Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Животна средина

   

“Фагриком” и Градот Скопје

Заштита и промоција на кањонот Матка

Глобалниот еколошки фонд ќе го финансира проектот „Заштита на биодиверзитетот на кањонот Матка и можност за одржлив туризам”. Во соработка со невладината организација „Фагриком” и со Градот Скопје, на Матка до крајот на јуни треба да се постават осум нови канделабри со нова електрична инсталација. Кај планинарскиот дом ќе има и пет фенери со автентичен изглед и еден голем рефлектор што ќе биде насочен и ќе ги осветлува карпите. Пред црквата Свети Андреа се менува и опремата во паркот и се поставуваат дванаесет нови дрвени клупи во форма на триаголник. Во рамките на проектот, на Матка ќе биде уредено и туристичко биро. Туристичката пропаганда ќе се подобрува и со печатење на нови информативни карти и постери кои ќе им бидат достапни на туристите преку новото туристичко биро и информативната канцеларија, каде што ќе може да се добијат сите податоци. Околу црквата ќе биде поставена и нова заштитна ограда, во должина од седумдесетина метри, со што за сите посетители и туристи ќе се зголеми безбедноста.

„Со Градот Скопје годинава се обврзавме дека ќе работиме на уредувањето на Матка заради спортско-рекреативно и едукативно користење, за развој на екотуризмот, како и за подигање на јавната свест за заштита на ретките и ендемични видови кои можеме да ги сретнеме тука” - велат од НВО „Фагриком”.

Градот Скопје во годинешниот буџет издвои и средства за изработка на проекти за изградба на 3 паркинг-простори во функција на споменикот на природата, за изградба на пешачки патеки до објектите од културното наследство, како и за патеки до пештерите Врело и Убава. Градот има изработено и проект за изградба на мост преку кој ќе може пеш да се стигне до трите пештери, Врело, Крштална и Убава, за што во иднина ќе се бараат партнери или донатори за реализацијата. За промовирањето на убавините на кањонот Матка, за печатење публикација Градот предвиде 400.000 денари, како и дополнителни 1,5 милион денари за купување чамец и други реквизити за да стане подостапен за посетителите.

Спелеолошкото друштво „Пеони” ќе организира групни тури со водич, планинарење и кајак на диви води, а се предвидува и заштита на разните видови растенија и животни.

С.Н.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA