среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  2003  Октомври

Иницијатива на Координативното тело за собирање на нелегалното оружје
Приклучете се на „Маршот против оружјето“
Координативното тело за имплементирање на Законот за доброволно предавање и собирање на оружјето, муницијата и експлозивните направи и легализација на оружјето, денеска, на 31 октомври 2003 г., организира „Марш против оружјето“.
Центар за ИКТ - Метаморгозис
„Новинарите и предизвиците што ги носи информатичкото општество“
Целта на оваа работилница е развивање на свеста на новинарите за општествените услови и импликации поврзани со информациските и комуникациските технологии во Македонија, нивно едуцирање и запознавање со теми кои би можеле да ги обработуваат во својата новинарско-истражувачка работа, и на тој начин да придонесат за развој на информатичкото општество.
МЦМС
Продолжен рокот за пријавување на Повикот за организациска поддршка на граѓански организации
објавен на 10, 11 и 13.10.2003 г во јавните гласила. Рокот е продолжен до 28.10.2003 до 16:00 часот.
„Перспективи“ повторно на Интернет
Архивата на билтенот „Перспективи“ кој што од технички причини не беше достапна он-лајн е повторно на Интернет, овој пат во склоп на сајтот Граѓански свет.
ЗЖ Бисера, Охрид одбележа јубилеј
100 години Илинден – 100 години македонска државност
Со организирање изложба на ракотворби и презентирање национално богатство, на 18 октомври 2003 г., Здружението на жените „Бисера“ Охрид, членка на сојузот на организациитена жените на Македонија (СОЖМ), го одбележа јубилејот 100 години Илинден – 100 години македонска државност.
Коалиција сите за правично судење - Скопје
Оглас за слободни работни места
1. Проект менаџер
2. Проект асистент
Публикации
„Обиколен пат на Скопје“ во издание на Еко-свест
Публикацијата содржи мапи и скици во боја, анализа на еколошките фактори во областа на Волково, писма до Фондот за патишта, осврт на извештајот на независниот експерт за обиколниот пат и др.
„Еко-свест“ со видеоеко-лексикон
Еко-терминологијата достапна за секого
Еко-свест започна да го спроведува својот проект Еко-лексикон, којшто оди на Македонската телевизија секоја втора среда во емисијата Ѕвон, а се емитува и репризно, во попладневните часови.
„Шелтер центар – прифатилиште за жени и деца жртви на насилство“
„Женски економски развоен програм“
Со активностите од овој проект ќе бидат опфатени жени жртви на насилство, жени со низок социјален статус, самохрани мајки и жени и девојки од рурални средини. Проектот е насочен кон економско јакнење на овие ранливи групи преку обезбедување услови за бесплатна едукација и обука за работа со конфекциски машини.
УНДП
Обединети нации, Владата и партнерите ќе го прослават „Денот на Обединетите нации“ - 24 октомври
СКОПЈЕ, 23 октомври, 2003 година - На 24 октомври, 1945 година официјално почна да постои Организацијата на Обединетите нации. Нејзината повелба беше ратификувана од страна на Кина, Франција, Советскиот Сојуз, Велика Британија, Соединетите Американски Држави, како и повеќето од другите потписници. Секоја година на 24 октомври, Денот на Обединети нации се прославува низ светот.
Од Самарјанин, Граѓански патеки и општина Старавина
Слики за Батлер, Трајковски и германската амбасада
Преку уметноста да го поддржиме враќањето на животот во Мариово, е основната идеја на организаторите на аукцијата на италијански уметнички слики чиј фонд е наменет за поддршка на проектот „Детско село-Мариово“. 
15 Октомври – Меѓународен ден на „белиот стап“
Светски ден на слепите лица
Под мотото „Во образованието и работата ќе ја најдеш светлината“, Сојузот на слепите на Република Македонија, на 15 октомври годинава, во своите простории во Скопје, го одбележа Меѓународниот ден на „белиот стап“– 15 Октомври, светски ден на слепите лица.
Утрински Весник
Холандија се откажа од терминот Славомакедонци
По притисокот и тужбата од македонските иселеници.
НВО Саем - 3 форум на граѓанското општество во Македонија
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) заедно со Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ) имаат чест да ве поканат да учествувате на 3 НВО Саем – форум на граѓанското општество во Македонија (НВО Саем).
МЦМС
ПОВИК ЗА ОРГАНИЗАЦИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Организациската поддршка е наменета за јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на граѓанските организации во Македонија, за да можат истите да го зголемат своето влијание и да направат значителни промени во секторот.
Форум во организација на „ДОСТА Е“
„Може ли Македонија без оружје?“
Во организација на граѓанската платформа „ДОСТА Е“, во х. Панорама во Скопје, на 9 октомври се одржа Форум со наслов „Може ли Македонија без оружје?“. На средбата учествуваа претставници на граѓански организации, на владини институции и заинтересирани граѓани. Модератори беа повеќе истакнати личности и лидери на граѓански организации и на мрежи на граѓански организации, како и владини претставници.
ИИРР
Воведен курс за водство, развој и општествени промени за граѓански организации
19 јануари - 6 февруари 2004 г. Силанг, Кавит, Филипини и други локации
А1 телевизија
Дебата за граѓанското општество на „Чуму“
Вечерва, 7.10.2003 г. во 21 часот на А1 телевизија во емисијата „Чуму - политички лајф магазин“ ќе се одржи дебата за граѓанското општество во која ќе учествуваат и Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС, и Владимир Милчин, изврешен директор на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. 
Форум на албанската жена од Тетово
Поголема застапеност на жената во институциите
Форумот на албанската жена од Тетово, во соработка со Организацијата за еманципација, солидарност и еднаквост (ЕСЕ) со седиште во Скопје, ќе отвори центар за правна помош. Овој проект има за цел да им се понуди потребната правна помош на жената, која е бесплатна.
Центар за човекови права „АМОС“ – Битола
Национален тренинг-курс за едукација за човекови права со млади
Центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, од 15 до 21 декември во Битола, ќе спроведе национален тренинг-курс за едукација за човекови права со млади, поддржан од Советот на Европа, Директоратот за млади и спорт – во рамките на Младинската програма за едукација за човекови права.
СОЖМ
Промоции
Сојузот на организациите на жените на Македонија на 1 октомври оваа година ќе ја промовира книгата „По­лож­бата и правата на вработената жена“ од проф. д-р Гзиме Старова и промоција на третата генерација студенти на Женските студии ок­томври-мај 2002/ 2003, како и свеченото доде­лува­ње на сертификатите на алтернативните женски студии први од овој вид на овие простори.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA