули

   

МЦМС

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е организација на граѓанското општество што работи во областа на одржливиот развој, гра­де­ње на свеста и на социјално-хуманитарната (основна) помош.

Целта на МЦМС е поттикнување, поддршка и развој на локални, национални и меѓународни ини­ци­­ја­тиви за уна­пре­дување на одржли­виот развој на човечките ресурси во Македонија и надвор од неа.

МЦМС учествува на повик на Европската агенција за реконструкција (ЕАР) за подготовка на програма „Младинска кампања за толеранција“. Апликацијата ќе биде разгледана и евентуално одобрена од ЕАР.

За таа цел МЦМС објавува

Повик

за искажување интерес за две можни работни места на период од 1,5 години и неколку позиции за привремен ангажман (20-80 дена)

(нивната реализација зависи од одобрувањето на апликацијата на МЦМС од ЕАР)

Позиции

  1. Меѓународен раководител на тим
  2. Локален долгорочен експерт
  3. Експерт за креирање кампањски пораки (меѓународен и домашен)
  4. Креативен/ни дизајнер/и за преведување на пораките на ТВ спотови и сл. (меѓународен и домашен)
  5. Експерт/и за имплементација на младински стратегии (меѓународен и домашен)
  6. Советник за младинска политика (меѓународен и домашен)
  7. Експерт/и за обука за градење капацитети (меѓународен и домашен)
  8. Обучувач на новинари (меѓународен)
  9. Експерт/и за проценка на медиумски кампањи (домашен)
  10. Експерт за односи со јавноста (домашен)
  11. Младински експерт/и (домашен)
  12. Експерти за оценка на младинските НВО (домашен)

Барања

Меѓународниот раководител на тим е потребно да обезбеди искусен тим од долгорочни и краткорочни локални и меѓународни експерти. Меѓународните експерти треба да поседуваат минимум 10 години искуство, а локалните експерти минимум 3 години искускство, доколку не е поинаку наведено во условите на договорот.

Со цел да се поддржи локалното градење капацитети, силно се препорачува користење на локална стручност. Поради тоа, Меѓународниот раководител на тим треба да настојува да вклучи што е можно повеќе локални експерти (кои ќе бидат обучувани, помагани или тренирани во нивните задачи, од страна на меѓународни експерти). Од сите меѓународни експерти се очекува тесно да соработуваат со нивните локални  колеги и да го споделат своето практично искуство стекнато во странство на сите релевантни полиња со цел да се постигне трансфер на знаењето, со што би се придонело кон одржливоста на програмата.

Експерти

Инпут-табела
Категорија на вкупни работни денови за експертите

Клучни експерти - локални и меѓународни:

Меѓународни клучни експерти:

Меѓународен раководител на тим 330 дена

Локални клучни експерти

Локален долгорочен експерт 330
меѓу-збир меѓународен клучен експерт 330
меѓу-збир локален клучен експерт 330

Останати експерти (Non-Key experts)

Меѓународни краткорочни експерти:

Експерт/и за креирање кампањски пораки 20
Креативен/ни дизајнер/и за преведување на пораките на ТВ спотови и сл. 20
Експерт/и за имплементација на младински стратегии 40
Советник за младинска политика 20

Експерт/и за обука за градење капацитети  20

Обучувач на новинари 20

Локални краткорочни експерти

Експерт/и по креирање кампањски пораки 30
Креативен/ни дизајнер/и за преведување на пораките на ТВ спотови и сл. 30
Експерт/и за проценка на медиумски кампањи 20
Советник за младинска политика 20
Експерт/и за обука за градење капацитети 20
Експерт за односи со јавноста 20
Младински експерт/и 80
Експерти за оценка на младинските НВО 20
Експерт/и за имплементација на младински стратегии 20

под-збир на  меѓународни краткорочни експерти 140

под-збир на локални краткорочни експерти 260

Вкупно експерти 1060


Клучни експерти

Сите експерти кои имаат круцијална улога во имплементирањето на договорт се наречени клучни експерти. Профилот на клучните експерти за овој договор е следниот:

Клучен експерт: Меѓународен раководител на тим (330 работни дена)

Раководителот на тимот на Консултантот ќе ја има целокупната одговорност за непрекинатиот тек и навремената имплементација на проектот, како и за ефикасното користење на средствата за проектот. Раководителот на тимот ќе биде одговорен за целокупното раководење со проектот и ќе биде главно лице за контакт во комуникациите и доставувањето извештаи на одговорното лице за договорот и локалните партнери, особено на Агенцијата за млади и спорт.

Раководителот на тимот мора да биде искусен постар менаџер кој има работено на слични долгорочни задачи, по можност во Централна или Источна Европа.

За време на проектот, тим-лидерот на консултантот треба да живее во земјата и придонесува за проектот во период од 18 месеци непрекинато (освен во вообичеаните периоди на отсуство, итн. ). Тој/таа треба да ја надгледува, контролира, проценува и регулира работата на канцеларискиот персонал на проектот.

  • Да обезбеди добра комуникација помеѓу партнерот на проектот и консултантот
  • Да ги надгледува сите технички аспекти на проектот, вклучувајќи го развојот на студиите, обуката, организацијата на поддршката на активностите на локално ниво
  • Да организира и контролира договарање на каква било надворешна поддршка вклучувајќи краткорочни експерти
  • Да раководи со персоналот
  • Да организира и контролира административна и логистичка поддршка која вклучува контрола на трошоците на проектот, подготовка на фактури и документација, навремено доставување извештаи и сл.

Потребни квалификации и вештини

  • Универзитетска диплома од соодветна област (на пр. комуникации, психологија, социјална работа и сл. )
  • Да демонстрира способност за работа во политички чувствителни средини/услови
  • способност да обезбеди добра комуникација со клиентите и координација со корисниците, одговорното лице за проектот и неговите партнери и останатите локални партнери и акционери.
  • течно да зборува англиски
  • да поседува одлични комуникациски вештини, како вербални, така и писмени

Општо професионално искуство

Раководителот на тимот треба да има најмалку 5 годишно професионално искуство на проекти и 10 годишно професионално искуство. Од него ќе се бара да покаже големо искуство и во следното:

  • искуство со младински проекти
  • искуство со проекти од граѓанското општество
  • искуство со медиумски проекти и/или обука за новинари.
  • раководење со тим (вклучувајќи одредено искуство во раководење со мешани групи на маѓународни и национални технички специјалисти)
  • надзор и координација на сите аспекти на техничка работа на меѓународен хуманитарен проект
  • организирање и контролирање административна и логистичка поддршка која вклучува контрола на трошоците на проектот, подготовка на фактури со придружна документација и навремено доставување извештаи
  • докажана способност за раководење на голем административен и технички персонал составен од меѓународни и национални специјалисти, како и постигнати добри резултати како стручен раководител на сличен/ни проект/и

Посебно професионално искуство:

Раководителот на тимот треба да има искуство од:

  • работа на проекти финансирани од ЕУ како и познавање на правилата и процедурите на ЕУ;
  • искуство од пост-конфликтни земји, особено оние кои се соочиле со конфликти на етничка основа
  • искуство као постар менаџер на слични долгорочни задачи во економиите во транзиција, по можност во Централна или Источна Европа.


Клучен експерт 2: Локален долгорочен експерт (330 работни дена)

Локалниот долгорочен раководител на проектот не мора да биде државен службеник или друг член на персоналот на јавната администрација од земјата-корисник.

Од Локалниот долгорочен експерт ќе се очекува:

  • да биде одговорен за секојдневната работа на канцеларијата на проектот
  • да дејствува како врска со локалните партнери, вклучувајќи го Службеникот за врски, назначен за проектот од Агенцијата за млади и спорт.
  • да обезбеди достапнот на сета национална легислатива и документација од важност за проектот да тимот на проектот и останатите експерти на нивно барање.
  • да асистира во изготвувањето документи и извештаи за  Управниот комитет, работната група и фокус групата
  • да го контролира развојот на концепти за ТВ спотови, билборди и обука за новинари
  • да ја контролира организацијата на Националниот младински парламент и да обезбеди поддршка за негова имплементација

Потребни квалификации и вештини

  • Универзитетска диплома од соодветна област (на пр. комуникација, психологија, социјална работа или слични)
  • одлични комуникациски способности на македонски и/или албански и англиски

Општо професионално искуство

  • неколку години соодветно работно искуство на полето на млади и/или комуникации, медиуми и/или граѓанско општество
  • јасно разбирање на работните методи и одговорности на различните организации и институции од земјата кои работат на ова поле. 

Посебно професионално искуство

  • минимум 3 години искуство со раководење проекти, по можност на парограмите за помош на ЕУ
  • искуство со тимска работа,  вклучително супервизија на мал тим


Останати експерти

Кратките биографии на експертите кои не се клучни нема да се разгледуваат пред потпишувањето а договорот.

Тие не треба да бидат вклучени во тендерите.

Консултантот ќе ги одбере и запосли останатите експерти по потреба според профилите идентификуван во Организацијата и Методологијата и овие услови на договорот. Во профилите мора да биде наведено дали да се сметаат за долгорочни/краткорочни, меѓународни/локални и постари/помлади, за да биде јасно која стапка од распределбата на буџетот да се примени за секој профил. За потребите на овој договор, за меѓународни експерти се сметаат оние чие постојано место на живеење е надвор од земјата-корисник, додека, пак, за локални експерти се сметаат оние чие постојано место на живеење е земјата-кориник.

Консултантот треба да обрне внимание на потребата да обезбеди активно учество на локалните професионални вештини онаму каде што се достапни и соодветен мешан персонал - меѓународен и локален - во тимовите кои работат на проектот. Сите кандидати треба да бидат независни и ослободени од конфликт на интереси во обврските кои им се доделени.

Процедурите кои ги користи Консултантот за избор на останати експерти ќе бидат транспарентни и базирани на претходно дефинирани критериуми, вклучувајќи професионални квалификации, јазични вештини и работно искуство. Резултатите од изборниот панел ќе бидат снимени. Партнерт на проектот треба да се консултире за изборот на меѓународните и локалните експерти. Изборот на експерти треба да го одобри одговорното лице за договорот.

Забелешка: државните службеници и останатиот персонал од државната админитрација на земјата-корисник не можат да бидат вработени како експерти.

Видовите стручност кои ќе бидат потребни за време на проектот вклучуваат:

  • ескперт/и за креирање кампањски пораки (меѓународни (20 дена) и локални (30 дена)
  • креативен/ни дизајнер/и за преведување на пораките во ТВ спотови, билборди, флаери и сл. (меѓународни (20 дена) и локални (30 дена)
  • Експерти за проценка на медиумски кампањи (локални (20 дена)
  • Експерт/и за имплементирање на малдински стратегии (меѓународни (40 дена) и локални (20 дена)
  • Советник за младинска политика за компонентата 2 (меѓународен (20 дена) и локален (20 дена)
  • Експерт/и за обука за градење капацитети за имплементирачкото тело (компонента 2) (меѓународни (20 дена) и локални (20 дена)
  • Експерт за односи со јавноста за инфо-пакетите, ширење на активности (локален (20 дена)
  • Младински експерти за локални дискусии....(локални (80 дена)
    Експерт за оценка на младински НВО (локален (20 дена)
    Обучувач на новинари (меѓународен (20 дена)

Сите овие експерти треба да ги задоволуваат минимум следните критериуми во поглед на квалификации, вештини и професионално искуство:

  • Диплома за завршено високо образование од соодветната област
  • минимум 3 години соодветно работно искуство за локалниот персонал и 10 години за меѓународниот персонал
  • одредено искуство во работа на меѓународни проекти

Заинтересираните за која било од позициите треба да достават биографија во форматот на пријавата:

Заинтересираните за првата и втората позиција треба да искажат подготвеност за започнување со работа од октомври 2004 година.

Конкурсот е отворен до 20 јули 2004 година.

Пријавите (за позициите 1 и 2, заедно со придружната документација) треба да се достават по пошта на адреса:
ул. Никола Парапунов бб,
поштенски фах 55,
1060 Скопје,
во седиштето на МЦМС на истата адреса
или на е-маил konkurs-mkt@mcms.org.mk.  



Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA