среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  НВО САЕМ

   

Панел: „Заедно за едНаквост – стратешка рамка за заедничка акцијA за борба против дискриминацијата/ Бугарски искуства за антидискриминација“ 

И во Македонија и во Бугарија дискриминацијата треба да се препознае 
 
Панелот „Заедно за еднаквост – стратешка рамка за заедничка акција за борба против дискриминацијата/ Бугарски искуства за антидискриминација“, одржан во организација на Куќата на човековите права на Македонија, пред мал број присутни слушатели и учесници, на површина ги изнесе актуелните состојби со дискриминацијата во Македонија и Бугарија, чиј заеднички именител беше потребата од поголема едукација на граѓаните, подигање на свесноста за постоење на проблемите, работа на правните рамки.

Воведничарката Мирјана Најчевска го коментираше малиот одзив на присутните како одраз не само на незаинтересираност, туку и како степен на незнаење што се се подразбира под поимот дискриминација во Македонија денес, презентирајќи ја и фактичката, неповолна уставна рамка со затворена листа, која содржи само 9 основи за дискриминација и е помала од т.н  отворени европски листи.

„Во Европа, укажа Најчевска, работите се развиваат и годинава е формирана и Европска агенција за базични  права (FRA), а во Македонија сеуште не постои позитивна пракса за  заштита на луѓето од  дискриминација,  непрецизно е разграничена директната од индиректната дискриминација“ рече таа.

Како илустрација на бавното менување на свеста, беше посочен развојот на иницијативата за донесување на закон за недискриминација, кој од  2004 година  сеуште не е на дневен ред во македонскиот Парламент, а како обид за забрзување на работите, веќе оформеното Координативното тело за размена на информации и за развој на концепт за антидискриминација и иницирање на институционална рамка.

Лулзим Назири од Асоцијацијата за демократски иницијативи,  ги презентираше досегашните позитивни резултати во спроведувањето на Рамковниот договор,   во надминувањето на одредени основи на дискриминација во Македонија, укажувајќи и на потребата од понатамошна работа тоа поле.

Нели Кирјакова, претседателката на организацијата „Евроинтеграција“ од Бугарија ги презентираше искуствата во изработка и спроведување на бугарскиот закон за антидискриминација, кој оформен од 2004 година и до денес континуирано се надополнува. К.Б  

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA