среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  2003  Февруари

“ШТИПСКИ” СЛУЧАЈ
 

            На ден 07.02.2003 година, во Штип се случи еден немил настан, кој ја потресе целата македонска јавност. Имено, мајката Ш.Ј. (20) годишна возраст јавно изјави дека го претепала, речиси до смрт, своето двегодишно девојче. Детето,  во тешка коматозна состојба, е примено како итен случај на Клиничкиот центар во Скопје. Здравствената состојба на детето и понатаму е многу тешка и лекарите вложуваат максимални напори за да го спасат детето. 

 Неколку денови по објавувањето на настанот во медиумите, истражниот судија при Основниот суд во Штип изрече мерка притвор за мајката на детето. Но, при првиот распит, истражниот судија го укинал притворот бидејќи таа била бремена (осми месец). Веднаш потоа во притвор е ставен очувот на детето Орхан Демиров, обвинет за насилството врз девојчето.

 Во моментот настанот не е расчистен и се уште се трага по вистината. Случајот е мошне комплексен и сложен од социолошки, психолошки, медицински и од хуманистички аспект. Во функција на расветлување на овој случај и негова соодветна правна обработка Здружението за правата на Ромите - Штип го ангажираше својот адвокат. 

Истражната постапка е во тек. 

 

                                                                  Информацијата ја подготвиле:
                                                                  Шенај Османов,
                                                                  Здружение за правата на Ромите - Штип
                                                                  Енисе Демирова,
                                                                  „Черења“ - Штип

„ПРИЛЕПСКИ“ СЛУЧАЈ

 

            На ден 08.02.2003 година околу 12:30 часот, три лица од ромска националност: Ј.Р. (27), С.Р. (20) и Е. Ш. (18) биле запрени од двајца полицајци, кои им побарале лични карти. Тие им одговориле дека во тој момент не ги носат личните карти со себе. Полицајците ги повеле лицата во полициската станица за да ги легитимираат. Во станицата, Ромите биле повикани во посебна канцеларија каде што имало само двајца полицајци. Веднаш потоа дошле околу петнаесетина униформирани полицајци, ја затвориле вратата од канцеларијата и без никакви прашања започнале да ги тепат тројцата приведени. По кажување на тепаните само двајца полицајци не учествувале во тепањето. 

            Првата „сеанса“ од тепањето траела околу 5 минути. Полицајците биле со гумени палки во рацете, а еден од нив држел дрвена палка и повремено ги удирал по телото. По завршувањето на тепањето, лицата биле прашувани каде е стариот човек што наводно го тепале. Откако не добиле задоволителен одговор, полицајците продолжувале со тепањето.

            По извесно време им поставиле ново прашање, но, овој пат побарале да признаат каде е старата жена и каде се нејзините пари. Лицата побарале од полицајците да ја повикаат наведената личност за препознавање и соочување. Полицајците одбиле и продолжиле да ги тепаат трите лица. 

            Со потсмев и навредување, полицајците барале од лицата да покажат како се молат во џамијата и да испеат една од песните што се пеат при молитвите во џамијата. Кога и ова не било прифатено, полицајците продолжиле со тепањето, се до 15.30 часот истиот ден, кога трите лица биле ослободени од полициската станица.

            Пред ослободувањето, лицата биле насилно принудени да потпишат изјава дека немаат никакви забелешки на однесувањето на полицајците во полициската станица. Според повредените лица, изјави со слична содржина (дека нема да покренуваат никаква постапка за утврдување одговорност во врска со случајот) потпишале и нивните родители, кои биле повикани во полициската станица. 

            За оваа случка известила локалната прилепска телевизија „Прилеп“ во својата емисија „Спектар“, во која биле прикажани снимки од повредите на трите тепани лица.

 

                                                                      Информацијата ја подготвил:
                                                                      Шенај Османов,
                                                                      Здружение на правата на Ромите - Штип

„КУМАНОВСКИ“ СЛУЧАЈ
 

           На ден 07.02.2003 година, под сомнение дека се сторители на кривично дело „кражба“, две лица од ромска националност, С.С. (26) и М.Д. (25) биле приведени во полициската станица во Куманово. При приведувањето, извршен бил претрес на нивните куќи, без судски налог. Лицето С.С. било претепано во сопствениот двор, пред очите на неговите три малолетни деца и повеќемина соседи.
 
            Лицето С.С. во полициската станица било подложено на жестока тортура во која активно учествувале шест полицајци, кои го тепале со намера да ја признае “вината”. При шестчасовното малтретирање, полицајците користеле дршка од секира и го удирале лицето С.С. во долниот дел од ‘рбетот и во пределот на бубрезите. 
 
            После сето измачување, на оштетеното лице не му е побарана изјава, ниту, пак, од него било побарано нешто да потпише. Полицијата го известила лицето дека вистинските виновници се пронајдени, се извинила за тепањето и го ослободила од полициската станица. Лицето С.С има здобиено тешки телесни повреди во долниот дел од ‘рбетот и модринки по целата глава, за што има и лекарско уверение.

             Лицето М.Д., приведено на 07.02.2003 година заедно со лицето С.С., било задржано во полициската станица  се до 17 часот наредниот ден, кога било ослободено по интервенција на адвокат, ангажиран од неговиот дедо. Во тој период, лицето М.Д. било тепано од страна на двајца полицајци, кои со тупаници го удирале во пределот на главата. Подоцна се приклучиле уште тројца полицајци, кои го удирале лицето М.Д. по сите делови на телото.

 Како резултат на тепањето, лицето М.Д. се здобило со тешки повреди на увото и на главата, како и модринки по целото тело,  за што лицето поседува лекарско уверение. 

            Заедничко и за двете лица се добиените навреди и пцости („мајката циганска“) на национална основа.

            Форумот за правата на Ромите “АРКА” од Куманово, по добиената информација од оштетените лица, ги презеде следните активности:

-          испрати приговори за двата случаи до началникот на СВР Куманово;
-          поднесе претставка до Постојаната комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните при Собранието на Република Македонија;
-          испрати пријава до Народниот правобранител на Р.Македонија;
-          во тек е постапка за поднесување кривични пријави до Јавниот обвинител.  

 



 

                                                                           Информацијата ја подготвил:
                                                                           Феат Камберовски,
                                                                           Форум за правата на Ромите “Арка”

Менса Македонија
Нови тестирања и семинари
Невладината организација на луѓето со високо наптросечна интелегенција, Менса Македонија, повторно е актуелна со нови активности. По шестмесечна пауза, повторно ќе се одржат тестирања, и тоа во Прилеп, Битола, Скопје и Велес.
Мировен протест против војната во Ирак
На 15 февруари 2003 година во Скопје се одржаа мировни протести, организирани од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Социјален форум, Мировна акција и други НВО, во кој учество зедоа и голем број граѓани.
МЦМС
Стандардни курсеви за граѓанските организации
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во програмата Градење на капацитетите на граѓанските организации организира основни курсеви за:

Стратешко планирање од 20 до 23 март, 2003
Планирање проекти од 24 до 26 март, 2003

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA