среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Февруари

   

Министерство за правда, МЦМС, ICNL

Јавна расправа за првата работна верзија на предлог измените и дополнувањата на законот за здруженија на граѓани и фондации

Министерството за правда, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Меѓународниот центар за непрофитно право (International Center for Not-for-Profit Law), ве покануваат да учествувате на јавната расправа за првата работна верзија на предлог измените и дополнувањата на Законот за здруженија на граѓани и фондации.

Целта на расправата е да им се овозможи на здруженијата на граѓани и фондации и другите заинтересирани лица да дадат коментари на нацрт верзијата на предлог измените и дополнувањата на Законот, и да се добијат предлози за нивно подобрување пред истите да бидат доставени до Владата на Република Македонија.

Вовед во јавната расправа ќе дадат:
-          Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, Министер за правда;
-          д-р Наташа Габер-Дамјановска, автор на Законот за здруженија на граѓани и фондации и автор на предлог измените на законот;
-          д-р Борче Давитковски, автор на Законот за здруженија на граѓани и фондации и автор на предлог измените на законот
Јавната расправа ќе се одржи на 2 март (среда) 2005 година, од 10 до 13 часот, во Клубот на пратениците.

*******************************************88

Во продолжение е предлог текстот за измените и дополнувањата на Законот за здруженија на граѓани и фондации ( зип верзија ). 

Предлог на закон за изменување и дополнувања на Законот за здруженијата на граѓани и фондациите[1]

 

Член 1

Во Законот за здруженијата на граѓани и фондациите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98) во членот 2 ставовите 2 и 3 се бришат.


Член 2

Во членот по  ставот  3  се додава по ставот 2 се додава нов став 3 кој гласи:

„Здруженијата и фондациите во своите активности можат да се изјаснуваат за сите прашања од интерес на јавноста, да се јавуваат како иницијатори за донесување на закони и други прописи, како и да даваат мислења за креирањето и применета  на политиката  во одредени области поврзани со нивните надлежности  и интереси”.

Член 3

Во членот 6  во став 3, точката се брише и се додаваат зборовите: “освен во други форми на здружение или фондација”.

Член 4

Во членот  7 ставот 2 се менува и гласи :

“Здруженијата на граѓани и фондациите можат да вршат стопански дејности само доколку таквата дејност не е нивна примарна активност и доколку добивката остварена од неа се користи единствено за исполнување на целите определени во статутот на здрижението односно фондацијата”

Во ставот  3  зборот “единствено” се брише.

По  ставот 3 се додаваат два  нови става   4 и 5  кои  гласат:

“Друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво се основа ако здружението на граѓани или фондацијата  има годишни приходи од вршењето на стопански активности од најмалку 100.000 ЕУР.

Друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво може да се основа и со помал износ на иницијални годишни приходи, ако здружението на граѓани или фондацијата го побара тоа.”

Член 5

По членот 7 се додава нов член 7-а кој гласи:

“Член 7-а

Здруженијата на граѓани и фондациите се непрофитни организации.
Ако во работењето на здруженијата на граѓани и фондациите се оствари добивка, таа мора да биде употребена исклучително за поддржување и остварување на нивните цели и активности утврдени со статутот.

Остварената добивка како таква не смее да се распределува на било кое лице во здружението на граѓани или фондацијата, било да е основач, вработен, член, директор, член на управен одбор или некој друг орган или друго лице.”


Член 6

Во членот  12 став 3 по  алинеа 3 се додана  нова  алинеја 4 која гласи:

“-отчетноста и транспарентноста во досегашното работење”.

Алинеите 4 и 5 стануваат алинеи 5 и 6.

Член 7

Член 13  се брише. (алтернатива).


Член 8

Во членот  14, по став 1 се додава  нов став 2 , кој  гласи:

“Како основачи на здружение на граѓани можат да се јават и правни лица, заради задоволување на заеднички цели и интереси, наведени во член 2 став 1 од овој закон”,

Член 9

Во членот  15 став 1, зборовите “одлучуваат граѓаните како оснивачи на основачко собрание”, се заменуваат со зборовите “одлучуваат основачите, на основачко собрание”.


Член 10

Во членот  16 став 1 се менува и гласи:

“Основачи на здружение на граѓани можат да бидат се најмалку петмина граѓани или најмалку две правни лица.” (Алтернатива: “Основачи на здружение на граѓани можат да бидат се најмалку петмина граѓани  од кои барем двајца од нив мора да бидат со најмалку 18 години старост, или најмалку две правни лица).

Член 10
Членот  17  се брише.


Член 11

Во членот 20 став 1 алинеја 3 зборот “оптоварување”  се заменува со “отповикување”.


Член 12

Во членот  21 став 1 се менува и  гласи:

“ Член на здружение на граѓани може да биде секое физичко и правно лице кое доброволно ќе пристапи во здружението, на начин утврден со статутот. ( Ова не може да се прифати затоа што со уставот е утврдено дека дека н

“ на граѓаните им се гарантира слободата на здружување” член 20 –граѓанин според Уставот се поистоветува со државјанин.)


Член 13

Во членот  29 став 1 се менува  и гласи:

“ Собранието го избира извршниот орган на здружението. Практично, се бришат зборовите “во кој мнозинството од членовите се државјани на Република Македонија”. (сметам дека ова е во непосредна поврзаност со член 21).


Член 14

Во членот  32 ставот  3  се брише.

Член 15

По членот 32 се додава  два нови  члена 32-а и 32-б  кои гласат:

“Член 32-а

Имотот на фондацијата го сочинуваат основачкиот влог и останатиот имот и приходи на фондацијата.

Основачкиот влог изнесува најмалку 5.000 ЕУР во денарска противвредност според продажниот курс на Курсната листа на НРБМ, утврден и објавен од Народната Банка на Република Македонија на денот на поднесувањето на актот за упис во регистарот, но може да биде и друг вид на сопственост (движен и недвижен имот, хартии од вредност, стока, како и други сопственички права врз кои нема никакви побарувања) изразена во пари.

За да ги оствари своите статутарни цели, фондацијата може да ги користи приходите од основачкиот влог и останатите приходи и имот.

Член 32-б

Во случај фондацијата да не се регистрира, лицето кое е одговорно за чување на имотот е обврзано веднаш да го врати на основачот или основачите.

Во случај фондацијата да не се регистрира, а е во прашање тестамент, основачкиот влог се враќа на легалните наследници.”


Член 16

Во членот 35 став 2  во алинеја 4  по зборот “потекло”  се брише зборот “и”, во алинеа 5 на крајот од реченицата по “точка запирката”   се додава зборот “и” и по    алинеја 5 се додава нова алинеја 6  која  гласи:

“-името на лицето кое ќе биде одговорно за имотот на фондацијата се до нејзиното регистрирање”.


Член 17

Во членот  37  став 2 алинеја 7 на крајот од реченицата  се додаваат зборовите: “условите и постапката на фондацијата, нивната ротација, отповикување и нивниот делокруг на работа”.


Член 18

Членот 38 се менува и гласи:

“Секоја фондација може да се спои со друга фондација, во случаи определени со статутот.

Одлуката за спојување се донесува од управниот одбор, ако со статутот не е поинаку утврдено.

За спојувањето, обете фондации потпишуваат договор , во кој фондацијата која се спојува приложува попис на нејзиниот имот.

Во случај на спојување, фондацијата се спојува без ликвидација.

При спојувањето, основниот суд ја брише фондацијата која се спојува и ја дополнува одлуката за регистрација на фондацијата која го прифаќа спојувањето.”


Член 19

Во членот   39 став 1  се менува  и  гласи: “Органи на фондацијата се управниот одбор и надзорниот одбор”.

Член 20
Во членот  40 став 1 се менува и гласи:

“Управниот одбор на фондацијата:

-         ја претставува фондацијата и ги води нејзините работи;
-         донесува статут и други акти;
-         усвојува  финансиски план и завршна сметка ;
-         решава за спојување со друга фондација и укинување на фондацијата (во случај  ако не е поинаку регулирано со статутот)”.

Ставот 2 се менува  и гласи:

“Членовите на управниот одбор не можат да бидат вработени во фондацијата.”


Член 21

По членот 40 се  додаваат три  нови  члена  40-а,  40-б  и 40-в кои гласат:
“Член 40-а

Мандатот на членовите на управниот одбор е четири години, со право на реизбор, ако со статутот не е поинаку определено.

При основањето на фондацијата, првиот состав на управниот одбор се определува од основачот (или основачите) или од тестаменталниот извршител.

Членовите на управниот одбор го избираат претседателот на управниот одбор, кој ги свикува седниците и раководи со нив, ако со статутот не е поинаку определено.
Член 40-б

Надзорниот одбор брои најмалку три лица и при основањето на фондацијата нив ги предлагаат основачите ако со статутот не е поинаку определено.”
Член 40-в
Надзорниот одбор на фондацијата:

-         го контролира работењето на фондацијата;
-         ја прегледува годишната завршна сметка;
-         се грижи за работењето на фондацијата согласно законот и нејзините акти
-         го известува управниот одбор за откриени недоследности и предлага начини за нивно надминување;
-         еднаш годишно поднесува извештај на управниот одбор за сопствената работа;
-         го разгледува сметководственото и финансиското работење и  други акти на фондацијата;
-         бара вонредна седница на управниот одбор ако е од интерес за фондацијата или ако таа не се свикува од страна на управниот одбор; и
-         има право да присуствува на седниците на управниот одбор и да дискутира за прашања за кои смета дека се важни за фондацијата”.


Член 22

Во членот  43 по ставот 1 се  додава нов став 2 кој гласи:

“Во случај на промена на седиште на подрачјето на друг основен суд, овластеното лице на здружението или фондацијата поднесува барање за упис до надлежниот суд, кој по добивање на списите од судот каде била претходната регистрација, донесува решение за промена на седиштето”.

Ставовите 2, 3 и 4 , стануваат ставови 3, 4 и 5.


Член 23

Во членот  44 став 1  зборовите “се должни” се бришат.


Член 24

Во членот 46 став 1  по  алинеја 3 се додава нова алинеја  четири која гласи:

“-име и презиме на лицето овластено за застапување”.

Алинеите четири и пет , стануваат алинеи пет и шест.


Член 25

Во членот  48 по став 1 се додаваат два нови става кои гласат:

“Против позитивното решение за упис во судскиот регистар не е дозволена жалба.

Лица кои сметаат дека со решението за упис на здружението односно фондацијата во судскиот регистар им се повредени нивните права и интереси, можат да покренат парнична постапка пред надлежниот суд. “


Член 26

Во членот  49  по став 3 се додава нов став 4 кој гласи:

“ Во случај на промена на лицето за застапување, судот издава решение за извршената промена.”


Член 27

Во член 51 се додава став 2 кој ќе гласи:

“Основниот суд Скопје И води регистар за Организации од јавен интерес (во натамошниот текст: ОЈИ) на Република Македонија.”


Член 28

По членот 51  се додава точка 2 која гласи:

 “2. ОРГАНИЗАЦИИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС “.


Член 29

По точката 2 се додаваат 18 нови члена 51-а, 51-б,51-в,51-г,51-д,51-ѓ, 51-е ,51-ж, 51- з, 51-с, 51- и , 51-ј ,51-к ,51- л , 51-љ, 51-м, 51- н и 51-њ, кои гласат:
“Член 51-а
Здружение на граѓани или фондација има статус на организација од јавен интерес (во понатамошниот текст ОЈИ) ако :

-         е непрофитна (според член 7-а од овој закон);
-         е  регистрирана според одредбите на овој закон;
-         е организирана и раководена првенствено за остварување активности од јавен интерес, согласно  член  51-б; и
-          со решение е утврдена како ОЈИ од страна на Комисијата за организации од јавен интерес.

ОЈИ користат даночни и царински олеснувања во согласност со закон.
Член 51-б
Организација од јавен интерес (во понатамошниот текст ОЈИ) е онаа организација која преку своите активности го поддржува или промовира јавниот интерес во една или повеќе од следните области:

1)     Помош и заштита на лица со физички или ментален хендикеп;
2)     Хуманитарна помош и цели, помош на бегалци;
3)     Граѓански и/или човекови права, елиминирање на секаков тип дискриминација;
4)     Заштита на потрошувачите;
5)     Здравство, унапредување на здравјето и медицинска грижа;
6)     Уметност;
7)     Култура;
8)     Наука;
9)     Аматерски спорт;
10) Унапредување на демократијата;
11) Заштита на човековата околина;
12) Образование, обука и просвета;
13) Елиминирање на сиромаштијата;
14) Презервација на културно-историските споменици;
15) Заштита на деца, младина и обесправени (маргинализирани) лица;
16) Заштита и грижа на животни;
17) Општествена солидарност;
18) Општествен или економски развој;
19) Социјална помош; и
20) Друга активност определена од Комисијата за ОЈИ.

Член 51-в

Активностите од јавен интерес се однесуваат на:

(1)   Пошироката јавност; и
(2)   една или повеќе специфични групи на корисници ако е групата маргинализирана или обесправена во однос на популацијата во целина, или ако целокупната заедница се здобива со значителна вредност при обезбедување на таква посебна корист за специфичната група.

Член 51-г

Организацијата од јавен интерес не може:

-         да цели кон затворена или ограничена група на корисници, посебно не на лица кои се поврзани заради сопствена корист со организацијата и нејзините вработени;и
-         во своето работење да пројавува поголем интерес и активности насочени кон комерцијални цели, наспрема непрофитните цели.

Здружението на граѓани или фондацијата откако ќе се стекнат со статус на ОЈИ не смеат да го менуваат својот правен субјективитет.

Член 51-д

Статусот на ОЈИ го утврдува Комисија за организации од јавен интерес.

Комисијата има статус на самостоен орган формиран од Владата на Република Македонија, согласно овој Закон.

Комисијата е составена од седум члена: и тоа  еден претставник од  Министерството за финансии, тројца претставници од други соодветни министерства и тројца експерти за граѓанскиот сектор, именувани од Владата на Република Македонија.

Член 51-ѓ

Мандатот на членовите на Комисијата е пет години, а претседателот е од редот на членовите  со ротација на по еден член годишно.

 За членовите на Комисијата можат да се именуваат;

-         државјани на Република Македонија :
-         со завршено  високо образование;
-         имаат искуство и познавање на областа која се однесува на граѓанскиот сектор и
-         не се членови на политички партии.

Член 51-е

Комисијата е независна во својата работа.

Средства за рабата  на Комисијата се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.

Член 51-ж

Во својата работа Комисијата:

-         донесува решенија за добивање статус на ОЈИ;
-         остварува мониторинг и контрола над работата на организациите од јавен интерес во однос на тоа колку се почитува Законот и прописите на Комисијата;
-         го подготвува формуларот сопред кој се поднесуваат наративниот и финансискиот извештај ;
-         прима и прегледува извештаи;
-         ги испитува можните прекршувања на овој Закон и прописите на Комисијата преку преглед на соодветната документација на организацијата;
-         обезбедува поддршка, публикува материјали, и организира обука со цел да се подобри работењето на ОЈИ, да се зголеми стручноста и да се постигне подобра усогласеност со Законот;
-         покренува прекршочна постапка доколку организацијата не работи согласно одредбите на овој закон; и
-         покренува постапка за одземање на статусот на ОЈИ.

Во својата работа Комисијата ги применува правилата на општата управна постапка.
3.Постапка за стекнување статус на ОЈИ

Член 51-з

Со барањето за добивање статус на ОЈИ, организацијата поднесува:

-         копија од документите приложени при регистрацијата во основниот суд;
-         заверен препис од решението на основниот суд за регистрација;
-         писмено образложение за целите од јавен  интерес заради кои организацијата е основана и работи;
- примарните активности во кои организацијата ќе се ангажира и
- економските активности во кои ќе се ангажира организацијата.

Член 51-ѕ

Комисијата донесува решение за добивање статус на ОЈИ во рок од 30 дена од поднесување на барањето.

Против решението на Комисијата организацијата има право на жалба до Комисијата за решавање на жалби во втор степен при Владата на Република Македонија.

Решението се проследува во Основниот суд Скопје И.

Ако организацијата го измени актот за основање или статутот, со што би се изгубил статусот на ОЈИ, должна е да ја извести Комисијата во рок од 30 дена по извршената промена.

Член 51-и

ОЈИ може да врши стопанска дејност која е поврзана со активноста од јавна корист за која е регистрирана.

Член 51-ј

Организацијата од јавен интерес е должна да поднесе наративен и финансиски извештај за нејзиното работење еднаш годишно до Комисијата.

Член 51-к

Наративните и финансиските извештаи на ОЈИ се јавни.

Секое лице кое е потенцијален донор на средства на ОЈИ може да побара да го види актот на регистрација на организацијата како ОЈИ, да добие опис на нејзините цели и да биде информирано за потребните и потрошените  средства и за други активности.

Член 51-л

Непрофитноста на организацијата не исклучува исплата на соодветни трошоци или исплата на соодветна компензација на лице кое работи за ОЈИ.

Член 51-љ

Секоја ОЈИ која го надминува годишниот приход од 300.000 ЕУР треба да изврши независна годишна ревизија на своите финансиски средства.

Член 51-м

ОЈИ може во секое време да бара престанок на статусот.

Комисијата со решение ќе го констатира тој престанок.

Член 51-н

Кон барањето за престанок, управниот орган на ОЈИ ќе поднесе план за ликвидација до Комисијата.

При ликвидацијата приоритет ќе има подмирувањето на сите долгови и обврски на ОЈИ.

Средствата кои ќе останат недистрибуирани, ќе бидат префрлени на друга ОЈИ, слична по цели и активности, согласно статутот или одлука на Комисијата, доколку статутот не содржи таква одредба.

Со решението за престанок на ОЈИ судот ја брише ОЈИ од регистарот на ОЈИ.

Член 51-њ

Комисијата може да поведе постапка за поништување на решението за статусот на ОЈИ ако постои доказ дека:

-         ги нарушила уставните или законските одредби или други прописи;
-         не ги исполнува условите за добивање статус на ОЈИ, определени со овој Закон; и
-         престанала да ги исполнува условите за добивање статус на ОЈИ, определени со овој Закон.

Со решението се укинуваат сите бенефиции на ОЈИ, но не се прекинуваат обврските што се однесуваат на средствата добиени додека организацијата била регистрирана како ОЈИ, како и обврската за поднесување извештај кој се однесува на тој период.

Против решението за поништување на статусот на ОЈИ организацијата има право на жалба до соодветната Комисија за решавање на жалби во втор степен при Владата на Република Македонија.

Член 30

Во членот 52 во став 3 по зборовите “вонпроцесна постапка”  се додаваат зборовите “во кое е содржан начинот на кој ќе се дистрибуира и користи имотот на здружението”.

Член 31

Во членот 54 во став 3 по зборовите “вонпроцесна постапка”  се додаваат  зборовите “во кое е содржан начинот на кој ќе се дистрибуира и користи имотот на фондацијата”.

Член 32

По членот 59  се додава нов член 59-а кој  гласи:
“Член 59-а
Датумот утврден во решението за престанок на здружението односно фондацијата се смета за датумот кога се брише здружението односно фондацијата од судскиот регистар”.


Член 33

Во членот  61  во став 2 по зборот “подароци,” се додаваат зборовите “економски активности” .


Член 34

Во членот  63 став 3 по зборот  “член”  се додаваат зборовите “или заинтересирано лице”.


Член 35

По членот 65 се додава нов член 65-а кој гласи:

“Член 65-а

Било каква внатрешна трансакција во организацијата меѓу неа и било кое лице поврзано со неа (како основачи, вработени, членови на управен одбор, претседатели, директори и сл.) може да биде остварена само ако се одвива под нормална пазарна вредност или под услови кои се повеќе во нејзина полза.”(дали ова да стои ?)


Член 36

Членовите од 66 , 67 и  68 се бришат.


Член 37

Во членот  71 ставот  2 се менува и гласи:

“Ако на територијата на Република Македонија се формира подружница на странска организација, со барањето за упис во регистарот треба да се достават и податоци од регистарот на земјата каде е регистрирана, согласно член 44 (во новото-?), како и да се наведе седиштето на подружницата.”

Ставот 3 се брише.

Член 38

Во членот  74 став 1 алинеја 1 се брише.
Во казнените одредби ќе се направат измени и дополнувања по дефинирање на конечната содржина на измените и дополнувањата на предходните членови и тоа;

Во казнените одредби (чл.73-75) ќе се предвиди посебна казна доколку е злоупотребено јавното овластување или јавниот интерес. За тоа да се детализира и процедурата.

Да се додаде нов член 75а со казни за повреда на статусот на ОЈИ и одземање на статусот на ОЈИ.
Во казнени одредби (чл 73 до 75 некаде)

Комисијата за организации од јавен интерес покренува постапка пред судот:

(1)   за казнување на ОЈИ со паричен износ до (..) за прекршување на таа и таа одредба од законот
(2)   за казнување на ОЈИ со паричен износ до (..) за прекршување на тој и тој пропис на Комисијата
(3)   за бришење од регистарот на ОЈИ во согласност со член..

--------------------------------------------------------------------------------

[1] Службен весник на Република Македонија бе. 31 од 2 јули 1998


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA